IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 30>
Прашање: Дали сте за влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија?
Одговор Гласови Статистика
35 [49,30%]
36 [50,70%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 01:54
ako ja ne sum chul za neshto , toa sigurno ne znachi deka i ne bilo neshtoto.

ama , ti pa, treba da pazish shto pishuvash ,kako nekoj poodgovoren megju odgovornite tuka , zatoa shto toa shto ke go napishesh, nekoi go primaat  i bash taka,...deka e navistina kako shto si rekol.
eve , priznavam deka i ja poveruvav na toa shto go kaza, deka ne bilo regulirano otkazuvanjeto od EU.
bilo :изненадување

http://www.lisbon-treaty.org/wcm/the-lisbon-treaty/treaty-on-European-union-and-comments/title-6-final-provisions/137-article-50.html

 i seushte mislish deka na nekoj ne mu teknalo da go regulira napismeno i .....otkazuvanjeto od chlenstvoto vo EU?
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 05:52
Ne prasanje dali MK ke vleze vi EU, tuku dali makedoncite ke si otidat od MK pred ili posle vleguvanjeto vo unijata.
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 06:56
Originally posted by sikter sikter напиша:

ako ja ne sum chul za neshto , toa sigurno ne znachi deka i ne bilo neshtoto.

ama , ti pa, treba da pazish shto pishuvash ,kako nekoj poodgovoren megju odgovornite tuka , zatoa shto toa shto ke go napishesh, nekoi go primaat  i bash taka,...deka e navistina kako shto si rekol.
eve , priznavam deka i ja poveruvav na toa shto go kaza, deka ne bilo regulirano otkazuvanjeto od EU.
bilo :изненадување

http://www.lisbon-treaty.org/wcm/the-lisbon-treaty/treaty-on-European-union-and-comments/title-6-final-provisions/137-article-50.html

 i seushte mislish deka na nekoj ne mu teknalo da go regulira napismeno i .....otkazuvanjeto od chlenstvoto vo EU?

Нешто sikter многу се brza. Пази да не се сопнеш… голема насмевка

Нешто си нашол, а дали си разбрал ?  Објасни ми како е регулирано тоа ? Без да препишуваш од тоа писулче, туку со твои зборови.

А од толку брзање не читаш како е напишано, туку си интерпретираш како  што милуваш… голема насмевка Aјде сега читај полека:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Сите од пoсиромашните држави што влегоа во ЕУ сега сакаат да излезат… само трикот е што тоа не се прави едноставно. Поточно, според европските документи не постои едноставна алтернатива за тоа.







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 08:21
Текстот (дел од него) е превземен од Нова Македонија 22.10.2009

Интересен она делот за Бугарија...изненадување


ЕУ е за богати, а не за сиромашни земји?


Дали Македонија ќе биде во ќар или во зијан од идното членство во ЕУ?

На ваквото прашање тешко може да одговорат дури и економските аналитичари што немаат усогласени ставови. Сите веруваат дека членството во ЕУ носи политичка и безбедносна стабилност, конкурентна економија, инвестиции и намалување на невработеноста. На Македонија ќе и требаат повеќе години по членството за да стане дел од еврозоната, слично на Бугарија и Романија. По пристапувањето во ЕУ, секоја нова земја-членка почнува да придонесува за заедничкиот буџет од 1 до 1,3 отсто од БДП на државата. Ако се пресмета според ланскиот БДП од 6,4 милијарди евра, Македонија би требала да вложува околу 64 милиони евра во буџетот на ЕУ. Истовремено, аналитичарите објаснуваат дека државата ќе може да влече далеку повеќе средства од европските фондови.

Унијата бара коренити промени во речиси сите области, од образованието, па сé до традицијата, која е спротивна на европските правила за чиста и здрава храна. Некои експерти сметаат дека на долг рок Македонија ќе има корист од членството во ЕУ. Други, пак, не се согласуваат со тоа.

- Легислативата на ЕУ е предвидена за богати, а не за сиромашни земји. Македонија е сиромашна земја, која е во период на изградба, како САД во 19 век и затоа ќе има повеќе загуба отколку придобивки од членството во ЕУ. Никој не размислува дека членството во ЕУ ќе значи крај за македонската економија, која е полуцрна - смета Сем Вакнин, економски аналитичар.
 

Според него, порастот на директните странски инвестиции, трансферот на знаење и зголемувањето на производството ќе бидат дел од придобивките што ќе ги почувствуваат македонските граѓани по членството во ЕУ. Освен поскапувањата, негативен ефект во Македонија ќе има одливот на мозоци, кој според Вакнин, во земјава ќе биде поголем отколку во Бугарија и во Романија.

- Крајното прашање е дали странските инвеститори ќе вложат повеќе пари во земјава, отколку што ќе изнесуваат негативните ефекти од членството во ЕУ. Одговорот на ова прашање ќе каже дали е паметно сиромашна држава како Македонија да стане членка на Унијата. Акето на ЕУ е добро за богати земји како Германија и Франција - смета Вакнин.

Според неговата оценка, економските ефекти од членството во ЕУ ќе бидат многу помали отколку што очекуваат македонските граѓани.

Професорот Мирољуб Шукаров, пак, смета дека не може да се предвиди дали Македонија ја очекува инфлација по членството во ЕУ. Според него, процесот нема да и донесе ништо лошо за земјава.

- Евентуалните инвеститори ќе бидат порастоварени од ризиците, а кредитниот рејтинг на Македонија ќе се крене. По членството во ЕУ ќе се отворат нови хоризонти за државата и ништо драматично нема да се случи - смета Шукаров.

И професорот Ванчо Узунов вели дека е рано да се предвиди што ќе се смени по членството во ЕУ.

- Сé уште е рано да се зборува за состојбата на каматните стапки или цените на производите по членството во ЕУ. Нашето влегување во Унијата може да се случи дури по шест години и никој не може да предвиди како би се движеле каматите тогаш - оценува Узунов.




Бугарија со поголем економски раст од просекот во ЕУ

Во денешно време, бугарската стапка на економски пораст е дури двапати поголема од просечна стапка во Европската Унија. Реалниот БДП бележеше 5,5 отсто во 2005 година и се зголеми на 6,1 отсто наредната година, во споредба со просечниот БДП во Унијата, кој беше 1,7 во 2005, односно 2,8. отсто во 2006 година. Заедно со инвестициите, потрошувачката, која порасна за 6,4 отсто, беше главниот двигател за економскиот раст. Но, и покрај овој напредок, Бугарија има долг пат додека да му се приклучи на остатокот од Европската Унија.

Бугарија е една од европските држави кои бележат суфицит во јавниот сектор. Во 2006 година, лесно ја надмина минималната граница од 3 отсто од бруто-домашниот производ. Овој вид фискална дисциплина и помогна на Бугарија да ги намали даноците и да одржи висок и растечки надворешен дефицит. Веќе во 2006 година, Бугарија ги задоволи буџетските услови за почеток на интегрирањето во Унијата.

Вработеноста, исто така, растеше и во втората половина на 2006 година, невработеноста падна од над 10 отсто до под 9 отсто.

Економскиот раст во Бугарија продолжил и во 2007 и 2008 година. Реалниот БДП порасна на над 6 отсто во 2008 година, а зголемената апсорпција на европски пари, заедно со континуирани странски капитални влогови помогнаа во одржување на високата стапка на инвестициски раст од 14 отсто годишно. Невработеноста падна на околу 7 отсто во 2008 година и во исто време се зголемија платите.




Словенија меѓу првите држави што го прифатија еврото

За помалку од три години од зачленувањето во европскиот клуб, Словенија веќе беше меѓу првите држави-членки што го прифатија еврото. Еден од успесите на словенечкиот пристап кон економијата е стабилизацијата на буџетскиот дефицит, намалувајќи го од минус 4 отсто во 2000 година до помалку од минус 2 отсто во 2006. Јавниот долг исто така е на ниско ниво од 30 отсто од БДП. Стабилизација на девизниот курс беше успешно постигната во рамка на Механизмот за девизниот курс, каде што Словенија членува од 2004 година. Намалување на инфлацијата беше најголемиот предизвик во Словенија пред прифаќањето на еврото. Додека во времето на независноста во 1992 година, инфлацијата беше трицифрена, за четири години беше намалена на околу 6 отсто. Воведувањето на ДДВ во 1999 година предизвика инфлацијата повторно да се искачи на 9 отсто.

Со 65 отсто вработеност и ниска стапка на невработеност од околу 6 отсто Словенија не страдаше од индустриско реструктурирање на начинот на кој нејзините соседи страдаа во другите транзициони економии. Приватниот сектор влегува во две третини од БДП и државата успева да ги контролира економските актери, дали директно или индиректно. Јавниот сектор сé уште игра голема улога во индустриите како телекомуникации, индустријата за челик, банкарството и осигурителните компании.

 

Изменето од којсумјас - 08.Февруари.2014 во 08:25
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 09:46
Да направиме анкета по народов со прашање:„ Зошто сакате да влеземе во ЕУ?“, што мислите, што ќе биде одговорот?
Убеден сум дека 99% (ма како ... 102,3%) од македонците ќе се изјаснат дека влезот во ЕУ го гледаат исклучиво само како шанса да избегаат од тука, од МК.
Кога денес (кога не сме членки), се гледа на секој начин да се „кидне“ од тука (со вадење бугарски пасоши, со барање азил, со фиктивни склучувања бракови ...) тогаш само можеме да претпоставиме што ќе се случи кога ќе влеземе во ЕУ. Абе човек нема да остане.
Ако се паметни грциве (и нивните поддржувачи), наместо да не ’ условуваат со промена на името, попаметно би им било да ни’ дадат членство и тоа не како Северна, не како ФИРОМ, туку како Република Македонија и, за година-две - ќе си ја остварат својата цел - ќе не’ нема. Ќе нема македонци. И тогаш навистина Македонија ќе биде грчка, Но и албанска, бугарска, српска ... А зошто не и косовска!?

Ова е ако се гледа од страна како македонците го поимаат пристапувањето во ЕУ.

А од друга страна, да видиме како европјаните не’ поимаат нас.
Зарем досегашното нивно однесување не ве тера на помисла дека нив им е дојдено до нас, колку што нам ни’ е дојдено до ланскиот снег?
Еве да речеме дека ќе останат некои македонци во МК после приемот во ЕУ. Што мислите, дека европските бирократи (= мафијаши) ќе им дозволат и ним да им се остварат сите оние убави бајки, во кои денес живеат луѓето во развиените ЕУ земји? Посебно дека таа идила ќе се оствари во некоја догледна (барем за нас постарите) иднина?
Мислите дека овие аргументи за подобар бизнис, за пониски камати ... ќе дојдат туку-така, веднаш со приемот? Мислите дека платите ќе скокнат на 1000, 2000 евра?ма ајде

Ма какви подобри услови за водење бизнис, слободни пазари, ма какви полесни пристапи до кредити со пониски камати, ма какви изградби на патишта, ма какви повисоки плати ... сето ова е само тоа што ние го гледаме во развиените земји и желно го посакуваме кај нас. Тоа е само наше замајување, занесување, тоа е само наш сон. (Хм, ... мореее ... и Америка имаше сон, а?намигнување)
Во реалноста е сосема друго.
Развиените немало да бидат развиени, ако не биле паметни т.е. ако не искористувале туѓа мака. Од секогаш било така. Тие, развиените, само гледаат да те искористат и во никој случај нема да ти дозволат толку многу за да станеш како нив.
Зарем не гледате како е сегашнава состојба со платите? Владата постојано труби дека во МК може да се инвестира бидејќи (покрај другото) има евтина работна рака. А локалниве апаши бизнсмени одат уште подалеку од тоа, па во заеднички, меѓусебен договор се договараат за опсегот на платата, па така, сите работници во конфекција, продавачи, градежни работници, општи работници ... земаат од 7-8000 до 11-12.000 денари. Вие знете некој кој зема повеќе? Посебно надвор од Скопје! Остајте го просекот од 23000 денари. Тоа е ако се спореди со тие 5% кои земаат по 50-60.000 денари. Тогаш да, навистина просекот е тој. Дали навистина мислите, дали навистина очекувате дека кај нас некој ќе ни’ даде плата од 1000 евра кога ќе влеземе во ЕУ?ма ајде

И, за што да го смениме името?не знам




Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 11:24
Ми го привлече вниманието следниов цитат:
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

... По пристапувањето во ЕУ, секоја нова земја-членка почнува да придонесува за заедничкиот буџет од 1 до 1,3 отсто од БДП на државата. Ако се пресмета според ланскиот БДП од 6,4 милијарди евра, Македонија би требала да вложува околу 64 милиони евра во буџетот на ЕУ. Истовремено, аналитичарите објаснуваат дека државата ќе може да влече далеку повеќе средства од европските фондови. ... 

Незнам дали сум толку глупав па неможам да ја разберам економијава или економистиве се толку многу паметни, па во споредба со нив секој друг е глуп!
Која е економската логика во овој начин на финансирање - даваш малку, а земаш многу повеќе?
Јас овака размислувам:
- Ако Македонија како рамноправна членка на ЕУ има право да вложува (да речеме) 64 милиони, а да зема далеку повеќе, тогаш овој принцип, ова право би требало да се однесува и на сите други земји членки.
- Ако сите земји вложуваат помалку, а земаат далеку повеќе, тогаш од каде се полнат тие фондови?
- Дали некоја земја дава повеќе, а користи помалку сретства, во корист на друг? Ќе го стори тоа германецот, англичанецот? Зошто би го сторил тоа?

Дајте, кој знае нека ме подучи нешто околу ова, за да не испаѓам смешем пред другиве.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 13:58
Види Златник...
Европјаните се глупи...
и измамници...
и прават измама...
а ние сме измамените...
исто така ко оние со кибритчиња на камени мост...

едноставно е нели...збунетост

прашај го Меси...
ќе ти објасни, гарант...изненадување
а Евангелина ќе ти рече дека и е гајле...
битно она си зема добра плата...
другите нека му ја мислат...

важно они знаат дека Европа не чини за нас...
ама не знаат зошто...

можеби Европа ќе ни ги земе природните богатства кои ги имаме...
знаеш она - нафта, природен гас, енергенси...
и ќе ни ја заебе индустријата...
тешката индустрија, автомобилската, металската, хемиската...
аа..
и онаа за развој на вселенската програма...
се' бива...збунетост




Изменето од којсумјас - 08.Февруари.2014 во 14:00
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:32
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


.....
Нешто sikter многу се brza. Пази да не се сопнеш… голема насмевка

.....
 


Aaaa, a jas se zagriziv kade e Kardinalot... голема насмевка


Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 16:46
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ми го привлече вниманието следниов цитат:
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:


... По пристапувањето во ЕУ, секоја нова земја-членка почнува да
придонесува за заедничкиот буџет од 1 до 1,3 отсто од БДП на државата.
Ако се пресмета според ланскиот БДП од 6,4 милијарди евра, Македонија би
требала да вложува околу 64 милиони евра во буџетот на ЕУ. Истовремено,
аналитичарите објаснуваат дека државата ќе може да влече далеку повеќе
средства од европските фондови
. ... 



Незнам дали сум толку глупав па неможам да ја разберам економијава или економистиве се толку многу паметни, па во споредба со нив секој друг е глуп!
Која е економската логика во овој начин на финансирање - даваш малку, а земаш многу повеќе?
Јас овака размислувам:
- Ако Македонија како рамноправна членка на ЕУ има право да вложува (да речеме) 64 милиони, а да зема далеку повеќе, тогаш овој принцип, ова право би требало да се однесува и на сите други земји членки.
- Ако сите земји вложуваат помалку, а земаат далеку повеќе, тогаш од каде се полнат тие фондови?
- Дали некоја земја дава повеќе, а користи помалку сретства, во корист на друг? Ќе го стори тоа германецот, англичанецот? Зошто би го сторил тоа?

Дајте, кој знае нека ме подучи нешто околу ова, за да не испаѓам смешем пред другиве.



Знаеш Златинк (незнам колку си возрасен) дека во времто на СФРЈ имало така наречен ФНП, Фонд за неразвиени подрачја. Е тој фонд се формирал на тој начин што секоја република и покраина ќе учествува со 5% од својот БОП, бруто оптштествен прозивод.

Диструбуцијата пак била нешто сосема различно.

Нето добитници биле Косово, Босна, Црна Гора и Македонија, Србија била на свое, додека Словенија, Хрватска и Војводина биле губитниците.

Ако по војната духот на солидарноста провладувал, а целта била градењето и перспективата на целата земја, тоа со текот на времето се променува. Децата на етнузијастите или воените ветерани небиле спремни да го поднеуваат тој товар во недоглед. Ентузијазмот на нивните предци за нив немало никакво значење, тие сметале дека се жртви на системот, односно економски искористувани. Никому не му паѓало на памет да каже дека целиот југословенкси пазар бил отворен за словенските производи, додека словенскиот пазар бил практично затворен и заштитен од увозот на конкурентни стоки. Останатите претежно можеле да бидат застапени на тој пазар како снабдувачи на суровина. Во финасискиот сектор било исто така. Љубљанска Банка имала свои банки и експозитури ширум земјата. Каде била застапена, на пример, Стопанска Банка.

Екстраполирано во денешни услови на европско ниво развинеите се нето губитници, додека неразивените би требало да бидат добитници. Меѓутоа гермаските и француските стоки се пласираат слободно во неразвиените држави, додека оостанатите стануваат само добри за снабдување на ресурси. Ресурси од секој еден аспект, од ефтина работан сила до сировина. Финасискиот капитал се слева од развиените во неразвиените, се разбира кој треба да се врати по одередна цена.

Значи, она што биле Словеници во СФРЈ, тоа се Германците во ЕУ. Она што сме биле ние во СФРЈ, тоа се Грција, Бугарија, Романија, Португалија .... во ЕУ. Со други зброви, за нас како Македонија нема да има никаква суштинска разлика. Иста мета исто остојание, статусот ќе ни биде ист. Ако има некоја придобивка за нас тоа би била изразена само во областа на полиитчката стабилизациј,а во однос на опкружувањето. Можеби во освоременување на патната мрежа и тоа не затоа што не сакаат, туку ради тоа што им се потребни тие коридори. Слободен проток на капитал, стоки и идеи. Би рекол поголем одлив, одколку прилив.

Ако го пратиш расположението меѓу обичните германски граѓани во однос на ЕУ, ќе го видиш истото незадовлство кое Словеницте го имале во рамките на Југославија.

Единствена разлика меѓу Германија и Словенија е што германското стопанство е под дополнителен притисок ради огромниот прилив на ефтини азиски стоки. Словенечкото стопанство пак било заштитено од екстерни влијанија како мечките на Пелистер.

ПС. Хитлер го имал ова зацртано многу порано. Словените трабло да бидат снабудавчи на ресурси. Човекот користел погрешни методи. Денеска тоа се работи на еден многу пософистициран начин.

Има едан книга која би ти ја препорачал да ја прочиташ. Ја имам прочитано пред едно 10тина години и ми остана во трајно сеќавање. Книгата е од Џон Перкинс а се вика Исповед на еден економски платеник.
Има интервјуа со него и на ЈУТЈУБ.

John Perkins - Confessions of an economic hitman
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 20:01
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ми го привлече вниманието следниов цитат:
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:


... По пристапувањето во ЕУ, секоја нова земја-членка почнува да
придонесува за заедничкиот буџет од 1 до 1,3 отсто од БДП на државата.
Ако се пресмета според ланскиот БДП од 6,4 милијарди евра, Македонија би
требала да вложува околу 64 милиони евра во буџетот на ЕУ. Истовремено,
аналитичарите објаснуваат дека државата ќе може да влече далеку повеќе
средства од европските фондови
. ... 



Зошто би го сторил тоа?



Меѓутоа гермаските и француските стоки се пласираат слободно во неразвиените држави, додека оостанатите стануваат само добри за снабдување на ресурси. Ресурси од секој еден аспект, од ефтина работан сила до сировина. Финасискиот капитал се слева од развиените во неразвиените, се разбира кој треба да се врати по одередна цена.

... Со други зброви, за нас како Македонија нема да има никаква суштинска разлика. Иста мета исто остојание, статусот ќе ни биде ист. Ако има некоја придобивка за нас тоа би била изразена само во областа на полиитчката стабилизациј,а во однос на опкружувањето. Можеби во освоременување на патната мрежа и тоа не затоа што не сакаат, туку ради тоа што им се потребни тие коридори. Слободен проток на капитал, стоки и идеи. Би рекол поголем одлив, одколку прилив.
...
ПС. Хитлер го имал ова зацртано многу порано. Словените трабло да бидат снабудавчи на ресурси. Човекот користел погрешни методи. Денеска тоа се работи на еден многу пософистициран начин.

Тоа е поентата на Zlatnik.

Никoj нема да ти даде ништо за бадијала, туку да ти земе двојно и тројно.

Евреите велат дај ми ја кокошката и јас секој ден бесплатно ќе ти давам по едно јајценамигнување

За жал, луѓето с'е уште се убедени дека доколку седнат на иста маса со богатиот и самите ќе бидат богати. мечтаење

На страна што с'е уште никој не им кажува дека со пристапувањето во ЕУ по дефолт народот се сложува Уставот и Законите на оваа Унија да биде над Уставот и Законот на сопствената држава. Секогаш кога ќе има разлика меѓу двата Устави и Закони, а државните противречат на оние од ЕУ - ќе се применува оној на ЕУ. 

И на страна што ЕУ диктира каква индустрија ќе има државата, што ќе произведува, како ќе произведува, што смее да се продава и што не смее, почнувајќи од најобичните секојдневни  работи, па се до најсофистицираните. Како што веќе знаете, тоа значи збогување со купување коски за супи, домати од исконско македонско потекло, криви краставици, сало за чварки...

... за чесите, меѓу другото тоа значеше и збогување со нивната оптичка индустрија, а за пољаците и Хрватите затворање на нивните бродоградилишта (Хрватите само пред три години добија награда за најдобро направен брод на светот)... 

А ние, меѓу другото, повеќе не ќе можеме да даваме подобри услови за инвестирање од оние кои се договорени за сите држави во ЕУ, не ќе можеме да бираме од кого ќе купуваме гас и по која цена, какви производи ќе увезуваме и од кого ќе го правиме тоа, со која држава во светот и под кои услови ќе можеме да склучиме договори... 

Што мислите, зошто Исланд на референдум изгласа дека не сака да влезе во ЕУ ? Зошто 80% од британците сакат да излезат од оваа унија, зошто се плачат грците, бугарите, чесите, хрватите (само што влегоа), италијаните, шпанците...

Ама затоа ќе имаме европски цени и европски одредени заборџувања и даноци. да






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
sikter Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 650
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sikter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 00:22
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Нешто sikter многу се brza. Пази да не се сопнеш… голема насмевка

Нешто си нашол, а дали си разбрал ?  Објасни ми како е регулирано тоа ? Без да препишуваш од тоа писулче, туку со твои зборови.

А од толку брзање не читаш како е напишано, туку си интерпретираш како  што милуваш… голема насмевка Aјде сега читај полека:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Сите од пoсиромашните држави што влегоа во ЕУ сега сакаат да излезат… само трикот е што тоа не се прави едноставно. Поточно, според европските документи не постои едноставна алтернатива за тоа.

ete, sikter priznava deka izbrzal i ne videl deka ne ti tuku onoj drugion ""ti'', kazal deka ne postoi takva moznost.

sepak , tvojot ''grev'' e vo toa shto si go istaknal toa deka ne bilo lesno da si odi nekoj od kaj niv.

a shto, zarem toa e nekakov klub , pa ete na sekoj koj ke mu tekne da ne doagja vekje ,  ednostavno ke  kaze- ''aj chao, si otidov ja", pa da bide od tebe okvalifikuvano otkazuvanjeto od chlenstvoto vo klubot, kako lesno?

 a toa shto nekoj daval povekje, a zemal pomalku ili ich , voopshto nema vrska. site moraat da davaat vo budjetot na EU ,inache koj bi ja finansiral taa unija, ama za tie shto treba da dobivaat , postoi poseben fond vo budjetot ,na koj shto i naslovot mu kazuva za shto  e namenet-Europian fund of development.

  za da  ako, nekoj imal srekja da bide nerazvien, pa so toa i da  mu davaat pari za da gi stigne porazvienite....itn.
[QUOTE=Messenger]
На страна што с'е уште никој не им кажува дека со пристапувањето во ЕУ по дефолт народот се сложува Уставот и Законите на оваа Унија да биде над Уставот и Законот на сопствената држава. Секогаш кога ќе има разлика меѓу двата Устави и Закони, а државните противречат на оние од ЕУ - ќе се применува оној на ЕУ. 

Што мислите, зошто Исланд на референдум изгласа дека не сака да влезе во ЕУ ? Зошто 80% од британците сакат да излезат од оваа унија, зошто се плачат грците, бугарите, чесите, хрватите (само што влегоа), италијаните, шпанците...

Ама затоа ќе имаме европски цени и европски одредени заборџувања и даноци. да

pa?! bash i ke bide podobro vo toj sluchaj za obichnite gragjani na zemjata , zatoa shto nema da mozat taka lesno da go krshat toj zaednihki ustav , kako shto sega go gazat domashniot ,i toa onie koishto najmnogu i treba da se drzat za nego.


Island i Golemata britanija ja sporeduvash so   zemjava?  ma ajма ајдеde 
a za cenite , na osnovnite proizvodi ne znam kolku i dali bi trebalo da se kachat , zatoa shto nekoi sega  se duri i povisoki od tamoshniot prosek. povekje danoci? haha, sega za sto se te drpa drzavata  tuka , mozebi ke ima neshto i shto ke treba da se ukine.

samo  , shtom si tolku zagrizen ti za nea ,fati go ti  prviot avion navaka, a teshko deka ke najdesh direktna linija do tuka, i ottuka  agitiraj za seto toa shto tuka go  pishuvash.

 zarem nekoj , shto dnevno zarabotuva , mozebi i dve mesechni plati ,( za tie shto primaat plata od drug)na srekjniot Makedonec da mu popuva  kade i kako ke mu bide podobro? 
i pak ма ајде
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 08:52
Волкот влакната ќе ги смени, ама не и карактерот!

Си велам, мајаката, човеков го знам од некаде, ама неможам да се стам од каде.

ПС. Што денвено бе?! Ние тие пари ги заработуваме за саат-саат и пол!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 09:57
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Ми го привлече вниманието следниов цитат:
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:


... По пристапувањето во ЕУ, секоја нова земја-членка почнува да
придонесува за заедничкиот буџет од 1 до 1,3 отсто од БДП на државата.
Ако се пресмета според ланскиот БДП од 6,4 милијарди евра, Македонија би
требала да вложува околу 64 милиони евра во буџетот на ЕУ. Истовремено,
аналитичарите објаснуваат дека државата ќе може да влече далеку повеќе
средства од европските фондови
. ... 

 Зошто би го сторил тоа?


Меѓутоа гермаските и француските стоки се пласираат слободно во неразвиените држави, додека оостанатите стануваат само добри за снабдување на ресурси. Ресурси од секој еден аспект, од ефтина работан сила до сировина. Финасискиот капитал се слева од развиените во неразвиените, се разбира кој треба да се врати по одередна цена.

... Со други зброви, за нас како Македонија нема да има никаква суштинска разлика. Иста мета исто остојание, статусот ќе ни биде ист. Ако има некоја придобивка за нас тоа би била изразена само во областа на полиитчката стабилизациј,а во однос на опкружувањето. Можеби во освоременување на патната мрежа и тоа не затоа што не сакаат, туку ради тоа што им се потребни тие коридори. Слободен проток на капитал, стоки и идеи. Би рекол поголем одлив, одколку прилив.
...
ПС. Хитлер го имал ова зацртано многу порано. Словените трабло да бидат снабудавчи на ресурси. Човекот користел погрешни методи. Денеска тоа се работи на еден многу пософистициран начин.


Се согласувам до збор од збор со тоа што го кажуваш, Platenik...
споменав и порано, се работи за модерен начин на колонизација...
и тука нема ништо спорно...
работата е во тоа што ние немаме што друго во моментов да избереме...
освен доброволно да се колонизираме, да понудиме ефтина работна сила, како прво...
и се друго што следува...
зошто инаку некој би не примил во ЕУ...
од љубов сигурно, не...
значи ќе си го платиме цехот...

работата е во тоа што колку толку ќе добиеме и можности за оние кои сакаат...
и се способни...
за нашите деца да не останат Балканци...
туку да имаат право на избор....
за школување, стипендии, работа, кариера...
да не се им се врти цел живот окулу политика...
да знаат што е нормално, а што не...

зошто како тргнало, убаво рече мечката (ваљда онаа од горе)...намигнување
Originally posted by Polar Bear Polar Bear напиша:

Ne prasanje dali MK ke vleze vi EU, tuku dali makedoncite ke si otidat od MK pred ili posle vleguvanjeto vo unijata.

ако не сум во право, прашувам...
а вие кои 90 % сте иселеници и ни солите памет...
кажете...
зошто нашиве новопечени богаташи своите деца ги праќаат на школкување на запад...
па тие речиси никогаш не се враќаат назд, дома...?
зошто нашите иселеници не ги враќаат своите деца на школување и работа во Македонија...?
зошто Милчо Манчевски живее во САД...?
Бучковски и плејада други имааат вили во Грција...?

зошто Месинџер живее во Канада, а Платеник незнам каде а не во Македонија...?
отишле таму за да ги гледаат Нијагарините водопади...?
па еве им ги Колешинските....намигнување
или ќе не убедуваат дека Колешинските се поубави од Нијагарините...
затоа што се наши...

П.С. без доза на навреда од моја страна...
ама...
некој сака да не дупи во здрав мозок бе...
забовајќи дека хипокризијата постои секаде...
но се носи и со себе...
посебно Балканската хипокризија...




Изменето од којсумјас - 09.Февруари.2014 во 09:59
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2014 во 10:57
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Тоа е поентата на Zlatnik.

Никoj нема да ти даде ништо за бадијала, туку да ти земе двојно и тројно.
Нормално е, пазарна економија, нема џабе...
а што ни сме глупи, па не знаеме тоа...збунетост

Евреите велат дај ми ја кокошката и јас секој ден бесплатно ќе ти давам по едно јајценамигнување
Американците рекле - ќе јадеме, ќе пиеме, на крај некој мора да го плати цехот...
Само будала мисли дека може да јаде и пие без пари...

За жал, луѓето с'е уште се убедени дека доколку седнат на иста маса со богатиот и самите ќе бидат богати. мечтаење
Понекогаш, ете чисто од љубопитност, гледај македонски народни приказни на МТВ, Канал 5, Сител...намигнување
ќе видиш, нашиот народ не е толку глупав ко што сакаш да го прикажеш...
или ко што го гледаш од дистанца на илјадници километри...
има во него многу мудрост...


На страна што с'е уште никој не им кажува дека со пристапувањето во ЕУ по дефолт народот се сложува Уставот и Законите на оваа Унија да биде над Уставот и Законот на сопствената држава. Секогаш кога ќе има разлика меѓу двата Устави и Закони, а државните противречат на оние од ЕУ - ќе се применува оној на ЕУ.

Ти, си слушнал дека и во Македонија има интернет...?
треба некој на некого да му каже за да знае...?
мислиш дека сеуште Индија е колонија на Англија како во 19 век, само затоа што сеуште официјален јазик е англискиот...?

а она за уставот, па нели...
со зачленувањето се станува член на Европска УНИЈА...
УНИЈА подразбира и заеднички устав, кој не ги понишува сопствените, самиот кажа...
нормално е дека е над нив...
и нормално е дека во случај на кнфликт ќе се почитува европскиот...
каква унија тогаш би била ако немаат ништо заедничко и ако не почитуваат исти заеднички норми за заеднички живот...?
како инаку би требало да функционирала УНИЈАТА, ко раштиман оркестар...?
а кажи ми, нели секој ден се носат закони кои соодвествуваат со Европското законодавство...
или тоа што не ти одговара не го слушаш...
сакаш да кажеш дека стотици милиони европски државјани се глупи што го прифатиел европскиот устав...?изненадување

И на страна што ЕУ диктира каква индустрија ќе има државата, што ќе произведува, како ќе произведува, што смее да се продава и што не смее, почнувајќи од најобичните секојдневни  работи, па се до најсофистицираните. Како што веќе знаете, тоа значи збогување со купување коски за супи, домати од исконско македонско потекло, криви краставици, сало за чварки...

да не се повторувам, мора да имаат заеднички стандарди...
инаку, имаме ние наши станадарди...?
сакaш уште да работиме по ЈУС...?
знаеш ли кои стандарди кај нас ги препорачува Институот за стандардизација на Република Македонија...?
туѓи, алооо. туѓи...
ние сме мала држава да можеме да влијаеме на дефинирање на стандардите...
мораме да прифаќаме други, нјачесто En, DIN, ISO...
што не прифатиме кинески или јапонски стандарди...
а...?
или амерички кои важат за струја од 60 Hz, кога во Европа е 50 Hz...
географски, културолошки, историски...
ние сме дел од Европа...
а да прашам...
ХАСАП системот почна да се применува кај нас или не...?
имаш против за нешто што е општо прифатено и во корист на квалитетот на храна...?

а она со коските за супи, печење ракија, криви краставици...
ама да не бидеме смешни...
оди во грција, па види дали се продаваат само прави...
или има и криви краставици...смеење

... за чесите, меѓу другото тоа значеше и збогување со нивната оптичка индустрија, а за пољаците и Хрватите затворање на нивните бродоградилишта (Хрватите само пред три години добија награда за најдобро направен брод на светот)... 

А ние, меѓу другото, повеќе не ќе можеме да даваме подобри услови за инвестирање од оние кои се договорени за сите држави во ЕУ, не ќе можеме да бираме од кого ќе купуваме гас и по која цена, какви производи ќе увезуваме и од кого ќе го правиме тоа, со која држава во светот и под кои услови ќе можеме да склучиме договори... 

а сега купуваме гас од Кина или Индонезија...?
по цена привилегирана за нас или која ја диктира пазарот...
па нели мака мачиме да помине коридорот за гасификација низ Македонија...
ама нешто не ни оди...

туку енергетскиот систем е врзан со ЕУ или со Јужна Африка...
недостигот на струја го купуваме од каде...?
од околина. алоо...
а околина е ЕУ...
па нели демек ќе сме учествувале во изградба на атомска централа во Бугариј, а Бугарија па нели е ЕУ...
што не учествуваме во изградба на централа во Јапонија...?
струјата со брод ќе ја носиме...?изненадување

а за договорите со други држави...
не заебавај...
мислиш дека ЕУ ќе ни дозволи да отвориме кинески фабрики...
нема да си го штити сопственото производство...?
кое плитко размислување...
па се сеќаваш на ембаргото од Грција...
значи можат да не ебат како сакаат...
ако сакаат...
кој е способен да види, гледа...
кој живее во светот на чварки и супа од коски...
не може да види...

Што мислите, зошто Исланд на референдум изгласа дека не сака да влезе во ЕУ ? Зошто 80% од британците сакат да излезат од оваа унија, зошто се плачат грците, бугарите, чесите, хрватите (само што влегоа), италијаните, шпанците...

Ама затоа ќе имаме европски цени и европски одредени заборџувања и даноци. да

Е за цените делумно може да се согласам...
има логика тука, ама за задолжувања...
не баш...

ама јеби га...
ми се смачи да лупам веќе по тастатурава...намигнување






Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.