IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од мелено месо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од мелено месо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:04

Ќофте во доматен сос 


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 30 грама Презла
  • малку   Мајоран
  • 200 грама Домат
  • 50 грама Брашно
  • малку   Босилок
  • 250 грама Јунешко
  • 1   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ќофте во доматен сос

ПОДГОТОВКА:

Доматот го сечеме на парчиња. Во соодветен подлабок сад ставаме масло да се загрее. Доматот го ставаме во садот да се пржи. Зачинуваме со вегета, црн пипер, босилок, мајоран и со сол.

Промешуваме да се изедначат зачините со доматот.

Оставаме да прокрчка.

Во садот со меленото месо додаваме лебни трошки, малку брашно, мајоран, босилок, едно јајце, малку сол, црн пипер и вегета. Промешуваме да се изедначат состојките.

Во тава на оган ставаме масло да се загрее. Во месото ставаме малку масло за јадење и ги правиме ќофтињата. Направените ќофтиња ги валкаме во брашно и ги ставаме во тавата да се пржат и од другата страна.

Одвреме-навреме го промешуваме доматниот сос.

Ги вртиме ќуфтињата убаво да се испржат. Кога доматниот сос кога ќе згусне, ги додаваме ќофтињата во сосот и оставаме да прокрчкаат 10 минути. Кога ќе прокрчкаат ќофтињата во сосот, ги тргаме од оган и ги сервираме во соодветна чинија.


Изменето од Valerija - 30.Април.2015 во 17:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:24

Торта од мелено месо

Торта од мелено месо

Состојки

  • За подлога
  • 700 гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 парче леб
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици сецкан магдонос
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 1/2 лажиче мајоран
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • За одозгора - пире
  • 4 средни (650гр) компири
  • 1 лажица путер
  • по вкус сол, бибер и рендано морско оревче
  • И уште
  • 200 гр цветчина од брокула
  • 200 гр цветчина од карфиол
  • За прелив
  • 2 јајца
  • 50 гр ситно рендан кашкавал

Подготовка

Лебот ставете го во малку вода да омекне, кромидот ситно изрендајте го и лукчето ситно исецкајте го.
Во сад ставете го месото, додајте го јајцето, лебот истиснат од водата, кромидот, лукот и сите останати зачини. Смесата измесете ја да се изедначи.
Помала тава (мојата беше 26) намачкајте ја со малку путер и посипете ја со презла. Ставете го месото и рамномерно исплескајте го и со помош на лажица израмнете го.
Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени 30 мин.
Во меѓувреме излупете ги компирите, исечете ги на плочки и сварете ги да омекнат. Исцедете ги од водата, додајте го путерот, зачините по вкус и испасирајте ги да се добие пире.
Брокулата и карфиолот сварете ги во зовриена вода 3-4 мин малку да омекнат и исцедете ги.
Пирето ставете го во готварски шприц.
Јајцата и кашкавалот изматете ги со вилушка.
Откако месото ќе се запече извадете го од рерната и околу по ивицата на месото нанесете го пирето. На средината наизменично наредете ги брокулата и карфиолот и прелијте ги со преливот.
Вратете ги во рерна да се запечат околу 15-20 мин, додека се зацврсти јајцето.
Јадењето послужете го топло со лепче и салата по желба.

Совет
Оргиналниот рецепт беше без претходно печење на месото. Откако ќе се стави месото во тавата се додава зеленчукот како што објаснив и заедно се печат околу 30 мин,  но мене ми беше страв месото да остане не печено и затоа прво го печев.

Дополнителни фотографии




Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:25

Мелено медитерано

Мелено медитерано

Состојки

  • 400гр. мелено месо
  • 200гр. компир на коцки
  • 1-2 моркови на коцки
  • 1 главица кромид на коцки
  • 1 црвена пиперка на коцки
  • 1/8 лажиче коријандер во зрно
  • 1/8 лажиче сув босилек,сув зачин
  • 220мл. вода
  • 2 лажици базилико сос или доматна салца
  • за најгоре уште и..
  • 2 јајца цели
  • 300мл. јогурт
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 2 лажици пармезан трошки
  • уште..
  • 30мл. маслиново масло(можи и обично)
  • 20гр. путер
  • 3-4 лажици презла

Подготовка

Мирисната нота на босилек дава прекрасен медитерано-шмек на ова тавче.

На оган во сад се става маслото да загрее, се става кромидот, компирот и морковот да се пржат некои 10.мин, се додава пиперка и меленото после, убаво да се подзапржат, се налева 120мл.вода и базилико сос, зачините. Се нека се крчка на тивко 15 мин.

За тоа време огноотпорен сад подготвуваме така што го премачкуваме путер, рониме презла, се излева смесата од тавчето внатре, одозгора ја израмнуваме, се налева 100мл. вода и се става на 200 во рерна да се печи 15 мин.

За горниот слој се матам јајцата, се става јогуртот, па пармезан, пченкарното брашно се нека се изедначи. Се вади од рерна садот со мелено, се полева со оваа смеса и се враќа да се допечи уште 20мин. во рерна.Служете ја по избор.

Дополнителни фотографии


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:26

Ролати од мелено месо

Ролади од мелено месо

Состојки


  • 2-3чешниња лук
  • 150-200гр мелен двопек
  • 2главици кромид
  • 3 јајца
  • 1кг млено месо(мешано свинско-телешко)

Подготовка

Сезамесува меленото месо, ренданиот кромид, јајцата, вегета, бибер, ситно сецкано лукче и се додава зејтинот и двопек за да се замеси убава еднолична смеса. Одкако ќе се замеси се остава 2-3 часа во фрижидер да се впијат зачините.
Месото се дели на 6-7 топки од кои се расплескуваат помали корички. На секоја коричка на почетокот се става парчиња од кашкавалот, морков или краставички и се ролува. Секое роладче убаво се премачкува со белка од јајце, па се валка низ презла и се пржи на потивко.
Вака подготвени ролади може да се печат и во рерна ама пржени се поцврсти и поубаво мирисаат.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 08:39

Завиено Полпетоне

Состојки

  • За полпетонето
  • 650 гр мешано мелено месо
  • 1/2 главица рендан кромид
  • 1 чешне сецкан лук
  • 7-8 лажици (80 гр) презла
  • 3 лажици сецкан магдонос
  • 1 лажиче мешан сув зачин
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/4 лажиче рендано морско оревче
  • 2 јајца
  • по потреба масло и вода за во тавата
  • Зачински билки
  • 2 листа ловор, ситно исецкан
  • 1 чешне лук, ситно исецкано
  • 1 лажиче сув рузмарин
  • 1 лажиче сува жалфија
  • 1 лажиче мајчина душица
  • 1 мало лажиче сол
  • 1/4 бибер
  • За виткање полпетонето
  • 4 (450 гр) телешки шницли
  • За прилог
  • 4 компири
  • 4-5 моркови
  • 2 раце грашок

Подготовка

Најпрво се подготвува полпетонето.
Во сад ставете го меленото месо и додајте ги сите останати состојки. Со рака измесете го да се добие изедначена смеса. Потоа на малку намрсена дрвена даска со нарсени раце направете полпетоне околу 22 цм.
На хартија за печење распоредете ги шницлите како правоаголник, ставете го полпетонето и завиткајте го од сите страни. Потоа врзете го со кујнски конец.
Во чинија ставете ги зачинските билки, измешајте ги и истријте го целото месо.
Ставете го во плехче за печење, попрскајте го со масло, додајте една чаша вода и покријте го со фолија. Ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 мин.
Во меѓувреме излупете ги компирите и морковите и исечете ги на парчина.
После 40-на мин извадете го од рерната и додајте ги компирите и морковите. Повторно покриено со фолијата ставете го да се пече уште 40-на мин. При крај додајте го грашокот и малку вода ако е потребно за да не се исуши премногу сосот.
Кога е печено оставете го неколку минути да подизлади, извадете го конецот, исечете го на парчина и сервирајте го заедно со прилогот и салата по желба.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 21:03
Ролат од мелено месо и палачинка

Ролат од мелено месо и палачинка

Пригоден ролат и за слави - ништо помалку вреден да се спрема и за дома како прилог.
Најпрво вклучете ја рерната на 200 степени.

ФИЛ
- Измешајте заедно исечканите сувомеснато, кашкавалот, морковот, вареното јајце, додадете го живото јајце, измешајте. Ова е веќе филот и оставете настрана.

МЕСНАТАТА КОРА
- Во меленото месо се додава сецканиот кромид, лукот, 2 јајца и двете кришки леб кој предходно се натопени во вода, додадете ги зачините, измешајте, нека одстои малку. Потоа ставете на најлон фолија местото, покријте го исто така со фолија, расукајте кора која ќе е во димензија на плекчето 30 х 20 см.

ПАЛАЧИНКА
- Земете тавче со димензии 30х20 см. и ставете во него еден мал филџан зејтин. Ставете го во рерната да се грее зејтинот.
- Со миксер изматете ги јајцата со солта, додадете брашното и сирењето, измешајте. Излијте ја добиената смеса во тавчето и печете 3 минути. Извадете ја на хартија за печење и заролајте ја. Оставете да се лади.

Оформување
- На веке расуканата кора од меленото месо поставете ја палачинката, врз неа ставете го филот и со помош на фолијата замотајте во малку поцврст ролат. Извадете го ролатот и ставете го во тавчето во кое што се печеше палачинката.
- Загрејте 1 филџан зејтин, посипете врз ролатот, ова за да не пука додека се пече. Намалете ја температурата на рерната на 180 степени и нека се пече околу 30 мин.
Кога ќе биде лесно зацрвенет извадете го, оставете да олади и сечете.

Совет
- Од оваа количина излегува поголем ролат, слободно намалете количините доколку сакате да биде помал ролатот.
- За сукање на кората од месо јас се користам со најлон кеса, го ставам месото во кесата и тогаш сукам, ја расекувам потоа кесата на едната долга страна и широката, така ја отварам кесата и продолжувам понатаму да го дооформувам ролатот како што погоре е напишано.




Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2014 во 21:05
Есенска идила со мелено месо

Есенска идила со мелено месо

Ова е стара рецепта, која мајка ми, а и многу други домаќинки знам дека ја правеле, а јас само ја украсив на мој начин.

Во еден сад го рендаме или ситно го сецкаме кромидот. Го додаваме месото, јајцето, лебните трошки и сите други зачини. Мешаме до хомогена смеса и го оставаме барем еден час во фрижидер.
Јајцата ги вариме, поставени во сад за варење со врвот нагоре ( за кога ќе ги пресечеме жолчката да биде во средина). Откако ќе се сварат ги лупиме. Добро е да бидат оладени.
Земаме во ракате од месото, правиме форма на плескавица и го ставаме јајцето во средина. Го обвиткуваме целото јајце со месото, со врвот нагоре. Ги ставаме секое посебно, во алуминиумска фолија и додаваме малку масло. Малечките јајца од препелица исто така ги виткаме со месото, само нив сите 4 ги ставив во една фолија.
Се пече на околу 200 степени. Ги пратиме и при крај на печењето ја подотвараме фолијата. Месото се лади и го декорираме по желба.

Забелешка
Меленото месо е составено од 70 проценти свинско и 30 проценти јунешко месо.





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 13:18

Запечени ќофтиња во сос

Подготовка на ќофтињата. 
Оризот го вариме во солена вода. Водата треба убаво да извари да не остане оризот воденест. Во месото додаваме изрендан кромид, јајце, ситно исецкан магданос, сол бибер и сварениот и оладен ориз. Мешаме се заедно доколку е потребно додаваме и неколку лажици презла за да можеме со влажни раце да оформиме ќофтиња со големина колку јајце. Смесата не е толку тврда,  не треба тоа да ве загрижува во печење ќофтињата се зацврстуват. 
Ќофтињата ги редиме во намрсена тава со мало растојание,  да не се допират.

Подготовка на сосот. 
Кромидот го сецкаме ситно и го пржиме во масло да омекне и додаваме грубо изрендан морков пржиме уште малку. Додаваме една лажица брашно попржуваме малку и ставаме доматно пире и супата. Посолуваме и откако ќе проврие вариме уште 2-3 минути. Врело го сипуваме кај ќофтињата. Ставаме во рерна претходно загреена на 220 степени околу 40 минути.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:50

Ќофтиња со компир и брашно

Во сад го ставаме меленото месо и ги додаваме една по една другите состојки, кромидот, кромпирот и лукот се рендаат на ситната страна од рендето и тие се додаваат во садот, се убаво зачинуваме по желба со сол, вегета и бибер.(се добива средно течна смеса). Од смесата со лажица земаме и пржиме во претходно загреано тавче со масло. Оставаме добро да се испржат од едната страна пред да ги превртиме од другата.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 14:05

Полнети плескавици


Направете ги обичните плескавици повкусни. Изненадете ги домашните за ручек со плескавици полнети со кашкавал и сланина.

Состојки: 1200г. мелено месо, 4 печени црвени пиперки, 120 г. рендан кашкавал или исечен на парчиња, 200 г. сланина, 100 г. рен, 4 чешниња лук, 4 главици кромид.

Подготовка; Меленото месо измешајте го со лукот и кромидот кои претходно треба ситно да ги исечкате, па поделете ја смесата на четири дела. Секој дел сплескајте го во форма на круг и на средината ставете пиперка, малку кашкавал, рен и сланина. Краевите на местото свиткајте ги кон средината и со влажни раце обликувајте плескавица. Направете го тоа со сите четири делови. Пржете ги плескавиците додека не заруменат.

Може да ги сервирате со помфрит или со печен компир.

Пријатно!



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 06:58

Ролади од мелено месо

Сезамесува меленото месо, ренданиот кромид, јајцата, вегета, бибер, ситно сецкано лукче и се додава зејтинот и двопек за да се замеси убава еднолична смеса. Одкако ќе се замеси се остава 2-3 часа во фрижидер да се впијат зачините.
Месото се дели на 6-7 топки од кои се расплескуваат помали корички. На секоја коричка на почетокот се става парчиња од кашкавалот, морков или краставички и се ролува. Секое роладче убаво се премачкува со белка од јајце, па се валка низ презла и се пржи на потивко.
Вака подготвени ролади може да се печат и во рерна ама пржени се поцврсти и поубаво мирисаат.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:26

начос

1.Меленото месо се пропржува со претходно исецканиот кромид,се додава малку сол и масло
2.Во земјен сад најпрвин се редат чипсите патос да нема отвори измеѓу
3.Потоа се става од меленото пржено па сецкани печурки,сецкан на парчиња кашкавал,пиперката во кругови,рузмарин и босилек по желба
4.Потоа одозгора повторно се редат патос чипсите,па состојките,постапката се повторува додека стигниме до најгоре на садот каде ставаме патос чипси
5.Одозгора врз целата смеса се става кашкавал,и ја потураме со павлаката која претходно ке ја изматиме со малку вода
6.Се печи на 180ц околу 20 мин




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:28

Македонски ќебап

Кромидот се ренда на крупно ренде, а исто и варениот компир. Месото се замесува со компирот, кромидот, трите жолчки, ситно сецканото лукче, ситно сецкан магдонос, мелениот двопек и зејтинот. Убаво се меша целата смеса и се става во фрижидер на неколку часа додека се спојат зачините.
Белките се матат со вилушка. Од смесата се прават ќебапи по желба, се валкаат низ изматената белка и се пржат на топол зејтин
Од оваа смеса излегуваат многу ќебапи и затоа рецептот е погоден за повеќе намени-родендени,слави,забави




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2014 во 17:47

Мимоза шарска плескавица

Овој пат Фичо ќе прави епска романтична плескавица! И тоа не обична, туку Шарска, а во неа ќе додаде и варени јајца – па ја нарече Мимоза Шарска плескавица!

Подготовка

Чекор 1: Најпрво сварете две јајца. Во меѓувреме, во Сецкото ќе иситните 4 парчиња двопек. Веднаш по двопекот ќе исечкате една главица кромид, заедно со две чешниња лук.

Чекор 2: Меленото месо ќе го ставите во сад, ќе стиснете тупаница и ќе направите дупка во средина на месото. Во средината ќе го ставите двопекот, кромидот, едно живо јајце, црвен пипер, сол и бибер и сенфот. Потоа додавате 4 лажици масло за јадење, 100 мл газирана вода и малку пиво.

Мешате додека не добиете хомогена смеса, а потоа оставете ја 15 минути да отстои, за да се спојат состојките.

Чекор 3: За печење на плескавицата, Фичо ја искористи Делимано тавата во вид на срце, за да биде романтичен.

Ја премачкувате тавата со путер и ставате еден слој од меленото (како што го прави тоа Фичо во видеото). Потоа рендате 1 јајце, рендате кашкавал, па другото јајце и покривате со уште еден слој од меленото месо.

Чекор 4: Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.

После печењето оставете ја Мимоза Шарската неколку минути да се излади, за да се изедначат соковите. Потоа послужете со декорација од салата!

СОВЕТ: Во овој рецепт користиме 1кг мелено месо, од кое ќе добиете околу 3-4 Шарски, направени во Делимано Тавата Срце. Односот на видот на месо од кој ќе ја правите плескавицата може да биде и по ваша желба, но Фичо ви ја препорача комбинацијата која смета дека е највкусна





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.