|
Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија? |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 30> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a bre , belosvetski gospoda ! lesno e da bidesh samouveren i da prekinesh neshto shto si go zapochnal samiot, so nekakvo si filosofiranje. i , ne znam koj tuka ne sfakja shto nekoj kazuva ,a koj duri ni samiot ne sfakja ili ne saka da razbere deka nema vrska toa shto go kazuva, mislam , koga sporeduva neshto shto ne moze da se sporedi, pa kako i da vrtish. eve, se ozenil nekoj tuka i so zenata si iznajmile popristoen stan , chovekot ima prosek (oficijalen)tuka od okolu 500 AUD $, shto e i bajagi za povekjeto od ovie ssrekjnicite shto se rodile vo zemjava . ...znachi , sekoj mesec si zima toj tuka 500 dolarchinja i od niv za kirija si plakja najmalku polovina t.e...250-300 $ , pa mu ostanuvaat ushte tolku od koishto edvaj ke moze da plati se osnovno shto mu treba vo i okolu toj stanot- struja, voda, greenje,tv , internet ,telefon ..... znachi: 500$ - 250- 250 = O......znachi za jadenje vo Makedonija ne mu ostanuva ni skrshen $ , a za drugo pa i da ne se ni spomnuva. i ete, chovekot eden den si ja stavil kapata na glava i si ja zel zenata i pravec australija, a kako stignal do tamu ne e vazno. i si nashol toj i tamu, pak tamoshen prosek, od 3800$ i pak si iznajmil stan. -3800 $ - kirija - osnovnite troshoci kako i tuka = ? e sega ako ne ste tolku nadueni , kako shto pokazuvate,...prodolzete , da vidime dali tuka ili tamu ke imaat tie dvajca podobar ili i voopshto nekakov zivot. - samo zapamtete,tuka imal nula pari , otkako platil samo kirija i komunalii za stanot. shto ke jadat pijat , oblekuvaat ,so shto ke se perat ....voopshto ne e bitno , neli ! ...stegnete si ja malku samobendisanosta i odgovorete, a ne filosofirajte, prosto kako shto e kazano i ushte poprosto prashano. znachi: tuka -prosek i kirija i ostanatoto spomnato tamu-prosek i kirija i ostanatoto spomnato
Изменето од sikter - 11.Февруари.2014 во 00:53 |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се двоумев, дали после овој прилог е потребно да се даде некаков коментар. Мислев дека ова беше една одлична потврда за сето тоа што некои од нас веќе со години го зборуваме за ЕУ и НАТО. Мислев дека нема што повеќе да се каже. Но, знаејќи каков народ има по форумов, претпоставував дека сепак ќе се најде некој кој и на ова ќе најде забелешка. А бидејќи ние не сме како онаа мафијашка организација која себеси се нарекува ЕУ* ќе им дозволиме да си го кажат своето мислење, без да имаат било какви последици, како што имаат овие од европскиов (се разбира демократски) парламент. Настрана тоа што го вели Фараџ дека европската комисија е влада на ЕУ која не одговара пред никого, настрана тоа што не сакаат демократско изјаснување на народот преку референдум, настрана тоа што земаат огромни плати, додатоци, бенефиции, настрана тоа што во европскиот парламент има масовни измами, настрана тоа што никој од европратениците не го ни’ прочитал Лисабонскиот договор, а ќе гласа за него, настрана тоа што во составот на комисиите влегуваат поранешни функционери (како од истокот, така и од западот) зад кои стојат докажани разни нечесни, коруптивни работи за кои дури биле и казнувани ... Тоа што се однесува на темава и што сакам посебно да го нагласам е: - настојувањето на неизбраната европска елита суверенитетот на европските нации да се предаде на ЕУ како начин да се спротивстават на САД. (минутажа 17:21 – 17:23)- изјавата на тогашниот француски министер за одбрана: „Америка е толку моќна што е хипер сила. Нам ни’ треба нешто за да им бидеме противтежа на светската сцена!“ (18:11) Па чекајте бре луѓе, ами нели Америка е пријател на ЕУ? Ами нели (речиси) сите земји од ЕУ се членки на НАТО (вклучувајќи ја и Франција)? Па како тоа, од една страна се партнери, а од друга страна се плашат од нив, не се согласуваат со нив, се здружуваат против нив? А пак се заедно?! Дали сега ви е јасно зошто изби таа „арапска пролет“? Тоа е само еден возвратен удар на САД кон ЕУ. Што мислите вие, САД не гледаат, незнаат што им спремаат европскиве „пријатели“ или „партнери“? Е штом е така, им испраѓаат илјадници бегалци од Тунис, Египет, Сирија, Авганистан ... Па, нека си ја чукаат главата. Мислам дека е ова само еден мал дел од стратегијата на америте за да се уништи ЕУ. Барем тоа што може да се види. - извадок од некој европски докумет: „Само во некој вид унија на слободни нации Европа може да постигне морална и материјална снага за секоја закана по нивната слобода“ (39:01)А за која тоа слобода се плашат дека им е под закана? Па зарем таа слобода веќе не им е одземена? Зошто инаку би „лаеле“ за слободно изразување на народот преку референдум овие од опозицијата во ЕУ парламентот? Е сега, зарем овде треба да се влегува? Ама ... таму има пари! Е да, има ... ! Btw. Зарем и сега не ви е јасно зошто Тито не сакаше да влезе во таа заедница? Ем го молеа. * - И ЕУ и САД нас не’ тераат да го смениме името, поради тоа што, таму некаде, кај едно нивно милениче имало провинција која се нарекувала Македонија, па неможело соседната држава да го користи истото име, а самите го имаат истиот проблем со злоупотребување на името „Европа“ и „Америка“ Соединети Американски Држави! Дали сите земји од континентот Америка се соединети? Што е со Канада, Мексико,
Никарагва, Гватемала, Хондурас ... Зарем тие не се во Америка? Кое е тоа нивно ексклузивно право на користење на терминот Америка? Европска Унија! Дали сите земји од континентот Европа се членки на таа унија? Што е со Албанија, ШвИцарска, Босна, Србија, Македонија ... тие не се во Европа? Исто, кое е тоа нивно екслкузивно право на користење на терминот Европа? |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нето износот на просечната бруто плата од 45000 во суштина е 38108. Месечно 3175 долари.
Сценарио 1 Четворо члено семејство, едниот родител работи. Имаат две коли, живеат под кирија. Кирија 1515 Храна 1300 Режија 550 Бензин 400 Регистрација 125 Осигурување 145 за двете коли и покуќнината Вкупно 4035 На ова семејство ќе му недостасуваат 860 долари. Каде ќе ги најдат овие пари? Вториот родител да се вработи или да се економизира. да се заштеди на храна 300 да се живее со една кола регистрација 65 осигурување 145 бензин 200 режија 150 немора секој да има мобилен Вкупно 860. Каде се издатоците за излегување, алишта, чевли, градинки, книги, одржување и поправки.. Сценарио 2 Четворо члено семејство, едниот родител работи. Имаат две коли, купиле скромна куќа од 450000 долари со 10% учество. Камата 2508 Храна 1300 Режија 685 Бензин 400 Регистрација 125 Осигурување 185 за двете коли, покуќнината и куќата Вкупно 5203 На ова семјство ќе му недостасуваат 2028 долари. Одење во кино ќе те чини 18 кутија цигари 14-20 пиво 5-8 кафе 3,5-5 театар -матине 70 -вечерна 120+ Градинка - 1 дете 350 неделно - 2 деца 600 неделно Приватно училиште - основно 16000 годишно - средно 21000 годишно Факултет од 8000 до 35000 по година тегла ајвар 7-8 долари пломбирање заб 100-150 имплант 5000 приватно здравствено осигурување 3745 со 30% субвенција скромен годишен одмор од 7-8 дена 5000. Поседувањето на 2 коли не е луксуз туку потреба. Ради информација само и Млебурн и Сиднеј во дијаметар се по околу 90 км, а тоа е безмалку половина територија на Македонија. Порсечно до и од работа се патува по 50тина минути. Ако родителот нема пари да го прати детето на факултет, тогаш владата помогнува со студенски кредити. Кредитот може да почне да се враќа одкако студентот ќе завши и се вработи. Ако некој студира медицина, тоа се 6 години + 3 = 9 х 35000 = 315000. Уште непочнал да работи, а има долг. Почетната плата на младите и надежни докотри е во висина од 65-75 илјади. Патем редовно доаѓам во МКД и невидов изгладнети и неухранети луѓе. За храна секогаш имало, но нема за луксуз и живеење на висока нога. Тоа е факт. Всушност во Сиднеј и Мелбурн по улица можеш да видиш повеќе бездомници! Едно е повеќе од јасно во ЕУ и НАТО само ради политичко-безбедносни причини, мада и тука почнувам да се сомневам. Ајде сега на работа на труд! Изменето од Platenik - 11.Февруари.2014 во 03:13 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заборави на додатните занимања на децата според училишните барања или приватно (спортски клуб, пиано, гитара, пливање...) доколку не сакаш да ти станат дел од уличните разнесувачи на дрога, како и плаќањето данок на приход на крајот на годината... пишавме и други нешта во минатото, ама сега не се присеќам на сите нешта.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Забораваш еден едноставен факт: ние сме работеле и живееле таму каде што си ти, а сега живееме онаму каде што сме сега. Настрана што скоро секоја година одиме во Македонија, живееме таму на подолги временски периоди, имаме роднини и пријатели со кои живееме и редовно се среќаваме, па имаме искуство од прва рака од двете страни. Ти имаш само од една. И не само што не слушaш што ти велиме од нашето секојдневно искуство, туку не ги слушаш ниту оние луѓе чии држави се сега во ЕУ и кои велат дека подобро им беше кога не беа врзани во оваа најнова зандана. Дури имаш доблест и нив да ги потценуваш и да им делиш памет. Одиш до таму што без да имаш најосновни познавања за принципите на оргaнизираноста и работата на ЕУ, незиниот Устав и Закон, да ги критикуваш и корегираш дури и пратениците кои се вработени во тамошниот Парламент. Е, во овој муабет некој навистина треба да малу да си ја стегне самобендисаноста. Изменето од Messenger - 11.Февруари.2014 во 04:18 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Zdravko81
Сениор Регистриран: 24.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1690 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што бараме во НАТО и ЕУ? Нас не ни треба НАТО и ЕУ да им плаќаме на некој како Грција да можат да се лигават. Нас ни треба подобар економски стандард.
|
|
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
|
|
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
haha,.a be,se slushate li vie voopshto shto..... pishuvate? ti im kazuvash ednostavno, a ovie se raspishtolile ko ''drogirani'' . epa,aj , sega stavi go prstot na slepoochnica i ushte ednash vidi shto sum kazal i nakraj prashal , a shto sum dobil kako (ne)adekvaten odgovor. a,shto vikash , im falelo na Australijancite duri 860$ za da ziveat onaka kako shto Makedonecov (sam so svojata zena, a ovie duplo -4!) moze da sonuva so negovite prosechni $(vo denarska protivvrednost,jasno). ja gi najdov samo dvajca, a ovoj nashol nekoe si vekje proshireno semejstvo so site sposobni za rabota.... a be, na Makedonecot mu ostanuva nishto, otkako ke plati toa shto napishav ,ne znam shto ne e jasno tuka, a ovoj mi kazuva za nekoi si ,citiram: Кирија 1515 Храна 1300 Режија 550 Бензин 400 Регистрација 125 Осигурување 145 за двете коли и покуќнината Вкупно 4035 На ова семејство ќе му недостасуваат 860 долари. Каде ќе ги најдат овие пари? Вториот родител да се вработи или да се економизира. -a mozebi sakaat,ovie od ''tvoeto'' semejstvo i nekoja partija golf da djitnat,barem ednash vo nedelata....ili prosto, si go zaboravil da go stavish na spisokot na .....nasushni potrebi? abe , pak abe, Makedonecot nema shto da jade so svojot prosek , a vie mu kazuvate deka , onoj kaj vas koj isto ili pobedno ziveel duri od nego..... mu trebale i: hrana , benzin,limuzina( pa duri I dve vika, eeej!!!). a srekjniot Makedonec od kade ke najde pari za samo da stavi neshto suvo u usta , ili mozebi za nego e luksuz neviden sekojdnevnoto jadenje , vozenje....? tuku aj neka vi bide, .....se predavam dok e vreme . @messenger -a ti znaesh li deka ogromen broj od Makedoncite (pa i vo site drugi poraneshni nejzini republiki) plachat za zivotot vo yugoslavia? zakluchi si samiot shto prashuvam , shtom ti si chul deka nekoi od nekoi si drzavi vo EU kukale po stariot zivot koga si bile sami na sebe dovolni. SHvajcarija? ne znam kako moze nekoi da gledaat samo pravo, kako vpregnatite konji , samo shto tie se fizichki sprechuvani da ne gledaat na strana. taa navistina ne e formalna chlenka ama, imala potpishano nekoj ekonomski i trgovski dogovor za povlasten pristap na EU pazarot i potpishan shengenskiot dogovor , koj shto bil pokraj drugoto i za sloboden protok na lugje na teritoriite na tie shto go potpishale . a, toa znachi deka Shvajcarcite sakale za niv ponatamu da vazi samo polovina od dogovorot , t.e. beneficiite za nea , a ne i toa shto , po niv ,im e na shteta. epa, koj e budala da se slozi da prifati neshto slichno, pa makar i od Shvajcarija da doshlo?? Sepak , ova e dokaz deka ti si prav Makedonec, bidejki za niv e tipichno da ne pochituvaat bilo kakvi dogovori ,....a pa i shto da ochekuvash od nekoj koj shto i sopstveniot ustav go gazi kako shto i koga mu odgovara. @ -kako se osmelile da se vikaat USA i EU...USA i EU?!... nekoj si, spomna. e shto se nema da im padne na pamet na nekoi,...pa i toa deka , ako e USA moralo site drzavi na kontinentot( i toa od dvata duri!) da bidat vo nea, isto kako shto vo EU morale da bidat site evropski ,za da imale pravo taka da se narekuvaat ?! svashta ! ! -Tito-to go molele da vleze vo EZ?! ushte ednash svashta,...socijalistichka zemja bila molena na kolena da im se pridruzi ( kako ramnopraven chlen)vo zaednicata na najzakoravenite kapitalistichki zemji vo svetot? navistina lugjeto se sposobni sve i svashta da sonuvaat, ama postrashno e shto nekoi i otkako ke se razbudat , se vo zabluda deka ne sonuvale. Istovo vazi i za mnogu drugi raboti.
Изменето од sikter - 11.Февруари.2014 во 14:55 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледам дека постојано говориш за економската состојба во Македонија и убеден си дека со влегување во ЕУ таа ќе се смени на подобро. Поправи ме ако не е така. Оноа што велиме ние е дека влегувањето на Македонија во ЕУ не претставува виза за подобрување на економијата, а тоа е споделено со реакциите на луѓето кои живеат во држави кои се членки на унијата, според надворешни набљудувачи и според добар дел од парламентарците токму од таа унија. ЕУ ветува и рекламира тоа што посакуваш ти, но праксата тоа не го потврдува. Напротив, држави кои до пред влегувањето во неа беа пример за солидни европски економии сега се тетерават под притисокот на огромните долгови и високата стапка на невработеност. Народите во тие земји сакаат да излезат од унијата и ако се распишат референдуми ЕУ ќе се распадне за еден ден. И те молам, не давај споредби со македонската невработеност бидејќи, за разлика од нив, тоа што е состојба кај нас била редовно секојдневие и причина за емигрирање уште од пред едно столетие. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мореее, што си се распишал!
Мојот пост беше подолг и содржеше повеќе информации. Не ти се комнетира. Тие со 45000 годишна плата не играат голф. Немаат пари за членарина! Да, да, на секое семејство потребни му се две коли, не ради чалам, туку ради потреба. 99% од населението живее во куќи, па затоа градовите толку распространети. Нема продавници како во Македонија на секое ќоше. За најмала работа треба да палиш кола, за да стигнеш до продавница. 1,5-2км значи дека си блиску до местата каде можеш да пазаруваш. Тоа значи како да живееш во Пинтија или Карпош па треба да одиш по цигари во Центар. Од почеток е тешко, додека не си купиш кола, после тоа свикнуваш. Непрашуваш колку чини, не се оди пешки, а деност е само 24 часа. Затоа ќути, полни и вози. Ако те интересира, цената на јајцата е од 3 до 6 долари за дузина, а лебот исто така. |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема море и ти пишуваш ѕидови . Ако пишуваш пократки ќе те читам и ќе те правам лом на секоја тема освен научна фантастика и зошто во Автралија кенгурињата скокаат .
|
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повторно Најџел Фараж, овај пат цел му е Смарас и изборот на Грција да ја води ЕУ! Без ракавици, право в лице, а не како оние апаратчики на почетокот на клипот! Изменето од Platenik - 11.Февруари.2014 во 15:49 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аууу, многу сте распалиле
А овој емил ме изнасмеа на крај! Можеби би било подобро да се продискутира за другите бенефиции кои би ги имале со влезот во ЕУ, наместо да се дискутира за можното покачување на платите. Смешно кај нас е тоа што ако работат двајца и земаат по мизерни 200 евра секој, не можат да си ги платат основните работи. Кирија за стан од околу 50м2 - 200 евра Парно, струја, вода, интернет, фиксен, ТВ, чистачка, мобилен - барем 150 евра (кај мене овие трошоци се +/- 200 евра во зависност од месецот) Дури и да не се вози автомобил и да се користи градскиот превоз, за двајца месечно се потребни 47 евра за слободна карта. И ете ти 400 евра, две плати од по 200. А јадењето, киното, облеката, годишниот одмор се научна фантастика. А што остана да зборуваме за тие семејства со деца или со бебиња? Да, македонецот е магионичар. Успева месечно да потроши барем 500 евра, а зема 400. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
barem za mene nema nishto da se podobri, osven shto ke mozam koga sakam da si odam i kaj sakam bez nikakvo maltretiranje ,.... ako imash pari za toa normalno. a za toa deka nekoj saka da izleze , a nikoj ne izleguva od tamu si vo....golema zabluda. sepak,....dobiv samo neadekvatno odgovori i kako shto rekov , se predavam, ...tuka e najubavo na svetot! samo shto site sakaat da izbegaat od tuka. pogolem paradoks i od onoj na blizancite na Ajnshtajn.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2021222324 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |