|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Автор | ||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Мебел од моливиАвторот на овој уникатно дизајниран мебел останува сеуште непознат за нас(можеби ќе го видиме на саем догодина). За момент помисливме дека само јапонците се тотално откачени за да направат вакво нешто. Не ја гледаме практичната природа на овие парчиња мебел, но ете тука се, па погледнете ги со клик кој ве носи на следната страна.
Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:44 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Направете сами свој освежувач за воздухНаместо да трошите пари на спрејови кои го освежуваат просторот, а и штетат на планетата и имаат адитиви штетни за здравјето на човекот, зашто не би направиле самите сопствен освежувач од природни состојки и со мирис по ваша желба. Состојки: 1. Мала боца со спреј пумпа 2. Мала инка 3. ¼ чаша вотка 4. 1 лажичка вода 5. 20 капки есенцијално масло по ваш избор 6. Свежи билки (на пример рузмарин) Упатство: За да би креирале свој личен освежувач, додадете и 20 капки етерично масло кое вам најмногу ви се допаѓа, а можете да направите и сопствена мешавина од мириси. Доколку сакате да додадете уште еден слој мирис, по желба секако, во шишенцето додадете свежи бикли (лаванда, рузмарин, мента итн.). Ваквиот мирис со свежи билки ќе станува поинтензивен со текот на времето. Затворете го шишето, промешајте и испробајте го новиот освежувач за простор кој воедно дезинфицира и не ја загадува околината. Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:44 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Баш ми се бендиса ова. Имам еден куп хартии по дома и две ќеркички-мераклики за вакви креативни мајсторишења. Ќе ги седнам еден ден и ќе се забавуваме. Направете сами: пролетно дрво од украсна хартијаПотребни материјали:
Интересно е тоа што веројатно поголемиот дел од материјалите веќе ви се наоѓаат при рака. Колку едноставен начин да ја внесете пролетта во вашиот дом! Како да го направите тоа?1. За почеток, земете ја вашата колекција од украсни хартии, кои ви останале неупотребени. Доколку немате ваков тип хартија во својот дом, можете да си набавите неколку од вашата најблиска продавница. 2. На парчето картон нацртајте форми на листови, кои подоцна ќе ги исечете. Обидете се да ги направите листовите симетрични, за да може полесно да ги споите со украсната хартија. 3. Земете дел од жицата и исечете ленти во должина 12-20 см. Направете неколку различни должини за дрвото да изгледа побујно. 4. Со помош на веќе исечените листови од картон, направете идентични форми на листови од украсната хартија. 5. Распоредете весници по вашата работна маса, за да го избегнете нередот. Земете го листот од картон и на него нанесете малку лепило, врз кое ќе ја поставите жицата. Врз жицата, поставете го листот од украсната хартија и притиснете за да се залепат убаво, а потоа оставете го неколку минути на весниците, за да се исуши. 6. Направете го истото со сите листови. 7. Сега забавниот дел – почнете да ги обвиткувате гранчињата со помош на жицата. Можете да ги поставите да изгледаат природно (како сликата погоре)… или нежно да ги извиткате за да изгледаат позабавно. И готови сте! Креативна идеја која ќе го разубави вашиот простор и ќе послужи како одлична декорација во некоја од собите. |
||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Направете сами украси од шишаркитЕве еден пример како да направите слатки мали божиќни украси за на елката. Направете џуџиња од шишарки и од неколку други материјали што можете да ги најдете во вашиот дом. Искористете ја фантазијата за материјалите, набавете лепак и ножички и започнете. Ова е многу евтин проект, кој нема да ве чини многу пари, а задоволството на вашето дете што сте ги направиле заедно е огромно. И ќе изгледаат многу слатко на вашата елка! |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Направете сами украс за во градинатаЗа да го направите овој украс за ѕид потребни ви се:
Постапка:
Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 22:53 |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Креативни фонтани за вашиот дворАко сакате малку да го разиграте дворот, да ја освежите терасата, а воено и да ја разладите, фонтаните се идеално решение. Но, често пати тие се премногу скапи за да бидат сечија реалност. Што ако ви предложиме неколку идеи како самите да направите креативна и функционална фонтана? Познат ви е принципот на работа и циркулацијата на водата, па затоа само ви останува да го осмислите моделот. Можете да искористите стари глинени садови, природни камења од најблиската река, садови за наводнување заврзани на конче и што ли уште не. Ако само малку ја разбудите креативната страна во вас, многу лесно може да го постигнете овој ефект на градина од соништата. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Направете сами украси за на ѕидотБојадисајте ја собата во две нијанси од бојата што ќе ја изберете. Ние избравме темна и светла нијанса на пурпурната. По бојадисувањето, зачувајте го остатокот од бојата, кој ќе го искористите за ѕидните слики. Со овие две нијанси можете да искомбинирате сива и црна боја. За шарата на сликите можете да искористите сè што сметате дека ќе одговара на вашиот декор во собата, а ние за оваа слика најдовме инспирација во една навлака за перница. За сликите од фотографијата потребни ви се: -2 рамки во врамено платно за сликање -акрилни бои: две нијанси на пурпурна, сива и црна боја -молив -четки за боење На лист хартија нацртајте го она што сакате да го аплицирате на платното и користете боички за полесно да се одлучите за изборот на бои. Откако ќе бидете сигурни во вашиот цртеж, ставете ја хартијата врз платното и обидете се да го пренесете на него исцртувајќи го со молив. Потоа, со четка за боење почнете да ја нанесувате бојата на платното според вашиот цртеж на хартијата. Ако го користите нашиот пример и цртате дрво, црната боја искористете ја за бојадисување на стеблото на дрвото, а сивата и двете нијанси на пурпурна искористете ги за листовите.
Можете да изберете бои и форми според вашиот стил, сè што ви е потребно е само малку креативност и желба за работа. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Направете интересна патека во вашата градинаЗа една камена плоча потребни ви се: спреј во боја, камена плоча (округла или коцкаста) и хартиено милјé со дезен на тантела, со големина и форма соодветни на камената плоча. Испрскајте ја камената плоча во бојата што сте ја избрале и почекајте да се исуши. Потоа ставете го хартиеното милјé врз камената плоча и уште еднаш испрскајте ја целата површина. Бојата што ќе навлезе низ дупчињата на милјéто ќе биде потемна од основата и со тоа ќе се аплицира шарата. |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Декорации на домот: ѕидови украсени со чинииПобарајте чинии што во сите градови во светот можат да се најдат како сувенири – со мотиви на градот/државата во која се наоѓате. Или едноставно најдете стари порцелански чинии, кои самите ќе ги украсите со саканите мотиви. Еве неколку идеи:
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Направете сами украси за во вашиот дом
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
Дрвените буриња претворете ги во креативно парче мебелЧесто пати не им обрнувате внимание на дрвените буриња кои веќе неколку години стојат празни во вашата гаража, а вие упорно сте во мисла дали да ги фрлите. Обидете се да направите нешто покреативно од тоа. Потрудете се да го пронајдете парчето мебел кое ви недостасува во домот и направете го во малку поинаква варијанта. Сите овие идеи делуваат модерно, едноставни се за подготвување, а и ќе се спасите од непотребниот трошок. Не верувате дека старите дрвени буриња може да изгледаат модерно и употребливо? |
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |