IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:11

Арабски шејк - Гари


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Шекер лажичка/ки
  • 200 грама Кисело млеко
  • 2 парче/чиња Ванила
  • 200 грама Банана
  • 200 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Арабски шејк - Гари

ПОДГОТОВКА:

Поделете го млекото на половина.

На едната половина од млекото додадете и ги испасираните јагоди, една ванила и шеќер по вкус, а на другата банани, другата ванила и шеќер по вкус.

Во чаши за коктел прво се става смесата со банана, а после од смесата со јагоди.

Може да се украсат со јагоди или чоколадни стапчиња. стапчиња.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:48

Шејк од праски


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Сладолед од ванила
  • 500 грама Праски
  • 80 грама Ореви
  • 400 милилитри Млеко
  • 60 грама Кокосово брашно


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Шејк од праски

ПОДГОТОВКА:

Исечените праски се ставаат во блендер и добиеното пире се меша со млекото, кокосовите и оревните струготини.

Наливајте во високи чаши до половина а потоа се додава сладолед.
 


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:51

Фрапе од чоколадо и јагоди


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шлаг
  • 100 грама Чоколадо за готвење
  • 8   Топки сладолед од чоколадо
  • 500 милилитри Млеко
  • 100 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 5 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Фрапе од чоколадо и јагоди.

ПОДГОТОВКА:

 Чоколадото за готвење истопете го на пареа, оставете го да се олади. Во миксер ( блендер ) ставете го сладоледот, итопената чоколада, ладно млеко и ладен шлаг. Миксајте ја смесата додека убаво не се згусти.

Сипете ја смесата во декоративни кокосовидни чаши и декорирајте ја со половнки од јагодите и со парчињата од чоколадо.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:43

Фрапе од јаготки


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер во прав
  • 200 грама Сладолед од ванила
  • 250 милилитри Млеко
  • 500 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Фрапе од јаготки

ПОДГОТОВКА:

Јаготките се чистат, се мијат и се оставаат во цедилка добро да се исцедат.

Се ставаат во подлабока чинија, потоа се додава шеќер во прав и малку млеко и се мати со миксер, при тоа постепено постепено се додава од млекото додека се потроши.

Таквата пена се разлева во чаши за сладолед, а врз тоа се додава по една топка сладолед од ванила. Може да се украси со јаготка.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 15:52

Мислевте дека пивото само по себе е највкусно и нема начини како да го измешате во коктел? Овие вкусни коктели ви го докажуваат спротивното.

neobicni-kokteli-so-pivo-01

Кога температурите ќе се зголемат, а вие немате идеја со што да ги разладите вашите најблиски, подгответе им еден од овие девет највкусни коктели со пиво.

Пивопијците ќе уживаат со сите сетила, а оние кои не се негови обожаватели ќе бидат позитивно изненадени.

1. Black velvet - 1 шише Guinness пиво и пенливо вино

neobicni-kokteli-so-pivo-1

2.
Chelada - 1 шише светло пиво, многу лед и 1 свежо цеден лимон

neobicni-kokteli-so-pivo-2

3.
Blood Orange Shandy - 1 шише светло пиво, свежо цеден сок од портокал и малку ликер од портокал

neobicni-kokteli-so-pivo-3

4.
Red Eye - 30мл вотка, 180 мл изладен сок од домат и 350 мл светло пиво

neobicni-kokteli-so-pivo-4

5.
Guinness Cream Soda - 150 мл ликер од ѓумбир, 150 мл ликер од ванила, половина литар минерална вода, половина литар темно пиво

neobicni-kokteli-so-pivo-5

6.
 
Steamroller - 25 мл свежо цеден сок од лимон, 25 мл виски, ликер од цреша, лед, ситно сецкан лимон и 1 литар светло пиво

neobicni-kokteli-so-pivo-6

7.
Coup de Ville - текила, сок од лимон, сок од портокал, ликер од портокал, светло пиво

neobicni-kokteli-so-pivo-7

8.
Bulldog - откако ќе подготвите стандардна маргарита, додадете пиво и парчиња зелен лимон

neobicni-kokteli-so-pivo-8

9.
Hangman's Blood - 20 мл џин, 20 мл рум, 20мл виски, 20мл бренди, темно пиво и 50 мл пенливо вино

neobicni-kokteli-so-pivo-9



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 15:53

Идеално изненадување за љубителите на чоколадото и алкохолот. За помалку од половина час ќе имате домашно подготвен, чоколаден ликер на кој никој нема да му одолее.

domasno-podgotven-liker-od-cokolada-01

Потребно ви е:

  • 1l млеко
  • 1kg шеќер
  • 200g какао во прав
  • 50g растопено чоколадо
  • 2dl рум


Подготовка:

Во едно големо тенџере растопете го чоколадото, а потоа додајте го млекото и какаото во прав. Постепено додајте го шеќерот и чекајте додека течноста не се загрее и соедини.

Доволно е да проврие неколку секунди, за да го тргнете тенџерето од огнот. Оставете ја течноста да се олади.

Откако течноста ќе биде потполно изладена, додајте го румот. Никако не го додавајте додека течноста е врела, затоа што многу лесно ќе испари и неговиот вкус ќе биде незабележлив.

Пред послужување задолжително ликерот оставете го во ладилник најмалку 1 час.

Послужете во чаши за мартини или виски и декорирајте со јагоди, рендано чоколадо, цимет...

domasno-podgotven-liker-od-cokolada-02



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 10:42

bogata-sangrija

Црвено вино не е за во лето? Црвено и бело вино не се мешаат? Оваа сангрија ги побива двете популарни тврдења и ја засладува секоја летна собиранка.

Се прави еден ден однапред и бара повеќе вида алкохол, но сигурно ќе ја цени секој кој сака нешто повеќе од црвена верзија на најобично бунарче.

Потребно:

  • 750 ml суво црвено вино
  • 80 ml суво бело вино
  • 60 ml џин
  • 60 ml бел рум
  • 60 ml бренди
  • 60 ml трипл сек
  • 120 ml сок од ананас
  • 120 ml свежо цеден сок од портокал
  • 2 големи лажици шеќер
  • 200 до 400 грама сецкано свежо овошје како јаболки, портокали, сливи, ананас и грозје


Сите состојки се мешаат во бокал за служење. Се остава во фрижидер најмалку 1 ден, а најмногу 2 цели дена пред да се пие. Се служи со мраз.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2014 во 15:35

Како се подготвуваат најпознатите коктели

Доколку некогаш ви дојде идеа да правите home cocktail party за вашите најблиски пријатели, еве неколку идеи за коктели. Викендот е добро...

 

...време за коктел - журка! Започнавме со најпознатите коктели правени со виски:

classic_whiskey

1. Класично Виски

Состојки:

- 40 мл сируп
- 20 мл вода
- 8 капачиња Bitter (алкохол на база на тревки, кој најчесто се користи како додаток за правење коктели, има горчливо- кисел вкус)
- 950 мл коцки мраз
- 180 мл бурбон виски
- 4 парчиња портокал
- 4 кандирани цреши



Начин на подготовка

Најпрво ставете го сирупот, водата и bitter-от во чаша за виски. Промешајте за да добро се искомбинираат вкусовите потоа ставете ги коцките мраз. Врз мразот ставете виски, и на крај додајте ги портокалот и црешата.


2. Сазерак
(најстариот коктел кој постои)

Состојки: sazerac

- 5 мл ликер со вкус на анасон
- 8 гр бел шеќер
- 20 мл вода
- 8 капачиња Peychaud bitters
- коцки мраз
- 235 мл бурбон виски
- 55 гр сок од лимон


Начин на подготовка
Пред да се подготви коктелот ставете ги чашите во фрижидер. Ставете го ликерот од анасон во чашата, на тој начин што ќе ги намокрите ѕидовите од чашата. Додајте ја водата, шеќерот и bitter-от во чашата, и мешајте. Додајте ги коцките мраз, ставете го вискито и на крај сокот од лимон.


mint

3. Минт Јулеп

Состојки:
- 235 мл вода
- 200 гр бел шеќер
- 6 гр грубо исецкани листови од нане
- 465 мл Kentucky бурбон
- 4 свежи ливчиња од нане за толчење







Начин на подготовка

Во еден мал сад комбинирајте ги водата, шеќерот и исецканите ливчиња од нане. Ставете ја смесата да се свари, се додека не се стопи шеќерот. Оставете ја смесата да се олади 1 саат , а потоа поминете ја сметата низ цедалка да се отстранат листовите од нане. Потоа додадете ги останатите состојки.

4. Шеги Менхетен sehhy

Состојки:

- 60мл сладок Вермонт
- 175 мл бурбон виски
- 4 капачиња bitter
- 4 кандирани цреши


Начин на подготовка

Наполнете го шејкерот со мраз. Ставете ги вискито , врмоноунтот и bitter-от, мешајте околу пола минута. Ставете ја смесата во чаши и додадете ги црешките.





Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:42

Чоколадно мартини


cokoladno_martini


  • Време на подготовка :
    15 min
  • Вкупно време :
    15 min

Порции

4 лице/а

Состојки

  • 200 мл. џин или водка
  • 50 гр. чоколадо црно
  • 100 мл. чоколаден ликер
  • мраз искршен

Упатство

Стопете го чоколадото и додадете го во алкохолот со мешање додека не се соедини убаво. Додадете го и чоколадниот ликер. Распоредете го пијалокот во 4 чаши со искршен мраз. Украсете со ленти лимонова кора.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:43

Чоколаден Ликер


cokoladen-liker


  • Време на подготовка :
    30 min
  • Вкупно време :
    30 min

Порции

25 лице/а

Состојки

  • 1 и 1/2 л. млеко
  • 500 гр. шеќер
  • 500 гр. рум
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 100 гр. какао
  • 1 ванилин шеќер

Упатство

Пудингот и какаото се размешуваат во 300мл. ладно млеко,а преостанатото млеко се става во тенџере на оган да зоврие.
Во млекото што е во тенџерето се додава шеќерот и ванилиниот шеќер.Се меша за да се стопи шеќерот.
Кога ќе зоврие,се додава пудингот и какаото,па се меша со лажица 2-3мин.
Се трга од оган и се додава румот.Се промешува и се остава да се олади.

Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 22:22

Бела сангрија



Прекрасен освежителен пијалок… Да се потсетиме на летото во овие ладни зимски денови.
Состојки за 5 личности

- 1 литар бело вино

- овошје по избор: лимон, киви, праски, портокал, ананас…

- 2 лажици шеќер
- коцки мраз

Подготовка

1. Овошјето исечете го на мали парчиња во поголем бокал и посипете го шеќерот за да пуштат сок, а потоа додадете го белото вино и оставете да отстои 1-2 часа во фрижидер.
2. Пред сервирање додадете коцки мраз.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:24
                                                                                   Перверзен коктел од Џејми Оливер

Ако сакате рецепт за коктел со кој саканиот ќе го опиете од љубов, пробајте го следново.
Овој лесен коктел можете да го наречете „безобразен“ или „перверзен“, а важно е да го подготвите со малку шампањ и многу калинка.

Потребно:
3-4 калинки
шеќер по вкус
шише изладен шампањ


Подготовка:
Исчистете ги калинките и извадете ги семките. Измешајте ги семките во блендер, па кашата процедете ја така што ќе добиете убав сок од калинки. Ако е многу кисел, засладете го со шеќер. Во високи чаши за шампањ, сипете 5 см од сокот , па дополнете со изладениот шампањ.

Наместо калинки, можете да користите и пире од кајсии или јагоди, само е важно да користите сезонско овошје.

На здравје!


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:45
                                                                                   Новогодишен бејлис

Еве еден рецепт како да го подготвите овој идеален пијалак за новогодишната ноќ.
Потребно:
8 дл. + 2дл. млеко
6 лажици шеќер
1 кесичка пудинг од карамела
1 кесичка шлаг
100 г. бело чоколадо Милка
2 дл. виски


Подготовка:
Во тенџере на оган ставете 8 дл. млеко и шеќерот и оставете да проврие. Во останатите 2 дл. млеко додајте го правот за пудинг и за шлаг, и добро промешајте. Потоа, оваа мешавина додајте ја во тенџерето на оганот и варете додека да почне да се згуснува.

Растопете го белото чоколадо, додајте го во претходната смеса и оставете да се излади, на крај, додајте го вискито и добро измешајте.

На здравје!


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:37

Милкшејк за неподносливи топли денови


Мекдоналдс си отиде, но тоа незначи дека нема да пробаме веќе милкшејк. Овој напиток во суштина е многу едноставен и неговото припремање не одзема повеќе од 3-4 минути. Можете да искористите се што ви се наоѓа во кујната од слатко, сируп, овошје, прелив или само чоколадото за готвење. Основата за добар милкшејк е сладоледот, не е важно од што е(ванилата може да го прими секој вкус со одреден додаток како на пример какао), само да е замрзнат. Малку млеко и мраз во блендерот и веќе имате милкшејк. Предноста на овој напиток е што можете да  ја искористите вашата имагинација и да им го направите топлото попладне на децата весело.

Како се припрема една чаша милкшејк:
Се става пола шолја млеко во блендерот, се додаваат неколку топки сладолед(во зависност колку густ сакате да биде),  исецкано овошје (доколку сакате) или чоколадо и неколку коцки мраз. Оваа смеса се пасира 1 минута во блендерот, најпрво на голема брзина а при крајот на поспора брзина.

Откако ќе го добиете милкшејкот повторно може да ставите чоколаден прелив или сируп, да го наполните со цреши или пак само шлаг како за крај. Израдувајте ги децата и целото ваше семејство!
protein-shake



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.