|
Париз - градот на светлината и романтиката |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:02 |
|||
Според мене,најубавиот град
Што мислите Вие? По мислењето на многумина, Париз е најубавиот и најромантичен град во светот. Тоа е градот на љубовниците, уметниците, врвната мода, највкусното вино... Избравме само седум од многуте карактеристики на Париз кои сигурно ве асоцираат на него. 1. La Tour Eiffel
Неспоредливата Ајфелова кула. Гордо го зазема првото место кога станува збор за најубавите светски градби. Конструирана е од страна на Густав Ајфел, во далечната 1889 година, по повод Светската изложба. Чекањето за искачувањето на врвот навистина вреди. Погледот кон прекрасниот Париз може да го засладите со вкусно пенливо вино, кафе или пак вкусните француски специјалитети.
Уште од 17 век Париз се смета за центар на модата, стилот, културата, книжевноста и уметноста воопшто. Денес, Париз асоцира на звучни модни креатори кои ги осмислуваат актуелните трендови.
Величествена градба и најпознат музеј во кој можете да бидете сведоци на уметноста која датира пред многу години. Ако сте љубител на уметноста, Лувр е правото место за вас. Конечно ќе ја погледнете Мона Лиза во вистинска големина, сликата на Леонардо исто како и многу споменици на древните цивилизации. Тука се наоѓа и накитот и огледалото на Жозефина, која е првата љубов на Наполеон и негова прва законска сопруга.
Зграда на музеј која веднаш ќе ве привлече со својата конструкција. Направена е по барање на тогашниот претседател Жорж Помпиду, кој имал една единствена желба – Париз да го направи оригинален музеј посветен на современата уметност.
Француските вина ги воодушевуваат сите љубители на овој пијалок ширум светот. Доколку сте љубител и на вкусните сирења и кашкавали, тие сте одличен спој. Сирењата по традиција се служат после главното јадење, пред десертот, додека вината се нешто задолжително кога станува збор за вкусен ручек или вечера.
Во подножјето на Монматр ќе здогледате интересен споменик кој е посветен на љубовта. Станува збор за ѕидот наречен Le mur des je t’aime, на кој на над 300 јазици пишува „Те сакам“.
Бизнис област која изгледа како град на иднината. Тука ќе ги сретнете зградите на најзначајните светски компании, изградени во модерен стил. Во оваа област нема многу туристи или случајни минувачи, исклучиво овде се движат групи на соработници облечени во скапи одела кои пијат вкусно кафе додека прават пауза од работата. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:20 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:21 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:23 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Би сакале ли да можете да се вратите во времето, на пример во 50-тите или 60-тите години и да уживате во прошетка во Париз? Баш како Одри Хепберн во Funny Face? Уживајте за момент: 1. За почеток тура со овие автобуси
Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 19:23 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Хотелот Castille Paris има неверојатна локација заради елитната околина во која се наоѓа. Хотелот нуди несекојдневно уживање со раскошниот и класичен стил во кој е уреден. Првично, уште во 18тиот век оваа градба е позната како приватна резиденција. Како хотел го задржала стилот од пред стотици години, меѓутоа со малку повеќе луксуз. Castille Paris нуди дури 86 луксузно опремени соби, како и 21 дуплекс соби и апартмани. Половина од нив се декорирани на современ, а половина на класичен венецијански стил. Поголем дел од собите се со извонреден поглед. Мермерните бањи со луксузни детали се нешто во кое секој гостин може да ужива. Ресторанот во овој хотел нуди неверојатни италијански вкусови и специјалитети на кои речиси никој не одолеал. Погледнете како изгледа хотелот кој се чини дека е производ на сечија фантазија, помешана со луксузните задоволства. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:23 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Совршено украсен хотел во романтичниот Париз Празничната магија ги прави сите места
поубави, меѓутоа кога и креативните луѓе ќе се потрудат околу
украсувањето, крајниот резултат се објекти од кои што застанува здивот.
Таков е случајот и со овој совршено украсен хотел во романтичниот Париз.
Имено, Џеф Литхам, уметничкиот директор во "Four Seasons" хотел во
Париз, успеал на фантастичен начин да го трансформира лобито и дворот
на овој престижен хотел во пресрет на празниците. Дека станува збор за навистина совршено уреден хотел говори и податокот дека самата Опра Винфри го посетила овој хотел, се со цел да им се воодушевува на празничните инсталации, а сето тоа го споделила и со своите фанови на социјалниот сервис Инстаграм. Во внатрешноста на лобито на овој луксузен хотел, место кое што го посетува светската елита, Џеф поставил огромен "Секси златен ирвас", креиран во соработка со Мајкл Аман од "Crystal Groupe". Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:22 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вино, Париз, прекрасен поглед...Постојат безброј барови со панорамски поглед на Париз и сите меѓусебно се доволно оддалечени за да ви овозможат сосем поинаков поглед на градот. Со чаша добро вино и поглед од некоја тераса може да ја вкусите сета убавина на Париз, вечниот град на љубовта. Колку што може да биде релаксирачко кафето на една од бројните тераси во Париз и да го набљудувате како светот минува покрај вас, уште толку повеќе ви се одзема здивот додека пиете чаша квалитетно вино со прекрасен поглед на француската престолнина... La Vue бар е сместен на 34 кат од хотелот Concorde Lafayette кој се наоѓа во северниот дел на градот. Со своите 15 метри долг шанк и дискретното осветлување, Ла Вуе совршно ја изразува убавината на Париз. Коктелите во овој бар ги подготвува повеќекратно наградуван коктел мајстор Стефан Мартин.
До речиси совршена линија од лево и од десно се наредени Ајфеловата кула, Монтпарнас и Les Invalides. Барот е отворен од април до октомври.
Центарот е дизајниран од страна на реномирани париски архитекти кои ја имале на ум совршената локација и можноста која може да ја понуди еден бар на кров. Барот е уреден во стилот на самата градба, футуристички и модерно. Во него можете да јадете, да пиете кафе или чаша вино додека во самиот центар на градот го гледате зајдисонцето зад париските покриви. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:24 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:26 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сите скриени, тесни улички во ПаризПариз е полн со тајни тесни улички, расфрлани низ целиот град. Скриени во булевари или некој напуштен кварт, неочекувано може да не изненадат и да не натераат да заминеме по нивната калдрма во непознат правец. Тие се одлично сведоштво на историјата и свежиот воздух надвор од урбаниот метеж. Погледнете кои се најубавите пејзажи, улици и вили кои може да се откријат за време на прошетка низ Париз. Една од најубавите тајни улички во Париз. Сместена до Raymond Losserand ќе ве одведе во свет исполнет со пријатна тишина.
Позната како улица на пиењето, составена од повеќе мали улички. Опкружена со мали продавници обвиени во цвеќиња од сите страни. Ќе ве воодушеват прекрасно уредените дворови на жителите од овој кварт во Париз.
Овде ќе откриете на многу вили, тесни улички со мали куќи во буржоаски стил. Ако сте во потрага по авантура, посетете ја вилата Montmorency.
Место кое туристите немаат навика да го посетуваат, а нуди одлично уживање. Во минатото биле нарекувана - улица на работниците, затоа што постоеле работни простории на приземјето од секоја вила, кои денес за жал се затворени.
Не е баш и некоја тајна уличка, но ќе ве освои со шарените фасади. Важи за една од најубавите и најнеобични улици во Париз кои вреди да ги запаметите.
Ова е најстарата улица во градот на љубовта и романтиката. Во минатото била доминантна област, но денес тука може да најдете само продавници за мебел.
Во срцето на Монмартр, во близина на авенијата Јунот, е лоцирана рајската вила Леандре. Ако некогаш патот ве наведе натаму, задолжително поминете по оваа типично француска, тивка уличка. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:22 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Градот на светлината годишно привлекува над 45 милиони туристи. Кои дојдени за шетање, кои за романтика, на крајот сите си заминуваат вљубени во Париз. Не сте биле во Париз ако не сте се качиле на Ајфеловата кула (и дење и ноќе). Ако не сте крстареле и одмарале покрај сена. Ако не сте ја посетиле Нотр Дам, Триумфалната капија, Лувр, операта Гарние, Версај... Ако не сте се напиле пиво на скалилата пред црквата „Светото срце“. Ако не сте изоделе пешки барем 30тина километри уживајќи во душата на градот, ако не сте се напиле вино и сиренце во близина на Мулен Руж... |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција Франција е позната по многу нешта, вклучувајќи ја храната, виното, модата, уметноста и архитектурата. И покрај тоа што градот Париз е број 1 на листата за посета кај голем број луѓе, сепак постојат толку многу други нешта кои вредат да се видат во Франција. Всушност бројот на тие нешта е толку голем што дури само една посета не би ви била доволна. Погледнете ги наредниве 7 работи кои морате да ги видите и направите доколку некогаш одите во Франција. 1. ПаризТочно, Париз е очигледен избор. И покрај тоа што е скап град и понекогаш нечист, сепак нема да се покаете доколку го посетите. Љубителите на уметноста дефинитивно не би сакале да го пропуштат Лувр, домот на познатата слика Мона Лиза. Исто така добра идеја е да го посетите музејот Орсеј каде што има уметнички дела од голем број талентирани сликари како Сезан, Моне, Мане, Гоген, Реноар и Ван Гог. Доколку преферирате модерна уметност, можете да го посетите центарот Помпиду. Нешто што навистина не треба да го пропуштите е Богородичната црква (Нотр Дам). Архитектурата ќе ве остави без зборови, а доколку имате енергија, искачете се на врвот на кулата од каде што ќе имате прекрасен поглед кон Париз. Наредна точка на вашата листа би требало да биде Версајскиот дворец. Тој се наоѓа на огромна површина, каде што покрај главната палата можете да ги посетите и големите градини, имотот на Марија Антоанета и големиот Тријанон – мала палата која ја користел Луи XIV. Версајскиот дворец е под заштита на УНЕСКО и е едно од најубавите места во Париз. Меѓу другото, можете да поминете едно попладне пловејќи по реката Сена, да се качите на Ајфеловата кула или на кулата кај Монпарнас. Можете да ги посетите Елисејските полиња, Триумфалната капија и операта Гарние. 2. Пон ду Гар (Мостот над реката Гар)Станува збор за римски аквадукт, кој се наоѓа на 25 километри од Авињон и е преку 2.000 години стар. И покрај тоа што оваа област е многу популарна кај велосипедистите и планинарите поради својата природна убавина, главната атракција е самиот аквадукт кој е во неверојатно добра форма за толку стара структура. Доколку погледнете подобро, ќе можете на камењата да ги видите натписите од оригиналните масони. 2. КарнакКарнак е област која била создадена околу еден век пред Стоунхенџ. Таму можете да видите над 3.000 монолити кои се околу 4.000 години стари. Тие се значајни остатоци на една огромна мистерија, и покрај тоа што голем дел од луѓето веруваат дека се употребувале за религиозни и културни активности. 3. КатедралиЗа сите оние кои сакаат уметност, архитектура и скулптури, катедралите во Франција се рајско место. Исто како во Италија и Шпанија, католиците граделе екстравагантни катедрали кои се монументи на визијата поврзана со вербата. Една од најпознатите катедрали е Мон Сен Мишел која се наоѓа во Нормандија. Станува збор за градба на остров која била посветена на Свети Михаил, а селото кое се развило околу нејзината основа, вклучувајќи ја и целата околина, се под заштита на УНЕСКО. 5. ЗамоциФранција има многу повеќе замоци отколку што би можеле да замислите и дел од нив навистина вреди да се видат. Идејата да се живее во замок е често мечтаење на голем број луѓе и токму поради тоа замоците во Франција се отворени за туристите кои слободно можат да останат преку ноќ. За најдобро искуство, ви препорачуваме да прошетате низ долината Луара. 6. Винарски визбиРазлични околини произведуваат различни видови грозје, а француските вина го добиваат своето име според тоа во кој регион биле создадени. И покрај тоа што големите винарски визби се и најпознати, сепак можете да најдете добри вина и во помалите и помалку познатите. Сигурни сме дека овие вина толку многу ќе ви се допаднат, што ќе си земете неколку со вас за дома. 7. ХранаФранцуската кујна е позната со причина. За појадок можете да пробате чоколадно млеко со свежо подготвени кроасани. Исто така одвојте време и за полуксузните ресторани и кафетерии. Нема да бидете разочарани. Можете да си направите и мал пикник. Французите велат дека најдобрата храна се наоѓа во Лион, но и маркетите во Прованс не се лоши. Во комбинација со добро вино и Ајфеловата кула во позадина, ова ќе биде најнезаборавниот пикник во вашиот живот. |
||||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |