|
Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија? |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 30> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има една добра поговорка која за вакви случаи се користи кај мене"let the buyer beware." Таа и не е некоја нова англиска мудра мисла, туку е позајмена од некогашните римјани… кои биле искусни и мудри луѓе.
Кога гледаш политичари не следи што говорат туку што ПРАВАТ. Оти тие говорат оноа што сметаат дека ќе им донесе повеќе гласови. Кога велам гласајте, не велам правете го тоа слепечки според милозвучноста на зборовите кои ви ги влева во гладните уши. Bелам користете го умот и нтелигенцијата, па така одредете кој од нив е најдобар, кој дал наjмногу резултати во претходните мандати, кој се докажал дека е со интегритет и кој го остварyва тоа што го ветува. НИКОГАШ не сум рекол гласајте за лепоречивиот, за оној кој ви нуди мед и млeко, оној кој ветува дека ќе вработи најмалу еден во семејството, оној кој ви гарантира германски стандард и други мачканици за очи и уши. Бегајте од таквите измамници (без обзир колку ни е убаво да го слушнеме), оти ако е неверојатно тоа што го говори, тогаш тоа е НЕВЕРОЈАТНО ДА СЕ ОСТВАРИ. Во врска со темава - тврдењето дека може да се седи на иста европска трпезa со најбогатоте и најсиромавите е ИЗМАМА. Оти за едниот плаќањето на тој цех е ситница, а за другиот е заборџување. За другите посупстицијални навлегувања во државното и социјалното ткиво не сакам да говорам бидејќи во моментов на сите луѓе пред очите, како морков, им стои само економијата. Едноставно, нели? Изменето од Messenger - 06.Февруари.2014 во 22:05 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како што знаеш... постојат повеќе спинови... 180 степени... 360 степени.. 720 степени... каков спин и да направи некој... пак изгледа исто... зависи само кој спин ќе го направи... ... ако сакаш да збориш, Меси, за модерната колонизација... која двете водечки европски држави ја прават... врз преостанатите држави во регионот... и за нашата желба за доброволна колонизација... тука има тема за муабет... ама види... не е баш така едноставно... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу е едноставно, ама ајде ќе објаснам на друг начин. Постои измама, измамник и измамен. Измамникот ја креира измамата со цел да го измами измамениот, но за да успее ќе ja крои така што таа ќе изгледа дека измамениот има најголеми шанси да добие, додека имамникот изгледа малу наивно и не гледа дека самиот ќе биде измамен. С'е е едноставно кога работата се гледа од страна, но измамениот, алчен за лесна добивка, си замислува дека е поитар од итриот и дека ќе го измами измамникот. И тогаш за него едноставната работа станува комплицирана бидejеќи потполно се посветува на оваа измама со комбинирање и пресметување како да добие, колку да добие и колку е подготвен да претрпи некаков губиток. Тоа е исто како оноа шибицирање на камени мост. Знаеш дека е измама, ама мислиш дека ќе го измамиш измамникот. Изменето од Messenger - 06.Февруари.2014 во 23:21 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е тука си грешка. Не сите, туку дел од европјаните не бегаат во Бурунди, Малезија, Индонезија* ... туку напротив, бегаат токму - во Европа! Па погледни каде одат бугарите, романците, естонците, словаците, грците ... (кои нели се „европјани“) ... бегаат во Германија, Франција, Данска, Шведска .... А си се запрашал ли зошто бегаат? Па нели и тие се во ЕУ? Само, те молам, немој да ми речеш не е вистина ова што го велам, дека не бегаат или дека нивниот број е минорен. * - Да, другиот дел од европјаните не бегаат во наведените земји, туку таму си одат на одмор. |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zlatnik: другиот дел од европјаните не бегаат во наведените земји, туку таму си одат на одмор.
__________________________________________________________________ Не одат само на одмор туку купуваат и недвижнини. Голем број на Англичани имаат недвижнини во Бугарија а сигурно истото се случува и во Румунија,Словачка,Полска... Англичаните за овој факт многу не зборуваат,само го потенцираат тоа шо ними не им одговара како примерот дека Румунци,Пољаци,Бугари му го преплавиле островото . |
|
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, да, така е Александре. Ова што го рече во целост се совпаѓа со една моја фикс идеја (не на нашиов „Фикс“). Имено, и јас понекогаш помислувам токму на таа (засега хипотетична) претпоставка за „преселба на народите“. Сведоци сме на се поголемата миграција на сиромаштијава кон запад, со цел на искористување на нивниот ефикасен систем. По извесно време ќе дојде ситуација одредена земја да се пренатрупа од имигранти, па „староседелциве“ да фаќаат „џизлам“ во други земји. Тие, откако ќе се преселат во, за нив сега веќе нови простори, со нивниот начин на размислување, свест, однесување, работа ... повторно ќе си воспостават свој систем, свое ново совршено општество, а овие кои им ја „окупирале“ дотогашната држава, пак ќе си останат такви какви што си биле (со прстот во уста), бидејќи едноставно не ќе знаат како да се снајдат сами. Ако знаеле, ќе си останеле таму од каде што дошле. А, да не’ забегавме малку од темава, а? |
|
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малку само, ама пак е накај запад. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би кажал дека се со прст во устата .Ти зборам конкретно за Бугарите . Ние сме цврст и жилав народ . Снаоѓаме се во секоја ситуација . 500 гонини турско ропство не ни прекршиле , камоли некои си англичани .
А тие што доаѓаат овде и купуват земи се возрастни луѓе , парови . Си купуват куќа во некое село каде што нема асфалтиран пат и се останати 4-5 возрастни луѓе и како се вика чекаат последниот за загаси светлото . Си имат градинка . Си одгледуваат домати и краставици ( оти во Англија таквите се со вкус на пластика ) си зимат англииската пензија и нема каде да ја потрошат . Не ги сваќам каква им е поентата , но штом им е убаво ОК . Не ми сметат .
Изменето од емил - 07.Февруари.2014 во 09:48 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ох бе Емиле. Кога ќе одиш да живееш во барем 5 милионски град, каде што зградите се 10 пати повисоки од Софија и куќите се луксуз на богаташите, тогаш ќе разбереш зошто некој од развиена земја оди во една Бугарија или во Македонија. Имаше една двојка мислам исто од Англија, што се досели во Охрид. Ги имаше во весник, сакале тука да ги поминат последните години од животот затоа што Охрид им нудел одлични услови за живот. Па нормално е со нивните пензии да имаат одлични услови. Истото е и со Бугарија. А и на многу луѓе без разлика дали од развиена или неразвиена земја, далеку подобро им е да живеат некаде на страна, во одлично средена куќа со дворче, па во дворчето доматче, пиперче, некое дрвце, отколку да се гушат во нивните загадени градови. Убаво е кога можеш да си го дозволиш сето тоа, ама тоа е сепак можно само за побогатите
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потполно во си во право Евангелинке. Западните земји се за млади, полетни и орни за работа. Кога еднаш ќе се истрошат, а пензиите не им овозможуваат да да имаат барем приближен стандард на живеење како во времето кога биле активни, тогаш си бараат чаре.
Купуваат недвижности во неразвиените подрачја на Европа и со своите пензии живеат како лордови. Тој тренд не е приметлив само кај нашиот источен сосед, туку Англичаните веќе подолго време го прават тоа во Шпанија и Португалија. Дури имаше и филм за ова, група англиски пензионери се селат дури во Индија. Како стојат работите во развиениот запад се повеќе американски, канадски и австралиски Македонци ќе почнат поинтензивно да размислуваат во тој правец. Знам некои кои веќе го имаат сторено тоа. Изменето од Platenik - 07.Февруари.2014 во 16:07 |
|
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Platenik, токму така. Од Америка луѓето се селат во Мексико. Таму има градови во кои живеат повеќе американци од мексиканци. Канаѓани (оние кои се таму со генерации во таа земја) се селат во Шпанија и Португалија, а оние кои се дојдени таму од пред 50 години и помалу се враќат во своите држави од кои емигрирале (Италија, Унгарија, Чешка, Грција, Македонија...) |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Платеник, јас сум свесна за тој тренд, дури и имам еден пример во соседството.
Но забележувам дека и кај нас е тренд побогатите да одат да живеат што е можно подалеку од центарот на градот, а што остана за странците кои едноставно знаат што е она квалитетното што им фали во животот. Па како настана Злокуќани, елитната населба во Бардовци и слични на тоа. Со бегање на побогатите. Кој памети на времето, таму само змии и останати опасни животинчиња имаше, а денес куќи од по половина милион евра, што за МК стандард е поприлично многу. Туку сме забегале малку од темава. Лично јас сметам дека влез во ЕУ не е потребен ниту многу пожелен. А не па како Северна Македонија. Тек тогаш маките на веќе измачениот народ ќе почнат. Изменето од evangeline - 07.Февруари.2014 во 16:27 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи не можам да се изначудам...
ама јок бе... некој ме убедува дека не ни треба Европа... не се живеело убаво... ќе не измамеле... ние измаменитене знаеме дека измамникот ќе не измами... ама сме глупи, ем знаеме, ем сакаме да не измамат... мислиме дека сме попаметни од нив... на иста трпеза ќе сме плаќале поголем цех... го видела жабата коњот, па и она дигнала нога... Европјаните бегале од Европа... пензионерите пензиите ги трошат надвор од Европа... упс, пардон, кај посиромашните членки на ЕУ... во Европа сме гледале само економски... слепи сме ти биле за државно и социјално ткиво... алоооо... ма западните земји биле за млади, полетни, орни за работа... ајдееее... и кој тоа ме убедува, ма драги мои... мили мој земјаци кои ќе се враќале овде... тоа било тренд... оние кои избегале од овој рај на земјата... ќе ми кажуваат дека ми е добро тука... не ми треба да живеам како нив... да ви кажам... преку таквото ми е да слушам, во случајов читам... такви кои онанираат над туѓиот живот... кои филозофираат со став... продавам муда за бубрези... кој ве ебе, не знаете што е добро за вас... ние знаеме што е добро за вас... вие слепци, останете да бидете слепци, пошто ако прогледате... ќе видите колку е ружен и расипан светов... живејте и радувајте се на минимална плата 8800 денари... купувајте македонски производи - кои се произведени надвор, ама имаат етикета македонски... правете деца - ќе живеат од воздух... се извинувам - и од патриотизам... купувајте куќа, ако даде господ или некој друг, можеби ќе купите и стан... уништете ги ендемските видови - ауоуоуоооууу... не му верувајте на Заев, ко па некој да му верува бе... чекајте туристи од Малезија - ќе ви се подобри животот... запишете се на факултет, децааа - после свиркајте... полагајте деца екстерни тестови - ние ги оценуваме професорите, ама ќе ви го намалиме вас успехот... слушајте го Латас - Ивона не можете јер од некоиситамупричини ја нема више... гледајте ги новинарите од А1 како си примија покаение и сега лижат кај што плукаа... воодушевувајте се на владиците што возат џипови - они се божји луѓе... ќутете, зошто ако лаете - може и да ве ебат... ама на крај... ко што викаат комшииве... гласајте за мене... јер нико од вас не зна, да ја јебем добро... П.С. Изнапишав јас и други работи бе... ама избришав... ем да не бидам вулгарен, така викаат другиве... ем да не ме банираат... јер ме заболе... таквото бе кој е на власт... ама преку таквото ми е... и од едните... и од другите... ако има и трети како нив... и од нив бе... |
|
Внеси реплика | страница <1 1516171819 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |