IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 18:05

Пита со кренвишли


Pita-sa-virslama

Состојки:

  • 400 гр лиснато тесто
  • 4 пилешки кренвишли
  • 100 гр пченка
  • 100 гр моркови
  • 100 гр грашак
  • 200 гр фета сирење
  • 4 јајца
  • 1/2 кесичка прашак за пециво
  • 1 дл павлака (за варење)
  • 3 дл млеко
  • 4 лажици зејтин
  • мешавина од зачини

Приготвување:

1. Пилешките кренвишли се варат и се сечат на тркалца.
2. Морковите се сечат на коцкички и заедно со грашакот и пченката се варат во солена вода.
3. Посебно се матат јајцата, павлаката, млекото, прашокот за пециво и зачини по желба. Се додава издробено фета сирење и полека се меша.
4. Лиснатото тесто се тенчи на дебелина од 5 мм, а потоа со запчест нож се обликува правоаголник со големина на тепсија.
5. Тепсијата се намрсува и во неа се става обликуваното лиснато тесто.
6. Врз тестото се распоредуваат тркалцата кренвишли и варениот зеленчук и се се прелива со приготвената смеса од сирење. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ додека не порумени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 13:23

Трилинг пита


triling-pita

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • 300 гр шампињони
  • 300 гр праз
  • 500 гр тенки кори за пита
  • 4 јајца
  • 2 дл павлака
  • 1 прашок за печиво
  • 3 дл млеко
  • 2 дл кисела вода
  • 1 дл зејтин
  • мешавина од зачини

Приготвување: 
1. Шампињоните се сечат на листови, а празот на тркалца.
2. Во тава, на малку зејтин се пропржува месото и се зачинува по вкус. Потоа се вади од тавчето и се остава на топло.
3. Во истото тавче се пропржува празот за да омекне, а потоа и тој се вади од таму и на крајот се пропржуваат шампињоните додека не изврие вишокот течност.
4. Посебно се матат јајцата, павлаката, 1 дл.млеко и прашок за печиво.
5. Четири кори за пита се попрскуваат со малку зејтин и кисела вода па се редат една врз друга. Се ставаат во намрсена тепсија, се премачкуваат со фил од месо па се прекриваат со 4 кори претходно попрскани со зејтин и кисела вода. Потоа се распоредува пржениот праз и повторно се прекрива со 4 попрскани кори. На крајот се распоредуваат пржените печурки и се прекриваат со преостанатите попрскани кори.
6. Филуваната пита се сече на покрупни коцки и се прелива со смесата од јајца. Се остава накратко да мирува за да ја впијат корите потребната течност. Се пече во загреана рерна на 200 ˚Ц додека не се зарумени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 14:48

Гужвана пита со месо



 

guzvana-pita-sa-mesom

Состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 500 гр мелено месо
  • 300 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 1,5 дл сок од домати
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • оригано, зејтин

За прелив:

  • 4 јајца
  • 3 дл јогурт
  • 1 дл павлака
  • 3 лажици зејтин

Приготвување:
1. Кромидот и шампињоните се сечат на коцкички.
2. На малку зејтин се пропржува кромидот, а потоа се додава меленото месо и тоа кратко се пропржува. Се додаваат шампињоните и се продолжува со динстање додека течноста не зоврие. Се додаваат сокот од домати и зачини по вкус па се динста додека не проврие. Пред крај се додаваат магдоносот и ориганото и се промешува.
3. Соодветна тепсија се мачка со зејтин и со обложува со две кори за пита. Потоа се земаат три кори па секоја посебно се посипува со малку фил од месо и благо се гужваат за да добијат изглед на армоника. Вака завитканите кори се ставаат една до друга врз долната кора за да се прекрие целата поврѓина. Потоа се прекриваат со правата кора и истата постапка на филување се повторува уште два пати и најгоре се поклопува со двете кори.
4. Филуваната пита се сече на коцки. Посебно се матат јајца, јогурт, зејтин и павлака па се прелеваат преку питата и се почекува корите да ја впијат течноста. Се пече во загреана рерна на 200ºЦ додека не порумени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 14:57

Пита со тиквици и сирење


 

predjelo8

Состојки:

  • 500 гр готови кори
  • 500 гр сирење
  • 4 јајца
  • 3 дл кисела павлака
  • 2 средни тиквици
  • 1 дл слатка павлака
  • 100 гр путер
  • 1 прашок за пециво

Приготвување:

1. Тиквиците се лупат, се рендаат на крупно ренде, се посолуваат и се оставаат да се исцедат.
2. Во соодветен сад се соединуваат сирењето, јајцата, 2 дл кисела павлака, прашок за пециво и тиквиците и добро се меша и се зачинува.
3. Две кори се попрскуваат со зејтин, се ставаат една врз друга, се премачкуваат со слој од приготвениот фил и се виткаат. Истата постапка се повторува додека не се потроши материјалот и сите парчиња се редат во тепсија.
4. Посебно се мати остатокот од киселата павлака со слатката павлака, па се премачкуваат парчињата, се прекриваат со ливчиња путер и се ставаат во загреана рерна да се печат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 12:10
Цветна солена погача

Цветна солена погача

Состојки
  1.  квасец
  2. 1 лажиче сол
  3. 1,5 лажиче шеќер
  4. 1 јајце
  5. 50 мл масло
  6. 250 мл млако млеко
  7. 500 гр брашно
  8. 70 гр маргарин
  9. кечап, оригано, ленено семе, мелени семки од тиква и сончоглед
  10. 1 јајце за премачкува

Прво се остава квасецот со шеќерот, млакото млеко и малку брашно да втаса.

Потоа се додаваат солта, јајце,брашното, маслото и се замесува средно тесто.
Се дели на 4 дела.
Од секое топче се расукува мала коричка.
Трите корички се премачкуваат со маргарин.
(јас згрешив, механички ја премачкав и 4, ама ја ставив од другата страна, се гледа на сликата)
сега на првата коричка се става кечап и 1 лажиче оригано.
На втората кора се ставаат мелени семки од тиква и сончоглед.
на третата кора се става мелено ленено семе.
Четвртата кора е без ништо.
Врз хартија за печење прво се става кората со ленено семе, врз неа кората со кечап, врз неа кората со семки.
Најгоре се става четвртата кора.
Се притиска нежно со раката и во средината со помош на чаша се означува центарот.
Се засекува на 12 парчиња.
Секое парче се свртува и се поставува бочно. Се става заедно со хартијата во тавче за печење
се премачкува погачата со јајце, се наросува по желба со сусам, мелени семки и се остава да кисни 30 минути и се печи.
Вкусен и личен доручек со чаша јогурт и сирење.
Секако дека изборот може да биде и ваш, за наросување на коричките.






Изменето од Valerija - 04.Април.2014 во 12:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 19:58

,,,,orginal  pastrmajlija,,,veleshka,,голема насмевка
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 18:56

СЕЛСКА ПИТА

Состојки:

За долниот слој:

  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 1 лажица зачин
  • масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица доматно пире
  • 2 дл говедска супа од коцка
  • мајчина душица, оригано, магдонос, морско оревче
  • сол, бибер

За горниот слој:

  • 500-600 гр компири
  • 30 гр маргарин
  • 50-80 мл млеко
  • сол
  • 100 гр рендан кашкавал

Подготовка:

Компирите се лупат и се сечат на средно големи коцки или тркалца и се ставаат во сад со солена вода па се варат додека не омекнат.
Додека компирите се варат, се прави слојот од месо:
Кромидот, морковот и лукот ситно се сечкаат и на кратко се пропржуваат на масло Кристал. Се додава месото, зачин Кристал, бибер и по потреба сол. Се динста 10-ина минути и се посипува со брашно. Се меша внимателно, да не се направат грутки од брашното. Врс месото се налева веќе подготвената супа од коцка и доматното пире. Се динста уште 10-15 минути или додека не се добие убава кремаста густа смеса.
Целата смеса се префла во намастен сад за печење.
Сварените компири се цедат, им се додава маргарин и млеко и се гмечат додека не се добие пире. Со пирето се покрива слојот од месо.
Се пече во загреана рерна на 200⁰С околу 30 мин. Пред карај на печењето, врз пирето се ренда кашкавалот и повторно се враќа во рерна додека не добие крцкава златна коричка.
Кога ќе се испече, се остава да се излади 15-ина минути и после се сече.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2014 во 16:37

ВКУСНА ПОГАЧА СО МАСЛИНКИ И ДОМАТИ

14

Состојки:

  • еден квасец
  • 1 дл малку затоплена вода (за квасецот)
  • 1 лажичка мед
  • 600 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 дл топла вода
  • 1 дл масло
  • 4 лажици свежи зачински билки (босилок, рузмарин, оригано, власец ….)
  • 2 ситно сецкани чешниња лук

додатоци:

  • неколку маслинки
  • 50 мл масло
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 домат, исечен на тенки кришки или неколку шери домати пресечени на половина
  • крупна сол

Подготовка:
Млекото малку се загрева и во него се топи медот. Се додава квасецот и се остава 10-ина минути.
Во еден поголем сад се меша брашното со сол, се додава маслото Кристал, растопениот квасец и полека се додава водата. Може да се меша и со миксер, со додатокот за мешање на тесто. На крај се додаваат лукот и мешавината од зачини. Кога ке почне тестото да се одвојува од садот, се префрлува на работна маса посипана со брашно и се меси најмалку 10 мин.

Тестото се остава во поголем сад да “се одмори”, на топло место, покриено со крпа, околу 1 час. За тоа време би требало да нарасне скоро дупло. Ако имате време, оваа постапка со месењето и одмарањето би требало да се повтори, ако немате време, не е многу голема грешка.

Распоредете го тестото во намастен плех. Рабовите треба да бидат малку подигнати. Ако сакате потенко тесто, развлечете го во поголем плех за печење. Тестото треба малку да се згмечи со прстите, да се направат дупки (или со дршка од дрвена лажица). Се остава да стои 10-ина минути.
Маслинките, цели или сечкани, се распоредуваат по тестото, се редат доматите, се полева со двата вида на масло (кое ќе се собере во дупките од тестото) и се посипува со крупна сол.
По желба, погачата можете да ја правите и со кромид исечкан на тркалца, сланина, колбаси

Се пече 20-ина минути на 200 °C.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2014 во 16:49
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

ВКУСНА ПОГАЧА СО МАСЛИНКИ И ДОМАТИ

14

Состојки:

  • еден квасец
  • 1 дл малку затоплена вода (за квасецот)
  • 1 лажичка мед
  • 600 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 дл топла вода
  • 1 дл масло
  • 4 лажици свежи зачински билки (босилок, рузмарин, оригано, власец ….)
  • 2 ситно сецкани чешниња лук

додатоци:

  • неколку маслинки
  • 50 мл масло
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 домат, исечен на тенки кришки или неколку шери домати пресечени на половина
  • крупна сол

Подготовка:
Млекото малку се загрева и во него се топи медот. Се додава квасецот и се остава 10-ина минути.
Во еден поголем сад се меша брашното со сол, се додава маслото Кристал, растопениот квасец и полека се додава водата. Може да се меша и со миксер, со додатокот за мешање на тесто. На крај се додаваат лукот и мешавината од зачини. Кога ке почне тестото да се одвојува од садот, се префрлува на работна маса посипана со брашно и се меси најмалку 10 мин.

Тестото се остава во поголем сад да “се одмори”, на топло место, покриено со крпа, околу 1 час. За тоа време би требало да нарасне скоро дупло. Ако имате време, оваа постапка со месењето и одмарањето би требало да се повтори, ако немате време, не е многу голема грешка.

Распоредете го тестото во намастен плех. Рабовите треба да бидат малку подигнати. Ако сакате потенко тесто, развлечете го во поголем плех за печење. Тестото треба малку да се згмечи со прстите, да се направат дупки (или со дршка од дрвена лажица). Се остава да стои 10-ина минути.
Маслинките, цели или сечкани, се распоредуваат по тестото, се редат доматите, се полева со двата вида на масло (кое ќе се собере во дупките од тестото) и се посипува со крупна сол.
По желба, погачата можете да ја правите и со кромид исечкан на тркалца, сланина, колбаси

Се пече 20-ина минути на 200 °C.



,,,,,,изненадување,,,кубење коса,,,,тајм аут,,,kaj najde vaka ubavi raboti za krkanje,,,valeeee,,,preplet creva ke dobijam,,,i sega po vtorpat na jadenje,,,голема насмевкада


Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:41
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2014 во 22:26
СЛАТКА ПОГАЧА СО ЕУРОКРЕМ

Оваа декоративна погача освен што ќе ве воодушеви со својот изглед, ќе ве воодушеви и со својот вкус.

Состојки:

 500гр брашно
 20гр свеж квасец
 1 лажичка шеќер
 300мл млеко
 50мл масло
 1 јајце
 малку сол
 еурокрем или нутела

Подготовка:


Замесете го квасецот во млако млеко со лажичка шеќер и малку брашно. Кога квасецот ќе нарасне замесете го тестото со остатокот од состојките. Тестото се остава покриено да нарасне. Нараснатото тесто се премесува па потоа се дели на четири топчиња. Се развлекува секоја топка на круг со пречник од отприлика 25цм. Првиот круг се става врз хартијата за печење и се премачкува со кремот. Вториот круг се става врз кремот па и тој се премачкува. На ист начин се додава и третиот круг а потоа и тој се премачкува со крем. Четвртиот круг се става најгоре но не се премачкува. Со мала шолја за кафе се одбележува круг на средина на најгорниот слој. Од самите рабови на малиот круг се дели големиот круг на четири дела а потоа секој од четирите дела се дели на половина за да се добијат осум дела, а потоа истата постапка уште еднаш за да се добијат вкупно 16 делови. Со рака се свива секој дел во една насока три пати, па соседните во спротивна насока исто три пати и така се до последното парче наизменично. Краевите се спојуваат за да добијат изглед како на прикажаната слика. Погачата се остава да нарасне а потоа се премачкува со стопен маргарин и се пече на 200 Целзиусови степени од 20 до 25 минути. 

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2014 во 13:48

БРЗА ПИТА СО ЈОГУРТ

19

Состојки:

ЗА ТЕСТО
● 1 шоља пченкарно брашно
● ½ пченично брашно
● Малку сол
● 7 лажици путер
● 4-6 лажици ладна вода

ЗА СМЕСА
● 2 јајца, одвоени жолчки од белки
● Шоља јогурт
● 4 лажици шеќер
● 2,5 лажици пченкарно брашно
● Сок и кора од еден лимон
● 1-2 лажици мак во зрно

Подготовка:

●З амесете тесто од сите состојки барем два часа порано. Ако премногу се лепи додајте уште малку брашно. Оставете го замесеното тесто да отстои во фрижидер.

● Калапот за печење торти (чиј долен дел се вади) намрсете го со малку масло за јадење, па обложете го со тесто. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.

● Во една чинија измешајте ги јогуртот, жолчките, брашното, шеќерот, лимонот и макот. Измиксирајте добро. Во друг сад изматете цврст снег од белките од јајцата, со малку сол и шеќер.

● Внимателно измешајте ги двете смеси, па филот сипете го врз тестото во калапот. Печете околу 45 минути додека површината целосно не зарумени. Оставете целосно да се излади па потоа сервирајте.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2014 во 08:41

БРЗА МРЗЛИВА ПИТА СО СИРЕЊЕ

1

Состојки:
3 чаши брашно
1 кисело млеко
4 јајца
4 лажици путер
1 чаша кршено сирење
1 лажичка сода
Подготовка:
Најпрво изматете ги јајцата, додадете го путерот, постепено почнете да го додавате киселото млеко, во кое сте ги измешале брашното и содата.
На крај додадете го и сирењето и сол ако има потреба. Смесата истурете ја во тепсија подмачкана со путер.
Во почеток печете 10 минути во силно заграна рерна, а потоа уште 20 минути на умерена температура.

Мързелива баница, готова за минути



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2014 во 22:29

БРЗА ПИТА СО КОМПИРИ

10

Состојки:
3 јајца
1 компир
50 мл млеко
50 гр рендано сирење
1 лажица маслиново масло
Сол по вкус
Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги со сол. Додајте го ренданото сирење и мешајте ја смесата со вилушка. На крајот додајте го млекото, полека мешајќи со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.
Сварете го компирот и исечете го на тенки кришки. Додајте ги на смесата со јајца. Додајте малку масло и малку сол, па префрлете ја смесата во тавата за печење. Печете ја 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.
Љубителите на кромидче секако може да си додадат 1 мало кромидче.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:34
2

Пита со капини и оригано

Потребни состојки за тесто

  • 4 шолји брашно, плус количина потребна за месење на тестото
  • 2 лажици крупна сол
  • 3 парчиња путер, исецкани ситно
  • ¾ шолја ладна вода

Потребни состојки за фил

  • 7 шолји капини (околу 1 килограм)
  • 1 лажичка свеж сок од лимон
  • ¾ шолја гранулиран шеќер
  • 1 лажица ситно исецкано оригно
  • ¼ шолја пченкарно брашно
  • 1 големо јајце, лесно матено
  • Шеќер за попрскување
  • ½ лажичка сол
  • Шлаг пена, за послужување

Чекор 1

Подготовка на тестото: Измешајте ги со миксер брашното, солта и додавајте од путерот додека не добиете смеса од груби трошки си неколку поголеми парчиња.Додадете ја ладната вода, измешајте. Поделте го тестото на три дела, сместете го во пластичен сад и оставете ги делчињата во фрижидер, најмалку 1 час, доколку сте во можност и цела ноќ.

Чекор 2

Пред да ги измесите оставете да постои тестото на собна температура, по што на површина со брашно исучете го 1 дел од тестото во тенки и кружни делчиња. Поставете во 22 см кружен сад за печење. Обликувајте го тестото по рабовите од садот подеднакво и оставете го го фрижидер 30 минути.

Чекор 3

Во меѓувреме исучете го и другите два дела и третиот (предвиден за горе дел), оформете го по желба. Вратете ги во фрижидер околу 30 минути.

Чекор 4

Фил: Прелејте ги капините со сок од лимон, шеќер, оригано, пченкарното брашно, посолете. Премачкајте го долното тесто, во садот за печење со јајцето (исто и крајчињата што се офоремни околу садот). Филот истурете го врз тоа, поставете ги другите две теста да го прекриете филот. Оставете во фрижидер на 1 саат.

Чекор 5

Загрејте ја рерната на 200 степни. Премачкајте ја целата пита со јајце и посипете со шеќер. Печете 30 минути. Намалете на 180 степени и продолжете да печете уште еден саат. Оставете да се олади комплетно и послужете со шлаг пена.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.