Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:04 |
Полнети лигњи на медитерански начин | |
После калоричните божиќни оброци, време е да внесете малку омега 3 масни киселини кои ги има во рибата и морските плодови.
Ви предлагаме нов начин на подготовка на лигњи:
Потребно:
● 1 кг.средни лигњи
● 2 чешниња лук
● 50 мл.бело вино
● 500 г.домати од конзерва
● 1 кг.компир
● маслиново масло
● мешан зачин
За фил:
● 3 лажици презла
● 2 чешниња лук
● 1 лажица магдонос
● 3-4 лажици маслиново масло
● одвоени краци од лигњите
● малку сол, бибер и мешан зачин
Подготовка:
● Исчистете ги лигњите и отстранете
ги краците. Краците ставете ги во сад на страна, а лигњите ставете ги во
малку маслиново масло во кое ќе додадете две ситно исецкани чешниња
лук. Оставете ги лигњите во маринадата најмалку половина час.
● За тоа време направете го филот:
ситно исецкајте ги краците, додајте ја презлата, ситно исецканиот лук,
магдоносот, маслиновото масло, солта, биберот и мешаниот зачин. Со оваа
смеса треба да ги наполните лигњите.
● Тепсијата за печење намачкајте ја
со маслиново масло и во неа сипете ги доматите од конзерва. Компирот
излупете го и исечете го, ставете го во тепсијата и зачинете го со мешан
зачин. Печете во рерна на 180 степени. Кога компирот ќе биде половина
готов, додајте ги лигњите, прелијте со вино и печете заедно уште
половина час.
Добар апетит!
|
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:17
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:27 |
Пастрмка со печурки
Постењето не мора да значи гладување. Може да спремите гурмански
ручек со посни намирници, на пример згответе пастрмка со печурки. Не
знаете како? Еве рецепт:
Состојки: 4 помали пастрмки, 1 лажичка зачин, 3 лажички сок од лимон,
150г шампињони, 150г буковка, 2 целери, 50мл бело вино, 1 лажичка
магдонос, 2-3 лажички маслиново масло
Подготовка: Исчистените пастрмки потопете ги во сокот од лимон, а
потоа одозгора зачинете. На загреано масло пржете ја рибата од двете
страни по околу 5 минути, а потоа ставете ја на топло место.
На истата маснотија испржете ги целерот и печурките, пржете десетина
минути, малку посолете,додајте го магдоносот, налејте со виното и пржете
уште малку.
Топлата пастрмка послужете ја со подготвените печурки и целер.
Добар апетит!
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:14 |
Исчистениот крап се сече на парчиња.Ситно исечениот кромид се пржи на масло да пожолти, потоа се додаваат исечените домати ,исечениот магдонос,црн пипер,сол, и црвен пипер.Јадењето се потура со масло и се пече во рерна 30-50 мин. Јадењето може да се прелие со матени јајца и да се остави уште 5 мин в рерна. Јадењето се служи со лимон.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:30 |
Риба во сос од зеленчук | |
Неколку пати во неделата месото заменете го со риба, а ова е наш предлог за подготовка на вкусен рецепт.
Потребно: ● 400 г.филети од ослич или друга риба
● 2 лажици маслиново масло ● 2 моркови
● магдонос ● кромид
● корен целер ● 2 домати
● 1-2 феферони ● супа од зеленчук
● сол и бибер
Подготовка: ● На масло запржете го ситно
сецканиот кромид. Додајте го исецканиот морков, магдоносот, целерот и
доматите, па сипете малку од супата од зеленчук, така што зеленчукот ќе
се покрие. Посолете и варете додека зеленчукот да омекне.
● Додајте ги филетите од риба и гответе уште 15-тина минути на умерен оган. При крајот од готвењето, зачинете со бибер.
● Ако сосот е премногу густ, додајте
уште малку супа. Кога јадењето ќе биде готово, сервирајте и декорирајте
со листови магдонос. Послужете со пире од компири или тестенини.
Добар апетит!
|
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:19
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2014 во 08:03 |
МАРИНИРАН ПЕЧЕН ЛОСОС СО ЃУМБИР И МЕД Потребно: 6 филети лосос (приближно по 125 г за секого) За маринадата 2 лажици соја-сос 2 лажици масло од сусам прстофат мелено чили 1 лажичка свежо изрендан ѓумбир 2 лажички мед 
Подготовка: За маринадата, добро измешајте ги состојките. Додајте ги филетите лосос добро да се покријат со маринадата. Оставете малку да отстојат. Лососот печете го три-четири минути од секоја страна, на средна температура и одвреме-навреме премачкувајте ги со преостанатата маринада. 194 калории 19 г протеини 5 г масти |
Изменето од Valerija - 20.Март.2014 во 08:04
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 08:43 |
Крап со ориз

Состојки: - 400 г филети од крап
- 1 поголем праз
- 1 главица кромид
- 2 поголеми моркова
- 1 поголем домат
- 150 г ориз
- 1 лажица сечкан магдонос
- 2 чешниња лук
- 50 г маргарин
- 1,5 л супа од зеленчук
- мешан зачин
- црн пипер
- масло
Приготвување: 1. Празот, кромидот и доматот се сечкаат на коцкички, а морковот се ренда на крупно ренде. 2. Филетите крап се сечат на коцки 2×2 см. 3. На малку масло се пропржуваат кромидот, празот и лукот, па се додава морковот и кратко се пржи. 4. Се додава оризот и се продолжува со динстање со долевање од зеленчуковата супа, по потреба, за делумно да омекне оризот. 5. Потоа, се трга од оган, па се додаваат доматот, коцките крап, магдоносот и зачините по вкус. 6. Во огноотпорен сад се става масло, па во него се става полусварениот ориз. Се долева супата со зеленчук, а одозгора се ставаа коцки маргарин. Се пече во загреана рерна додека набабри и омекне оризот, а вишокот течност испари.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 08:44 |
Запечени филети од крап

СОСТОЈКИ: - 600 г филети крап
- 600 г компири
- 1 главица
- кромид
- 3 чешниња лук
- 200 г кашкавал
- 1 лимон
- масло по потреба
- 50 г маргарин
- 250 г брашно
- 5 дл млеко
- 1 јајце
- мешавина
- зачини
- сол
ПРИГОТВУВАЊЕ: - Филетите од крап се сечат на парчиња, се прскаат со лимон и се зачинуваат.
- Потоа се валкаат во брашно и се пржат во врело масло.
- Компирот се вари во лушпа и се остава да се излади, а потоа се сече на крукчиња.
- Кромидот и лукот ситно се сечкаат.
- Се приготвува бешамел-сос: во помал сад се растопува маргарин и се додаваат 2 лажици брашно, па се пропржува малку. Постепено се долева млеко, постојано мешајќи да се згусне.
- Во сосот се додава мешавина зачини по вкус, а кога малку ќе се излади, се меша со јајце.
- Се подмачкува огноотпорен сад, па на дното се распоредува компирот. Се посипува со исечкан кромид и се реди еден ред риба.
- Филетите се преливаат со бешамел-сос, па постапката се повторува. Одозгора се ренда кашкавал.
- Филетите се печат во рерна на 180 °Ц додека поруменат.
Изменето од Valerija - 27.Март.2014 во 08:45
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2014 во 20:37 |
ПЕЧЕНА БЕЛА РИБА СО ЗЕЛЕНЧУК Компирите излупете ги, исечете ги на тркалца со дебелина од еден сантиметар и ставете ги во зовриена вода. Гответе ги многу кусо (2-3 минути), исцедете ги , а потоа ставете ги во огноотпорен сад и наросете ги со вегета. Додадете ги маслинките,исечканиот лук, доматите, копарот гранчињата рузмарн и маслиновото масло. Се добро измешајте и налејте 150 мл вода. Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 25 минути. За тоа време рибата исчистете ја, филетирајте ја, попрскајте ја со сок од лимон и малку посолете ја. Од рерната извадете го садот со зеленчукот, отстранете ја фолијата, лесно измешајте и одозгора ставете ги филетите од риба. Потоа вратете го садот во рерна и продолжете со печење на 200 степени околу 25 минути. Пред крај на печењето додадете го виното. Рибата со компирите наросете ги со сечкан магданос и послужете ги веднаш. Совет:Ова јадење можете да го збогатите ако му додадете зелен или бел аспарагус. 1 кг компири 150 гр домати 100 гр црни маслинки без семки 20 гр копар 2 чешниња лук 2 гранчиња рузмарин 50-100 мл бело вино 50 мл маслиново масло 1 лажица вегета 800 гр бела риба(ослич, лист..) Малку сол 2 лажици сок од лимон 1 лажица магдонос Време на подготовка: 60 минути.
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Април.2014 во 17:52 |
ЛИГЊА НА ЖАР НА ДОМАШЕН НАЧИНВкусен и брз ручек или вечера ќе го задоволи сечиј вкус во овие жешки летни денови. Лесно е да се подготви, и се основа на задржување на оригиналениот вкус на лигњата со многу малку додатоци. Лигњата се чисти, се мие, се суши во сува крпа и се посолува. Жицата на скарата треба да биде добро загреана, но без пламен и добро треба да се премачка со сончогледово масло. Во една чашка помешајте маслиново и сончогледово масло за да ја премачкате лигњата. Лигњата ставите ја на топлата жица да се пече 10-15 минути, потоа превртете ја и повторно печите ја 10-15 минути. Додека се пече капнете на неколку пати на неа од маслото. Печената лигња прелијте ја со маслиново масло во кое ќе додадете истолчен лук и свеж магдонос. Послужете ја во прилог со варен компир и цвекло и салата ако сакате.
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2014 во 19:56 |
ШКОЛКИ СО ПУТЕР И ЛУК ЗА ВИСТИНСКИ АФРОДИЗИЈАКВелат дека морската храна делува како афродизијак. Пригответе го овој рецепт и испробајте дали е вистина  Потребни состојки: 1 кг. Школки 5 чешниња лук 200 гр. моцарела 2 лажици сецкан магданос 200 гр. путер Припрема: Исчистете ги школките и добро измијте ги со студена вода. Во тенџере на оган ваарете ги школките 4-6 минути, односно се додека не се отворат. Извадете ги школките од тенџерето и отворете ги. Во посебен сад ставете го растопениот путер и ситно исецканиот лук. Од смесата нанесете врз секоја школка. Наредете ги школките во тава за печење. Врз секоја школка изрендајте моцарела сирење. Ставете ги школките во претходно загреана рерна и оставете ги да се печат 10тина минути на температура од 160 степени целзиусови. Освен како афродизијак за вечера, послужете ги школките и како дел од менито на вашите забави. Сигурно ќе усреќите некого!
Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Мај.2014 во 21:38 |
Риба со компири

Состојки: - 500 гр тенки филети ослиќ
- 1,5 кг компири
- 1 поголема главица кромид
- 1 морков
- зејтин
- 100 гр целер
- 2 лажици брашно
- 1 лажиче мелен пипер
- 1,3 л супа од зеленчук
- мешавина од зачини
Приготвување: 1. Филетите ослиќ се зачинуваат по желба, а потоа се виткаат во ролни и се прицврстуваат со чепкалки. 2. Компирите се лупат и се сечат на тркалца, а кромидот на коцки. Морковот и целерот се рендаат. 3. Во поголем сад се мешаат компирите, кромидот, морковот и целерот. Се додава брашно, мелен пипер и се зачинува по желба. 4. Огноотпорен сад се мачка со зејтин и во него се става мешаниот зеленчук. Потоа се редат рибите и се заедно се прелива со супата од зеленчук. 5. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ додека компирите и рибата не омекнат, а течноста не изврие.
Изменето од Valerija - 26.Мај.2014 во 21:39
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Мај.2014 во 21:40 |
Запечени филети од крап
СОСТОЈКИ: - 600 г филети крап
- 600 г компири
- 1 главица
- кромид
- 3 чешниња лук
- 200 г кашкавал
- 1 лимон
- масло по потреба
- 50 г маргарин
- 250 г брашно
- 5 дл млеко
- 1 јајце
- мешавина
- зачини
- сол
ПРИГОТВУВАЊЕ: - Филетите од крап се сечат на парчиња, се прскаат со лимон и се зачинуваат.
- Потоа се валкаат во брашно и се пржат во врело масло.
- Компирот се вари во лушпа и се остава да се излади, а потоа се сече на крукчиња.
- Кромидот и лукот ситно се сечкаат.
- Се приготвува бешамел-сос: во помал сад се растопува маргарин и се додаваат 2 лажици брашно, па се пропржува малку. Постепено се долева млеко, постојано мешајќи да се згусне.
- Во сосот се додава мешавина зачини по вкус, а кога малку ќе се излади, се меша со јајце.
- Се подмачкува огноотпорен сад, па на дното се распоредува компирот. Се посипува со исечкан кромид и се реди еден ред риба.
- Филетите се преливаат со бешамел-сос, па постапката се повторува. Одозгора се ренда кашкавал.
- Филетите се печат во рерна на 180 °Ц додека поруменат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:23 |
Лосос со пире од грашок
- 4 филета од лосос, (по 150 грама секое)
- 1 стебло праз, исецкан
- Свежо исецкана пиперка
- 2 лажички исецкани ливчиња од босилек
- 1 лажичка кора од лимон и ¼ шолја свеж сок од лимон (потребно 2 лимона)
- ½ лажичка шеќер
- ½ лажичка сол
- 1/3 шолја маслиново масло
- 500 грама лупен градинарски грашок, свеж
- 1 лажичка ситно сецкани ливчиња од мента
Чекор 1 Ставете го лососот во соодветен длабок сад со капак, додадете го празот, сецканата пиперка, 2 лажички сол и прелејте со 4 чаши вода. Оставете да зоврие водата а потоа намалете ја топлината и гответе уште 3 до 5 минути. Исцедете ја водата и покријте со капак да не се губи топлината. Чекор 2 Во блендер ставете ги корите од лимон и босилекот, додадете го шеќерот и сокот од лимон, блендирајте додека да се добиете компактна смеса. додадете масло и посолете по желба, блендирајте и со тие состојки. Чекор 3 Ставете вода во средно по големина тенџере и оставете да зоврие. Додадете 1 лажичка сол и зрната од грашок. Намалете топлина и постепено мешајте додека зрната не добијат интензивна зелена боја, околу 4 минути. Исцедете ја водата и префлете ги во чинија. Додадете 2 лажички од претходно подготвениот оцет од босилек и испасирајте ги. Посолете по желба и додаете ја ментата. Чекор 4 Поделете го пирето од грашок на 4 еднакви дела во 4 чинии и ставете ги врз тоа парчињата лосос. Прелејте со остатокот од оцетот и уште сецкан босилек.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јули.2014 во 04:21 |
Крап на манастирски начин
Потребни состојки: • Крап • Кромид 1 кг. • 3 Моркови • 1 китка магдонос • Вино 2 дл. • Домата 2 дл. или 2 домати • 1 главица лук • Масло • Зачин од зеленчук (Зачинал, Дафинка) • Сол • Црн бибер • 3 Ловорови листа Начин на подготовка: • Крапот најпрвин внимателно се чисти од крлушките па се расекува на стомакот, му се вади внатрешноста и темелно се мие. Потоа се посолува со крупна сол и се остава да одстои 4 до 5 часа. Настрана се сецкаат на парчиња кромидот, морковот и лукот, им се додава убаво измиениот и ситно исецкан магдонос, се додава малку сол, зачин од зеленчук, ловоров лист и црн бибер. Тавата се премачкува со масло и во неа се става половина од смесата, со истата смеса се полни крапот и се реди во тавата, а отстрана му се додава останатата смеса. Најпосле крапот се полева со виното, доматата, останатото масло и малку вода и се става да се пече на 200ᴼC околу 1 час. 

Рецептот е од кујната на Манастирот Св. Јован Бигорски
|
|
 |