IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 11>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:06

Мрзлива баница


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Јајца/це
  • 150 грама Брашно
  • 400 грама Кисело млеко
  • 60 милилитри Масло
  • 300 грама Сирење
  • 1   Сода бикарбона
  • 500 грама Тенки кори


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мрзлива баница

ПОДГОТОВКА:

Содата се гаси во киселото млеко, а потоа се додаваат на сите останати состојќи. Смесата се меша.

Правоаголна тава се премачкува со масло. Во неа се става првата кора.

Одозгора се исипуваат неколку лажици од смесата и се размачкува по целата кора.

Потоа се поставува следната кора, после пак смеса и т.н. Најдобро е горе да се става најмногу смеса.

Баница се става во умерена, загреана рерна и се пече додека не добие златно-жолта боја.


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:12

Виткана пита со спанаќ


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 2 лажица/ци Масло
  • 100 милилитри Вода
  • 300 грама Брашно


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Спанаќот е едногодишна или двогодишна билка со сочни зелени листови и со цветови во вид на клас, со хлорофил најбогат зеленчук. Поради големото присуство на минерали и витамини, спанаќот го нарекуваат и како "крал на зеленчукот".

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги брашното и солта, па додајте го маслото и млаката вода, па замесете тесто кое малку подолго ќе го месите.

Оставете го малку да се
одмора додека го подготвите филот.

Тестото покријте го со топло тенџере.


Спанаќот исчистете го, измијте, обарете и исцедете, па ситно исецкајте.


Зачинете по вкус. Измешајте го спанаќот и оставете го на страна да се
излади.

За тоа време истегнете го го тестото колку потенко можете.


Ставете од филот на кората, па завиткајте тенок ролат, а потоа
завиткајте во круг.

Префрлете го на тава покриена со хартија и печете
околу 30 минути во рерна загреана на 180 степени.

Послужете топло.
 


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:13

Залиена пита од зеље

.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Спанаќ
  • 100 грама Сирење
  • 500 милилитри Млеко
  • 50 милилитри Масло
  • 70 грама Маргарин
  • 500 грама Дебели кори за пита
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Залиена пита од зеље

ПОДГОТОВКА:

Отворете ги корите малку да си исушат. Исчистете, измијте и ситно исечкајте го спанаќот па додадете ги јајцата, изронетото сирење, 200 милилитри млеко и сол. Ако смесата е ретка можете да додадете малку рендано сирење или брашно.

Секоја кора испрскајте ја со масло, ставете од филот и завиткајте.

Префрлете во тавата за печење. Испечената пита полијте ја со смесата од истопениот маргарин и 200 милилитри млеко. Вратете во рерна на уште неколку минути, додека питата го прими преливот.


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:14

Зелник со зеље


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Тенки кори
  • малку   Сол
  • 350 грама Сирење
  • 150 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 250 грама Кисела павлака
  • 1000 грама Зеље
  • 100 грама Блага павлака
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Зелник со зеље

ПОДГОТОВКА:

Киселата изматете ја со изматената слатка павлака, додајте го изронетото сирење, изматените јајца, млекото и сол. Сè убаво измешајте. Зељето исчистете го, измијте и малку варете во насолена вода. Исцедете го, ситно исечкајте и измешајте со веќе подготвениот фил.

Тавата намачкајте ја со масло. Ставете една кора, намачкајте ја со масло па ставете втора кора. И неа намачкајте ја со масло па ставете дел од филот. Ставете кора, испрскајте ја со масло па нанесете фил и така сè додека не ги потрошите сите кори и фил. На врвот нека бидат две кори. Испрскајте со малку масло и ставете ја питата да се пече во рерна загреана на 220 степени. По 15 минути намалете ја температурата на 200 степени и продолжете го печењето, во зависност од шпоретот, уште 20-25 минути.

Испечениот зелник полијте го со мешавина од 1 лажица масло, 5 лажици млеко и 1 лажица изматена слатка павлака (за готвење). Вратете во рерна и оставете да се пече 10 минути на 200 степени. Питата уште врела исечете ја на парчиња и послужете.


Изменето од Valerija - 13.Август.2015 во 23:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:33
Погача со павлака и семиња

Погача со павлака и семиња

1. Се замесува меко тесто и се остава да стаса.
2. Додека стасува тестото се подготвува филот. Во еден сад се ставаат сите состојки потребни за филот (освен семињата) и се прави густа смеса за филување на погачата.
3. Откако ќе стаса тестото се дели на две еднакви топчиња. Од едното топче се расукува тенка кора и се премачкува со филот, а одозгора се посипува со семињата по желба. Потоа се расукува кора и од другото топче и се нанесува врз првата кора и повторно се премачкува со фил и со семиња и се витка во ролат.
4. Ролатот се сече на 15-17 парчиња или право или во тријаголници. Се редат едно до друго во круг во подмачкано тенџере со маргарин и во средината се ставаат 2-3 од парчињата.
5. Одозгора се премачкува со жолчка и се посипува повторно со семињата и се остава да стаса.
6. Откога повторно ќе стаса се пече во загреана рерна на 200Ц 25мин, кога ќе зарумени се покрива со хартија за печење и се пече уште 30мин на 180Ц


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:36
Погача со сирење и  (погача со крем и мармалад)

Погача со сирење и (погача со крем и мармалад)

Во малку вода разматете го квасецот, додадете лажичка шеќер, малку брашно и се измешајте. Оставете на топло место да надојде. Брашното просеано секако, го ставаме во сад за месење правиме кратер во средина и го додаваме квасецот, солта, зејтинот и изматените јајца.
Во оригиналниот рецепт пишува 600 грама брашно на мене ми беа потребни 570 грама, од остатокот малку потрошив за посип. Но секако зависи и од самото брашно. Вода ми требаше околу 300 мл, во рецептот 200 мл, значи сами треба да процените колку попрецизно ќе ви треба.
Тестото да ни биде средно замесено. Го оставаме тестото да стаса 30 минути.

Ако сакате да правите една погача, намалете ги состојките на половина. Во мојот случај правев две погачи, па ја дуплирав дозата. Откако сте го замесиле тестото поделете го за погачата со сирењето повеќе од половина тесто. Подмачкајте плех бр.30 за погачата со сирење со маргарин. Кинете од тестото со намрсени раце со малку зејтин, бидејки ова тесто е помеко за да можете да оформите топче. Големината на топчето да биде одприлика како топче за тенис.
Треба да соберете 18 топчиња во плехот. Кога се наредени секое го притискаме малку со мала ракиена чаша за да направиме место за сирењето. Сирењето дел го сецкаме на мали коцки дел го рендаме и ги полниме топчињата. Ја премачкуваме погачата ,посипуваме со ким или сусам и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Остатокот од тестото го расплеснуваме во помало плехче, ја шараме погачата со две вилјушки. Помеѓу секоја шара ставаме крем или мармалад зависи како сакаме.
Ја печеме и оваа погача. Како додаток за солената погача може да се напиете и јогурт и ова може да ви го замени ручекот. Кога се веќе испечени ги покриваме со крпа малку да се задушат и драги мои акција соленко па блачко. Нека ви е на здравје на сите. Добар апетит. Се извинувам не е моја грешка ми се изгубија состојките ,ке пробам овде да ги внесам.За ТЕСТО: 1 кг и 200 грама брашно тип 400 ,60 грама свеж квасец.4 јајца,20 лажици зејтин,600 мл топла вода, 2 лажички шеќер , 4 лажички сол.За ФИЛ: 150 грама сирење ,150 грама еурокрем 150 грама мармалад,1 жолчка малку ким или сусам, 50 грама маргарин



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:40
Домашна погача од интегрално брашно

Домашна погача од интегрално брашно


Состојки
  1. 1к.лажица сол
  2. 1к.лажица шеќер
  3. 1 свеж квасец
  4. 400мл. вода
  5. 600гр. интегрално брашно
  6. 50мл. масло


1. Од сите горе наведени состојки се меси тесто.
2. Кога ќе стаса така што двојно ќе порасне, тестото повторно се премесува.
3. Кога втор пат ќе стаса се обликува како погача и се става во намастена тава.
4. Погачата може да се засече површински со нож и се остава да стаса на топло место.
5. Се пече во загреана рерна на 200ст. околу 30мин.





Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 16:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:41
Солена кифла погача со интегрално брашно

Солена кифла погача со интегрално брашно


Состојки
  1. 125 мл млеко
  2. 125 мл јогурт
  3. 1 квасец
  4. 1 мало лажиче сол
  5. 1 мало лажиче шеќер
  6. 1 јајце
  7. 250 гр бело брашно
  8. 250 гр интегрално брашно
  9. 1 јајце за премачкување
  10. 50 гр маргарин на коцки сечен за одозгора
  11. 30 гр сусам за наросување

Од сите овие состојки се замесува тесто, се остава да кисни 15 минути, па се размесува се дели на 25 топчина.
Од секое топче се формираат кифли и се редат во округло тавче. Се оставаат повторно да киснат, да се дуплираат.
Одозгора се премачкуваат со изматено јајце, се става по некоја мала коцка маргарин и се наросуваат со сусам.
Се печат на 200 степени, 40ина минути или во зависност од рерната.





Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 16:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:43
Кифла погача

Кифла погача


Состојки

  1. 600гр брашно/по желба може да се помеша 1/3 некое друго,пр.пченкарно и 2/3 пченично/
  2. 2цели и 1 жолчка јајца/жолчката е за премачкување на погачата/
  3. 1 коцка/40 гр,/ свеж квасец
  4. 1 лажица шеќер
  5. 1 лажица сол
  6. 10-150мл млеко
  7. по потреба/околу 200мл/ топла вода
  8. 150мл масло
  9. по потреба/околу 150гр/ маргарин за премачкување на плехот и кифличките
  10. по потреба/околу 50-100гр/ сусам или нешто друго за посипување на погачата

Подготовка
1. Квасецот ставете го да надојде на ваш вообичаен начин/јас го растворам во топлото млеко заедно со шеќерот/.
2. Брашното заедно со солта промешајте ги на суво/ова е трик за повоздушесто киснато тесто/ и замесете меко тесто од останатите состојки, вода, маслото и јајцата. Измесете меко тесто и оставете го да нарасне околу пола саа.
3. Искиснатото тесто изработете го уште еднаш и поделете го на 11 делови.Од секој дел од тестото развлечете тргалезна коричка која што ке ја премачкате со маргарин.Завиткајте ја во кифличка,која што ќе ја пресечете на половина.Ова повторете го од сите 10 делови, а еден останува за средината на погачата.
4. Тавчето бр 28 намачкајте го со маргарин и наредете ги кифличките, со врвот кон средината, во круг во тепсивчето. Од останатото тесто развлечете го во кора која што ќе ја премачкате со маргарин и ќе ја свиткате во ролат. Насечете го на 3-5 парчиња и ставете ги во средината на погачата/можете во средината да го ставите и само тестото обликувајќи го во топка/, во зависност од просторот кој ви останал во средината на погачата.
5. Оставете ја да нарасне-скисне околу пола час, па премачкајте ја со жолчката. За да му помогнете на тестото побрзо да скисне тавчето со погачата прекријтего со ПВЦ-фолија и оставете го на топло. Вака го забрзувате процесот на киснење, а и самото тесто не се суши.
6. Загрејте ја рерната на 200-220степени,/ова е за обична рерна без вентилатор/,посипете ја погачата со сусам или она што ќе одлучите и ставте ја да се пече се додека не се добие златнокафеава боја .
7. Извадете ја од рерната и покријте ја со платнена салвета да омекне.

Погачата е доста мека и лисната. Самите кифлици се одвојуваат една од друга без сечење и се доста лиснати. По ваша желба може во самата кифла да додадете ронето сирење во самото виткање на кифлата, со тоа ќе го збогатите вкусот на тестото.
Можете истата да ја испечете и во калапот за куглоф како што е на сликата.




Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 16:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:44
Погача

Погача

Состојки

1кг брашно


  •   500мл топла вода
  • 100мл масло
  • 1 коцка квасец
  • 2 лажици (мали) сол
  • 2 лажици (мали) шеќер
  • 1 лажица адитив за тесто



  • Се меси и потоа се остава да нарасни. Најдобро е да стои околу 15 минути, па да се премеси, така неколку пати (на овој начин ќе биде поглатко тестото и поизработено). Потоа се дели тестото на 15 еднакви парчиња (ги мерам на вага да бидат исти). Дванаесет за кругот, а три за во средината. Секое парче се измесува и се сучи малку и се редат едно до друго, но како скалило (за еден килограм брашно, потребен е калап со дијаметар 28 за да има добра големина погачата и важно е да биде калапот премачкан со маргарин,така нема да се залепи погачата за калапот). Додека трите парчиња или се измесуваат сите заедно или се редат едно врз друго. Потоа се остава да нарасни повторно. Пред печењето се премачкува или со масло или со вода во која има шеќер (шербет). Последното важи ако погачата е блага (ако биде блага може да се стави рендана кора од портокал или лимон и плус да се стави една чаша шеќер).

    Во друг сад се меси само брашно и вода. Но тоа тесто треба убаво да се измеси и да биде многу тврдо (за да останат постојани фигурите). Потоа се сучи кора и се прават фигурите (цветовите ги правам со штампа за цвет и ставам топче насредина, крстот може да се направи прво од хартија и потоа да се копира на тестото, додека за грозјето се прават малечки топчиња и се редат како грозд, многу лесно ).

    Важно
    Фигурите не се ставаат веднаш кога се прави погачата, туку подоцна. Прво се става погачата да се пече и кога ќе биде на половина или некаде 10 минути пред да се извади, фигурите се премачкуваат со вода (на долниот дел за да се залепат) и се редат. (ова го кажувам од искуство, зашто ако се стават на почеток како што нараснува погачата во текот на печењето, сите фугури ќе ги внеси во внатрешноста и ќе ги покрие)





    Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 16:00
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:45
    Погача

    Погача


    Состојки


    1. 1 маргарин
    2. 4 лаж зејтин
    3. 500 мл млеко
    4. 1 лаж сол
    5. 2 лаж оцет (мали)
    6. 4 јајца
    7. 1 квасец
    8. 1 кг брашно
    9. 3 лаж шеќер

    Се става квасецот со малку млеко и 3 лаж. брашно и 3 лаж. шеќер да стаса.
    Потоа сето тоа се става во брашното и се додаваат јајцата, солта, оцетот, зејтинот останатото млеко, и се замесува мазно тесто.
    Тестото се остава да нарасне уште еднаш.
    Потоа се дели на два дела, а секој дел се дели на четири топчиња.
    Секое топче се расукува и се премачкува со маргарин, освен последното.
    И така ќе се добијат две кори.
    Секоја кора се расукува во дебелина од 5 мм и се витка како ролат.
    Потоа така свиткано се сече на парчиња, ама во дијагонала,( ќе се види од сликата како изгледа тоа).
    Се редат во подмачкан плех и тоа во обратен правец.
    Се премачкува со јајце и се посипува со сусам, или нешто друго по желба.





    Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 16:02
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:49
    Жу – жу  погача

    Жу – жу погача


    Состојки
    1. Тесто*
    2. 150 мл. јогурт
    3. 150 мл. вода
    4. 650 гр. брашно
    5. 1 лажичка шеќер
    6. 2 лажички сол
    7. 2 јајца
    8. 50 мл. зејтин
    9. За премачкување на корите*
    10. 180 гр. омекнат маргарин
    11. За премачкување одозгора*
    12. 1 разматена жолчка со малку млеко

    1. Водата и јогуртот се загреваат да бидат млаки.
    2. Потоа се додава изронет квасец шеќер и лажичка брашно и се остава квасецот да стаса.
    3. Во сад се матат јајцата,зејтинот и две лажички сол.Се додава смесата со стасаниот квасец и со брашното се замесува тесто.Се остава на топло покриено да отстои 30-45 мин.
    4. Стасаното тесто се дели на 4 дела.
    5. Маргаринот се дели на пола.
    5. На набрашнета работна маса првото тесто се развлекува во правоаголник се премачкува со маргарин,потоа го развлекуваме другото тесто па го ставаме врз првото и него го премачкуваме со маргарин,па третото исто а четвртата кора не ја премачкуваме.
    6. Тестото со алатка се сече на хоризонтални и вертикални траки на крај да добиеме квадрати со големина 5 х 5 цм.
    7. Другата половина од маргаринот ја топиме и ја ставаме на страна.
    8. Во округла тава за печење бр* 30 редиме пола од коцките ги поливаме со стопен маргарин ги премачкуваме со разматено јајце и 1 лажица млеко и ставаме сусам.
    9. Истото го правиме и со останатите коцки поливаме маргарин,премачкуваме со жолчка и ставаме сусам.
    10. Рерната ја вклучуваме да се загрее на 200 Ц. а во меѓувреме погачата ке стасува.
    11. Погачата ја печеме 15 мин па ја покриваме со хартија за печење и ја печеме уште 10-15 мин.
    12. Се остава погачата да се олади а потоа се вади и се служи.





    Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 15:56
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:32

    Спанаќ пита Сонце – рецепт


    За тестото :

    500 гр брашно
    90 мл екстра девственото маслиново масло
    200 ml топлo суво бело вино
    2 лажички сол

    spanac-pita-suncana1-700x352Фил:

    350 г варен спанаќ
    350 гр ricotta сирење (или слично)
    1 јајце
    100 гр рендан пармезан сирење
    трошки од леб
    Сол и бибер

    spanac-pita-suncana2

    Измешајте ги сите состојки за тестото и месете додека не стане хомогено ( со рака или миксер ). Покријте со фолија додека да се подготви полнењето .

    Сварениот спанаќ исцедете го колку повеќе можете. Исецкајте со нож. Измешајте заедно со ricotta сирење и додадете јајце. Вметнете и 100 гр рендан пармезан сирење , сол и бибер . Добро измешајте

    Загрејте ја рерната на 180C . Поделете го тестото на два еднакви дела и направете кругови приближно со дијаметар од 30 см. Во подмачкана круг тава ставете го првиот круг на тестото , а потоа посипете со малку трошки од леб над него.

    филот ставете го во два круга (фото)
    spanac-pita-nova

    Се покријте со уште еден круг на тестото. Поврзете ги краевите со помош на вилушка. Во центарот ставете поголем сад и нежно притиснете за да се извлече круг со пополнување во средината. Остатокт се сече еднакви делови ( од околу 3 см ) , извртете ги – Навалете на косо .

    Се пече питата 30 минути во загреана рерна .

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85186
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 08:25

    Пита со мелено месо

    Прв пат првам пита со мелено месо и не се покајав. Лесно и брзо се прави, а што е најбитно вкусно е.
    Од наведените состојки замесете меко тесто. Јас обично квасецот посебно го стасувам да си го скратам чекањето да стаса тестото. 
    Додека стасува тестото, се спрема филот. Во тава на огин се става ситно исецканиот кромид да се пропржи на малку масло и се додава меленото месо. Се динста 20 тина минути и се трга на страна.
    Кога е тестото стасано се дели на 14 топчиња, на 2 места по 7. Се расплескува со рака топче да се добие мала кора се премачкува со маргаринот, врз неа се става друга и така додека да се потрошат сите. На последните не се става маргарин.
    Од двете купчиња се сукаат две кори кои треба да бидат поголеми од обемот на тавчето во кое ќе се пече питата (јас правев во бр 26). Кога ќе се расука првата кора се става на дното на намастеното тавче така што ќе излегува на краевите. Се става врз неа филот и се става одозгора втората кора набрана. Со вишокот тесто на краевите се прави витка. Се премачкува питата одозгора со остатокот од расопениот маргарин и се става во загреана рерна на 200 степени да се пече 30-40 мин, додека убаво да порумени.
    Добар апетит




    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 11>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 1,031 секунди.