IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 11>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:33

Ружички-кифли

Се замесува тестото од наведените состојки. Се остава на надојде и после пак се размесува. Се кинат топчиња од тестото и се расукува круг со големина колку тацна од кафе. Се засекува од сите 4 страни и се става фил. Се витка во форма на ружа и се ставаат во калапи од мафини. Се оставаат да надојдат. Потоа се премачкуваат со јајце и сусам и се печат на 180С/25мин.
Наздравје!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 15:16

Традиционален бурек со тегнети кори

Овој рецепт за бурек што сега сакам да го споделам со вас е правење на бурек на занаетчиски начин.
Далеку од тоа дека јас сум станала мајстор за ваков бурек, не можам да се рамнам со умешноста на мајсторот на својот занает, мој роднина, кој несебично ми пренесе дел од тајните на правење бурек. Ќе се потрудам на мој начин овде да ви презентирам колку што ќе умеам. Но, да не должам многу.

Филот со месото спремете го на овој начин.
Месото ставете го во тава за пржење додајте ја водата и кромидот ситно исецкан и пржете го само неколку минути додека не изврие водата. Ако правите со сирење фил само изрендајте го. Ако подготвувате посно со праз (јас правев за Бадник) само запржете го малку празот ситно исецкан со малку вода и зејтин.

Брашното го просејуваме го мешаме со солта и замесуваме. Тестото го месиме 30 минути без прекин. Немојте да додавате ниту вода ниту брашно така треба, тестото нема да ви се лепи за рацете. За да не ви биде досадно додека го месите тестото пуштете си убава музика, јас така правам. Откако е убаво умесено тестото оставете го да се одмори околу 45 минути покриено за да не ви фати кора.
Потоа поделето го на 4 еднакви дела треба да ви тежи 800 грама, значи по 200 грама за кора. Направете ги како топчиња, притиснете ги малку како пишија и секое добро намастете го со нерастопена маст или со зејтин во добро намастен плех. Оставете ги така околу 45 минути додека тестото не се опушти доволно за да множете да го теглите.
Потоа подмачкајте правоаголно или кружно плекче зависно на кој начин ќе го виткате бурекот.

ПРВ НАЧИН 
Намастете ја работната површина со зејтин да не ви се лепи тестото додека го тегнете. Бидејки за професионално теглење немам искуство, јас го теглев тестото повеќе на раце почнувајки од крајот на кората и постепено од средината или на работната површина (како што се гледа на дел од сликите). Ако краевите ви останат подебели искинете го тоа тесто и фрлете го. Откако е истеглена првата кора напрскајте ја со зејтинот и маста или само со зејтин, здиплете ја прво од едната страна накај средината на кората, така и со спротивната страна. Истото направете го и со другите два краја на кората. Одложете ја здиплената кора на намрсена површина за да не се залепи.
Растегнете ја втората кора, намастете ја и на ќоше или како што ние во Виница можеме да кажеме на ќостреме и повторете ја на ист начин постапка та за завиткување како првата кора. Одложете ја здиплената кора.
Растегнете ја третата кора намрсете ја и пак дијагонално ставете ги здиплените кори. Врз здиплените кори ставете го филот и со третата кора здиплете на ист начин. Одложете ги здиплените кори како претходно.
Растегнете ја четвртата кора намастете ја, ставете ги здиплените 3 кори дијагоналнои здиплете (самата големина на сите кори ќе ви покаже во колкаво плекче треба да го печете бурекот. Краевите на бурекот од четирите страни за да не ви стрчат свиткајте ги одоздола.

ВТОР НАЧИН
Кога кората ви е растегната намрсете ја и од двете страни преклопете ја накај средината. Ставете фил по вкус и земете од едниот крај свиткајте триаголник и така преклопувајте до крајот.

ТРЕТ НАЧИН 
Растегнете кора, намрсете ја, ставете фил и засукајте ја како ролат и направете форма како што сакате.

Рерната загрејте ја претходно на околу 200 степени и веднаш (без стасување и одмор на тестото) печете го бурекот време околу 45 минути или зависно од јачината на рерната.

Се надевам дека барем малку успеав да ви ја објаснам постапката. За вкусот не споменав погоре, ама навистина подсетува на бурек од бурекџилница. Мислам дека ќе успеам барем дел од членките да испровоцирам во што воопшто не се сомневам, бидејки сите се вредни да тргнат во една убава авантура како мене.
Ви посакувам добар апетит.
П.С. Големо благодарам на мојот роднина за овој рецепт.




Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:56
Ем лисната, ем мрзлива пита од менеголема насмевка

500 грама брашно
1 квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
топла (не жешка) вода по потреба
2/3  маргарин или путер
400 грама сирење или урда
3-4 јајца


Се остава квасецот да стаса во чаша млака вода со 1 лажичка шеќер.
Меѓувремено се меша сирењето/урдата со јајцата.
Откако ќе стаса квасецот се меша со брашното и солта и се користи вода по потреба за да се замеси тесто што нема да се лепи.
Се дели тестото на два дела. Едниот дел се расукува во кора и се премачкува со маргарин/путер. Се превиткува на пола, се премачкува пак и се превиткува уште на пола. 
Истата постапка се повторува и со другата кора. 

Се премачкува тавата за печење со маргарин/путер.
Се расукува една кора, да биде поголема од тавата. Се става во тавата за печење со краевите нагоре (може и да излезат по малку од тавата)
Измешаната урда со јајцата се распоредува рамномерно на целата површина. Се става неколку парчиња маргарин/путер. Истата постапка се повторува и со втората кора.
Се става одозгора и се прави виткалник од страните (не знам како го викаат правилно, секој крај различно го именуваголема насмевка)
Се става најгоре путер/маргарин и се пече. Нема да кажам 30-40 минути затоа што секоја домаќинка си ја знае релната.


Се јаде и се бара уште.











Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 20:03

Пита со коприва


Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта. Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, а делува и превентивно во создавање на каменчиња во бубрегот и мочните патишта.

Оваа билка содржи витамин А, се препорачува како лек против слабокрвност, ја подобрува работата на системот на варење. Често се користи како природен лек против запек и го зајакнува природниот имунитет на организмот. Ако не сте љубители на чајот, тогаш подгответе си пита од коприви за да ги искористите сите предности на овој зеленчук:

Состојки: 700г коприви, 1 кромид, 2 чешниња лук, 400г шампињони, 500г кори за пита, 2дл кисела павлака, 2дл билна павлака, 5 јајца, 1дл млеко, 1дл зејтин, зачин Ц

Подготовка: Ставете ја копривата во солена вода малку да отстои, а потоа извадете ја и исечете ја на коцки. Лукот и кромидот исецкајте ги ситно, а шампињоните исечете ги на листови.

На малку зејтин испржете го кромидот и додајте ги шампињоните, динстајте додека не омекнат. Потоа додајте ја копривата, лукот и зачинете по вкус.

Подготвениот фил оставете го да се олади, а потоа во него додајте 2 јајца и киселата павлака.

Тепсијата во која ќе ја печете питата премачкајте ја со зејтин, па ставете две кори пита, нанесете од филот, потоа наизменично редете кори и фил додека не ви се потроши подготвениот материјал. Филуваните кори исечете ги на коцки.

Измешајте 3 јајца, растителна павлака и млеко. Со добиената смеса полијте ја питата и ставете ја во рерна да се пече додека не порумени.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 14:12

Пита од вишни



Состојки

600g готови кори

800g вишни

450g шеќер

200g масло

250g посни бисквити

Подготовка

Готовите тенки кори се делат, така што за секоја пита имате по три кори. Меѓу корите ставате масло и мелени посни бисквити. На третата кора ставате зашеќерени вишни и  распоредете ги  во долниот дел на кората,па завиткајте ги во ролат. Попрскајте со масло, додадете бисквити и силно свиткајте  ги во ролат трите  кори. Истата постапка со редењето на корите важи за секоја пита, додека имате кори. Редете во маслинеста тепсија и премачкајте со масло. Питата се пече на умерена температура во претходно загреана рерна.




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:29

Посна пита со цимет и ореви



Подгответе посна пита со цимет и ореви – вистински празник за стомакот, особено за оние што постат.

Состојки: 500г кори, 400г ореви, 100г презла, 5 лажици шеќер, 1 ќесичка цимет, кора од еден портокал

Подготовка: Смелете ги оревите, а потоа истолчете ги. Додете ја изренданата кора од портокал, циметот, шеќерот и презлата и убаво измешајте. Три кори поставете на масата,  по цела ширина ставете тенок слој од филот со ореви. Свиткајте, ставете во плех и печете 30 минути на 150 степени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:31

Шарена пита



Пазарите се преполни со зеленчуци, па навистина е штета да не бидат застапени на вашето мени. Набавете свеж спанаќ и пробајте го денешниот рецепт.

Состојки:500г кори за пита, 400г обарен спанаќ, 200г шунка, 100мл павлака, 8 варени јајца, зејтин, сол, бибер

Подготовка: Обарениот спанаќ исечете го и измешајте го со павлаката и исецканата шунка, посолете и наросете бибер. Три кори ставете една врз друга и секоја попрскајте ја со зејтин. Потоа распоредете дел од филот од спанаќ и ставете две јајца, па замотајте ја питата во ролна. Од преостанатиот материјал повторете ја истата постапка. Направените кори ставете ги во подмачкан плех и попрскајте ги со зејтин. Печете околу 40 минути на умерен оган.

Питата може да ја послужите со млеко или јогурт.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:54

ВЛАШКА ПИТА

1.Во длабок сад се става млекото (млако) шекер,сол,квасец,масло и јајца убаво се промешува.
2.Потоа се додава 10 лажици брашно и се остава да отстои 5-10мин.
3.Потоа се додава преостанатото брашно и се замесува тесто (може и повеќе брашно зависи од острината на брашното).Тестото се дели на 3 дела.
4.Од секој дел се расукува кора и се премачкува со маргарин.Потоа кората се преклопува неколку пати за да се добие лиснато тесто истото се прави со останатите 2 дела и се става во фрижидер 30 мин.
5.Потоа од секое се сука кора со големината на плехот во кој ќе се пече и се става од предходно испржениот праз измешан со урдата.Истата постапка и за другите кори на последната одозгора се премачкува со јајце и се наросува сусам.
6.Тестото се сече на лети широки 2мм и се виткаат во спирала и се редат на подмачканиот плех кога ке се направат сите со остава да отстои 30 мин и се пече на 200степени 25-30 мин (да поруменат




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 07:05

Пита гужвара

Се освен корите убаво се меша. Ќе добиете релативно ретка смеса, во која се макаат 1 по 1 згужвани корите.
Во поголем и подлабок, намастен плех се ставаат 2 слоја од корите за подлога. Краевите треба да излегуваат од плехот. Потоа се редат намаканите изгужвани кори и на крај, се превиткуваат навнатре краевите кои висеа од плехот. Доколку ни остани од смесата се мачка одозгора, а местата кои не ќе се премачкаат (случајно) со четче ги намрсуваме со масло и ги попрскуваме со газирана вода.
Се печи на 180 степени 45 мин.
П.С. На мојот шпорет 180 степени беа многу, па морав да намалам.
На здравје!




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 10:57
Папарацо пита

Папарацо пита


Состојки
  1. 350гр. брашно
  2. 1 лажиче шеќер
  3. 1 лажиче сол
  4. 1/2 кесе сув квасец(5гр.)
  5. 150мл. млеко
  6. 1 цело јајце
  7. 2 лажици путер (40гр)
  8. За фил
  9. 3 цели јајца, ноктец сол(на вкус)
  10. 300гр. кисела павлака

Од каде и зошто такво име не е ни битно, мене ми запна на око некаде се сретнавме на некој сајт па ете ја ви ја претставувам ПАПАРАЦОО......внимавајте!!

Се соединува брашното со сол, шеќерот оди во млекото и квасец  и се активира некоја мин. Ќе остави ,,пена,, на површина кога е готов. Путерот се топи, се става јајцето во брашното, од сите состојки се меси тесто со средна јачина. Премачкав масло и оставив да стаса 1 саат на топло.
На набрашнета површина се сука надојденото тесто-големина колку стандарден плех каде ќе се печи и малку повеќе за 1 прст колку да има странично да се постави од тестото да не се излее филот подоцна. Плехот го премачкуваме путер и ја ставаме кората, боцкаме со виљушка насекаде низ тестото и го оставаме додека се припрема филот.

За филот се бијат јајцата со сол, се става павлаката и се меша, се излева врз кората во плехот. Се печи на 200 ,30 мин. така пишуваше во рецептот ама јас оставив само да се запечи на 200-10 мин. потоа намалив на 180 и тоа 25 минути...сосема доволно, а вие регулирајте си зависно од вашите услови, со чашка јогурт идеална за појадок или ужинка.




Изменето од Valerija - 07.Март.2014 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 04:57

Селски леб што не се меси

1. Брашното, квасецот и солта се ставаат во длбок сад и на суво се промешуваат. Со брашното може да се експериментира-на пр.1 чаша бело брашно, 1 ржано и 1 интегрално. Рецептот по тоа прашање е доста флексибилен.
2. Се додава водата и набрзина се промешува со лажица да се изедначи.
3. Се остава покриено да одстои 12 часа(најдобро во пластична кеса)
4. Се промешува со лажица.
5. Се остава да стои уште неколку часа додека се појават меури на површината на тестото.
6. Тавчето се прекрива со пекпапир и во него се истура тестото. Се остава да стои уште 2 часа.
7. Се попрскува одозгора со брашно и се пече во загреана рерна на 250 ст.С - 5 мин., потоа се намалува температурата и се пече уште 30 мин. до кафејавкаста боја.
8. Се вади од рерната и од тавчето, се завиткува во крпа и се остава така да стои уште еден час. Тек тогаш печењето е завшено

Овој леб се прави на принципот на бавна ферментација со што знатно се зголемува нивото на антиоксиданси во тестото. Рецептот го пронајдов пред многу години во Њу Јорк Тајмс и одтогаш редовно го правам ова лебче. Иако изгледа дека е многу захтевно за правење, ќе се изненадите колку малку вистинско време ви треба за да го спремите.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:07

Пита со печурки и младо сирење


pita-490x456

Состојки:

  • 8 тенки кори за пита
  • 40 гр свеж квасец
  • 2,5 дл млеко
  • 6 рамни лажици брашно
  • 100 гр маргарин
  • 400 гр шампињони
  • 1 праз
  • 3 јајца, сол
  • 600 гр свежо сирење
  • мешавина од зачини

За прелив:

  • 3 јајца
  • 2 дл павлака
  • 2 дл млеко
  • сусам

Приготвување:
1. Во подлабок сад се мешаат стопениот маргарин, млако млеко, свеж квасец и малку сол по желба па добро се меша.
2. Шампињоните се сечат на листови, а празот на коцки.
3. На малку зејтин се пропржува празот, а потоа се додаваат шампињоните па и тие кратко се пропржуваат додека не омекнат, а вишокот на течност не испари.
4. Свежото сирење се дроби и се меша со три изматени јајца.
5. Во намрсена тепсија се ставаат две кори за пита. Со помош на кујнска четкичка се премачкуваат со филот од квасец. Потоа се нанесува малку фил од свежо сирење, а одозгора се распоредуваат динстани шампињони. Се прекрива со кора за пита и се повторува истата постапка на филување додека не се потроши сиот материјал.
6. Приготвената пита се сече на коцки. Посебно се матат јајца, павлака и млеко и се прелеваат преку питата. Се пече во загреана рерна на 200 ºЦ додека не порумени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:27

Пита од сливи и бадеми


 

Pita-od-sljiva-i-badema

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр мелени бадеми
  • 1 лажиче цимет
  • 1 прашак за пециво
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица брашно
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 150 гр суви сливи

Приготвување:

1. Сувите сливи се чистат од семки па се варат, а потоа добро се цедат и се сечат на половини.
2. Во подлабок сад се соединуваат јајцата, шеќерот, ренданата кора од лимон, прашокот за пециво и циметот, па се мати додека смесата не стане густа и кремава.
3. Во приготвената смеса се додаваат мелени бадеми и полека се меша.
4. Во округла тепсија премачкана со путер и наросена со брашно, се става приготвената смеса.
5. Преку тестото рамномерно се редат половинките од сливите.
6. Питата се пече на 150 °Ц додека да порумени.
7. Откако ќе се олади да се нароси со шеќер во прав.

Извор: Dobra hrana



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 16:32

‘Ржан леб што не се меси

Во еден сад помешајте ги двата вида брашно со солта, сувиот квасец и зрната ким. Додајте ја водата и измешајте со дрвена лажица сите состојки да се соединат и да нема грутчина суво брашно. Ќе добиете едно грубо нехомогено тесто кое треба да го преместите во поголем пластичен сад со капак. Затворете го и оставете го во фрижидер, барем 24 часа. Вака направеното тесто може да го чувате во фрижидер и цела недела.
На денот кога ќе го печите лебот извадете го тестото од фрижидер и на работната површина премесете го кратко преклопувајки го неколку пати. Тестото ќе биди сосема мазно и еластично. Поделете го на два дела и формирајте векни по ваша желба. Се остава да стаса 1 до 1 1/2 час, додека векните не се удвојат.
За тоа време загрејте ја рерната на 250 Ц.
Кога тестото е стасано во еден мал сад помешајте го нишестето со водата и ставете во микробранова 1 мин. на најсилно. Промешајте ја добиената течност и со нејзе премачкајте го лебот. Посипете одозгора зрна ким, направете неколку засеци на горната површина и печете ги векните некаде околу половина час, додека дното не звучи шупливо, не добијат убава боја или термометарот за храна не ви покаже температура 96 Ц.
Оладете го лебот на решетка, покриен со крпа.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.