![]() |
|
DIY-Mодни декорации и козметички средства |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 13> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Домашен шампон против првут и брзо растење на косата Со цел косата да ви биде здрава морате да ја чувате и негувате од надворешноста па се до нејзината срцевина. Освен готовите шампони, од кои повеќето нема да ви одговараат, ви нудиме решение за кое ви се потребни неколку лесно достапни состојки и малку време. Состојки: Пола литар благ беби шампон или шампон од коприва Едно шишенце АД капки Едно шишенце концентрирани капки од коприва Едно шишенце пантенол раствор Во посебно шише додадете го шампонот, капките и растворот, добро измешајте и мијте ја косата на вообичаениот начин. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како да направите домашен и природен ботокс? Доколку сакате да имате затегната кожа по природен пат испробајте со јајца! При тоа, тие ќе ги затворат проширените пори и ќе ги ублажат ситните брчки. Имено, јајцата содржат албумин, супстанца богата со аминокиселини која го затегнува површинскиот слој на кожата. Направете чврст снег од две белки и една лажичка шеќер. Добиената смеса нанесете ја на лице и оставате ја делува петнаесетина минути. Маската отстранете ја со помош на газа, натопена во вода. Измешајте една лажица изматена жолчка со три лажици неутрален шампон. Со добиената смеса измијте ја коста.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како да направиш сама-домашна пудра во прав Пудра во прав можете едноставно и брзо да направите според овој рецепт. Природните состојки ќе ја нахранат вашата кожа, ќе и дадат здрав сјај и ќе ги скријат неправилностите многу подобро од обичната пудра што би ја купиле. Се што ви е потребно за да направите домашна пудра во прав е пченично брашно или обично бело брашно, густин, какао во прав или чоколада во прав, цимет, ванила и француска зелена глина. Сите состојки се мешаат, а постапката е следна: Во стаклен сад ставете 2 лажици брашно, бело или пченкарно, количината на останатите состојки зависи од тенот на вашата кожа, па затоа треба да додавате од останатите намирници се додека не ја добиете вашата идеална боја. Ванилата е за посветли жени кои имаат таков тен. Доколку вашата кожа е жолтеникава, за вас ќе биде идеално да додадете ѓумбир во прав кој ќе ја неутрализира таа нијанса и ќе ја заштити вашата кожа. Можете готовата пудра во прав да ја мешате со етерични масла, лосиони за тело, млеко за тело или хидратантен крем за лице. Маслиновото масло оди одлично во комбинација со пудрата, но само во мали количини, за да не биде пудрата многу мрсна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Како да ги искористите старите парчиња облека? Како да го испланирате вашето слободно време, а во исто време да им најдете намена на непотребните парчиња облека? Ви предлагаме неколку начини како да направите интересни детали за вашиот изглед.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Домашен лосион за проблематична кожа на лицето. Лечи акни и бубулициВо својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини. ![]() За лековитите својства на ловоровиот лист знаеле уште нашите предци кои го користеле за лечење на многу кожни болести Ловоровиот лист против акни и бубулици е природен антисептик, кој овозможува чистење и дезинфекција на кожата. Во својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини, кои и овозможуваат одредено делување на бубулиците и на целиот организам во целост. Помага во елиминација на бактерии, го намалува воспалението, предизвикано од акни и бубуљици. -Ловоровиот лист го подобрува тонусот на кожата, има ефект на хидратација. -Ги лечи раните на кожата и содржи имуностимулационо делување, благодарејќи на кое се нормализира работата на сите органи. -го подобрува варењето, го смирува нервниот систем, лечи од заболување на зглобови и наслаги од сол. Во домашни услови можете да направите лосион за проблематична кожа на лицето, кој е мошне ефикасен во борбата со акните и бубуљиците. Ви предлагаме 2 рецепти, За подготовка на овој лосион ке ви бидат потребни 3-4 листа ловор (сув) и чаша вода (200мл) -Ловоровиот лист полијте го со вода и ставете го на шпорет, да проврие. -Намалете ја јачината на шпоретот и варете уште 5-7 минути. -Изладете го и ставете го во однапред припремено шише. Овој лосион може да се користи за секојдневно бришење на лицето, наутро и навечер.Се препорачува на лица со проблематична и масна кожа. -Однапред издробените листови од ловор (сув) , се полеваат со ракија или медицински алкохол (52%) во сооднос 1:1. -Оставете го да одстои на собна температура 5-6 дена. Потоа лосионот е спремен за користење. Овој домашен лосион за бришење се користи секој втор ден, наутро и навечер. Не само што помага за елиминација и воспалителниот процес, туку е мошне ефикасен и во борбата со пигментните флеки, и со самото тоа го израмнува тенот. Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 09:23 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова е вистинското нешто: Направете регенератор за коса од маслиново масло
Доколку одлучивте да ја намалите употребата на разни вештачки препарати, ова ќе биде вистинска работа за вас.. ![]() Ставете мала количина маслиново масло на дланките, па протријте ги за да се намрсат рамномерно. Сега тоа протријте го на деловите од косата каде што е најпотребно, на пример на краевите. Остатокот распоредете го на другите места, но избегнувајте го коренот. Оставете 10 минути за косата да впие, а потоа исчешлајте ја и обликувајте фризура. Со тоа што ќе го впие маслото, ќе и даде тежина на лесната коса. За сува коса втријте 2 лажици маслиново масло од коренот кон врвовите. Натопете крпа во врела вода, исцедете ја и замотајте ја околу главата во турбан, па оставете да делува 30 минути. Потоа измијте ја со шампон и обликувајте си ја фризурата. Ова ќе ја регенерира длабински, ќе и даде мекост и сјај. Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 09:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направете сами-уникатни шноли за коса Ова е интересен предлог за тоа како да го поминете слободното време со вашето дете. Доколку имате ќерка, ќе ви биде забавно да направите интересни шноли за коса, а воедно и ќе бидете задоволни од крајниот резултат. Овие шнолички не се наменети само за малите девојчиња, тие одлично може да го дополнат романтичниот изглед на поголемите девојки. Потребни ви се обични црни шноли, копчиња во различни бои, лепило. Останува се на вашата креативност. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направи сам-торба за плажаНа секоја девојка и е потребна голема, практична торба за на плажа која ќе се вклопува добро со бикините, наметката и сандалите. Најчесто треба да е практична за да ги собере сите тракатанци за еден ден на плажа, но и во чекор со моменталните трендови. Во продолжение неколку предлози како може сами да изработите торба по ваш вкус и мерка. За оваа торба е потребно платно во некоја неутрална боја во ваш вкус, а сидрата и ѕвездите може да ги нацртате или залепите од сосема поразличен материјал. За рачки доволно е да одберете некое дебело јаже, коноп или интересен материјал. Ова е најобична торба, но ако додадете некој интересен материјал во јака боја и може да изгледа супер. Во овој случај, доволно е да додадете 3 или 4 ленти во жолта боја, да го залепите или зашиете и торбата за на плажа ќе добие сосема нов изглед. Внатрешниот џеб направете го по вашите потреби, по мерка на телефонот или голем џеб во улога на преграда. Уште една верзија на претходната торба, но овој пат ставате кожни рачки наместо платнени. Внатрешните џебови направете ги по потреба и поигрувајте си со дезените и боите. Ако не сакате да ја лепите или менувате премногу, тогаш вашата постоечка чанта само одвежете ја со некој интересен вез кој можете да го зашиете со игла и конец. За овој проект ви е потребен весел материјал и дебел коноп од кој ќе ги изработите рачките. Доволно е материјалот да го залепите од трите страни, а од четвртата да го протнете конопот низ 4те дупки за рачки. Најдете обична торба и на неа нацртајте линии во една или повеќе бои со различна големина и ќе добиете тренди модел наместо обичен. Додајте рачки на завршетоците од пешкирот, добро испланирајте како ќе се преклопува и закопчува (најдобро е со мали нитни на барем две места) и ќе добите модерна пешкир торба. Обичната плетена торба која нема шарм и изгледа малку старо, обојте ја со некоја боја или додадете и некој материјал. Во истиот момент ќе добиете нова, свежа и модрена чанта. Верувале или не, оваа чанта е направена од малку подебела кеса украсена со ленти за изолир. Ова докажува дека може да употребите голема креативност и ако го имате основниот материјал ќе добиете модерен и уникатен аксесоар за плажа. Транспарента торба од мрежи за прозорци е нешто на кое сигурно не ви текнало. Со само малку сошиена мрежа за прозорци и неколку украси и можете да добиете многу добар ефект. Изменето од Valerija - 21.Март.2014 во 08:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Шест супер додатоци што можат да се направат од машка вратоврскаВратоврската која не ја носи вашиот сакан може да биде вашиот „Направи сам“ проект кој ќе го обожавате. Во продолжение погледнете шест врзи начини на кои што можете да ја претворите машката мода, во женско симпатично парче. Алка Чанта Крагња Брош Коктел фустан
Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 14:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Направете сами: Природна крема против брчкиЗа
жал, појавата на брчки е неминовна кај секој човек, а ова особено ги
погодува жените. Кога ќе се соочиме со нив, почнуваме да даваме силен
отпор користејќи различни креми, методи и козметички третмани. Но, дури и
најскапите креми не ни гарантираат забавување на овие козметички
несовршености, особено затоа што кожата брзо се навикнува на кремите и
не ги дава секогаш соодветните резултати.
Подготовка:
Изменето од Valerija - 07.Март.2014 во 10:36 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Усните се доста
чувствителен дел од лицето во екстремни временски услови како многу
ниски или пак, многу високи температури. Заради тоа, тие треба
одвреме-навреме да бидат негувани со посебни третмани и пилинзи за да се
излупи застарената кожа и тие повторно да бидат меки и нежни.
Усните се доста чувствителен дел од лицето во екстремни временски услови како многу ниски или пак, многу високи температури. Заради тоа, тие треба одвреме-навреме да бидат негувани со посебни третмани и пилинзи за да се излупи застарената кожа и тие повторно да бидат меки и нежни. Ние ќе ви покажеме едноставен начин како да направите ваш, органски пилинг за усни со помош на неколку состојки кои воопшто не се тешки за набавување. Она што ќе ви треба е :
1. Осигурајте се дека густината на кокосовото масло е доволно дебела за да се нанесе на кожа, но и доволно мека за да може да се земе со лажица. Доколку маслото е премногу мрсно, ставете го 10-20 минути во фрижидер, а доколку е поцврсто, сместете го во топла вода 5-10 минути додека да подомекне. Искомбинирајте една полна супена лажица кокосово масло со една супена
лажица мед во чинијата. Покрај тоа што мириса извонредно, кокосовото
масло е многу корисна природна состојка за производи за тело и кожа. Тоа
содржи масни киселини и антиоксиданси кои ја навлажнуваат и негуваат
кожата, а додека медот содржи состојки кои чистат и регенерираат. 2. Измешајте ги двете заедно додека не добиете една и единствена густа смеса без грутки. Ова ќе служи како основа за пилингот. 3. Додадете две полни кафени лажички кафеав шеќер во основата и мешајте. Шеќерот не само што има фантастичен вкус, туку е одличен природен пилинг бидејќи не е многу груб и ја остава кожата мека на допир. 4. Додајте уште една кафена лажичка од кокосовото масло во смесата за да се омекне и да се навлажни уште повеќе. Префлете го пилингот во тегличка или мало кутивче.5. Пилингот кој може и да се јаде ќе трае до две недели доколку седи во фрижидер. Пред употреба, пилингот нека отстои околу 10 минути на собна температура за малку да омекне. Нанесете ја смесата со мали, кружни движења и правете го тоа 1-2 минути и избришете се со мека крпа.Сега имате сопствен пилинг за усни кои можете да го направите во секое време. Едноставно, нели? Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Постојат неограничен број на маски кои ги чуваат нашите мобилни телефони во секој момент кога постои голема опасност од оштетување. Но, зошто маската да не биде ваша уникатна декорација и препознатлив белег? Постојат голем број на идеи и начини едноставната маска да ја претворите во уметничко ремек - дело. Користете многу материјали и бои на кои не можете да им најдете друга намена и започнете ја оваа креативна авантура. Ова се најдобрите идеи кои може да ги направите за само неколку минути... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |