|
X Фактор |
Внеси реплика | страница <1 3637383940 65> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум кажал дека си пристрастна . Ти се допаѓа како пее и тоа е тоа . Нема место за коментари .
Едноставно ми направи впечаток насловите во медиумите .
|
|
Crna Arapina
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Требаше и Ликијан и Жуто пИленце двајцата у пакет да искочат ,Напрек Кајмак
|
|
Train hard,Fight easy !
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Lukijan ke bide eden od slednite....ne znam kolku kadidati ke bidat vo finaleto ...no so sigurnost mozam da kazam deka toa ke bidat Daniel i Ilma ,verojatno i Doktori (poradi devojcinjata koi glasaat za niv a ne tolku poradi nivnite vokalni sposobnosti ,sepak se 5 momcinja ) ....
Ne deka ostanative ne se dobri i ne peat ubavo ,tuku ednostavno eden/edna moze da bide pobednik vo ova show a ovie dvajca se onie koi spored moeto poznavanje i vkus za muzika se najsoodvetni za toa p.s za Doktorive se proizjasniv pogore.....
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Конечно: Даниел и ѕвездите на Х-фактор со концерт во Скопје!Конечно, балканските миленици и ѕвезди во подем, учесниците на шоуто Х-фактор ќе пеат и пред македонската публика. На 14 март во спортскиот центар Борис Трајковски, легендарните Кики
Лесендриќ и Пилоти заедно со ѕвездите од Х-Фактор на концерт во Скопје. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve uste eden poddrzuvac na moite mislenja kon onoj .....netalentiraniot ...
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој си има слаби моменти од кандидатите....за да им се најде замерка
АМА.....кај Даниел и Илма немало никаква грешка |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На првата прес-конференција по повод учеството во емисијата „Еден на еден“ и концертот на Пилоти и ѕвездите на „Х-фактор“, сите новинари беа дојдени за првпат да го видат и да му постават по некое прашање на Даниел Кајмакоски. Но, беа разочарани, бидејќи Даниел, за жал, не се појави. На шега Кики Лесендриќ го оправда дека по вчерашната вечер на „Златна Бубамара“ се вратиле во ист хотел, но утрово го немало и затоа не можел да се појави. Точните причини најавија дека ќе ни ги открие самиот Даниел во следна прилика. Сепак, на прес-конференцијата присуствуваше уште една ѕвезда од „Х-фактор“, Тамара Милановиќ која беше срамежлива, но искрена и отворена и одговараше на сите новинарски прашања. Најпрво се заблагодари за пречекот во Скопје и прекрасниот прием, бидејќи веќе се чувствувала како дома. Почувствувала огромна поддршка во Македонија и вчера сфатила колку обожаватели има овде, кога се појавила на „Златна Бубамара“. Сепак, таа вели дека не се чувствува како ѕвезда. За Даниел имаше само пофални зборови дека е супер другар и брзо се зближиле. Според неа фаворите за во финалето се Даниел, Алекса и „Доктори“, но би сакала и таа да се најде таму. На почетокот најмногу страв имала од мислењето на Жељко Јоксимовиќ, но сега најмногу го почитува и ѝ значи мислењето на Кики Лесендриќ. Во однос на македонската музика, кажа дека не слуша многу ниту македонска ниту српска музика, но имала можност на претходното Live Show да разговара со Калиопи која ѝ дала огромна поддршка, ја нарече жена - инспирација, поради која за првпат немала трема на настапот. Од она што го најави Кики за на концертот се знае дека сигурно ќе настапат Даниел, Тамара, Алекса, Лукијан и „Доктори“, но веќе ги подготвува и дел од оние кои испаднаа како Александра Секулиќ, 4U. Тој и Жељко веќе работат на некои авторски песни за Даниел, Тамара и Алекса, а најави и дека сигурно ќе има еден албум барем со по една песна од сите финалисти на „Х-фактор“. Сепак и негови лични фаворити не само за победници и балкански ѕвезди, туку и светски се Даниел и Тамара. Повеќе детали за сè она што им се случува на Даниел и Тамара ќе може да гледате во емисијата „Еден на еден“. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако во шестото Live Show испадна 13-годишниот Харис Ќато, според најмалиот број гласови од публиката, неговата менторка Емина Јаховиќ не може да се помири. Ова е нејзин прв натпреварувач кој испаѓа дури после 6 емисии. Покрај тоа што секако мораше да излезе некој од нејзината група, бидејќи во дуел беа Харис и Лукијан, и покрај тоа што публиката одлучи со своите гласови, таа сепак смета дека е неправедно исфрлен. „Харис покажа дека е сериозен пејач. Ги засрами оние кои се сомневаа во него. Неправдата е дел од секое натпреварување. Животот и кариерата се пред него! Само храбро, а јас секогаш ќе бидам со него“, напиша Емина на својот Твитер профил. Позната по своите емотивни реакции, повторно не можеше да ги задржи солзите додека Харис ја пееше песната за спас. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
managercenter
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 10.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 29 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
X-Faktor vo SAD e na drugo nivo.
Sepak ubavo e da se vide sto covek se moze. |
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nekade od kaj 34ta min. pa se do krajot moze da gi gledate Daniel i Maid....
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонките ме напаѓаат на сите страни!Харис
Чато (14) беше најмладиот натпреварувач во шоуто. По излегувањето од
шоуто плачеше, но и сега не му е сеедно бидејќи вели дека елиминацијата
му паднала мошне тешко. Утехата ја наоѓа во зборовите на својата
менторка Емина која по завршувањето на последниот лајв му ветила дека
нема да го остави на цедило. Младиот учесник на X-Factor додава дека се
стекнал со многу обожавателки кои секојдневно му праќаат пораки. Го сакаат девојчињата ширум Балканот, а тоа нормално дека му годи.
Чато открива дека е разочаран зошто го напушти најпопуларното шоу во
регионот, но најтешко му било што во дуел се нашол со пријателот Лукијан
Ивановиќ. Четиринаесет годишниот Босанец тврди дека учеството во вакво
натпреварување му донело голема популарност и дека станал главен фраер
во школо, во својот крај, но и дека има обожавателки секаде, каде што се
гледа X-Factor. Харис во интервјуто за еден српски портал додава: Дали ти пречи тоа што многумина те споредуваат со Џастин Бибер? |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тивка војна: Што се случува со Кристина и Емина?Членките
на жирито во најпопуларното музичко натпреварување X-Factor, Кристина
Ковач и Емина Јаховиќ сè повеќе влегуваат „во војна“ и тоа најмногу
поради фановите на турската снаа кои секојдневно праќаат навредливи
коментари на Ковач. - Тие двете постојано се во некој чуден конфликт. Знаат да си
префрлат една на друга, да се пецнат и да си кажат нешто двосмислено.
Дека меѓу двете има искри се покажа и за време на лајв шоуто кога
Кристина ги коментираше натпреваруваните на Емина, и не сакаше да го
изговори името на својата колешка, туку постојано ја насловуваше како
„менторката“, открива извор близок до шоуто. - Кристина има право да не ми го спомнува името и да ме нарекува
менторка. Секој секому му се обраќа како сака и знае, па така таа има
целосно право да ме насловува така, рече Емина. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Даниел: Во финалето ќе настапам со моја песнаНово-откриениот
талент Даниел Кајмакоски деновиве го даде своето прво интервју и тоа во
радио станицата на City Radio. Тој беше мошне возбуден што му се
отворила таа прилика да дојде во Македонија, да учествува на Златна
Бубамара и воедно да го даде своето прво интервју.
Водителката на интервјуто го праша Даниел дали има некој ритуал што го прави пред секој сценски настап. И покрај тоа што чувствувал трема на настапите, тој никогаш не
размислувал додека пее, туку оставал срцето да го води. Признава дека
сите му недостигаат, но знае дека и сите го поддржуваат бидејќи
социјалните мрежи се преплавени со желби кон него. Смета дека секој
учесник мора да го покаже она најдоброто од себе. Можеби Харис Чато го
напушти шоуто затоа што не го покажал она вистинското што се крие во
него.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: „МАЈКА МИ ПОЗАЈМИ 200 ЕВРА ЗА ДА ДОЈДАМ НА АУДИЦИЈАТА“Даниел Кајмакоски, во интервју за српскиот весник „Ало“ реши да открие што се морал да направи тој и неговото семејство за да стигне на аудицијата во Белград - На аудицијата во Македонија ме пријави еден мој другар, меѓутоа не добив никаква повратна информација од организираторот. Прашав дали може да отидам во друг град, а тие ми овозможија, со тоа што утредента требаше да се појавам во Белград. Тогаш и кажав на мајка ми: Ова е неверојатно, не знам каде ќе спијам, немам пари, не можам во хотел… изјавил Кајмакоски за Али и продолжил… Немав ниту еден денар во џебот, мојата мајка мораше да позајми 200 евра од својата соседка за да можам да тргнам на тоа патување. Се сеќавам на зборовите на мајка ми: - Сине, гледаш дека животот е тежок, гледај само да се исплати цела оваа мака и дај се од себе. Веруваме во тебе! Овие зборови никогаш нема да ги заборавам. Тргнав на аудицијата со позитивна енергија и не успеав да заспијам додека патував до Белград. Искрено не се ни надевав дека ќе поминам на аудицијата. Меѓутоа, на крајот се испадна како што треба и Даниел помина супер на таа аудиција. |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Внеси реплика | страница <1 3637383940 65> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |