IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:33

Француска салата со мортадела

salata-francuska

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг урда
  • 300 г мортадела
  • 200 г сечкани ореви
  • 2 краставици (една за декорација и една за во салатата)
  • 300 г кисела павлака
  • 2 лажици мајонез

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Мортаделата се сечка на многу ситни коцкички. Краставицата исто така ситно се сечка, потоа се остава на решетка да се исцеди.
  2. Урдата се става во еден подлабок сад, потоа во неа се додаваат сечканата мортадела, сечканата краставичката, потоа оревите исто така ситно исечкани, како и киселата павлака и мајонезот. Сè добро се меша додека се добие хомогена смеса.
  3. Од салата се обликуваат топчиња што се декорираат со краставица исечкана на кругови или, пак, по ваша желба и според вашата имагинација.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:52

Римска салата


Rimska-salata

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 100 гр пченка од конзерва
  • 1/2 свежа краставица
  • 4 домати
  • 1/2 китка млад кромид
  • 1/2 китка магдонос
  • 2 дл јогурт
  • 1 дл павлака
  • 30 гр лупен сончоглед
  • 50 гр пармезан
  • 100 гр ситни тестенини
  • 0,5 дл зејтин
  • мешавина од зачини, бибер, босилек

Приготвување:

1. Пилешкото бело месо се сечка на долги парченца и се пржи на врел зејтин, краставицата се сече на листови, доматите на коцки, младиот кромид на тркалца, магдоносот се сечка, а тестенините се варат во вода и се процедуваат.
2. Во соодветен сад се соединуваат павлаката, јогуртот, магдоносот и босилекот и се зачинува по вкус.
3. Посебно се мешаат прженото пилешко, сончогледот, краставицата, доматите, пченката, младиот кромид и тестенините и се зачинува по вкус.
4. Приготвената салата се поросува со пармезан и се прелева со сос од јогурт и павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 16:31

Млечна салата

Компирот се вари и ситно се сецка. Се сецкаат и саламата и краставицата на поситни парченца. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се миксира со павлаката и киселото млеко. Количината на киселото млека сами ќе ја одредите во зависност дали сакате посува или поводеста салата затоа и не наведов колкава чаша. Изматената смеса се истура во сецканите компир, краставица и шунка и убаво се меша. Сол може да се додаде по вкус и тоа е во зависност од соленоста на сирењето. Салатата е доста вкусна и излегува поголема количина затоа е погодна за родендени, слави и др забави.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 17:58

Асторија салата


astorija-salata

Состојки:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 150 гр спанаќ
  • 1/2 главица целер
  • 1 кисело јаболко
  • 2 тркалца ананас од компот
  • 60 гр ореви
  • 100 гр маринирани шампињони
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 дл павлака
  • 200 гр мајонез
  • сол

Приготвување:
1. Пилешкото бело месо се вари во солена вода, а потоа се цеди, се остава да се излади и се сече на коцкички.
2. Спанаќот се мие и се сече на ленти, јаболкото и целерот се рендаат.
3. Ананасот се сече на коцки, шампињоните на листови, а ореви се сечкаат.
4. Одделно се мешаат павлаката, сокот од лимон, сенфот и мајонезот, се посолува по желба и се меша.
5. Во поголем сад се мешаат пилешкото, јаболкото, целерот, ананасот, спанаќот и шампињоните. Салата се прелива со приготвената смеса од мајонез и полека се промешува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 18:00

Салата со туна и компири



 

Salata-sa-tunjevinom-i-krompirom

Состојки:

  • 4 поголеми компири
  • 1 помала главица црвен кромид
  • 1 поголема конзерва туна
  • 4 јајца
  • 150 гр мајонез
  • 1 дл растителна павлака
  • 2 лажици сок од лимон
  • сол, бибер

Приготвување:

1. Компирите се лупат и се варат во солена вода, потоа се цедат и се оставаат да се изладат. Откако ќе се изладат се рендаат.
2. Кромидот се сечка на коцки.
3. Јајцата се варат, а потоа се лупат и се рендаат. Туната се вади од конзервата и се цеди од зејтинот.
4. Во поголем сад се мешаат компирите, јајцата, туната и кромидот. Се прелива со мешавина од мајонез и павлака, се додава сок од лимон и зачини по вкус.
5. Полека се меша за да се добие компактна смеса, а потоа се става во фрижидер да се излади.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 18:02

Салата со пченка



Posna-kukuruz-salata

Состојки:

  • 500 гр пченка шеќерец
  • 1 праз
  • 150 гр туна од конзерва
  • 250 гр мајонез
  • мешавина од зачини, сол

Приготвување:

1. Пченката се вари во солена вода па се цеди.
2. Празот се чисти и се сече на коцкички.
3. Туната се цеди од вишокот зејтин.
4. Во соодветен сад се мешаат сите состојки, се додава мајонезот и зачини по желба и се промешува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 16:08
ПРОЛЕТЕН РУЧЕК: САЛАТА ОД ОРИЗ И ТУНА
                                                                                                                    

Еден класичен ручек заменете со оваа богата салата, полна со зеленчук и зачини.

Потребно: 
● 900 г.сварен, изладен ориз
● 400 г.процедени парчиња туна
● 200 г.смрзнат грашок
● 1 црвена пиперка бабура
● 100 г.црни маслинки без семка
● 1 лажица копар
● половина врзоп магдонос
● 4 лажици лајт мајонез
● сок од еден лимон
● 2 лажици масиново масло
● 2 лажички сол


Подготовка: 
● Туната додајте ја во оризот. Грашокот варете го 10 минути во врела вода, па процедете го и додајте го во оризот.

● Пиперката исецкајте ја на ситни коцкички, а маслинките на тенки кругови. Магдоносот исто така ситно исецкајте го. Сите состојки додајте ги кај оризот.

● Измешајте го мајанезот со лимоновиот сок, солта и маслиновото масло, па додајте го кај оризот и добро промешајте.

● Оваа салата е добра за сите кои внимаваат на линијата, а по желба можете да додадете и варни јајца, краставица, домат, рукола или било кој зачин.


Изменето од Valerija - 28.Март.2014 во 16:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 10:40

Унгарска салата

Madjarska salata

Состојки:

  • 400 гр говедско без коски
  • 5 дл јунешка супа
  • 2 црвени бабури
  • 200 гр шери домати
  • 3 млади кромитчиња
  • 2 млади лукчиња
  • 1/2 китка магдонос
  • 0,5 дл маслиново масло
  • 1 лажица јаболков оцет
  • мешавина од зачини, бибер

Приготвување:

1. Во помало тенџере се става јунешка супа и се додава говедското месо исечено на тенки парченца па се вари додека не омекне. Потоа месото се процедува и се остава да се излади.
2. Бабурите се сечкаат на тенки стапчиња, шери доматите на половинки, кромидот и лукот на тркалца, а магдоносот ситно се сечка.
3. Во соодветен сад се соединува изладеното месо, кромидот, лукот, пиперките, доматите и магдоносот.
4. Се додаваат маслиново масло и оцет, се зачинува по вкус и се добро се меша.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 13:24

Салата со мисиркино месо и леблебии


 

salata sa curetinom i leblebijama

Состојки:

  • 350 гр мисиркино бело месо
  • 100 гр леблебии
  • 1 главица црвен кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 лажиче сенф
  • 2 дл павлака
  • 100 гр мајонез
  • сок од 1/2 лимон
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • сол, бибер

Приготвување:
1. Месото се вари во солена вода па се цеди и се остава да се излади. Потоа се сече на коцки.
2. Леблебиите се варат за да омекнат, а потоа се цедат.
3. Кромидот и пиперките се сечат на коцкички.
4. Посебно се матат мајонезот, павлаката, сенфот и сокот од лимон.
5. Во поголем сад се соединуваат месото од мисирка, леблебиите, кромидот и пиперките. Се преливаат со смесата од павлака па се додава магдоносот, сол и бибер по вкус. Полека се промешува за да се добие изедначена смеса.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 13:25

Компир-салата со слоеви


 

predjelo

Состојки:

  • 800 гр компири
  • 250 гр кисели краставички
  • 200 гр зелени маслинки без семки
  • 300 гр пченка
  • 400 гр моркови
  • 5 јајца
  • 400 гр крем сирење
  • 300 гр мајонез
  • сол
  • мешавина од зачини

Приготвување:

1. Компирите се варат заедно со лушпата, па се оставаат да се изладат.
2. Киселите краставички и маслинките се сечат на коцки.
3. Морковите се варат во солена вода па се сечат на коцки.
4. Пченката се вари во солена вода и се цеди.
5. Јајцата се варат и се рендаат на крупно.
6. Посебно се матат крем сирењето и мајонезот.
7. Во соодветен сад се распоредуваат 1/2 рендан компир и се премачкува со 1/2 од смесата со мајонез. Потоа се нанесува 1/2 од пченката и се премачкува со смесата од мајонез, потоа пола од морковите, па пак смесата одмајонез и на крај пола од киселите краставички и маслинките и се завршува со смесата од мајонез. Истата постапка се повторува уште еднаш.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 14:45

Салата од шампињони


 

salata

Состојки:

  • 10 црвени големи пиперки
  • 300 гр шампињони
  • сол, бибер
  • сок од шипки
  • оцет балсамико
  • маслиново масло

Приготвување:

1. Пиперките испечете ги во рерна или на скара, а потоа попарете ги за да омекнат. Излупете ги и исечете ги на коцкички.
2. Шампињоните исечете ги на дебели листови и испржете ги на малку зејтин за да испари течноста што ќе ја испуштат.
3. Помешајте ги шампињоните со печените пиперки па зачинете ги со оцетот, маслиновото масло, солта, биберот и сок од шипки по желба. Полека измешајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 14:46

Салата од модар патлиџан


 

salata-od-patlidzana

Состојки:

  • 1 голем патлиџан
  • 2 лажици капари
  • 2 конзерви сардини
  • 5 зелени маслинки
  • 5 црни маслинки
  • маслиново масло
  • 1 лимон
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • сол, бибер

Приготвување:

1. Патлиџанот се мие, а потоа се сече на коцкички заедно со лушпата.
2. Се пропржува на врел зејтин.
3. Во соодветен сад се соединуваат пржениот патлиџан, рендана кора и сок од лимон, магдонос, сардините исцедени од зејтинот, црни и зелени маслинки и капари. Се додава малку малиново масло, сол и бибер по вкус и се промешува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 04:48

Салата панчанела

Краставицата и доматите исечете ги на коцки. Кромидот исечкајте го на кругови. Ставете ги во подлабок сад за салата, додадете ги маслинките и промешајте.
Кришките леб (без кората) исечете ги на коцки и на ринглата во тавче без масло малку потпечете ги.
Лукот испасирајте го со алатка или источете го. Потоа пропржете го со маслото. Тргнете од оган и додадете ситно исецкан магдонос и сол.
Во оваа смеса макнувајте ги по малку печените коцки леб. Во останатиот дел измешајте ги преостанатите состојки за прелив и со него прелијте ја салатата.
Одозгора распоредете ги коцките леб и посипете ја салатата со ситно сецкан магдонос.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 04:52

Македонска салата

2-3 Домати и излупената краставица исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата пиперка и нарендајте го сирењето.Сето ова сервирајте го во чинија
За декорација наредете ги варените јајца, одозгора над нив ставете половина 1-2 домати претходно декориран со дамки од мајонез, а од страна наредете маслинки. На карајот од чинијата нанесете сос од измешан мајонез и кечап со помош на лажиче




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,187 секунди.