IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:30

Салата од црвен компир и сланина

7

Состојки,

600 гр.црвен компир, сецкан на коцки и нелупен

Сол по желба

100 гр. сланина (2 или 3 ленти)

1 чаша сецкани пиперки (било која боја или комбинација)

1/4 чаша ситно сецкан црвени кромид

2 млади кромидчиња, сецкани

1/4 чаша екстра-девствено маслиново масло

3 лажици црвен вински оцет

1 лажица сенф Дижон (може и обичен)

1 лажица мајонез

Свежо мелен бибер

 

Начин на подготовка,

Ставете ги  компирите  во голем сад, додадете вода само за да се покријат и  зачинете со о 1/4 лажичка сол. Ставете го да се вари компирот се дур не омекне. Исцедете го и изладете го малку.

Во меѓувреме, на тава испржете ја сланината дур не стане крцкава, извадете ја на салфетка да се исцеди малку и потоа здробете ја или ситно исецкајте ја.

Во голем сад ставете ги сварените компири, сланината, пиперката, црвениот кромид и младото кромидче.

Посебно во друг помал сад, ставете ги маслиново масло, оцетот, сенфот, мајонезот, 1/4 лажичка сол и 1/4 лажичка бибер. Прелијте ја оваа смеса преку  компирот, нежно мешајќи. Покријте ја компир салатата и ставете ја во фрижидер. Се служи ладна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 21:06
Брза редена салата


Брза редена салата

Салата која е едноставна и брза за подготовка. За да ја направам и не ми треба некој посебен повод.

Се рендаат прво компирите, па ги премачкувам со слој од мајонез. Рендам јајца, па ги премачкувам со павлака. Потоа рендаме салама, ја премачкуваме со павлака, па на крај го рендаме сирењето (јас користев козјо) и него го премачкуваме со мајонез. Така рендаме, мачкаме, додека не ни се потрошат состојките или додека не го наполниме садот во кој ќе ни биде салатата. Сол не ставам, самото сирење ја дава потребната соленост.

Забелешка
Компирите и јајцата откако ќе се сварат, треба да бидат изладени.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 21:30
Интересна салата која утре ќе ја изпробам ......... ама рецептата и сликата немат ништо заедничко ?
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 21:51
Емил,направи ја салатата и сликај јa:)
Ќе ја споредиме со постирната фоткаголема насмевка
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2014 во 17:33

Салата од компир

Салата од компир

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Јајца/це
  • 50 грама Кисели краставички
  • 500 грама Компир
  • 50 грама Кромид
  • 250 грама Мајонез
  • 20 милилитри Оцет


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Салата од компир

ПОДГОТОВКА:


Јајцата треба да се тврдо варени. 
Ги сечкате на ситни коцкички. Исто така ги сецкате на ситни коцкички и краставичките и кромидот. 
Во сад го ставате мајонезот заедно со оцетот. Го промешувате. Потоа ги додацате краставичките, па кромидот и јајцата. Сето тоа убаво го промешувате.
Оставете ги во фрижидер еден час.
Ви предложуваме да го направите ова пред да ги варите компирите за да има време сосот да отсои и сите состојки и вкусови меѓусебе убаво да се соединат.
Додека сосот се лади, излупете ги компирите, исецкајте ги на коцки, сварете ги и изладете ги. 
Извадете го сосот од фрижидер и додадете ги изладените компири.
Промешајте убаво и сервирајте. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2014 во 17:34

Зелена салата со ориз

Зелена салата со ориз

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 10 грама Целер
  • малку   Сол
  • 1   Пиперка/ки
  • 30 милилитри Оцет
  • 300 грама Ориз
  • малку   Магдонос
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 50 грама Кисели краставички


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Зелена салата со ориз

ПОДГОТОВКА:

Оризот се мие, се обарува во малку посолена вода, се цеди, и се остава на топло место.

Краставичката, пиперките и кромидот, исечете ги целерот и магдоносот.
Во уште топлиот ориз додадете ги солта, оцетот, краставичката, пиперките, кромидот, целерот, магдоносот и се добро измешајте.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2014 во 17:34

Компир салата со павлака

Компир салата со павлака

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 100 грама Марула
  • малку   Магдонос
  • 1   Лимон/и
  • 150 грама Компир
  • 150 грама Кисела павлака
  • 2 лажица/ци Дафинка
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 40 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Компир салатата со павлака е ладно предјадење кое е лесно за правење а убав додаток во главниот ручек.

ПОДГОТОВКА:

Ги вариме компирите. Откако ќе се сварат ги сечкаме на коцки. Ги ставаме во подлабок сад.
Зачинуваме со сол, зачин (вегета) и со црн пипер.

Додаваме исечкан магдонос и босилек и на крајот ја додаваме и киселата павлака.
Убаво промешуваме.
Лимонот го сечеме на 2 дела. Од едниот дел ја рендаме кората.
Ја додаваме и изренданата кора од лимон.

Повторно промешуваме.

Компир-салатата ја сервираме на чинија декорирана со три листа зелена салата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2014 во 17:35

Жетварка салата

Жетварка салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 милилитри Оцет
  • 25 милилитри Масло
  • 1000 грама Краставица
  • 2000 милилитри Вода


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Оваа салата е исклучително освежувачка за време на летниот период. Може да се јаде како предјадење, како додаток на главното јадење, а дури и како освежување пред спиење.

Голема благодарност до Филип Јовиќевиќ за овој рецепт.

ПОДГОТОВКА:

Краставиците се рендаат на ренде, па се ставаат во поголем овален сад. Потоа се става водата, маслото, оцетот и по зависност на вкусот може да се додаде магдонос и ситно сецкан лук.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2014 во 17:36

Салата од зелена боранија

Салата од зелена боранија

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 милилитри Оцет
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 1   Китка магдонос
  • 250 грама Домат
  • 500 грама Боранија
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Салата од зелена боранија

ПОДГОТОВКА:

Боранијата се сече на поситни парчиња, се обарува во солена вода, и потоа се цеди. Се додава сечканиот кромид, па се посолува, и се прелива со оцет.

Боранијата и доматите исечени на тркалца, се редат наизменично, во сад за служење, а секој ред посипете го со ситно сечкан магдонос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 16:57
  • НАЈМАКЕДОНСКО МАКАЛО

  • 250г бел грав (варен)
  • 10-15 суви варени црвени пиперки (во овој случај лути)
  • 20мл доматно пире/кечап
  • 1 страк праз
  • 2-3 чешниња лук
  • масло
  • природна сол


Пoдготовка

1. Прво се толчи лукот со ситно сецканите варени суви пиперки.

2. Потоа заедно со гравчето се толчат и мешаат.

3. Се додава кечапот и ситно сецканиот праз и се засолува по желба. 

4. Се попарува со 4 лажици масло.

 

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:12

Компир салата со јогурт и копар

Компир салата со јогурт и копар
Заменете ја вообичаената компир салата со кромид со поинтересна варијанта. Додадете јогурт и копар во неа. Лесно предјадење што може да го сместите во менито за овој викенд.

Состојки (за три лица): 6 компири, 2,5 дл. вода, 1 кромид, 6 кисели краставички, гранче копар, 2 кафени лажици сенф, сол, бибер, лимонов сок (по желба)

13

Подготовка: Сварете ги компирите со лушпа во солена вода. Кога ќе бидат готови излупете ги, исечете ги на плочки и оставете ги да се оладат. Потоа, додадете ги ситно исечканите краставички и копарот. Не заборавајте го кромидот исечкан во форма и големина по желба. Додадете ги сенфот, лимоновиот сок и јогуртот. Измештајте, посолете и додадете црн бибер по желба.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:16

Калифорниска салата

Калифорниска салата

Направете си една поинаква салата богата со зеленчук и месо.

Состојки: 3 исечкани варени јајца, 8 кришки суво месо, 1 марула, варено пилешко, ворчестер сос, 2 авокада, 2 домати, овчо сирење, половина лажичка сенф, 1/4 вински оцет, 1 лук, сол, мелен црн бибер, 1/3 шолја маслиново масло.

california-classic-salad-4

Подготовка:Испржете го сувото месо, а потоа оставете го да се олади. Марулата ставете ја на дното на садот за салата, наредете ги врз неа јајцата, месото, пилешкото, авокадото и доматот.

На врвот на салатата додадете го сирењето, исечкано на парчиња. Измешајте ги сенфот, оцетот, ворчестер сосот, лукот, солот, биберот и маслиновото масло. Изматете ги состојките и прелијте ја салатата.

l

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 05:34

Лесна салата

Краставичките ситно се сецкаат и се ставаат во послабок сад.Сирењето и саламата се рендаат и се додаваат во садот.Се става павлаката и се заедно се меша.Салатата се сервира и се поросува со ореви.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 16:36

Данска салата

Во подлабок сад се ставаат урдата и мајонезот. Јајцата се рендаат на ситниот дел од рендето, а краставицата се лупи и се сечка на што е можно поситни парчиња. И магдоносот се сечка на ситно. Исто и лукот. Се додаваат и толчените ореви. Сето убаво се соединува. Се остава во фрижидер се до послужување. При тоа добредојдена е алатката за сладолед.
Како втора варијанта, која лично ја применувам и е навистина одлична,е додавањето на цацики зачин и полнење на предходно подготвени корпиња од лиснато тесто. При тоа оревите не се ставаат.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,984 секунди.