IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 21:59

Печени компири со кашкавал и шунка


Photo0289

Време на подготовка :
  • 10 min
  • Време на готвење :
    40 min
  • Вкупно време :
    50 min

Порции

Состојки

  • 10 компири не лупени
  • 150 гр. кашкавал
  • 150 гр. шунка
  • маслиново масло
  • доматно пире по желба
  • лук по желба
  • нане
  • копар
  • чубрица
  • оригано
  • црн бибер мелен
  • ѓумбир по желба

Упатство

Се сечат компирите на половина и се редат на предходно намачкано тавче со маргарин, потоа се ренда кашкавал врз секоја половинка, па се ренда од шунката, се сечат тенки кришки од доматите и се ставаат по една кришка на секоја половинка компир, се додава по малку доматно пире и на крај се посипуваат компирите со сите горе наведени зачини. Се печат на температура од 180 степени околу 40 мин. Кога ќе се испечат се служат со кисело млеко или павлака зачинети со копар.


Изменето од Valerija - 06.Февруари.2014 во 21:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 05:55

Компири со црвен пипер (исто како на баба)

Уште еден старински рецепт, останал од баба ми. Повеќе и како идеја плус за спремање на компирот.

1. Во поголем сад за пржење ставете зејтин да се загрее, а потоа ставете го ситно исецканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне малку додадете го и протиснатото лукче. Пиперките исечете ги на парчиња и додадете ги и нив.
2. Компирите излупете ги и исечете ги на кругови со дебелина 4-5мм (како за мусака) па додадете ги и нив во садот. Зачинете по вкус и додадете го црвениот пипер. Промешајте убаво да се изедначи па целата содржина префрлете ја во тава за печење. Во садот додадете ја водата, промешајте за да се “измие“ тенџерето и оставете да зоврие. Ставете ја водата во тавата и ставете да се пече во претходно загреана рерна. Првите 15тина мин. печете со капак/алу фолија, а потоа без за да добијат убава боја.
Оставете да се изладат, па послужете. Одлични се и како прилог и како ручек.

Добар апетит =)




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:24

Компир со кашкавал

Компир со кашкавал

Потребни состојки

• 700 ГРАМА КОМПИРИ

• 200 ГРАМА РЕНДАН КАШКАВАЛ

• 150 ГРАМА МАРГАРИН ИЛИ ПУТЕР

• МАЛКУ ЗАЧИН

За прелив:

• 1 чаша кисела павлака

• 70 ml јогурт

• 3 јајца

• 3 лажици масло

• Малку сол

Подготовка: Лупени компирите се варат во посолена вода, додека не омекнат но да не се сосема сварени. Потоа полуварениот компир се сече на кругови. Половина од компирите се редат во подмачкан сад за печење, посипан со малку зачин, па потоа покриен со ренданиот кашкавал. Над кашкавалот се реди втората половина од компирите па се полева со врел стопен маргарин или путер. Се пече во загреана рерна на 200 степени . Состојките за прелив се метат Печените компири се вадат, се прелеваат со преливот и повторно се пече околу 15 минути. Пријатен оброк,

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 13:10

Ѓулбастии со компири

Кромидот и компирите се рендаат на крупната страна од рендето, а лукот ситно се сецка. Се додава мешан сув зачин, сол, црн бибер и меленото месо и се меша/меси.
Ви грил тава се налева масло да зафати половина см ниво и во него се пржат кофтиња од смесата.
Пржените ќофтиња се одложуваат во чинија на страна и во истата мрснотија се додава брашното да се запржи, па се налева млекото, потоа водата (200мл) и на крај се посолува, побиберува и се додава малку мешан сув зачин. Убаво се меша се додека не се добие кремаста густина и потоа се трга од оган.
Ќофтињата скалесто се редат во огноотпорен сад и се преливаат со сосот.
Павлаката се разматува со 50 мл вода и со неа се прелива најгоре.
Се печи 30 мин на 200 степени.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:12

Запечени компири со млеко


Компирите исечете ги на тенки тркалца. Земете дно тавче запечење и намачкајте го со малку путер или масло. Наредете ги компирите во тавчето, зачинете ги и прелијте ги со млеко. Од горе распоредете го путерот и ставете го ренданиот кашкавал. Ставете да се пече во рерна загреана на 250 целзиусови степени. Компирите се готови кога ќе бидат меки и крцкави од горе. 

Послужете како прилог на некое главно јадење или како главно јадење со салата.






Изменето од емил - 26.Февруари.2014 во 15:12
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 05:31

Крофни од компири

Компирот сварете го и испасирајте го. Квасецот растворете го во малку топло млеко и додајте го во компирот заедно со другите состојки. Замесето тесто. тестото расучете го и на половина од кората со чаша обележете кругови. На нив ставете од ситно исечканата шунка. Потоа над тоа префрлете ја другата половина од тестото. сега со чашата сечете ги крофните. Оставете ги половина саат да се одморат. Пржете ги во длабоко масло. Уште додека се врели нарендајте им одозгора кашкавал.




Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 23:53
Внимавајте со компирот секогаш.
Во лушпата има едно соединение Соланин,кој преставува силен отров.
За среќа во најголеми количини се јавува во зелени компирисреќа
Но ради превентивни дејства не јадете печен компир зедно со лушпата,секогаш лупете го.

Што мислите од каде доаѓа поуката "Немој да јадеш жив компир,ќе те боли стомак".

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:48

Компири полнети со ќебапи

Компири полнети со ќебапи

Компири и ќебапчиња се совршена комбинација. Но, како да ги имате заедно споени на чинија и да ги вкусите во еден залак?Подгответе компири полнети со ќебапи. Ќе се зачудите како порано не ви текнало на овој лесен и едноставен рецепт.

Состојки: 10 ќебапи, 10 компири со големина приближна на ќепабите, сол, бибер и павлака по вкус или кашкавал

Подготовка: Излупете ги компирите, измијте ги и извадете им ја средината доволно за да го собере ќебапот. Зачинете го компирот и одозгора полијте зејтин, а потоа во вдлабената средина ставете го месото. Готовите компири ставете ги во тепсија. Печете на најсилна температура додека месото и компирите не поруменат и пред крајот одозгора ставете павлака или изрендајте кашкавал.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 20:06

Крокети од компири

Компирот ставете да се вари. За тоа веме насецкајте на ситно кашкавалот, шунката (може било кое сувомеснато) и пецата од младиот кромид.
Излупете го сварениот компир и на преса истиснето додека е топол,осолете па додадете му го магаринот и млекото. Откако малку се олади додадете го јајцето и исецканите ашкавал, шунка и перцата. Измешајте. Од добиената смеса првете мали топчиња и панирајте ги во 1 -едно изматено јајце во кои се додава 2 лажици млеко, валкајте ги во лебни тошки. Отако целата смеса сте ја испанирале, пржете ги.




Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 01:20

Гратиниран компир


1. Компирот убаво измијте го и ставете го да се вари во тенџере со вода. Откако ќе проврие, варете го уште 4-5 минути за да биде сварен до пола. Исцедете го, оладете го со студена вода и излупете го. Потоа исечете го на тенки тркалца (може и со ренде со рамен нож) со дебелина од 3-4 мм.
2. Тавата подмачкајте ја со малку путер или масло (помала правоаголна или овална тава со димензии отприлика 20х30 см). Наредете го компирот косо, така да секој следен ред покрие пола од претходниот.
3. Изматете го јајцето со неутралната павлака, додатете го ситно исечканото лукче и зачините и прелијте ги преку компирите.
4. Печете во загреана рерна на 200°С околу 40 минути, а пред крај може да вклучите вентилатор или инфра-зраци за да се запече поубаво. Тавчето ставете го малку подоле од средината на рерната.

Се служи топло како прилог на месо, риба или со салата, а вкусно е и откако ќе се олади.



Гратиниран компир

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2014 во 06:02

Кремаст компир

1. Излупениот компир се сече по должина или форма која вие сакате да ја имате, да не е претенко, се става во садот во кој ке се пече, налевате водата и зејтинот, ставете во рерна да се пече. Не се посолува бидејки крем супата и кашкавалот се доволни да ги зачинат и осолат.
2. Кога компирот е омекнат и останал само на зејтинот, извадете го и залејте го со растворената крем супа посипете со ренданиот кашкавал и повторно вратете да се допече. Кога е формирана кора од кашкавалот, готово е - извадете и драги мои.... пријатен ручек.
Напомена - слободно можете да додадете и пилешко или вака приготвениот компир да ви биде прилог или со него да имате прилог од месо.




Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2014 во 20:46
Рецепт на Џејми Оливер – Крцкави печени компири со рузмарин
 
 
Состав:
  • Компири со средна големина
  • Путер
  • Крупна морска сол
  • Маслиново масло
  • 1 лажичка оцет
  • Рузмарин
  • Бибер
  • Лук

Подготовка:

Излупете ги компирите и варете ги околу 10 минути во солена вода.

Додека компирот се вари, загрејте ја рерната на 250 степени. Неколку минути пред да го тргнете компирот од оган, во рерната ставете сад за печење со путер.

Половично сварените компири исцедете ги и веднаш ставете ги во садот за печење со стопениот путер. Печете ги 30-40 минути, додека не поруменат.

Исецкајте го рузмаринот и потопете го во маслиново масло. Додадете малку бибер, оцет и лук.

Зарумениот компир извадете го од рерната и секој по малку згмечете го. Ова најдобро ќе го направите со стандардната алатка за подготовка на пире.

Секој компир премачкајте го со мешавината од зачини и маслиново масло.

Попрскајте крупна морска сол и на секој компир додадете по малку путер.

Печете уште 15 минути.

Добар апетит!

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:25

Потпечени компири со праз

Се загрева рерната на 175 Ц.
Во мало тенџерче на среден оган се помешуваат водата, коцката за супа, лукот, неутралната павлака и ловоровиот лист. Се остава на оган колку да проврие и се остава на страна.
Компирите се сечат на многу тенки кругови, на тенки кругови се сечи и празот. Сланината се сечи на ситни коцки.
На дното на намастената керамичка длабока тава се реди 1/3 од компирите. Се става сол и бибер и малку нарендано морско оревче, па одозгора се посипува со половина од празот и сланината. Истото се повторува уште еднаш, а најгоре последната третина компири.
Се прелева содрчината на тавата со мешавината за прелив, одозгора се посипува ренданиот кашкавал, лабаво се покрива со фолија и се печи на средна решетка 45 мин. Се вади фолијата и се допекува уште околу 45 мин. додека да зарумени и компирот да омекни.
Нека отстои кратко пред да го сервирате.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 17:41
Koмпир полнет со печурки

Koмпир полнет со печурки

Состојки:

Компир 4 поголеми

печурки 300г.

мајонез 200 г. (посен)

-вински оцет, шолја

- сок од лимон, 1 лимон

-  каранфилче по желба

- бибер во зрна, по желба

- сол, по желба.

Подготовка:

Во сад сипете три чаши вода, додадете го оцетот, каранфилот, неколку зрна бибер и сол и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, додадете ги подготвените и исецкани печурки и оставете да се варат 3 минути, потоа извадете ги и исцедете. Компирот згответе го со се лушпа, но водете сметка да остане цврст. Кога ќе се олади, излупете го и направете дупка на средината. Измешајте мајонез со сок од лимон, додадете ги печурките, промешајте и со таа смеса наполнете ги компирите. Ставете во фрижидер до сервирањето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.