IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
Автор
Порака
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 18:59
Taljateli KVATRO milk product  голема насмевка
 
Taljatelite se varat
 
Preliv
 
Vo zagreano tavce so malku zejtince stavam hopla za gotvenje (okolu 250ml)
Kechap 1-2 supeni lazici
Moskatovo biberce- posipuvam
Kajmak mlad President 100gr
Parmezan 50gr rendam
Osogovski mesan kaskaval 150 gr
 
Testeninite gi dodavam na kraj (sekako procedeni)
 
Obavezno pred jadenje gi posipuvam so parmezance a moze I kechap....
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 15:41

Тестенини со сланина и козјо сирење


СОСТОЈКИ (за 4 пор­ции)
• 1 мала лажица сол
• 1 шолја тесте­нини
• 6 пар­чиња сла­нина, сеч­кана
• 2 млади кро­мит­чиња, ситно сеч­кани
• 2 големи лажици оцет
• масли­ново масло
• ½ шолја козјо сирење, дро­бено
• 1 голема лажица магданос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: во подла­бок сад ста­вете три шолја вода со една лажица сол и оста­вете да зоврие. Ста­вете ги тесте­ни­ните и варете додека не ста­нат „ал денте“, одно­сно 5–8 минути. Про­це­дете и измијте ги со сту­дена вода за да се спречи пона­та­мо­шното варење.

Чекор 2: во друг сад, про­пр­жете ја сла­ни­ната околу 8–10 минути. Дода­дете ги и сеч­ка­ните млади кро­мит­чиња и пржете уште три минути. Откако ќе бидат готови, пре­фрлете ги во садот со тестенини.

Чекор 3: дода­дете 2 лажици оцет и попр­скајте со масли­ново масло. Зачи­нете со маг­да­нос, сол и бибер. Пред серви­рање, на секоја пор­ција дода­дете ѝ дро­бено козјо сирење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2013 во 15:43

Канелони со блитва и козјо сирење


СОСТОЈКИ (за 4 лица)
● 0.5 кг бли­тва
● сол и бибер
● ¼ шолја масли­ново масло
● 2 гла­вици кро­мид, ситно сеч­кани
● 200 гр козјо сирење, дро­бено
● ½ шолја пеко­рино, рен­дано
● 1 ¼ шолја леб, сеч­кан на коцки
● 2 големи лажици масли­ново масло
● 1 паку­вање кане­лони
● 2 шолја сос од домати
● ½ шолја лебни трошки

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: исе­чете ги зеле­ните листови од сте­блото на бли­твата и ста­вете ги на страна. Во пого­лем сад ста­вете солена вода и оста­вете да зоврие. Потоа ста­вете ги листо­вите бли­тва во водата и  варете 3–4 минути. Изва­дете ги листо­вите и полијте ги со сту­дена вода. Потоа, сва­рете ги и сте­блен­цата бли­тва (околу 5 минути). И нив пото­пете ги во сту­дена вода и ста­вете ги со бли­твата. Исеч­кајте ја бли­твата на помали парчиња.

Чекор 2: загрејте ¼ шолја масло. Дода­дете го кро­ми­дот и про­пр­жете го околу 3 минути. Дода­дете ја сеч­ка­ната бли­тва и дин­стајте на уме­рен оган околу 2 минути. Оста­вете да се излади.

Чекор 3: дода­дете ги козјото сирење, ¼ шолја пеко­рино и лебни коцки и про­ме­шајте. Зачи­нете со сол и бибер и трг­нете го садот од оган. Дода­дете го сосот од домати.

Чекор 4: загрејте ја рер­ната на 180 сте­пени. Пре­мач­кајте го садот за печење со масло. Напо­лнете ги кане­ло­ните со сме­сата и потоа ста­вете ги во садот за печење. Пре­мач­кајте ги со масло. Во меѓу­време, изме­шајте лебни тро­шки и ¼ шолја пеко­рино и попрс­кјате го тоа врз канелоните.

Чекор 5: печете 15–20 минути. Серви­рајте вед­наш, со малку сос од домати.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 00:26
Панакота со печени јагоди



Ливчињата желатин натопете ги во поголемо количество ладна вода и оставете ги да набубрат.
Во средно големо тенџерче загревајте ја слатката павлака со шеќерот и ванилата, со повремено мешање додека не дојди скоро до вриење и шеќерот сосем не се растопи.
Тргнете на страна. Набубрениот желатин добро исцедете го, додајте го во слатката павлака, па мешајте да се растопи. Процедете низ ситно сито, па распоредете во погодни чаши. Оставете во фрижидер да се стврдни, некаде околу 2 часа.

Загрејте ја рерната на 180 Ц. Во мал сад од огноотпорно стакло ставете ги плочките јагоди, посипете ги со двата вида шеќер, попрскајте со виното, па ставете да се печи 40 - 45 мин додека не се запечат јагодите, а шеќерот не се претвори во сируп. Оставете сосем да се олади, па распоредете во чашите врз стврднатиот крем.

Послужете ладно.

Ако имате желатин во прав, не во ливчина, соодветна количинска замена се 4 1/2 лажички набубрени во 90 мл (6 лажици ) вода.

Не користете растителна слатка павлака, не е исто. Можи и дел од слатката павлака да се замени со коосово млеко, така кремот ќе има дискретна арома на кокос.
Ако сакате да изгледа кремот како на сликата, ладете го така што чашите ќе ги ладите наведнати на една страна.
Можи и целата содржина за крем да ја оладите во еден калап, па пред послужување да ја извртите на соодветна чинија и да прелиете со прелив. Како сакате и како ви оговара.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
д4б3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Lord OFF the topic

Регистриран: 31.Јули.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 00:28
каj са жабите?
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 15:19

Шпагети со највкусен сос со туна и зеленчук

Ги обожаваме. Од најмало до најголемо кај нас дома. А и на гостите им е омилен рецепт. Затоа задолжително пробајте!

Во тенџере со вода, со малку масло и сол сварете ги шпагетите, според упатството на пакувањето.

На малку загреано масло пропржете го ситно сецканото лукче и босилекот- свеж искинат или сув наросен. Веднаш ќе почувствувате интересен посебен мирис од оваа комбинација. Не дозволувајте лукчето за поцрвени и загори, веднаш додајте ја целата количина на сецкан кромид и промешајте. Нека омекне кромидот и додајте ги сецканите пиперки. Тие може и да изостанат ако ги немате периодов. Но сепак даваат побогат вкус. Додајте ги и шампињоните. Зеленчукот кој се пропржува не треба да е премногу омекнат, затоа не чекајте многу и додадете го доматното пире. Потоа додадете ги цветчињата брокула. Брокулата треба да се користи што помалку термички обработена бидејки така е најкорисна. Сепак од аспект на безбедност на храната и здравјето јас секогаш препорачувам краткотрајна термичка обработка, заради можното загадување со паразити. Таа расте ниско по градините во дворовите каде имаат пристап домашните животни.
Потоа додадете ја туната во парче, не многу иситнета за да го почувствувате нејзиниот вкус во готовиот сос. Ако е во маслиново масло, тогаш може да го додадете и маслото.
Кога убаво ќе прокрчка, додадете го и иситнетото сирење и зачините (оригано, црн пипер и сл). Сол обично не треба поради тоа што сирењето го дава она што е потребно за овој вкус.
На крај, во едно филџанче во ладна вода разматете една лажица брашно и постепено со мешање додадете го во сосот за да го згусне.
И готово. Сварените шпагети исцедете ги и измијте со ладна вода. Сервирајте и уживајте во прекрасниот вкус..

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 15:20

Брза пица пита со топено сирење и пилешки стек

1. Врз премачкано плехче со маргарин се става тестото за пица
  Јас често тестото го правам домашно, го замесувам, но кога времето ми е кратко, како на пример кога си доаѓам од работа, тогаш готовите теста за пица ми се како десна рака. 
2. Тестото го премачкувам со топеното сирење
3. Врз него ги редам пилешкиот стек, кашкавалот и печурките
4. Ставам малку маргарин и попрскувам со оригано
5. Се пече на 200 С околу 10 минути
6. Ја вадам пита-пицата од рерната, додавам матени јајца
7. Го враќам да се допече уште околу 3-5 мин,(зависи кој колку сака да му е испечено јајцето)
8. Веднаш се служи за јадење, освен ако некој сака да му биде ептен омекнато тестото, тогаш може да се премачка со маргарин од страните тестото и да се остави 10-тина минути во најлон кеса за да омекне
  Ова е случајно испробан рецепт во моето семејство, со наша досетливост, кој се покажа како многу вкусен и од сите пофален.
Пробајте!




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 09:01
Originally posted by емил емил напиша:

Шпагети со највкусен сос со туна и зеленчук


Сос со туна и сирење во сосот? Па и пиперки?збунетост Не ми оди комбинацијата, ама вкусови си се вкусови. Може и да е слатко.

Сос со туна за тестенини по италијански се приготвува со малку лукче, пасиран сос од домати, туна, може сецкани маслинки, малку сецкан магданос и оригано. 






Изменето од Анастеа - 17.Февруари.2014 во 09:02
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2014 во 08:36

Прсти да излижеш: Неверојатно вкусни лазањи

Лазањите на многумина им се омилено италијанско јадење, но со време знаат да ни досадат, па можеби е време да пробате малку поинаков вкус и рецепт.

Зеленчукот е закон!

Да, знаеме дека зеленчукот е многу корисен и здрав, но не секогаш сакаме да го јадеме сиров. Поради тоа сигурно секој од нас би го јадел доколку е подготвен со некое вкусно јадење. Поради тоа пробајте ги овие вегетеријански лазањи со тиквата како главна состојка.

Потребни состојки:

  • 6 супени лажици путер
  • 6 чешниња лук, мелен
  • 400 грама пире од тиква
  • 1/3 чаша кафеав шеќер
  • 2 лажици јаворов сируп
  • една ипол лажица цимет
  • 1 лажичка морско оревче
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка црн пипер
  • 1 лажичка сол
  • 400 грама моцарела

Подготовка:

Стопете го путерот, додадете го лукот и мешајте околу минута. Додадете ја тиквата, шеќерот, јаворовиот сируп, зачините, солта и биберот и оставете ги на оган додека целосно не се загрее. Потоа додадете дел од сирењето, а дел оставете на страна. Во сад за печење ставете малку од подготвениот сос на дното па потоа ставете го првиот лист од тестенините за лазањи. Потоа додадете малку сирење и сос, па потоа повторете ја постапката додека имате материјал. Завршете со слој на сирење на врвот.

По желба можете во подготовката да додадете и друг вид на зеленчук, како краставички, домати и слично. Разработете ја фантазијата и уживајте.

Покријте со фолија и печете на 190 степени околу 45 минути па тргнете ја фолијата и печете уште 12 минути додека сирењето не се запече.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:04

Тестенини со сирење и пилешко

Preparation

На загреано масло се растопуваат 150 гр.сечкано овчо сирење. Кога ќе се растопи се додаваат 400 грама, на коцки сечкан пилешки стек (може и саламурен). По 5-6 минути пржење, се додаваат 400 грама сечкани свежи печурки-шампињони, малку босилек и сечкан свеж магдонос. Откако ќе испари водата од печурките, во ова се вмешува 200 мл кисела павлака. Овој сос, вака топол, се додава на варени шпагети-таљатели-макарони.
Совет:
1. Никако да не се соли
2. Поубави се изладени :-)




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:07

Потпечени макарони со печурки и павлака

Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сецканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сецкани) со постојано месање. Пред да поцне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните

Тавчето, по желба, може да е округлесто или правоаголно.

Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Вкусно е за јадење и топло и ладно :)))




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 07:51

Канелони со печурки

Канелоните се варат во голем сад додека не омекнат.Во меѓувреме,печурките се пржат на маслиново масло.После 15 мин пржење,се  додава младиот кромид исецкан на ситни парчиња,се додава и вегетата,босилекот и на крај маслинките.Целата смеса се меша па се додава павлаката.Канелоните се полнат со смесата и се редат во тава премачкана со путер или масло.Се наросуваат рендан кашкавал,а врз кашкавалот се налива доматното пире.На крај се наросува пармезанот.Канелоните се печат на 200 С околу 25 мин.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 13:12

Лазањи какви што не сте пробале!

Лазањи какви што не сте пробале!
Еден од најпознатите италијански специјалитети можете да го направите на многу различни начини, бидејќи основата е кора, а филот може да биде што ќе посакате. Класичните лазањи се филуваат со мелено месо о бешамел сос, но нема да погрешите и доколку ги направите со шунка, печурки или мешан зеленчук.

Лазања со шунка и печурки

lazanja sa shunka i pechurka

Потребно е:
Плочки за лазањи, 7 јајца, 500 гр. шампињони, 350 гр. буковка, 50 гр. шунка, 4 дл павлака, малку мелено мускатно оревче, 50 гр. рендан кашкавал, магдонос, масло, сол, бибер

Начин на приготвување:
Изматете ги јајцата со павлаката, посолете, ставете малку бибер, мелено мускатно оревче и ренданиот кашкавал.
Посебно исецкајте ги шампињоните и буковката, малку посолете, додадете бибер и исецкан магдонос, пропржете и додадете ја шунката.
Тавата подмачкајте ја со масло, ставете 3 лазања-плочки и намачкајте ги со малку од крем-смесата. Потоа пола од смесата со шампињоните прелијте го врз лазањите.
Загрејте ја рерната на 180 степени и печете околу 45 минути. Петнаесет минути пред крајот истопете малку путер, додадете му магдонос и посипете одозгора.

Лазањи за сладокусци

lazanja za sladokussce

Потребно е:
340 гр. брашно, 300 гр. спанаќ, 3 јајца
За филот: 1 дл болоњезе сос, 40 гр. путер, малку црн тартуф, супа од зелечнук

Начин на приготвување:
Замесете го зеленото тесто со 300 гр. брашно, јајца и спанаќ и оставете го да отстои половина час. Растопете го путерот во сад и мешајќи додадете го остатокот од брашното и супата. Згуснете го белиот сос на тивок оган. Расукајте го тестото и исечете го на правоаголници од 8 х 14 сантиметри. Варете ги 6 минути во посолена вода со неколку капки масло, извадете ги и ставете ги на сува крпа.
Премачкајте го калапот со масло и споете го тестото, прелијте го со болоњезе сосот, белиот сос и ренданиот тартуф, и повторувајте ја постапката додека има продукти. Завршете со белиот сос. Печете во рерна 10 минути на 200 степени. Може да се посипе со пармезан.

Лазањи со зеленчук

lazanja sa povrche

Потребно е:
500 гр. тесто за лазањи, 1кг домати, 250 гр. пиперки, 250 гр. брокули, 500 гр. рендано сирење, 1 главица лук, 4 сварени јајца, 1 кришка леб, 0.8 дл маслиново масло, сол, бибер

Начин на приготвување:
Издинстајте го лукот, доматот и пиперката на малку масло. Кога зеленчукот ќе биде готов, додадете ги цветовите брокула и внимателно промешајте. Посолете по вкус, Обарете го тестото за лазањи во солена вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Во тава премачкана со путер, посипете малку сос од зеленчукот, ставете ред тесто, па повторно посипете уште малку сос, сирење, и така се додека не го потрошите целиот материјал. На крај целото наросете го со ренданото сирење и исецкајте коцки путер над сирењето. Испечете во загрена рерна на умерена температура околу 20 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 13:36

Крем тестенини со спанаќ, сирење и печени печурки

Крем тестенини со спанаќ, сирење и печени печурки

Наш предлог за лесен и вкусен неделен ручек.
За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни:

Состојки:

300 гр свежи печурки, може да користите шампињони или буковка, по ваш вкус
2 лажици маслиново масло
1 лажица оцет
1 лажица мелен лук во прав
сол и црн бибер, по вкус
1 пакетче тестенини „ротини“
1 шолја сирење
4 шолји млад спанаќ, лесно обарен
1/3 чаша свежо сецкани босилек

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги  печурките во тава и прелијте ги со маслиновото масло и оцетот, зачинете ги  со мелениот лук, сол и бибер. Печете ги околу 15-20 минути,  додека печурките да омекнат.

2. Сварете ги тестенините и откако ќе бидат готови, сочувајте една чаша вода, од водата во која што се вареа.

3. Сварените тестенини измешајте ги со потпечените печурки, спанаќот  и додадете го сирењето. Малку по малку додавајте од топлата вода во која се вареа тестенините, како би го растопиле сирењето, за да добиете кремаста структура. Додадете го свежиот босилек и малку сол и бибер.

Послужете ги тестенините додека се уште топли.

Creamy-Goat-Cheese-Spinach-and-Mushroom-Pasta

 

Тагови
кујна печурки рецепт ручек сирење тестенини
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.