|
Дневник - во малку поинаква форма... |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 22> |
Автор | |
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Frižider
Samo sam hteo biti sam pio jeftino vino,bio pijan Misija lepote nije priča ljubiti lepost nije gadost Nije to odvajanje od društva niti jeftina priča o sreči Želiš mi reći da pljujem sve ili ljubim sve što na putu dođe? Moguće da sam lud moguće je isto tako da sam glup Kad se polnost digne kao ledeni breg ostaješ hladan...nije greh biti običan Seksualnost za publiku običnost za sebe kao tihi glas Nije prostor negacija postojanja samo jedan delič tla gde može da nas ima Pustih dušu u nebo ostalo telo da lebdi kao sivi zrak Kad nestanem,nemoj tugu grizi usne kao prvi put |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Чекајќи го дождот“
Имав визија во
успон за падови, Доживеани,
преживеани а сепак идни, Како дождот во
најава под темното небо На кој се радувам
како мало дете.
Си мислам само
дека те оставив зад себе, Си давам изговор
за да се свртам и да те побарам, Таму некаде на
средината на вжештено лето, Кога престанав да
дишам чекајќи го дождот.
Кој ми е крив што
на секој чекор барам есен, Пожолтени лисја и
соголени дрвја како мојата душа, Таа пишува
поезија со магичен маркер, Никој не може да
чита, никој не сака да слуша.
Твојот здив го
чувствувам на темето, Над мене, зад
мене, далеку и блиску, Подголтнувам да
го вратам срцето назад, Во празнината на
левата страна со вакум.
Чекајќи го дождот
како на разлигавена сцена Во романтичен
филм без место за некој свој, Без место за
моето ЈАС, без НАС, Кога немиот
раскажува за љубов без страст. |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Денес...
го слушав свештеникот... јасен глас... молитва за покојната душа... утеха... на момент... слики од минатото... мирис на... нечиста совест... грч во стомакот... вкус на вина... времето не менува ништо... знам душо... боли... ама... исплачи се... ќе ти олесни... можеби... и... незнам колку... трае... вечноста... |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Сто исти
Кога го ставам нема поезија претворен во копје немам лице Фурна си,имаш оган за сто исти убави како еден здив,убави како ти Бајки витези бели фустани Анѓели К*рви страсти од љубови Кога гледам како умирам немам ништо од себе...само давање Скапувам од секој млаз среќа не гледам ништо,само чекорење Ќе ме жалиш кога свршуваш? |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оф.... кога гледам и јас како да умирам
ама ако замижам...Живеам.... Неќам скапани работи лошо мирисаат а таа миризба ми е неподнослива... Слушам чекори... .. негови...нивни.... нејасни и тапи.... јас се жалам но тебе не, тебе не те жалам....
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кругови од убавини
Во едно друго време кога сите рибчиња водат љубов на суво Бело платно од груб лен ќе постелам за тебе да заспиеш кога те сакам Сите радости за ништо оти не знаат да живеат...умирачко! Отворот на лицето е дупка без ниеден смисол за стварност самата себе се отвора Има уште многу такви исти како мојата...јаде говна Сите радости за ништо оти не знам да умирам...животе! Некогаш ќе ме облечиш како џемпер оти дупката на лицето не ја викам како ти Колку глупаво се смеам не знаеш оти сме исти,нели? Во тоа време ќе ме нема рибчињата ќе умрат од глад Како воздух кругови од убавини на твојот врат за тебе да спиеш кога те сакам |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Знаеш..“ Ќе се препознаеш
ако ти кажам Дека поради тебе
видов божествена убавина Таму во одраз на
обично стакло на затворен прозорец, Кога се обидував
да дишам со тебе заедно?
Ќе се препознаеш
ако кажам Дека ги голтав
сите горчини собрани во една реченица Како да ми
зависеше животот од нив Кога моите демони
излагуваа надвор да си играат?
Ќе се препознаеш
ако кажам Дека одбивам да
давам објаснувања зошто ми недостигаш Кога не можам да
ти го најдам трагот Затоа што само немо
сакав да знам дека си тука?
Ќе ме препознаеш
кога ќе кажам Дека тврдоглаво
одбивам да ја наведнам главата Дури и кога
желбата ја покорува свеста Кога знам дека не
постоиме повеќе?
Ќе ме препознаеш
ако некогаш напишам Дека ништо нема
да се смени никогаш Дури и кога се е
сменето и не нема нас Како да сме
родени без роденден .... Изменето од Blue Scarlet - 17.Март.2014 во 17:18 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
........
Ги соблековме телата душите лебдеа некаде горе Убави,слободни и проѕирни гледаа во купот од коски и месо ...колку робија за ништо |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ги соблековме алиштата
останавме голи душите тажни и празни времето не гази и прегазува ... толку пишување за ништо..... !!!
|
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Геометрија
Светот со многу луѓе не е наш.не заспиваш Очи за сништа кули од бакнежи...сами во сите Алиби за секој стих историја од многу животи и нешто твое Прсти и многу болка геометрија во секој здив |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу луѓе со светов и пак секој за себе... Сништа за очи или очи за сништа...?!? Нешто мое нешто твое заедничко ништо.... нема веќе болка сега завладеа рамнодушноста... Кругот сеуште постои....здивот не запира.... |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Споро....
Времето како непризнаена единица Во мојата глава поминува болно споро .... Тишина... На прагот на вратата ме замисли Дали ова значи - Добредојде дома- ... Темнина ... Поинаква од онаа на затворени очи Таму барем имаше понекоја сенка .... Брзо .... Дишење сече парчиња застојан воздух Ќе ја убие воздишката на половина пат .... Звуци.... Животински крици со предупредување Исти како оние кога страста ми ја гори кожата... Светлина .... Таму надвор кристално чиста мириса на багрем А јас сеуште сум толку многу изморена .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тогаш почна се
моето пијанство во љубов се претвори Како во убав филм со пуканки ...го чекав среќниот крај Стопен од убавини гледав како се дави во длабоки води Испушташе крици како ранет делфин бојата на површината...исчезна Беше таму и ти едвај дочека да се облечиш Остатокот од ноќта е само осамено време за сон |
|
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
зјаам во таванот морничав, ко склопен од лица, без очи и усти, а ладност слатка се прелева на тоа што остана од мекава кожа... повикува, шушти, ко зборови шепка и име ми вреска. Гребливо колне ко вештерска жена, и врти околу, подалеку од вкочанетиов поглед... Било ти сенка, без домакин жива, ко дете си игра со умов сонлив... Се покажа коса, и насмеани очи... црвени! Блештат и заедно се смеат... со назабената челуст и отровни лиги, со шилести заби долги ко копја... Се видоа канџи, разиграни по ветре, почна да прета и погласно смее! Прска крвта моја црна, засирена, мртва... Гласот не гласи, а воздивнува болно... Створ што носи сенка од детска створена песна, ситно сече и боде по коските мои и месо што скапува, пробува да стенка...DP
|
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |