|
Салати |
Внеси реплика | страница <1 1516171819 26> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки, 600 гр.црвен компир, сецкан на коцки и нелупен Сол по желба 100 гр. сланина (2 или 3 ленти) 1 чаша сецкани пиперки (било која боја или комбинација) 1/4 чаша ситно сецкан црвени кромид 2 млади кромидчиња, сецкани 1/4 чаша екстра-девствено маслиново масло 3 лажици црвен вински оцет 1 лажица сенф Дижон (може и обичен) 1 лажица мајонез Свежо мелен бибер
Начин на подготовка, Ставете ги компирите во голем сад, додадете вода само за да се покријат и зачинете со о 1/4 лажичка сол. Ставете го да се вари компирот се дур не омекне. Исцедете го и изладете го малку. Во меѓувреме, на тава испржете ја сланината дур не стане крцкава, извадете ја на салфетка да се исцеди малку и потоа здробете ја или ситно исецкајте ја. Во голем сад ставете ги сварените компири, сланината, пиперката, црвениот кромид и младото кромидче. Посебно во друг помал сад, ставете ги маслиново масло, оцетот, сенфот, мајонезот, 1/4 лажичка сол и 1/4 лажичка бибер. Прелијте ја оваа смеса преку компирот, нежно мешајќи. Покријте ја компир салатата и ставете ја во фрижидер. Се служи ладна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брза редена салатаСалата која е едноставна и брза за подготовка. За да ја направам и не ми треба некој посебен повод. Се рендаат прво компирите, па ги премачкувам со слој од мајонез. Рендам јајца, па ги премачкувам со павлака. Потоа рендаме салама, ја премачкуваме со павлака, па на крај го рендаме сирењето (јас користев козјо) и него го премачкуваме со мајонез. Така рендаме, мачкаме, додека не ни се потрошат состојките или додека не го наполниме садот во кој ќе ни биде салатата. Сол не ставам, самото сирење ја дава потребната соленост. Забелешка |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересна салата која утре ќе ја изпробам ......... ама рецептата и сликата немат ништо заедничко ?
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Емил,направи ја салатата и сликај јa:)
Ќе ја споредиме со постирната фотка |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од компирПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Салата од компир ПОДГОТОВКА:Јајцата треба да се тврдо варени. Ги сечкате на ситни коцкички. Исто така ги сецкате на ситни коцкички и краставичките и кромидот. Во сад го ставате мајонезот заедно со оцетот. Го промешувате. Потоа ги додацате краставичките, па кромидот и јајцата. Сето тоа убаво го промешувате. Оставете ги во фрижидер еден час. Ви предложуваме да го направите ова пред да ги варите компирите за да има време сосот да отсои и сите состојки и вкусови меѓусебе убаво да се соединат. Додека сосот се лади, излупете ги компирите, исецкајте ги на коцки, сварете ги и изладете ги. Извадете го сосот од фрижидер и додадете ги изладените компири. Промешајте убаво и сервирајте. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зелена салата со оризПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Зелена салата со ориз ПОДГОТОВКА:
Оризот се мие, се обарува во малку посолена вода, се цеди, и се остава на топло место.
Краставичката, пиперките и кромидот, исечете ги целерот и магдоносот. Во уште топлиот ориз додадете ги солта, оцетот, краставичката, пиперките, кромидот, целерот, магдоносот и се добро измешајте. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Компир салата со павлакаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Компир салатата со павлака е ладно предјадење кое е лесно за правење а убав додаток во главниот ручек. ПОДГОТОВКА:
Ги вариме компирите. Откако ќе се сварат ги сечкаме на коцки. Ги ставаме во подлабок сад.
Зачинуваме со сол, зачин (вегета) и со црн пипер. Додаваме исечкан магдонос и босилек и на крајот ја додаваме и киселата павлака. Убаво промешуваме. Лимонот го сечеме на 2 дела. Од едниот дел ја рендаме кората. Ја додаваме и изренданата кора од лимон. Повторно промешуваме. Компир-салатата ја сервираме на чинија декорирана со три листа зелена салата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жетварка салатаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Оваа салата е исклучително освежувачка за време на
летниот период. Може да се јаде како предјадење, како додаток на
главното јадење, а дури и како освежување пред спиење. ПОДГОТОВКА:
Краставиците се рендаат на ренде, па се ставаат во
поголем овален сад. Потоа се става водата, маслото, оцетот и по
зависност на вкусот може да се додаде магдонос и ситно сецкан лук.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од зелена боранијаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Салата од зелена боранија ПОДГОТОВКА:
Боранијата се сече на поситни парчиња, се обарува во
солена вода, и потоа се цеди. Се додава сечканиот кромид, па се
посолува, и се прелива со оцет.
Боранијата и доматите исечени на тркалца, се редат наизменично, во сад за служење, а секој ред посипете го со ситно сечкан магдонос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. Прво се толчи лукот со ситно сецканите варени суви пиперки. 2. Потоа заедно со гравчето се толчат и мешаат. 3. Се додава кечапот и ситно сецканиот праз и се засолува по желба. 4. Се попарува со 4 лажици масло.
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Компир салата со јогурт и копарСостојки (за три лица): 6 компири, 2,5 дл. вода, 1 кромид, 6 кисели краставички, гранче копар, 2 кафени лажици сенф, сол, бибер, лимонов сок (по желба) Подготовка: Сварете ги компирите со лушпа во солена вода. Кога ќе бидат готови излупете ги, исечете ги на плочки и оставете ги да се оладат. Потоа, додадете ги ситно исечканите краставички и копарот. Не заборавајте го кромидот исечкан во форма и големина по желба. Додадете ги сенфот, лимоновиот сок и јогуртот. Измештајте, посолете и додадете црн бибер по желба. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Калифорниска салатаНаправете си една поинаква салата богата со зеленчук и месо. Состојки: 3 исечкани варени јајца, 8 кришки суво месо, 1 марула, варено пилешко, ворчестер сос, 2 авокада, 2 домати, овчо сирење, половина лажичка сенф, 1/4 вински оцет, 1 лук, сол, мелен црн бибер, 1/3 шолја маслиново масло. Подготовка:Испржете го сувото месо, а потоа оставете го да се олади. Марулата ставете ја на дното на садот за салата, наредете ги врз неа јајцата, месото, пилешкото, авокадото и доматот. На врвот на салатата додадете го сирењето, исечкано на парчиња. Измешајте ги сенфот, оцетот, ворчестер сосот, лукот, солот, биберот и маслиновото масло. Изматете ги состојките и прелијте ја салатата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лесна салатаКраставичките ситно се сецкаат и се ставаат во послабок сад.Сирењето и саламата се рендаат и се додаваат во садот.Се става павлаката и се заедно се меша.Салатата се сервира и се поросува со ореви. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Данска салатаВо подлабок сад се ставаат урдата и мајонезот. Јајцата се рендаат на ситниот дел од рендето, а краставицата се лупи и се сечка на што е можно поситни парчиња. И магдоносот се сечка на ситно. Исто и лукот. Се додаваат и толчените ореви. Сето убаво се соединува. Се остава во фрижидер се до послужување. При тоа добредојдена е алатката за сладолед. |
|
Внеси реплика | страница <1 1516171819 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |