IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 16:15

Домашни чоколадни мафини со банана и лешник

Мафините во последно време станаа едни од најомилените домашни колачи. Тие се богати со разни вкусови, па поради тоа со право се толку многу омилени.

За денеска ви нудиме интересен рецепт за домашни мафини со банана, чоколадо и лешник, со што овие колачиња се совршен енергетски залак.

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 125 гр. чоколадо
  • 1 јајце
  • 130 гр. шеќер
  • 1/2 лажиче ванила екстракт
  • 100 мл. млеко
  • 100 гр. стопен путер
  • 190 гр. брашно
  • 1/2 прашок за печење
  • Малку сол и сода бикарбона
  • Цимет

Подготовка: 40 минути

Во сад со вилушка или блендер згмечете ги бананите, додадете го јајцето, шеќерот и стопениот путер.

Во друг голем сад измешајте го брашното, солта, сода бикарбоната и прашокот за печење.

Пополека мешајте со додавање на смесата од првиот сад во кој се бананите

Ставете ги парчињата чоколадо и крупно исецканите лешници (може да користите ореви или бадеми).

Во друг сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот со малку путер додека не добиете смеса со грутки.

Смесата со  бананите истурете ја во калапите за мафини

Калапите треба да ги наполните ¾ со првата смеса, а потоа во нив додадете ја и втората смеса и печете на 190 степени околу 20 мин. Проверете со чепкалка или благ стисок дали се готови.

Мафините можете да ги украсите со чоколадни трошки или шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 14:41

Потребен ви е само половина час за да можете да уживате во вашиот омилен чоколаден вкус.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-01

Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња?

Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-02

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:10

Неодоливи шумски мафини

Неодоливи шумски мафини

Лесни за подготвување и слатки за јадење.

Состојки:

За мафините:100 г. путер, 250 г. пире од костен, 2 јајца, 75 г. шеќер во прав, 125 г. брашно, 2 лажички прашок за пециво

За кремот: 250 г. пире од костен, 2 лажици млеко, 100 г. шеќер во прав, една ќесичка ванилин шеќер, 2 лажички рум, 500 мл. слатка павлака, 12 коцки чоколадо

Подготовка: Стопете го путерот, тргнете го од оган и додадете го пирето од костени. Смесата сматете ја со миксер. Потоа додадете ги јајцата и шеќерот за да добиете изедначена смеса. Додадете го брашното заедно со прашокот за пециво, добро измешајте и со оваа смеса полнете ги калапите за мафини, но до половина. Потоа ставете коцка чоколадо и дополнете ги калапите до крај. Печете 20 минути на 180 степени.

За кремот измешајте го пирето од костен со млекото и испасирајте го. Во друг сад спојте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и румот. Сматете ја павлаката да стане цврста и спојте ја со пирето од костен и останатата мешавина. Смесата ставете ја во шприц за колачи и филувајте ги изладените мафини.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 09:35
                                                                                                                                                                                                                     Мафини со банана                                                                   
                                                                                                                               







Мафините се еден од омилените десерти и поради вкусот, но и поради тоа што се прават многу лесно.
За овој рецепт ќе ви треба само малку време и трпение.

Потребно:
ЗА МАФИНИ:

100 г.овесни снегулки
100 мл.слатка павлака
100 мл.вода
150 г.брашно
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
50 г. кафеав шеќер
2 големи зрели банани
75 мл.масло

ЗА ПОСИПУВАЊЕ:
30 г.путер
40 г.сецкани ореви
30 г.кафеав шеќер
20 г.овесни снегулки
2 лажици брашно
1/4 лажичка сол


Подготовка:
Измешајте ги овесните снегулки со водата и павлаката и оставете да набабрат. Во друг сад помешајте ги брашното, циметот, прашокот за печиво и содата бикарбона. Во овесните снегулки додајте го шеќерот, бананите згмечени со виљушка и маслото.

Калапот за мафини подмачкајте го со масло и посипете го со брашно, или пак ставете по една хатриена корп**ка за мафини, и полнете ја секоја со оваа смеса, да биде полна 2/3.

Сите состојки од смесата за посипување помешајте ги во чинија и со рака направете ронлива смеса. Со неа посипете ги мафините. Ставете да се печат во заграна рерна на 180 степени околу 15-20 минути.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 27.Февруари.2014 во 09:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 14:41

Кафе мафини

Најпрво се вари сирупот на умерена температура, така што меленото кафе, маргаринот, водата, медот и шеќерот се ставаат во огноотпорен сад со дебело дно.

Кога ќе проврие, намалете го огнот, па варете некои 5-7 минути.
Оставете убаво да се олади, а повремено промешувајте го.

Во меѓувреме просејте го брашното, помешајте го со какаото, додадете го прашокот за пециво и ванилиниот шеќер, па на крајот и изматеното јајце со млекото.
Во ладниот сируп ставете ја смесата ос брашно, па промешајте за се да се спои.

Од смесата полнете ги калапите за мафини.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени некои 20-ина минути.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 14:00

Прекрасен рецепт: Сникерс мафини


Овие мафини ќе ги воодупшеват сите, па и вас самите. Ова е прекрасен десерт за било кој дел од денот. 

Потребни состојки за четири сникерса: 

За тестото:

  • 50 гр. брашно
  • 20 гр. шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1/2 кесичка на прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 30 мл. млеко
  • 30 мл. масло

За фил:

  • 80 гр. шеќер
  • 60 мл. млеко
  • малку вода
  • 30g печени, солени, малку искршени кикирики

Подготовка: 2 часа 

Од шеќерот и млекото подгответе карамел.

За почетниците 80 гр. шеќер се става во мал сад со подебело дно и на силен оган и се остава да се стопи до светло кафена боја. Кога поголемиот дел од шеќерот ќе биде стопен, убаво измешајте го и додадете една до две лажици вода, почекајте да пројде првата бурна реакција. Точката на топење на шеќерот е некаде околу 180 степени и секоја течност која ќе биде во допир со него моментално започнува да врие и прска. Поради тоа намерно прво сипавме малку вода, бидејќи млекото би можело да истече или пак да загори. Нека не ве заморува тоа што карамелот најпрвин ќе се претвори во леплива маса, но повремено сето тоа ќе се стопи. Процедете го карамелот низ цедалка за чај.

Оставете го карамелот малку да се излади, па ставете ги 30-те грама печени кикирики. Додека карамелот се лади, подгответе го тестото. Во чинија сипете брашно, шеќер, какао и прашок за пециво, измешајте го сетоа тоа со вилушка. Додадете едно цело јајце, 30 мл. млеко и 30 мл. масло, и сето тоа измешајте го сето тоа со цел да добиете една глатка смеса без грутки. Со добиената смеса наполнете четири до половина керамички шолји (на пр. до 100 мл.) и ставете ги во микробранова на 3 минути и 750 W. Доколку немате микробранова дома, тогаш смесата сипете ја во тавче за мафини и печете во рерна.

Кога тестото малку ќе се излади, со мал остар нож направете мала дупка во средината, па во неа сипете го карамелот со кикириките. Останатото го оставаме на вашата фантазија, можете мафините да ги декорирате со шлаг и малку карамел над него, течно чоколадо, некое овошје...

Послужете веднаш. Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:34

Мафини со вишни

mafini so cresi

СОСТОЈКИ:

2 јајца

100 г шеќер

10 лажици млеко

250 г брашно

125 г маргарин

1 пакетче за печиво

1 чоколадо за готвење

маринирани вишни

1 лажица „вишновка“

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Во еден подлабок сад јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава претходно растопениот маргарин и се промешува.

2. Во смесата се додаваат млекото и брашното, во кое е измешан прашокот за печиво.

3. Чоколадото се сечка на ситни коцкички и се додава во претходната смеса. По желба се додава и малку „вишновка“, со што се добива многу убав вкус. Сè заедно добро се промешува.

4. Калапите за мафини се премачкуваат со маргарин, потоа со лажица се става од смесата до половина на калапот, бидејќи при печењето ќе нарасте и ќе го исполни калапот.

5. Калапот со тесто се става во загреана рерна, и мафините се печат на 180 степени, околу 20 минути.

6. Откако ќе се испечат мафините, се оставаат да се изладат, па се вадат од калапите. Одозгора се декорираат со маринирани вишни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 19:02
ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ СО ШУМСКО ОВОШЈЕ

Овој рецепт е идеален за сите кои сакаат чоколадни десерти, бидејќи комбинацијата чоколадо и шумско овошје е една од најдобрите.

Потребно:
 300 г брашно
 300 г шеќер
 4 јајца
 100 г чоколадо за готвење
 70 г какао
 180 мл млеко
 150 г путер
 2 кесички ванилин шеќер
 ½ прашок за печиво
 2 г сода бикарбона
 1 гр сол
 Замрзнато шумско овошје


Подготовака:
 Путерот растопете го и во него додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса додавајте ги јајцата, едно по едно, со постојано мешање. 

 Во друг сад измешајте ги брашното, какаото, изренданата чоколада, прашокот за печиво, солта и содата бикарбона. И оваа смеса полека додавајте ја во претходната.

 Кога смесата ќе се соедини ставете ја во калапи за мафини и печете 30 минути на температура од 160 степени.

 За да го направите сосот од шумско овошје, во тенџере на оган варете го шумското овошје на тивок оган, со додаток од шеќер и ванилин шеќер, а по 10-15 минути измиксајте го, и сосот е готов.

 Готовите мафини можете да ги декорирате и со шлаг врз кој ќе ставите од сосот од шумско овошје. 

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:55

Мафини со ванила и лаванда

mafini-lavanda-vanila1

Мафините се едни од најпопуларните тортички кај американците, но сè се повеќе застапени и кај нас. Нашиот денешен предлог десерт се мафини со ванила и лаванда.

Состојки:

за тестото

- чаша и пол брашно

- 1 лажичка прашок за пециво

- пола лажичка сол

- 150 гр. омекнат маргарин

- 3/4 чаша шеќер

- 2 јајца

- 1 лажичка екстракт од ванила

- 1 чаша млеко

за филот

- 1 чаша млеко

- 1 лажица екстракт од лаванда

- 5 лажици брашно

- 100 гр. омекнат маргарин

- 1 чаша гранулиран шеќер

- 1 чаша шеќер во прав

- виолетова боја за храна (опционално)

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги заедно омекнатиот маргарин и шеќер, се додека смесата не почне да изгледа како шлаг. Додадете ги јајцата, едно по едно, со мешање. Потоа додадете го екстрактот од ванила.

Во друг сад измешајте го убаво брашното со прашокот за пециво и солта. Потоа доадете го и млекото и повторно измешајте убаво.

Со смесата што ја добивте наполнете го калапот за мафини, околу 2/3Печете ги на 150°околу 15 – 18 минути или додека рабовите не почнат да добиваат кафеава боја.

mafinia-lavanda-vanila3

Додека се печат мафините, направете го филот. Во тенџере на средна топлина ставете го млекото и екстрактот од лаванда. Оставете го така околу 4-5 минути и повремено промешувајте. Потоа додадете го брашното и мешајте на ниска топлина, се додека смесатане почне да наликува на густ сок или паста, па тргнете ја настрана.

Измешајте ги заедно маргаринот и гранулираниот шеќер. Потоа соединете ги двете смеси и добро измешајте. Ако сакате да ставите боја за храна, направете го тоа сеа. Додадете го и шеќерот во прав и измешајте.

Откако мафините се изладиле, одозгора ставете малку од филот со лаванда.

mafinia-lavanda-vanila4

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 21:56

Мафини со малини и чоколадо

mafini-2

Нашиот денешен предлог за десерт е мафини со малини и чоколадо. Вкусни колачи, а сепак не премногу благи.

Овие мафини се лесни за правење и не ви треба многу време. Па ако ви треба итно десерт за вашите ненајавени гости, тогаш знаете што треба да направите.

Состојки:

300 гр. брашно

- 100 гр. шеќер

- 2 јајца

- 100 маргарин

200 мл. млеко

-  1/5 лажичка прашок за пециво

- 1/3 лажичка сол

- 200 гр. свежи малини

- 150 гр. чоколадо

Подготовка:

Во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете растопен маргарин и млеко. Добро измешајте.

Во истата смеса додадете брашно во кое е измешано прашок за пециво и сол. Изматете со миксер.

Додадете го чоколадото кое претходно сте го исецкале и малините. Мешајте внимателно за да не се распаднат малините.

Калапите за мафини премачкајте ги со маргарин и сипете тесто до 2/3 висина на калап. Печете во претходно загреана рерна на 180° околу 20 минути.

mafini-3

mafini

mafini-4

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:14

МАФИНИ ОД КОКОС

kokos

Потребни состојки:

150 гр. шеќер

120 гр. путер

2 јајца

300 гр. брашно

100 гр. кокосово брашно

250 мл. млеко

Кора од еден лимон

2 лажици какао

1 лажица бадемово масло

Прашок за печиво

Ванилин шеќер

50 гр. кокос

Припрема:

Во посебен сад матете ги путерот и шеќерот со миксер и постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Во оваа смеса додајте го прашокот за пециво, брашното, кокосовото брашно, кората од лимон, бадемовото масло, какаото и млекото, па мешајте се додека смесата не се соедини.

Ваа приготвената смеса сипете ја во калап за мафини кој претходно сте го намрсиле со путер. Печете на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути.

Извадете ги мафините од рерна, послужете ги во чинија за сервирање и врз нив посипете кокос. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:17

МАФИНИ СО ОРЕВИ И ЈАБОЛКИ

mafini

Потребни состојки:

100 гр. маргарин

2 јајца

2 дл. павлака

6 лажици млеко

2 ќесички ванилин шеќер

200 гр. шеќер

250 гр. брашно

1 прашок за пециво

3 јаболки

100 гр. ореви

Припрема:

Во посебен сад изматете го маргаринот со ванилиниот шеќер и обичнот шеќер. Матете со миксер и постепено додавајте ги јајцата, павлаката и млекото. Изрендајте ги јаболката и додадете ги во смесата. Измешајте го прашокот за пециво со брашното и оваа смеса, една по една лажица со постојано мешање, додајте ја во смесата со маргарин. На крај додајте ги ситно сецканите ореви и промешајте.

Во калап за мафини ставете хартиени корпи за печење, па додајте ја смесата. Печете 20тина минути на температура од 200 степени целзиусови.

Откако ќе се испечат мафините, послужете ги на чинија за сервирање и попрскајте ги со шеќер во прав по желба. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:22

МАФИНИ СО СПАНАЌ И ОРЕВИ

SpinachBananaMuffins

Потребни состојки:

250 гр. спанаќ

2 дл. Јогурт

50 мл. Масло за јадење

2 јајца

5 лажици брашно

4 лажици пченкарно брашно

½ прашок за пециво

100 гр. сирење

100 гр. сецкани ореви

 

Припрема:

Измијте го спанаќот и обарете го во солена вода, па исцедете го и ситно исецкајте го.

Изматете ги белките се додека не добиете цврста смеса. Посебно изматете го јогуртот со жолчките, прашокот за пециво, двата вида брашно, ренданото сирење и спанаќот, па додадете сол по желба. Во смесата додадете ги и изматените белки и промешајте за да добиете хомогена смеса.

Калапите за мафини намрсете ги со масло за јадење, па посипете ги во брашно и додадете од претходно приготвената смеса.

Печете во загреана рерна на температура од 200 степени 30тина минути, се додека мафините не добијат златно румена боја.

Откако ќе ги извадите од рерна, врз мафините наросете сецкани ореви. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:33

МАФИНИ СО ПОРТОКАЛ

orange-muffin2

Потребни состојки:

100 гр. шеќер

100 гр. масло за јадење

2 јајца

150 мл. сок од портокал

300 гр. брашно

1 прашок за печиво

Малку сол

3 портокали

Припрема:

Изматете ги посебно јајцата и шеќерпт, па додадете го маслото за јадење и сокот од портокал.

Во посебен сад сипајте го брашното, прашокот за печиво, солта, па додајте ја изматената смеса и промешајте.

Сипете ја смесата за мафини во калапите за мафини врз кои претходно сте ставиле хартиени корпи. Исечете ги потрокалите на кругови и по едно круг ставете врз мафините. Печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.