|
Колку и да бегате од ѓубрето, тоа не бега од вас |
Внеси реплика |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Јануари.2014 во 13:10 |
Или во оригинал: "Колку и да бегате од селото тоа не бега од вас" - не е секој за во зграда!Да не се навреди некој од село - не мислам дека сите што потекнуваат од село ги имаат овие одвратни манири, затоа и поинаков наслов. Многу ме иритира кога гледам расфрлано ѓубре на кој каде му дојде: контејнерите не се гледаат од што се затрупани со ѓубре, по реките пластични шишиња, ќеси со ѓубре, столови, маси, отпад и што ли уште не, по улиците си фрла како да нема канти за ѓубре наоколу, пред зграда да ти е страв да поминеш, да не те погоди некоја бомба-ќесе со ѓубре, убави излетнички места испогането со остатоци од лумперајки, не дај Боже па да ти притреба итно да влезеш во јавно WC, некаде на пример по бензинските низ патиштата... До менталитетот ли е, до невоспитание и недисциплина ли е, до некултура ли е којзнае до што е... Оти човек лесно се учи на дисциплина и ред, ама и лесно се одучува. Сум гледала по граници, луѓе патуваат од западноевропските земји накај дома и во текот на целото патување ѓубрето си го собираат во ќеса и некаде попат го фрлаат во канти. Арно ама, штом ја поминат македонската граница, отвараат џамот и бааап ќесето со ѓубре преку џам. Па може и на шофершајбна да ти го плесне ако си позади него. Значи луѓе што живеат во цивилизирани земји, се научиле каде се фрла ѓубрето и како се чува чиста средина, на едно влегување во Македонија се враќаат на старите навики. Оти не можеме да се научиме да си го фрламе ѓубрето таму кај што му е местото, толку ли е тешко да му се сневиди? Оти сами си ја гнасиме околината, до толку ли сме закржлавени во свеста? П.С. Темава не е ни политичка, малку за релаксација оти политиката нешто стана досадна Изменето од Анастеа - 23.Јануари.2014 во 13:11 |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да беше само ѓубрето проблем, лесно ќе беше... ама има многу повеќе
|
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темата е идеална прилика да си ja олисниш душата .Кажи што уште ти кине живците ? |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На нас македонците по некоја случајност ни проработува свеста само кога ќе излеземе надвор од границите на земјава.
Тогаш пропуштаме пешаци на пешачки, тогаш не паркираме кај што не се паркира, тогаш отпадоците ги фрламе само во корпа за отпадоци. Не, не се сите исти. Фалат ригорозни казни, фали воведување на дисциплина. Ако еднаш те казни со 50-100 евра за фрлање хартија од мастика на земја, тогаш следен пат ќе размислиш два пати дали и тоа ќе го фрлиш, а не па целото ѓубре од прозор. Имам комшивка што ја мрзи да се симнува од 5ти кат и наместо тоа се што собрала го фрла во паркот од балкон. Друг комшија фрла исклучиво шишиња, а трет изметот од папагалот го фрла од прозор. Кај ќе падне, џек пот!
Изменето од evangeline - 23.Јануари.2014 во 17:31 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
E ova mi se dopaga Dodeka nie se bavtame so gjubreto, gubrinjata se zanimavaat so tendercinja od milioncinja.Oti da imase zakoni nit gjubre ke se ostavese pred vlez, lift... nit novinarite koi usi ni odnesoa i ne nateraa da zamrazime se sto e televizija, stanaa tenderisti. Eh ubava moja Makedonijo, sto li uste ima da pretrgash, ta i nie so tebe |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас па и не реков никаде дека ѓубрето ни е најголем проблем. За милиончето на Ивона, на форумов коментиравме само два-тројца. За милиончето на Сител исто. Политичарите молчат, ами ај ништо да не зборуваме. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аааааааааа остајте го Ивонче,она својот гарбиџ не дава секој да и го види...
Ете толку многу осет има,што сега заради милиончето и по телевизии ја нема |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку се согласувам со evangeline. Само со ригорозни и тоа парични казни може да се стави некој ред. Истите луѓе кога се надвор не смеат еден пикавец да фрлат на улица, оти знаат дека ќе си платат. Ама во Македонија нели си е башибозук па фрли кај сакаш, паркирај кај ќе ти текне, па шо ако е и на сред улица. А па како да се натераат истите луѓе да селектираат отпад?... Е тоа е веќе научна фантастика. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Збори бе шефке, збори оти вие таму во тугината навистина си имате мака со ѓубре, а ние тука кутрите со смрдеја која б`зди повеќе од ѓубрето |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вие таму, ние овде.... ај, јас стоички поднесувам лични коментари. И не ме предомислуваат од она што сум наумила да го кажам. Оти ѓубрето е како р'ѓа и некои луѓе навистина си го носат со себе. (Не мислам само на она контејнерското, туку и на ѓубрето во душите). Не дома, не во туѓина, и на Марс да се иселат пак ќе ја засмрдат околината и ќе си ги покажат роговите. Кога - тогаш. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И после имало жолтица. Е ќе има. Тие грдосии од контејнери, полни, течат од секаде, па уште и Toi-toi до нив фалат... |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа новите контејнери ги искршија одма. Жал ми е да кажам, ама НЕ заслужуваме подобро од ова. Не за друго, туку затоа што не знаеме да го чуваме тоа што ќе го направат за нас. Ѓубриња сме.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |