Испечати | Затвори го прозорот

Колку и да бегате од ѓубрето, тоа не бега од вас

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26866
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 07:12
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Колку и да бегате од ѓубрето, тоа не бега од вас
Постирано од: Анастеа
Наслов: Колку и да бегате од ѓубрето, тоа не бега од вас
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 13:10

Или во оригинал:


http://www.press24.mk/foto-kolku-i-da-begate-od-seloto-toa-ne-bega-od-vas-ne-e-sekoj-za-vo-zgrada" rel="nofollow - "Колку и да бегате од селото тоа не бега од вас" - не е секој за во зграда!




Да не се навреди некој од село - не мислам дека сите што потекнуваат од село ги имаат овие одвратни манири, затоа и поинаков наслов.

Многу ме иритира кога гледам расфрлано ѓубре на кој каде му дојде: контејнерите не се гледаат од што се затрупани со ѓубре, по реките пластични шишиња, ќеси со ѓубре, столови, маси, отпад и што ли уште не, по улиците си фрла како да нема канти за ѓубре наоколу, пред зграда да ти е страв да поминеш, да не те погоди некоја бомба-ќесе со ѓубре, убави излетнички места испогането со остатоци од лумперајки, не дај Боже па да ти притреба итно да влезеш во јавно WC, некаде на пример по бензинските низ патиштата...ох

До менталитетот ли е, до невоспитание и недисциплина ли е, до некултура ли е којзнае до што е...

Оти човек лесно се учи на дисциплина и ред, ама и лесно се одучува.
Сум гледала по граници, луѓе патуваат од западноевропските земји накај дома и во текот на целото патување ѓубрето си го собираат во ќеса и некаде попат го фрлаат во канти. Арно ама, штом ја поминат македонската граница, отвараат џамот и бааап ќесето со ѓубре преку џам. Па може и на шофершајбна да ти го плесне ако си позади него.изненадување
Значи луѓе што живеат во цивилизирани земји, се научиле каде се фрла ѓубрето и како се чува чиста средина, на едно влегување во Македонија се враќаат на старите навики.

Оти не можеме да се научиме да си го фрламе ѓубрето таму кај што му е местото, толку ли е тешко да му се сневиди?
Оти сами си ја гнасиме околината, до толку ли сме закржлавени во свеста?не знам

П.С. Темава не е ни политичка, малку за релаксација оти политиката нешто стана досаднанамигнување







-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 16:55
да беше само ѓубрето проблем, лесно ќе беше... ама има многу повеќе


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 16:57
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

да беше само ѓубрето проблем, лесно ќе беше... ама има многу повеќе




Темата е идеална прилика да си ja олисниш душата .Кажи што уште ти кине живците ?

-------------


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 17:30
На нас македонците по некоја случајност ни проработува свеста само кога ќе излеземе надвор од границите на земјава. 
Тогаш пропуштаме пешаци на пешачки, тогаш не паркираме кај што не се паркира, тогаш отпадоците ги фрламе само во корпа за отпадоци.
Не, не се сите исти. Фалат ригорозни казни, фали воведување на дисциплина.
Ако еднаш те казни со 50-100 евра за фрлање хартија од мастика на земја, тогаш следен пат ќе размислиш два пати дали и тоа ќе го фрлиш, а не па целото ѓубре од прозор.
Имам комшивка што ја мрзи да се симнува од 5ти кат и наместо тоа се што собрала го фрла во паркот од балкон. Друг комшија фрла исклучиво шишиња, а трет изметот од папагалот го фрла од прозор. Кај ќе падне, џек пот!


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 21:43
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

да беше само ѓубрето проблем, лесно ќе беше... ама има многу повеќе

 E ova mi se dopagaда
Dodeka nie se bavtame so gjubreto, gubrinjata se zanimavaat so tendercinja od milioncinja.Oti da imase zakoni nit gjubre ke se ostavese pred vlez, lift... nit novinarite koi usi ni odnesoa i ne nateraa da zamrazime se sto e televizija, stanaa tenderisti. Eh ubava moja Makedonijo, sto li uste ima da pretrgash, ta i nie so tebeтага


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 22:57

Јас па и не реков никаде дека ѓубрето ни е најголем проблем.
За милиончето на Ивона, на форумов коментиравме само два-тројца.
За милиончето на Сител исто.
Политичарите молчат, ами ај ништо да не зборуваме.збунетост



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 23:26
Аааааааааа остајте го Ивонче,она својот гарбиџ не дава секој да и го види...
Ете толку многу осет има,што сега заради милиончето и по телевизии ја нема


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 23.Јануари.2014 во 23:36

Инаку се согласувам со evangeline.
Само со ригорозни и тоа парични казни може да се стави некој ред.
Истите луѓе кога се надвор не смеат еден пикавец да фрлат на улица, оти знаат дека ќе си платат. Ама во Македонија нели си е башибозук па фрли кај сакаш, паркирај кај ќе ти текне, па шо ако е и на сред улица.

А па како да се натераат истите луѓе да селектираат отпад?... Е тоа е веќе научна фантастика.


 


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 04.Февруари.2014 во 20:44
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Јас па и не реков никаде дека ѓубрето ни е најголем проблем.
За милиончето на Ивона, на форумов коментиравме само два-тројца.
За милиончето на Сител исто.
Политичарите молчат, ами ај ништо да не зборуваме.збунетост


Збори бе шефке, збори оти вие таму во тугината навистина си имате мака со ѓубре, а ние тука кутрите со смрдеја која б`зди повеќе од ѓубретотага


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Февруари.2014 во 23:44

Вие таму, ние овде.... ај, јас стоички поднесувам лични коментари. И не ме предомислуваат од она што сум наумила да го кажам.намигнување

Оти ѓубрето е како р'ѓа и некои луѓе навистина си го носат со себе. (Не мислам само на она контејнерското, туку и на ѓубрето во душите).
Не дома, не во туѓина, и на Марс да се иселат пак ќе ја засмрдат околината и ќе си ги покажат роговите. Кога - тогаш.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Август.2014 во 23:28

И после имало жолтица. Е ќе има.
Тие грдосии од контејнери, полни, течат од секаде, па уште и Toi-toi до нив фалат...болен





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 27.Август.2014 во 23:41
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


И после имало жолтица. Е ќе има.
Тие грдосии од контејнери, полни, течат од секаде, па уште и Toi-toi до нив фалат...болен




Епа новите контејнери ги искршија одма. 
Жал ми е да кажам, ама НЕ заслужуваме подобро од ова. Не за друго, туку затоа што не знаеме да го чуваме тоа што ќе го направат за нас. Ѓубриња сме.


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk