|
Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија? |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 30> |
Автор | ||||
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ako ja ne sum chul za neshto , toa sigurno ne znachi deka i ne bilo neshtoto.
ama , ti pa, treba da pazish shto pishuvash ,kako nekoj poodgovoren megju odgovornite tuka , zatoa shto toa shto ke go napishesh, nekoi go primaat i bash taka,...deka e navistina kako shto si rekol. eve , priznavam deka i ja poveruvav na toa shto go kaza, deka ne bilo regulirano otkazuvanjeto od EU. a bilo : http://www.lisbon-treaty.org/wcm/the-lisbon-treaty/treaty-on-European-union-and-comments/title-6-final-provisions/137-article-50.html i seushte mislish deka na nekoj ne mu teknalo da go regulira napismeno i .....otkazuvanjeto od chlenstvoto vo EU?
|
||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne prasanje dali MK ke vleze vi EU, tuku dali makedoncite ke si otidat od MK pred ili posle vleguvanjeto vo unijata.
|
||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Нешто sikter многу се brza. Пази да не се сопнеш… Нешто си нашол, а дали си разбрал ? Објасни ми како е регулирано тоа ? Без да препишуваш од тоа писулче, туку со твои зборови. А од толку брзање не читаш како е напишано, туку си интерпретираш како што милуваш… Aјде сега читај полека:
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Текстот (дел од него) е превземен од Нова Македонија 22.10.2009
Интересен она делот за Бугарија... ЕУ е за богати, а не за сиромашни земји? Дали Македонија ќе биде во ќар или во зијан од идното членство во ЕУ? На ваквото прашање тешко може да одговорат дури и економските аналитичари што немаат усогласени ставови. Сите веруваат дека членството во ЕУ носи политичка и безбедносна стабилност, конкурентна економија, инвестиции и намалување на невработеноста. На Македонија ќе и требаат повеќе години по членството за да стане дел од еврозоната, слично на Бугарија и Романија. По пристапувањето во ЕУ, секоја нова земја-членка почнува да придонесува за заедничкиот буџет од 1 до 1,3 отсто од БДП на државата. Ако се пресмета според ланскиот БДП од 6,4 милијарди евра, Македонија би требала да вложува околу 64 милиони евра во буџетот на ЕУ. Истовремено, аналитичарите објаснуваат дека државата ќе може да влече далеку повеќе средства од европските фондови. Унијата бара коренити промени во речиси сите области, од образованието, па сé до традицијата, која е спротивна на европските правила за чиста и здрава храна. Некои експерти сметаат дека на долг рок Македонија ќе има корист од членството во ЕУ. Други, пак, не се согласуваат со тоа. - Легислативата на ЕУ е предвидена за богати, а не за сиромашни земји. Македонија е сиромашна земја, која е во период на изградба, како САД во 19 век и затоа ќе има повеќе загуба отколку придобивки од членството во ЕУ. Никој не размислува дека членството во ЕУ ќе значи крај за македонската економија, која е полуцрна - смета Сем Вакнин, економски аналитичар.
Според
него, порастот на директните странски инвестиции, трансферот на знаење и
зголемувањето на производството ќе бидат дел од придобивките што ќе ги
почувствуваат македонските граѓани по членството во ЕУ. Освен
поскапувањата, негативен ефект во Македонија ќе има одливот на мозоци,
кој според Вакнин, во земјава ќе биде поголем отколку во Бугарија и во
Романија. Изменето од којсумјас - 08.Февруари.2014 во 08:25 |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Да направиме анкета по народов со прашање:„ Зошто сакате да влеземе во ЕУ?“, што мислите, што ќе биде одговорот?
Убеден сум дека 99% (ма како ... 102,3%) од македонците ќе се изјаснат дека влезот во ЕУ го гледаат исклучиво само како шанса да избегаат од тука, од МК. Кога денес (кога не сме членки), се гледа на секој начин да се „кидне“ од тука (со вадење бугарски пасоши, со барање азил, со фиктивни склучувања бракови ...) тогаш само можеме да претпоставиме што ќе се случи кога ќе влеземе во ЕУ. Абе човек нема да остане. Ако се паметни грциве (и нивните поддржувачи), наместо да не ’ условуваат со промена на името, попаметно би им било да ни’ дадат членство и тоа не како Северна, не како ФИРОМ, туку како Република Македонија и, за година-две - ќе си ја остварат својата цел - ќе не’ нема. Ќе нема македонци. И тогаш навистина Македонија ќе биде грчка, Но и албанска, бугарска, српска ... А зошто не и косовска!? Ова е ако се гледа од страна како македонците го поимаат пристапувањето во ЕУ. А од друга страна, да видиме како европјаните не’ поимаат нас. Зарем досегашното нивно однесување не ве тера на помисла дека нив им е дојдено до нас, колку што нам ни’ е дојдено до ланскиот снег? Еве да речеме дека ќе останат некои македонци во МК после приемот во ЕУ. Што мислите, дека европските бирократи (= мафијаши) ќе им дозволат и ним да им се остварат сите оние убави бајки, во кои денес живеат луѓето во развиените ЕУ земји? Посебно дека таа идила ќе се оствари во некоја догледна (барем за нас постарите) иднина? Мислите дека овие аргументи за подобар бизнис, за пониски камати ... ќе дојдат туку-така, веднаш со приемот? Мислите дека платите ќе скокнат на 1000, 2000 евра? Ма какви подобри услови за водење бизнис, слободни пазари, ма какви полесни пристапи до кредити со пониски камати, ма какви изградби на патишта, ма какви повисоки плати ... сето ова е само тоа што ние го гледаме во развиените земји и желно го посакуваме кај нас. Тоа е само наше замајување, занесување, тоа е само наш сон. (Хм, ... мореее ... и Америка имаше сон, а?) Во реалноста е сосема друго. Развиените немало да бидат развиени, ако не биле паметни т.е. ако не искористувале туѓа мака. Од секогаш било така. Тие, развиените, само гледаат да те искористат и во никој случај нема да ти дозволат толку многу за да станеш како нив. Зарем не гледате како е сегашнава состојба со платите? Владата постојано труби дека во МК може да се инвестира бидејќи (покрај другото) има евтина работна рака. А локалниве И, за што да го смениме името? |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ми го привлече вниманието следниов цитат:
Незнам дали сум толку глупав па неможам да ја разберам економијава или економистиве се толку многу паметни, па во споредба со нив секој друг е глуп! Која е економската логика во овој начин на финансирање - даваш малку, а земаш многу повеќе? Јас овака размислувам: - Ако Македонија како рамноправна членка на ЕУ има право да вложува (да речеме) 64 милиони, а да зема далеку повеќе, тогаш овој принцип, ова право би требало да се однесува и на сите други земји членки. - Ако сите земји вложуваат помалку, а земаат далеку повеќе, тогаш од каде се полнат тие фондови? - Дали некоја земја дава повеќе, а користи помалку сретства, во корист на друг? Ќе го стори тоа германецот, англичанецот? Зошто би го сторил тоа? Дајте, кој знае нека ме подучи нешто околу ова, за да не испаѓам смешем пред другиве. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Види Златник...
Европјаните се глупи... и измамници... и прават измама... а ние сме измамените... исто така ко оние со кибритчиња на камени мост... едноставно е нели... прашај го Меси... ќе ти објасни, гарант... а Евангелина ќе ти рече дека и е гајле... битно она си зема добра плата... другите нека му ја мислат... важно они знаат дека Европа не чини за нас... ама не знаат зошто... можеби Европа ќе ни ги земе природните богатства кои ги имаме... знаеш она - нафта, природен гас, енергенси... и ќе ни ја заебе индустријата... тешката индустрија, автомобилската, металската, хемиската... аа.. и онаа за развој на вселенската програма... се' бива... Изменето од којсумјас - 08.Февруари.2014 во 14:00 |
||||
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Знаеш Златинк (незнам колку си возрасен) дека во времто на СФРЈ имало така наречен ФНП, Фонд за неразвиени подрачја. Е тој фонд се формирал на тој начин што секоја република и покраина ќе учествува со 5% од својот БОП, бруто оптштествен прозивод. Диструбуцијата пак била нешто сосема различно. Нето добитници биле Косово, Босна, Црна Гора и Македонија, Србија била на свое, додека Словенија, Хрватска и Војводина биле губитниците. Ако по војната духот на солидарноста провладувал, а целта била градењето и перспективата на целата земја, тоа со текот на времето се променува. Децата на етнузијастите или воените ветерани небиле спремни да го поднеуваат тој товар во недоглед. Ентузијазмот на нивните предци за нив немало никакво значење, тие сметале дека се жртви на системот, односно економски искористувани. Никому не му паѓало на памет да каже дека целиот југословенкси пазар бил отворен за словенските производи, додека словенскиот пазар бил практично затворен и заштитен од увозот на конкурентни стоки. Останатите претежно можеле да бидат застапени на тој пазар како снабдувачи на суровина. Во финасискиот сектор било исто така. Љубљанска Банка имала свои банки и експозитури ширум земјата. Каде била застапена, на пример, Стопанска Банка. Екстраполирано во денешни услови на европско ниво развинеите се нето губитници, додека неразивените би требало да бидат добитници. Меѓутоа гермаските и француските стоки се пласираат слободно во неразвиените држави, додека оостанатите стануваат само добри за снабдување на ресурси. Ресурси од секој еден аспект, од ефтина работан сила до сировина. Финасискиот капитал се слева од развиените во неразвиените, се разбира кој треба да се врати по одередна цена. Значи, она што биле Словеници во СФРЈ, тоа се Германците во ЕУ. Она што сме биле ние во СФРЈ, тоа се Грција, Бугарија, Романија, Португалија .... во ЕУ. Со други зброви, за нас како Македонија нема да има никаква суштинска разлика. Иста мета исто остојание, статусот ќе ни биде ист. Ако има некоја придобивка за нас тоа би била изразена само во областа на полиитчката стабилизациј,а во однос на опкружувањето. Можеби во освоременување на патната мрежа и тоа не затоа што не сакаат, туку ради тоа што им се потребни тие коридори. Слободен проток на капитал, стоки и идеи. Би рекол поголем одлив, одколку прилив. Ако го пратиш расположението меѓу обичните германски граѓани во однос на ЕУ, ќе го видиш истото незадовлство кое Словеницте го имале во рамките на Југославија. Единствена разлика меѓу Германија и Словенија е што германското стопанство е под дополнителен притисок ради огромниот прилив на ефтини азиски стоки. Словенечкото стопанство пак било заштитено од екстерни влијанија како мечките на Пелистер. ПС. Хитлер го имал ова зацртано многу порано. Словените трабло да бидат снабудавчи на ресурси. Човекот користел погрешни методи. Денеска тоа се работи на еден многу пософистициран начин. Има едан книга која би ти ја препорачал да ја прочиташ. Ја имам прочитано пред едно 10тина години и ми остана во трајно сеќавање. Книгата е од Џон Перкинс а се вика Исповед на еден економски платеник. Има интервјуа со него и на ЈУТЈУБ. John Perkins - Confessions of an economic hitman |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тоа е поентата на Zlatnik. Никoj нема да ти даде ништо за бадијала, туку да ти земе двојно и тројно. Евреите велат дај ми ја кокошката и јас секој ден бесплатно ќе ти давам по едно јајце. За жал, луѓето с'е уште се убедени дека доколку седнат на иста маса со богатиот и самите ќе бидат богати. На страна што с'е уште никој не им кажува дека со пристапувањето во ЕУ по дефолт народот се сложува Уставот и Законите на оваа Унија да биде над Уставот и Законот на сопствената држава. Секогаш кога ќе има разлика меѓу двата Устави и Закони, а државните противречат на оние од ЕУ - ќе се применува оној на ЕУ. И на страна што ЕУ диктира каква индустрија ќе има државата, што ќе произведува, како ќе произведува, што смее да се продава и што не смее, почнувајќи од најобичните секојдневни работи, па се до најсофистицираните. Како што веќе знаете, тоа значи збогување со купување коски за супи, домати од исконско македонско потекло, криви краставици, сало за чварки... ... за чесите, меѓу другото тоа значеше и збогување со нивната оптичка индустрија, а за пољаците и Хрватите затворање на нивните бродоградилишта (Хрватите само пред три години добија награда за најдобро направен брод на светот)... А ние, меѓу другото, повеќе не ќе можеме да даваме подобри услови за инвестирање од оние кои се договорени за сите држави во ЕУ, не ќе можеме да бираме од кого ќе купуваме гас и по која цена, какви производи ќе увезуваме и од кого ќе го правиме тоа, со која држава во светот и под кои услови ќе можеме да склучиме договори... Што мислите, зошто Исланд на референдум изгласа дека не сака да влезе во ЕУ ? Зошто 80% од британците сакат да излезат од оваа унија, зошто се плачат грците, бугарите, чесите, хрватите (само што влегоа), италијаните, шпанците... Ама затоа ќе имаме европски цени и европски одредени заборџувања и даноци. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Island i Golemata britanija ja sporeduvash so zemjava? ma ajde a za cenite , na osnovnite proizvodi ne znam kolku i dali bi trebalo da se kachat , zatoa shto nekoi sega se duri i povisoki od tamoshniot prosek. povekje danoci? haha, sega za sto se te drpa drzavata tuka , mozebi ke ima neshto i shto ke treba da se ukine. samo , shtom si tolku zagrizen ti za nea ,fati go ti prviot avion navaka, a teshko deka ke najdesh direktna linija do tuka, i ottuka agitiraj za seto toa shto tuka go pishuvash. zarem nekoj , shto dnevno zarabotuva , mozebi i dve mesechni plati ,( za tie shto primaat plata od drug)na srekjniot Makedonec da mu popuva kade i kako ke mu bide podobro? i pak
|
||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Волкот влакната ќе ги смени, ама не и карактерот!
Си велам, мајаката, човеков го знам од некаде, ама неможам да се стам од каде. ПС. Што денвено бе?! Ние тие пари ги заработуваме за саат-саат и пол! |
||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Се согласувам до збор од збор со тоа што го кажуваш, Platenik... споменав и порано, се работи за модерен начин на колонизација... и тука нема ништо спорно... работата е во тоа што ние немаме што друго во моментов да избереме... освен доброволно да се колонизираме, да понудиме ефтина работна сила, како прво... и се друго што следува... зошто инаку некој би не примил во ЕУ... од љубов сигурно, не... значи ќе си го платиме цехот... работата е во тоа што колку толку ќе добиеме и можности за оние кои сакаат... и се способни... за нашите деца да не останат Балканци... туку да имаат право на избор.... за школување, стипендии, работа, кариера... да не се им се врти цел живот окулу политика... да знаат што е нормално, а што не... зошто како тргнало, убаво рече мечката (ваљда онаа од горе)...
ако не сум во право, прашувам... а вие кои 90 % сте иселеници и ни солите памет... кажете... зошто нашиве новопечени богаташи своите деца ги праќаат на школкување на запад... па тие речиси никогаш не се враќаат назд, дома...? зошто нашите иселеници не ги враќаат своите деца на школување и работа во Македонија...? зошто Милчо Манчевски живее во САД...? Бучковски и плејада други имааат вили во Грција...? зошто Месинџер живее во Канада, а Платеник незнам каде а не во Македонија...? отишле таму за да ги гледаат Нијагарините водопади...? па еве им ги Колешинските.... или ќе не убедуваат дека Колешинските се поубави од Нијагарините... затоа што се наши... П.С. без доза на навреда од моја страна... ама... некој сака да не дупи во здрав мозок бе... забовајќи дека хипокризијата постои секаде... но се носи и со себе... посебно Балканската хипокризија... Изменето од којсумјас - 09.Февруари.2014 во 09:59 |
||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |