![]() |
|
Европски или Холивудски филм? |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Останувам на тоа дека овие филмови(европски)тешко се наоѓаат.
![]() Освен некој ако не не просветли. ![]() Симнав пред две три недели еден линк,но беше со пасворд зипуван. Ако и успеам да го најдам,прво ќе те потпрашам да видам дали ја имаш прочитано книгата,па ќе ти го испратам линкот. ![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
инаку јас ги ценам европските филмови многу повеќе од америчките, од проста причина што во Холивуд тоа е индустрија, а во Европа е уметност додека во холивуд фокусот е да се запазат некои канонски филмски стандарди (кои веќе ги знеме на памет и се потсмеваме со нив), во Европа, фокусот на филмовите е врз емотивната и моралната содржина на филмот кој во себе содржи некоја животна филозофија, и истата се осеќа преку посебениот стил на филмовите индивидуално... кој е како створен за да се соживееш со него (без разлика на жанрот или стилот на кој припаѓа) последен европски филм што го гледав и ми остана во сеќавање, е чешкиот „Men in hope“ (Muzi v nadeji) и го препорачувам ![]() |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
|
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Конкретно "Angélique" така ја барав и немав успех.
Инаку се сеќавам кога пред некоја година го барав "Nanga Parbat" убаво се изнамачив за да по некоја среќа и го најдам.Зборувам во периодот додека тој како филм сеуште одеше по фестивали.За да денес веќе го има и на youtube. Мој впечаток е тој,без да конкретно се заинтересирам дали има некоја вистина во тоа...Дека прилично добро се справуваат со пиратеријата ![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
само холивудските блокбастери излегуваат побрзо поради големиот интерес, и тоа често се во неквалитетна кино снимка се сеќавам дека „Скопје ремикс“ сакав да го симнам од интернет ама не можев никаде да го најдам, за после година дена да го најдам на youtube... исто така сакав да го симнам филмот Rush кој излезе уште во август, па го најдов дури минатиов викенд (го имаше, ама јас сакав да го најдам во поквалитетна снимка) |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Значи ќе ме тестираш. Само имај во обзир дека сум ја читала пред 20 и кусур години. ![]() Слично како на Забеган е и моето мислење. Немам ништо против америчките филмови, само не ми се допаѓа таа претерана комерцијализација. Јасно дека сите филмови се прават за пари, а не за семки и кикирики. Ама некои се тешка комерцијала и не наоѓам ништо заедничко помеѓу нив и уметноста. Ви го препорачувам италијанскиот кандидат за Оскар, La grande bellezza... Италијанците му беа малку налутени на Сорентино, за горчината во филмот, за декаденцијата и ништожноста со која ги насликал римјаните, наспроти убавините на самиот град. Но сепак преовладуваат позитивните критики. И убаво им одговори кога го примаше Златниот Глобус: "Grazie Italia, questo è davvero un Paese pazzo, ma bellisimo" (Ти благодарам Италија, ова е навистина една луда земја, но преубава). Филмот изобилува со ласцивни сцени, па најдобро да не се гледа во присуство на деца. ![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Специално за Орка и Анастеа препорачувам оваа пријатна комедија . Токму ќе си го повежбат малкучка рускиот јазик .
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Орка ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас не сум го видела ова. Баш ќе го изгледам. Спасиба. ![]()
|
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Поради вакви филмови, повеќе ја сакам европската кинематографија. Многу силен филм, како не сум го гледала до сега. ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еден од подобрите европски филмови. Втор пат го гледам и пак си го изгустирав. ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |