IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 26>
Автор
Порака
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 01:10
сакам секакви салати од свеж зеленчук
и спанаќот се јадел свеж, досега немам пробано
а мислам дека и за глуварчето имам слушнато, или грешка сум збунетост изненадување
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 01:16
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

сакам секакви салати од свеж зеленчук
и спанаќот се јадел свеж, досега немам пробано
а мислам дека и за глуварчето имам слушнато, или грешка сум збунетост изненадување

Се јаде свеж, ама ако не го удавам во лимон или оцет не ми е убав на вкус.

Глуварчето се користи за камен во бубрег, го испробав ова ама лично јас без некој ефект. Сега на пролет му е сезоната за јадење, пред да расцвета. И бугарите го користат поприлично.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2014 во 05:54

Салата со изварка

Киселите краставички ги сецкаме на коцки и убаво ги цедиме. Шунката ја сецкаме на коцки,ситно го сецкаме и лукот. Ја додаваме изварката, мајонезот и павлаката, додаваме малку магдонос, сол и бибер. Се убаво мешаме.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 14:05

Француска салата со ориз

Француска салата со ориз
Потребно

300 г. варен ориз

200 г. шунка

150 г. маринирани печурки

кисела павлака

200 г. мајонез

лажица сецкан магдонос ( или морков)

Подготовка

Измешајте ги сите состојки, добро промешајте и оставете во фрижидер малку  да се стегне. На крајот додадете го сецканиот магдонос, или морковот, користејќи го како декорација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 04:54

салата од брокула и карставици

1. Брокулата се двои на мали цветчиња и се вари на пареа неколку минути.
2. Се пасира брокулата со вилушка, се додаваат оревите, исецканиот лук и павлаката, се посолува и добро се промешува додека смесата да се изедначи.
3. Смесата се става во чинија и се декорира со краставиците. Може одозгора да се декорира по желба, со патлиџан и маслинки.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 09:33

Подгответе: Вкусни и необични салати од лубеница


Бидејќи лубеницата е зеленчук по дефиниција, и покрај тоа што изобилува со шеќер и слатка водена средина, сепак е одлична за комбинирање со солени плодови.

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-01

Може да се зачудите колку вкусна може да биде слатко-солената салата со фета, кромид, нане, зелена салата и што ли уште не.

Ова се неколкуте храбри салати од лубеница кои може да ги подготвите уште денес.

Подготовка на салата број 1: Исецкајте лубеница на мали коцки, краставичка на малку поситни, малку ротквица и кромид по желба, зелена салата и изрендајте свежо, солено сирење. Супер освежителна салата за било кој дел од денот!

Подготовка на салата број 2: Слатката лубеница исецкајте ја на крупни коцки, исецкајте малку кромид најситно што можете и проросете нане. Супер додаток со печено месо или пак печени компири.

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-02

Подготовка на салата број 3: Зелена салата, коцки кубети, солено сирење и парченца лубеница. Додадете сол и маслиново масло по желба. Идеална комбинација за вкусна и здрава вечера.

Подготовка на салата број 4: Ситно исецкана лубеница, но овој пат потпечена на скара, додадете малку сиренце одозгора и неколку ливчиња магдонос. Супер предјадење!

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-03

Подготовка на салата број 5: Исечете големи коцки лубеница, додадете зачини по желба и прелијте со растопен кашкавал или пак ситно рендан пармезан. Идеален начин да се изненадите со нешто лесно, а вкусно.

Подготовка на салата број 6: Ситно исецканите коцки лубеница прелијте ги со песто сос и додадете лут кромид. Пикантен вкус кој нема да го заборавите.

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-05

Подготовка на салата број 7: Покрај сирењето и коцките лубеница, одлично би било ако додадете и малку непечени семки од сончоглед и црни, солени маслинки. Супер слатко-солен меѓуоброк!

podgotvete-vkusni-i-neobicni-salati-od-lubenica-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:20

Јогурт салата - алијас Јогуртино

1. Желатнот прелејте го со две лажици вода и оставете го да набабри.
2. Јогуртот на тивко внимателно подгревајте го, додајте го желатинот и бркајте се додека се истопи.
3. Тргнете настрана и мешајте го уште малку, чекајте да подзалади и додајте ги сите состојки што планирате да ги додадете.
4. Целата смеса ставете ја во модла во која вие сакате или поделете во други помали.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:21

Пилешка салата

Пилешкиот стек, компирите и јајцата ги вариме, ја вариме и златната мешавина. Откако убаво ќе се сварат го сецкаме пилешкиот стек на ситни парчиња, ги сецкаме на коцки јајцата и компирите, им ја додаваме златната мешавина, мајонезот, солта и биберта и се убаво се меша.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 06:05

Салата со ориз и сусам

Оризот се вари во предходно посолена вода, 15 мин пред да се трга од одган се додава шафранот. Кога е готов се мие со ладна вода и остава да се исцеди. Шампињоните се сецкаат и пржат со 2 лаж. вагета. Посебно во тава се пржи сусамот додека не добие златеста боја. Во длабок сад се мешаат сите сосатојки и се зачинува и сервира по желба.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 06:06

Пилешка салата со кикиритки

Пилешкото го вариме и сецкаме ситно.Исто така посебно се сецкаат крставичките и ги оставаме да се цедат.Празот го чистиме и сецкаме.Сите состојки ги мешаме во длабок сад и ги додаваме павлаката, мајонезот , сенф и масло.Зачинуваме по желба и мешаме додека не се добие хомогена смеса.Салатата ја декорираме по желба ( во случајов со зрнцина калинка и свеж магденос




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 18:36

Топла салата

1. Компирите се варат во солена вода и се цедат.
2. Се сечка кромидот и маслинките и се додава во компирите. Сирењето се гмечи и се меша заедно со топлите компири и се прелива со преливот. Се служи како предјадење.
Пријатно!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 05:58

Салата од тиквички


1. Количината на тиквичките зависи од вас самите колку сакате да направите од самата салата.
2. Се сече тиквичката како вие сакате- дали на кругови или по должина - јас за да скратам постапката и времето - секогаш бегам накај полесното, по должина ги сечам а не ги ниту лупам, сметам дека нема потреба. Ги осолувам и оставам малку да постојат.
3. Секое парче го валкам во разметените со вилушка јајца, па во брашно, пак го вракам парчето тиквичка во јајцето и пржам во загреан зејтин.
4. Сите испржени тиквички ги чекам да се оладат и ги редам - ред тиквички ред павлака во која измешам пресуван лук и магданос, се така додека се заврши, целата се премачкува со павлаката и одозгора рендам кашкавал.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:13
Вкусен летен рецепт: Кинеска салата

Летото е период кога луѓето пред се одбираат едноставна храна која не бара многу подготовка, а која истовремено е вкусна и хранлива... Токму за таков вид на јадење станува збор во рецептот во продолжение.

Кинезите се познати по користењето на оризот во својата исхрана, кој што воедно е и еден од основните прехранбени намерници, па токму затоа и не зачудува што и самиот наслов на салатата најавува дека станува збор за рецепт во кој што се содржи оризот. 


Во продолжение прочитајте кои се потребните состојки за салатата и начинот на нејзино подготвување и можете уште денес да го пробате ова вкусно летно јадење. 


Потребни состојки: 

● Една шолја ориз
● 5 кисели краставички
● 350 грама шунка
● 1 кисела павлака
● 100 грама мајонез
● 1 лажица сенф
● една лажица сол 
● ½ лажица ѓумбир
● 3 чаши вода


Подготовка:

Сварете го оризот и во водата додадете сол и ѓумбир. Доколку користите бел ориз, истиот гответе го 20 минути, додека за интегралниот ќе ви бидат потребни 40 минути готвење. Откако оризот ќе се олади, во садот додадете ги исечканите краставици, шунката и сите други зачини по избор, а потоа додадете го и сенфот, мајонезот и павлаката. 


Целата смеса добро измешајте ја и истата украсете ја со китки магдонос или некоја друга декорација по избор. Секако, на крајот поканете ги најблиските и уживајте во јадењето! 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:13
Салата со тестенини за летните горештини

Во овие топли летни денови, готвењето сигурно не е една од активностите кои што би сакале да ги правите, па затоа, во продолжение прочитајте го овој едноставен рецепт со кој ќе добиете одличен оброк, без притоа да поминете неколку часа покрај шпоретот.

Станува збор за салата со тестенини за чија што подготовка не е потребно многу време, ниту пак многу готвење. 


Оваа едноставна салата, која највкусна е откако добро ќе се олади, претставува одличен избор за оброк во летните денови. Во продолжение погледнете што се ви е потребно и како истата се подготвува. 


Потребни состојки: 

● 400 грама макарони
● 200 грама кисели краставички
● 150 грама шунка
● 100 грама пченка
● 100 грама туна
● 2 лажици маслиново масло
● 2 лажици павлака
● 1 лажица мајонез
● 1 лажица зачин по избор
● малку сол


Начин на подготовка: 

Макароните сварете ги во солена вода. Краставичките и шунката исечете ги на мали коцки. Откако ќе се сварат макароните, истите помешајте си го шунката, пченката и туната. 

Сето тоа добро измешајте го и додадете го маслиновото масло, мајонезот, павлаката и зачините кои што ги користите и чиј што вкус ви се допаѓа. 


Откако сето тоа добро ќе го измешате, ставете ја салатата во фрижидерот за да се излади, а потоа послужете. 

Овој лесен летен оброк е навистина одличен избор во деновите кога сакате колку што е можно пократко да престојувате пред шпоретот, а сепак, да можете за кратко време да подготвите одлично јадење. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,139 секунди.