|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам златен часовник од iPodЗошто
да купувате дополнителна опрема за вашиот iPod за да можете да го
претворите во рачен часовник кога можете сами да изработите еден од
чисто злато? Секако на ова прашање ќе одговорите “па веројатно затоа што чини 2.500 долари и потребни се неколку денови работа. Тој го искористи iPod Nano од шестата генерација. Прво креираше
прототип на куќиште, а потоа во калап сипа стопено злато. По сечењето на
златната рамка, полирањето и лемењето, вметна електронски компоненти во
куќиштето за да добие конечен производ на кој само му додаде кожно
ремче. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
***
Изменето од Valerija - 08.Февруари.2014 во 22:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имате нов стан или сакате да смените нешто во домот во кој живеете, но буџетот ви е ограничен и не можете да се дозволите нов мебел.Ви нудиме три идеи како можете да направите за малку пари вашиот стан кој ќе изгледа како нов. Мебел Ова е најскапата ставка, а од голем трошок ќе се ослободите ако го совежите старiот мебел. Сите имаме некое парче мебел во ќошот кое со години не е употребено. Тоа може да се разубави. Направете комплетно нов мебел од тоа што го имате дома, кај пријателите или кај роднините. Земете шмигрла, боја и четка и почнете со работа. Има и друга варијанта, купите некој евтин мебел кој е стар или од надвор не изгледа добро, но со малку умешност ќе светне во најубаво светло. Ваков мебел се наоѓа на интернет, на пазар или во продавници за стари работи. Ѕидови Не сакате едноставно обоени ѕидови, а немате пари за тапети. Одлична замена се стикерите односно лепенките за ѕидови. Кои ги има со различни дезени и по пристапни цени. Едноставно се ставаат и се вадат. На ѕидовите можете да поставите слики или фотографии кои сами сте ги направиле. Најдобрите нешта за своите ѕидови можете да ги најдете во продавниците „се за 99“. Подови Паркетот е стар, а немате доволно пари за нов. Можеби ќе биде доволно само да го истругате и излакирате. Но, ако и тоа ви е скапо, оштетените површини можете да ги скриете со теписи или стапки. Поиграјте си така што наместо голем теписон, на подовите ќе распоредите простирки во различни бои и со различни димензии. Сепак, пред да се зафатите со оваа работа, убаво пресметајте се , бидејќи кризата влијаеше на дрвната индустрија, па цените на мебелот никогаш не биле пониски. Еве пример за тоа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kampiraj i gotvi samo so limenki
|
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам … Винтиџ држач за вашиот прибор за јадењеИзменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 13:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Од празен парфем до уникатна декорацијаПарфемите речиси секогаш се спакувани во прекрасни стаклени шишенца кои обично веднаш штом се испразнат ги фрламе. Но, никогаш не сте размислиле како креативно да ги искористите миризливите амбалажи? Погледнете ги овие неколку идеи и инспирирајте се да направите нешто креативно и прекрасно за вашиот дом. Искористете ги поголемите шишенца за да ги претворите во мини вазни. Одлепете ја етикетата, залепете некоја своја декорација по желба, наполнете вода и поставете го шишенцето со интересен облик на некоја полица.
Оваа идеја е фантастична! Од задната страна на шишенцето залепете шарена хартија, украсете по ваша желба и наполнете го со етерично масло. Може да додадете неколку дрвени стапчиња кои ќе го впијат мирисот и ќе го прошират низ целиот дом. Плус, изгледа како скапа, луксузна и необична декорација.
Малите шишенца од тестери можете да ги наполните со монистри во една или повеќе бои, да ги затворите добро и да ги замотате со мала жичка околу капачето. Додадете едно синџирче и ќе создадете нов, модерен аксесоар.
Шишенцата со овална форма и интересни капачиња секогаш може да ги искористите како држачи за накит. Украсете ги со вашите омилени часовници, нараквици или ланчиња.
Обоените шишенца може да бидат одлични држачи за високите свеќи кои никако не можете да ги сочувате стабилно да стојат. Наполнете ги шишенцата со песок или ситни камчиња за да добиете поголема стабилност и поставете ги каде сакате низ вашиот дом. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2014 во 20:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Ефектен лустер од жицаУредувањето на домот не секогаш мора да биде скапо и напорно, посебно ако во изработката ги вклучите сопствените прсти. Деталите како завесите, сликите, огледалата и ламбите за момент ќе го освежат и наједноставниот простор. Еве како од само една неискористена жица и вешти прсти може да создадете креативно осветлување за било која соба во домот.
Жицата започнете да ја мотате околу инката со клештата за обликување, па потоа со раце. Мотајте ја позбиено сè додека не добиете спирала со посакуваната должина. Колку спиралата е подолга, толку сенката ќе биде поголема. Тргнете ја инката од долниот дел и протнете ја сијалицата закачена за кабелот. Прицврстете го горниот дел од жицата за делот каде што сијалицата се спојува со кабелот за да може да стои кога ќе го закачите. - Постојат различни бои на приклучоци за сијалица, па затоа одберете го во зависност од бојата на жицата. - Жицата исто така доаѓа во било која боја и да посакате, па затоа секогаш одбирајте некоја која потполно се совпаѓа во вашиот простор. - Ако сакате да постигнете омбре ефект купете жици во иста боја, но различни нијанси и мотајте така што ќе ги спојувате една со друга со помош на клештите. - Ако веќе правите шаренило во домот, додадете и сијалица во боја како што е жицата. Ќе добиете интересно, придушено, а весело светло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдобро „направи сам“ средство за чистење прозориГи чистиме упорно и упорно, а секогаш ни се чини дека останува по некоја дамка. Прозорите се вистински предизвик за чистење. Но, се уште не сте го пробале нашиот рецепт. Основата за правење средство за чистење прозори е оцетот. Сигурно многу домаќинки се обиделе со оцет и тоа релативно успешно, но ќе пробаме да го подобриме ефектот. Користете го тајното оружје – пченкарно брашно. А еве го и рецептот за домашно средство за чистење прозори: Спремете празно и исчистено шише со распрскувач. Потребни ви се и цедилка, жица за матење, сок од половина лимон, 1 лажица пченкарно брашно, половина шолја обичен оцет и половина шолја вода. И секако, стари весници. Исцедете го лимонот, исцедете го сокот низ цедилка за да се ослободите од семките и парчињата лимон. Додајте ги оцетот и брашното и добро измешајте. Смесата ставете ја во шишето и додајте вода. Убаво истресете го шишето и вашето средство е спремно. Пред употреба секогаш убаво истресете го шишето за смесата убаво да се измеша. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2014 во 08:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. 2. 3. 4. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направи сам: Декоративна жардинера за цвеќеИнтересна идеја како сами да направите декоративна и уникатна жардинера за вашата градина, изработена од стара метална кофа или конзерва. За да ја изработите оваа прекрасна жардинера, потребна ви е метална кофа или конзерва (направена од цврст лим или метал) за да не ја изгуби формата, две парчиња мрежа која се користи во градежништвото со димензии 12x12, мали камчиња во разни облици, но со сплескана површина, малтер, фуга, шпакла и голем сунѓер. Бидејќи цвеќето кое ќе го засадите кога жардинерата ќе биде готова мора да дише, најпрво на дното на кофата или конзервата направете отвори со помош на чекан и шајка. Потоа, нанесете тенок слој малтер врз површината на кофата, а врз него залепете ги кружно парчињата мрежа. Потоа, почнете да ги лепите камчињата едно до друго, благо притискајќи ги. Додека работите потребно е кофата да биде свртена наопаку, за да не се преврти од тежината на камчињата. Откако ќе ги залепите сите камчиња, оставете ја кофата цела ноќ на провев да се исуши. Наместо малтер можете да користите и специјално лепило за поврзување на метал со други површини. Следниот ден спремете ја смесата за фуга и премачкајте ја површината со камчиња со помош на шпакла, а вишокот отстранете го со сунѓер. Оставете ја уште една ноќ да се исуши и стврдне, без да ја поместувате за да не напукне малтерот, а веќе следниот ден можете да ја наполните со земја и да си го посадите омиленото цвеќе. Изменето од Valerija - 12.Февруари.2014 во 20:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |