IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - Сам свој мајстор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сам свој мајстор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:23
Бојадисување на дрвени површини


Доколку сакате да ги освежите дрвените површини со нова боја, еве неколку совети за процесот на бојадисување.

Најпрвин, поставете најлони или стари весници за да спречите валкање на просторијата во која ќе работите. При бојадисувањето користете заштитни ракавици и маска.

На почетокот, најдобро е целосно да се отстрани старата боја или лак за да новите премази едноставно не “паднат”. Доколку станува збор за дрвена површина која претходно не била бојадисана, овој чекор се прескокнува.

Постојат специјални средства за вадење на боја кои може да ги набавите во продавниците за бои и лакови. Со четка или валјак се нанесуваат на површината од која треба да се отстрани бојата, а потоа истата може лесно да се отстрани со шпакла.

Откако ќе се отстрани бојата, исчистете ја површината со шмиргла. Прво употребете погруба (60-80 зрна по m2, а потоа пофина, односно 150-200 зрна по m2). При брусењето треба да се следи структурата и обликот на дрвото. Обработувајте го дрвото во насока на линиите на структурата на дрвото, а не накосо.

Пред да започнете со нанесување на подлогата, целата површина избришете ја со влажна (но не мокра) крпа за да се отстрани прашината и останатата нечистотија. Подлогата не е задолжително да се нанесува, но особено е препорачливо кога дрвото треба дополнително да се заштити од гави, мувла и инсекти.

Подлогата обично се нанесува во два слоја (следете го упатството на производителот). Првиот слој треба да биде многу тенок, а вториот подебел. Треба да биде нанесена рамномерно за да се овозможи и рамномерно впивање на бојата. Секој слој треба целосно да се исуши, за што е потребно околу 30 минути.

Кога подлогата е целосно сува, може да се прејде со бојадисување во саканата боја. Претходно, поминете ги сите површини со фина шмиргла (околу 200) за да се отстранат и најмалите нерамнини.

Бојата обично се нанесува во два или три слоја, почнувајќи со најтенкиот. Доколку боите во три слоја, првиот слој се нанесува во линија на структурата на дрвото, а кога бојата ќе стегне (за околу 15-20 минути), почнете со втората рака. Таа се нанесува накосо, додека третата , како и првата, се нанесува во правец на линиите на структурата на дрвото.

На крај, оставете да се исуши бојадисаната побршина преку ноќта.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:24
Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот


При симнување на закачени слики или при отстранување на старите тапети може да се забележат оштетувања како што се дупки од типлите или пукнатини на ѕидот.

Пред да почнете да варосувате или да лепите тапети овие оштетувања треба да се поправат.

Најпрво со правосмукалка исчистете ја прашината која настанала со пукање на малтерот или која потекнува од дупките од типлите, и задолжително отстранете ги сите климави делови од ѕидот.


Поправка со глет-маса
За тенките пукнатини и дупки употребувајте смеса за внатрешно глетување (глет-маса). Прашокот за глет-маса се меша во соодветен однос со вода, според упатството на пакувањето. Смесата добро се промешува за да стане хомогена, а потоа се остава петнаесетина минути за да проработат адитивите во неа. После тоа повторно се промешува и се почнува со глетување. Постојат дури и готови смеси во туби, кои се особено корисни за помали зафати на ѕидовите и таванот. Ваквата смеса се нанесува директно на сува и чиста површина и се развлекува со шпакла. Употребувајте само толку смеса за глетување колку што е потребно за едно глетување.

Испрскајте ги пукнатините и дупките со вода со прскалка за растенија или алишта или пак со четкичка бидејќи влажните места подобро ја врзуваат смесата за глетување. Добро втиснете ја глет-масата во дупките во три-четири наврати за да добро се затвори оштетеното место. Пред секое ново нанесување оставете ја смесата малку да се исуши. После нанесувањето на сите слоеви развлечете ја површината. Внимавајте на преминот помеѓу ѕидот и оштетеното место. Вишокот на маса отстранете го со шпаклата. После сушењето, израмнетите места може да ги варосувате или тапацирате со тапети.


Поправка со брзосушечки цемент

Доколку дупките се пошироки се препорачува погуста смеса за полнење, односно брзосушечки цемент. Помешајте ја смесата со вода според упатствата кои постојат на пакувањето. Пред да почнете со нанесување на глет-масата, навлажнете ги оштетените места. При работата со цементот носете заштитни ракавици. Цементот се стврднува во рок од пет минути, па затоа работете без застој. Оштетените места веќе после 30 минути може да ги обработувате. Крајната цврстина цементот ја добива после 24 часа. Пукнатините полнете ги од горе кон долу. Подот заштитете го со заштитна фолија која ќе се простира се до ѕидот.

Садот и алатите измијте ги со вода веднаш по употребата. Кога целосно ќе се стврдне смесата со која сте ги пополните дупките и пукнатините, површината треба да се израмни со шмиргла со гранулација 120. Нерамнините на обработеното место може да се уочат со нивните сенки доколку поставите извор на светлина од страна. По брусњето отстранете ја прашината и на оштетените места нанесете т.н. “основна боја”, која ќе овозможи рамномерно впивање на бојата при варосување и лепакот при лепењето на тапети.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 14:55
Поставување на ламинатни подови


Кога ќе одлучите да поставувате ламинатен под, треба да се исполнат некои предуслови за перфектна изведба. Еден од најбитните услови за совршена вградба е подлогата. Подлогите кои се погодни за ламинат се: стари дрвени подови, керамика, итисони, теписони, линолеум и бетон. Подлоги кои не се препорачуваат се: стари дрвени подови, теписи... Уште еден од битните фактори за поставување е температурата на просторијата, која не смее да биде помала од 18°C, како и температурата на просторијата која не смее да биде помала од 15°C. Истотака, температурата на подот не смее да биде поголема од 26°C. Ламинатот треба да се постави по должина во однос на изворите на светлост. Со такво поставување на ламинатот споевите на даските се практично невидливи.

 

Прв чекор при местењето на ламинатните подови е поставување на полиестерската фолија со дебелина 2mm. Нејзина улога е да ги израмни ситните нерамнини од 2mm и со тоа да обезбеди идеална рамна површина за поставување на ламинатот.

 

 

Почнуваме со поставување на првиот ред. Ги ставаме првите две даски од првиот ред. Тие се фиксираат до ѕидот со помош на дрвени вметоци со дебелина од околу 1см.

 

 

Понатаму продолжуваме со вториот ред и тоа со даската која претходно сме ја пресекле на половина. Прво се вклопува бочниот спој на даската (оној по должина) така што даската се поставува на бочниот спој под агол од 20° и се спушта кон подлогата. Големината на одсечената даска не смее да биде помала од 40cm.

 

На ист начин ја поставуваме и втората даска од вториот ред. Кога тоа ќе го направиме, се е спремно за спојување.

 

 

 

Ја спојуваме и втората даска од првиот ред. Даската се спојува со удирање со чекан пред кого се става парче од цврсто дрво со правоаголен облик за да не се оштети даската. Процедурата се повторува и со даската од вториот ред.

 

 

Со доаѓање до крајот на просторијата, даските треба задолжително да се сечат. За да прецизно ја измериме должината која е потребна, даската ја свртуваме спротивно од саканата насока на склопување и ја оцртуваме потребната должина.

 

 

Склопувањето на последната даска на првиот ред се изведува со метален профил со форма на буквата “S“. Без него склопувањето е практично невозможно. Процедурата се повторува и за вториот ред.

 

 

 

За поставување на последниот ред на даските во повеќето случаи е потребно сечење на даските по должина.

 

 

 

Мерење на даските од последиот ред се врши на тој начин што даската се врти спротивно од саканата насока на склопување и се оцртува саканата ширина.

 

 

 

Со поставувањето на последиот ред ја завршивме работата за инсталација на ламинатниот под.

 

 

 

Ѕидните дрвени лајсни не смеат да се прицврстуваат за ламинатниот под, лајсните се прицврстуваат за ѕидот. Тоа може да се изврши со зашрафување, вклопување или со лепење во зависност од видот на ѕидот.

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 21:45

ФОТО: Направи сам – куќа за 9 илјади долари


1

Иако Стив Ерин не е архитект по професија, сепак тој по долгата кариера како клучар се зафаќа да изгради свој дом. Со помош на двајца помошници тој го прави проектот „Dome Home“ за помалку од шест недели. Куќата е сместена среде фармата за манго на неговиот зет во Тајланд.

За изградбата биле употребени само локални материјали, со што Ерин заштедува многу пари. Тој наведува дека сите трошоци околу куќата, вклучувајќи го и мебелот, го чинеле околу 9 илјади долари.

Куќата има сферична форма. Тој прави вентилација низ отворите на покривот, а неговата внатрешност е во склад со бујната тропска вегетација надвор.

1234568

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2014 во 22:35
Kako da instaliram elektricna instalacija vo nov stan(kuka)?.
Finansiite mi se pri kraj,a zivotot tece..struja treba a majstorite se skUpdzii///.молитва
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 16:27

ФОТО: Како да си направите чамец дома



apostolka.com 27



Изменето од Valerija - 08.Април.2014 во 16:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 21:35
LELELELELEEEEEEE,,,,,vale i evangjelina ,,,vodoinstalaterki,,,нека ти е срам,,,,хи, хи...
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 23:39
aj sega ..i camci li po doma ke pravimeтага
vivi
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2014 во 19:57

Направете сами совршно место за вашите чевли!

Ова се интересни идеји за како сами да го разубавите домот, за многу малку пари и за многу кратко време.

Ќе ви требаат дрвени табли, шајки, чекан, шмиргла, боја, пила  ( во случај да не е прилагодена димензијата на секоја од таблите).

Ова е за сите оние кои сакаат да го разубават домот и да бидат во тек со светските трендови. Дрвото е тоа што се цени меѓутоа треба да внимаваме да е рециклиран материјал и да не ги оштетиме малкуте зелени површини и шуми што останаа.

 

 

10155058_863019137057896_1684265573342191545_n



Изменето од Valerija - 16.Април.2014 во 19:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2014 во 11:35

Направете сами: Креативни закачалки во вашиот гардеробер

Многумина имаат премногу облека што ја носат, па и таква што не ја носат, но сепак сакаат да ја чуваат во случај да им притреба.

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-01

Особено девојките кои покрај основната облека имаат уште цела фиока со марами, ремени, модни додатоци, чорапи на кои никогаш не можете да им го најдете парот и уште мал милион ситници кои ви се расфрлани низ целата соба или за кои ви е претесен гардероберот.

Ви нудиме неколку интересни идеи кои можете и сами да ги направите и да воведете ред во вашиот уметнички расфрлан хаос низ собата. Некои од нив можат да изгледаат и многу креативно, покрај тоа што се практични и корисни.

Искористете го она што го имате дома, како жици, отворачи на лименки, штипки, картонската ролна од тоалетната хартија, дрвената шипка од завесата или нешто што вам ви е неупотребливо, а може да ви помогне за да ги изведете овие идеи и да му дадете нов лик на гардероберот.

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-1

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-2

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-3

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-4

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-5

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-6napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-7

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-8

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-9



Изменето од Valerija - 29.Јули.2014 во 11:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 22:36

Овој „направи сам“ мини бар како да излегол директно од филм со Џемс Бонд

На прв поглед оваа декоративна витрина не изгледа ништо особено. Стариот стил и украсите се елегантни, но инаку изгледа како сосема обичен мебел. Но ако се загледате повнимателно, ќе забележите некои сосема чудни детали. Како на пример, ги забележувате ли жлебовите околу дрвената кутија? И зошто книгите се поткренати? Тоа е така бидејќи со притиснување копче, т.е. со повлекување на книга која служи како рачка, оваа витрина се претвора во нешто како од филм за тајни агенти, и од горниот дел се појавува фиока со алкохол. За да се постигне ова било потребно само идеја, креативен ум и вештина и витрина од 60 долари.

На прв поглед изгледа како обична украсна витрина, но со притиснување на тајно копче се претвора во нешто прекрасно.

mb01

Витрината служи за чување алкохол и има скриена автоматизирана фиока за лесен достап.

mb02

Еве како изгледала витрината пред да се преуреди.

mb03mb04

Потоа направил отвор на горниот дел за моторизираната фиока.

mb05

Потоа ја бојадисал витрината.

mb06

Задниот дел на мини барот е направен од стари буриња за бурбон.

mb07

Инсталирал старовремски прекинувач за внатрешното осветлување.

mb08

Прекинувачот ги активира светилките кои се со моќност од 20 вати, за да не создаваат прекумерна топлина.

mb09

Мини барот се придвижува со помош на моторизиран ТВ лифт на задниот дел.

mb10

Со повлекување на една од книгите, лифтот се активира.

mb11

Еве како изгледа внатрешноста на витрината.

mb12




Изменето од Valerija - 25.Март.2016 во 20:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,152 секунди.