|
X Фактор |
Внеси реплика | страница <1 4344454647 65> |
Автор | |
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da kako sto mi e drago za nego taka i mi e epten mnogu zal za nejze ,
no donekade se vo pravo zirito ,mozebi na Maid mu bese popotrebno ova...
Ilma kako i da e mladicka e a veke i e zvezda...
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Помина и оваа вечер:)
Сега ќе чекаме финалето |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даниел на чекор до победата: Со „Ljubavi“ до финале!Даниел ти и кога грешиш - грешиш со стил, кажа Жељко. Сепак, Македонија има претставник во финалето на најпопуларното музичко шоу на Балканот, X-Factor. Даниел Кајмакоски докажа дека со право е еден од главните фаворити за победа, а со вечерашниот настап само ја увери целата јавност дека пред нас имаме нова музичка македонска ѕвезда. Тој на свој начин ја отпеа „Ljubavi“ на неговиот ментор, Жељко Јоксимовиќ со што жирито ем го искритикува, ем го пофали Даниел. Тој до сега имал многу подобри настапи, па затоа го оправда своето место во финалето. - Даниел, кај тебе нема прашање дали пееш убаво, бидејќи ти секогаш пееш убаво, а мојата верба во тебе е огромна, кажа Кристина Ковач. Кики Лесендриќ го пофали Даниел дека овој пат навистина му се допаднал стилот на кој тој ја испеа песната, на еден негов претпознатлив начин. Сепак, Емина сметаше дека тој не се покажал во најдобро светло. Да се надеваме дека Жељко и покрај неговата изјава дека нема да
присуствува на финалето, ќе биде присутен само за да им ја даде
потребната подршка на Даниел и Маид. Нашата водителка, Снеже, по углед на најпопуларното селфи кое беше фотографирано од страна на Елен ДеЏенерс за време на Оскарите, се фотографираше заедно со полуфиналистите. Оваа селфи фотографија тешко дека ќе го сруши рекордот од 3 милиони споделувања на селфито од Оскарите, но браво за нејзината одлична идеја! Оваа вечер не забавуваа Parni Valjak, Наташа Беквалац и Ана Станиќ придружувана со женски бенд. Тие ги исполнија едни од нивните најнови песни, но и најголемите хитови, додека Наташа ја искористи оваа прилика за да ја промовира нејзината нова песна „Najgora“. Повозрасните се вратија во нивните најубави времиња, благодарение на најголемите хитови на Parni Valjak! Интересен беше моментот кога на сцена се појави Славко Калезиќ, еден од натпреварувачите, кој исто така беше и водител на првата емисија во живо. По негативните коментари за неговото водење, тој ја продолжи неговата пејачка кариера, па полуфиналето го искористи за да ја промовира неговата нова песна „Krivac“. Оваа вечер, за разлика од минатата емисија во живо излезе само еден натпреварувач, кој за жал нема да ја има можноста да се претстави во финалето. Во двобој се најдоа малата Илма Карахмет, која ја испеа песната „Кorake ti znam“ од Маја Сар и Маид Хечимовиќ кој ја испеа песната „Оdiseja“ од Лео Мартин. Членовите на жирито одлучија ова да биде последна вечер за Илма, па така Емина, Кристина и Жељко гласаа Маид да продолжи во финалето, додека Кики, како ментор на Илма, гласаше за неа. Тие сметаа дека Илма е уште млада за кариера, а дека Маид е вистинскиот човек за да продолжи во финале. Ние сега сосема сме смирени, бидејќи со сигурност знаеме дека Даниел ќе оди во финале. Сега, останува да го чекаме 23 март и да гласаме за победа на нашиот еден и единствен Даниел. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Илма не заслужи да излезе ... мала или не, девојчето е невиден талент ..... Докторите и Лукијан (според мене ) заслужија да бидат на местото на Маид и Илма. Даниел беше под своето ниво но ете пак успеа да помине.
Од синоќешните изведби секоја чест за Маид, нему навистина му лежат песни од нашето поднебје, за разлика од Даниел кој многу подобро се снаоѓа со странските. Изменето од Blue Scarlet - 05.Март.2014 во 11:21 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Даниел синоќа најлошо од сите исто и Тамара...
Илма не заслужи да излезе.
|
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Ama roditelite na Ilma ne se vo moznost da platat za nivnata kerkicka da prodolzi ponatamu , a dodeka na onoj netalentiraniot , kaj minatot pat fals peese , se spasi , pa i ovoj pat strada nekoj drug poradi nego,,,,Steta samite si go narusija ugledot na X Faktor ...Daniel pod hitno da se isfrli , Ilma da se vrati i da si prodolzi devojceto so svojata darba i talent sto si go ima
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Девојчето е многу младо и има многу време пред неа
Даниел овојпат...солиден.... завршетокот одличен ама Маид, како што милува Емина да каже ... растури.... со Одисејата Тамара ич не ми се допаѓа од почеток исто и Докторите и Лукијан
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми е јасно ако се Илма и Харис многу млади, зошто не постават најмала старосна граница уште кога се пријавуваат кандидатите а не вака да се заебаваат
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас мислам за Илма и за Харис ова беше многу успешна промоција
каде инаку ќе ги слушнеа овие деца, за кои верувам понатаму ќе имаат успешни кариери, а кои сеуште не го завршиле ни основното образование
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу прашина се крена денеска околу исфрлањето на младата Илма Карахмет од натпреварот „Х-Фактор“, а учесничката и понатаму не може да се помири со фактот дека таа повеќе не е дел од шоуто. Откако гласот на Емина пресуди во двобојот меѓу Маид и Илма, пејачката одлучи да напише охрабрувачки статус за Илма на својот Фејсбук профил, но доби таков одговор што не ни сонуваше!
Емина и упати зборови на Илма и се обиде да ја вразуми дека сеуште е млада за да прави пари од својот талент, на што учесничката не остана должна.
Од синоќа на социјалните мрежи се појавија многу групи кои бараат Илма да се врати во финалето, пораката која девојката и ја остави на Емина можеби не е напишана со злобна намера, но секако дека така звучеше. Ова не е прв инцидент во текот на „Х-Фактор“, со оглед на тоа дека дури и судиите често влегуваа во меѓусебни конфликти, а вчеравечер и Славко Калезиќ сакаше да физички да се пресмета со Ана Михајловски.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу прашина се крена синоќа откако од X фактор испадна малата Илма Карахмет, а таа се уште не може да се помири со овој факт. Откако гласот на Емина беше пресуден во нејзиното испаѓање, пејачката се одлучила да и пише охрабрувачка порака на Илма на нејзиниот Фејсбук профил. Емина упатила културни пофални зборови за девојчето од Кисељак, дека е млада и дека со сигурност ќе го искористи својот талент. На тоа Илма и одговорила: "Ти благодарам Емина, имаш свои деца па да даде Господ да те усреќат и тие тебе како што ме усреќи ти мене" - напишала под статусот на Емина младата натпреварувачка. Подоцна, Илма изјави за медиумите: - Искрено, мислам дека не заслужив да го напуштам шоуто без оглед на моите години. Можеа да ме дисквалификуваат на почетокот, но не го направија тоа. Тогаш Емина Јаховиќ рече дека сум премлада, но дека одам понатаму. Не мораше да го направи ова пред самиот крај, пред финалето. Затоа ми е криво. На некој начин, не беше како што треба, нејзините коментари ме навредија, а исто така и на Кристина. - Овде се стана возможно – најдобрите испаѓаат, а најлошите да победат. Не мислам лично на себе, но има навистина лоши кои и понатаму поминуваат. Јас веќе реков дека сум задоволна со она што го постигнав. Еве како Кристина изреагира после коментарот на Илма на пораката од Емина:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Славко за малку ќе ја истепал Ана ГрубинСлавко Калезиќ, несудениот водител на X-Factor, реши да се пресмета со актуелната водителка Ана Грубин. Вчеравечер се случила вистинска драма зад камерите во која главните актери се агресивниот Славко и Ана. Првиот конфликт настанал уште при генералната проба. -Ана во го најави Славко со зборовите „го најавувам од безбедна
далечина“, по што пејачот ја дочека водителката пред нејзиниот апартман и
ја навреди на најлош можен начин. Ана со својот шминкер и стилистот ја
отвори вратата од апартманот и си влезе внатре. Славко притрча кон
вратата, дивјачки удираше и ја навредуваше водителката, по што таа
повика обезбедување. Кога слушна дека доаѓа обезбедувањето, Славко
избега. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
место Доктори требаше да биде во финале Александра...
...и тоа би биле вистинските финалисти според мене... |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Докторите не ми прават мене кејф.
Некако се провлекуваат од емисија во емисија благодарение на гласовите на женската публика,ама тоа воопшто не е меродавно.Многу фалшираат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 4344454647 65> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |