Европски или Холивудски филм?
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Филм
Опис на форумот: Хитови, преводи, DVD, DivX, оскари & актери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13428
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 17:19 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Европски или Холивудски филм?
Постирано од: Анастеа
Наслов: Европски или Холивудски филм?
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 02:32
Sto preferirate: evropskite filmovi pred holivudskite ili obratno?..
Sto mislite za evropskata kinematografija, koi dela vi se dopagaat i zosto?
|
Коментари:
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 02:41
film si e film nezavisno od kade doagja
dali od hollywood ili praga ili Kairo
sekoj so pravi film imz odredena zamisla
li da pokaze kolku e umoetnik , ili da prenese scenario od kniga ili dobro da go prodade i da zaraboti na filmot
taka da tesko se sporeduvat filmovite koi se npraveni za razlicni celi
ako mislite deka vo holywood neznaat da napravat film umetnicki
kako vo eropa ili azija se lazete- sekade ima umetnici koi toa go
znaat i mozat da go napravat
celta e nekogas ista, ponekogas razlicna
evropejcite se svesni deka retki se nivni filmovi koi mozat da se
prodadat pa izbegavat da go pravat toa- no posledno vreme francuzite
pocnuvat da razmisluvat na taa tema i im uspeva
taka da se pojavija
pakt so volcite
nikita
ili
run lola run
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: IQ
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 03:41
mozat da se izbrojat na prsti evropskite filmovi koi sum gi gledala...najmnogu britanski imam gledano i se odlichni koga stanuva zbor za humor(pr:monti pajton ).
a ova Amerikancive nakako nemaat tolkava originalnost i mnogu od filmovite lichat eden na drug...
no sepak ima dobri filmovi od sekade, samo ova Amerikanskive se najrasprostraneti, najreklamirani i zatoa se i najgledani...a pravat i dosta golem broj na filmovi godishno za razlika od drugite zemji vo svetot.
------------- http://imageshack.us">
[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 14:11
ruski !!,...
inache,....najgolem broj filmovi godishno se snimaat vo ,..indija,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 15:47
Velat deka evropskiot film imal poveke dusha... Deka e popriemchiv od amerikanskiot. Mislam deka zavisi od vidot i kategorijata na filmot. Site onie komercijalni ,koi se pravat za zarabotka ne mi se dopadjaat,bilo da e americhki ili evropski. Zaboravivme na dobrite americhki stari filmovi,kako i na ruskite(bravo brza).
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 16:02
македонски филм. заради големата психоанализа....
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: james dean
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 16:03
Па, мислам дека квантитетот си игра голема улога. Така, без разлика што од холивудските филмови има еден куп тешко ср.ње (со извинение) има и многу филмови кои не само што се добри, туку се и ... незаборавни, ненадминливи...!!! А покрај тоа јасно е и какви се буџетските компарации и каков резултат дава тоа, па така јас сепак ќе си гласам за холивуд (иако не со многу големо задоволство)!
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 25.Април.2008 во 17:53
sepak,...jas sum za ,......
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 00:05
Орка напиша:
Анастеа напиша:
Сакав да го гледам “The Invisible Woman“, ама не можам да го најдам.
|
Чудна
работа е со европските филмови низ нетов.Барем со неколку и јас се
намачив.Од овој го имам линкот еден поранешен колега редовно ми праќа линкови од Оскаровци,но го немам симнато за да можам и да го препорачам. |
Дај ми го линкот, ќе го симнам па после јас ќе ти го препорачам
Да не сум многу офтопик во другата тема, ми текна дека сум отварала ваква тема. Ај препорачајте ми нешто добро од европската кинематографија, оти не сум многу во тек со новите филмови. Срам - не срам, ќе си кажам.
Некако ми е премногу од холивудска комерцијала. Ми фали стариот, добар, уметнички филм од европските земји
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 19:28
Периодов слабо време и воља имам за филмови.И од доегашното искуство со колегава и европскиве филмови,ми праќа лоши линкови.И во најдобар случај лош е квалитетот на сликата.Но неретко бива да откако ќе го симнам филмот,воопшто да не можам да го гледам бара демек некојси плеер.Но всушност абер нема од филмот.И овој линк исто ми е сомнителен оти не е од торентите кои мене ми се сигурни,па од тие причини не би ти го препорачал. Инаку јас би европски попрво,но на толку кукање од Холивуд против пиратеријата чудно ми е како европскиот филм си ја нема таа мака.Барем не оние филмови кои одат по фестивалите. За превод и да не спомнувам...Поголемиот број ги имам гледано со англиски превод. http://www.youtube.com/watch?v=SMueV4C6T9o" rel="nofollow - Јас го имав пикирано овој за гледање...Но како напомнав периодов доволна ми е мојата драма
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Јануари.2014 во 19:32
Препорачајте ми некоја Српска комедија .
-------------
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 19.Јануари.2014 во 12:44
емил напиша:
Препорачајте ми некоја Српска комедија . | Српските во голем број ги имаш на youtube. Последен што јас го гледав беше "Мртав ладан"-Ништо посебно,лесен интересен.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јануари.2014 во 13:26
Орка напиша:
емил напиша:
Препорачајте ми некоја Српска комедија . | Српските во голем број ги имаш на youtube. Последен што јас го гледав беше "Мртав ладан"-Ништо посебно,лесен интересен. | Го имам гледано одамна
-------------
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 15:16
Орка напиша:
Периодов слабо време и воља имам за филмови.И од доегашното искуство со колегава и европскиве филмови,ми праќа лоши линкови.И во најдобар случај лош е квалитетот на сликата.Но неретко бива да откако ќе го симнам филмот,воопшто да не можам да го гледам бара демек некојси плеер.Но всушност абер нема од филмот.И овој линк исто ми е сомнителен оти не е од торентите кои мене ми се сигурни,па од тие причини не би ти го препорачал. Инаку јас би европски попрво,но на толку кукање од Холивуд против пиратеријата чудно ми е како европскиот филм си ја нема таа мака.Барем не оние филмови кои одат по фестивалите. За превод и да не спомнувам...Поголемиот број ги имам гледано со англиски превод. http://www.youtube.com/watch?v=SMueV4C6T9o" rel="nofollow - Јас го имав пикирано овој за гледање...Но како напомнав периодов доволна ми е мојата драма |
Еееее оваа Анжелика ја имам дома, беа едно 8 тома книги плус 2 ако се сеќавам добро. Ги читав летно време за релаксација и се сеќавам на интригите, заплетите и неволјите во кои запаѓаше Анжеликата и на грозниот Joffrey de Peyrac со лузната на лицето. Баш сакам да го гледам филмот, да видам како е екранизирана книгата. Излезен ли е веќе или уште се чека (за такви неинформирани како мене)?
И јас немам баш време за филмови, затоа бирам само нешто што знам дека ќе ми се допадне и нема залудно да си ги потрошам тие саат ипол - два.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 16:14
Останувам на тоа дека овие филмови(европски)тешко се наоѓаат. Освен некој ако не не просветли. Симнав пред две три недели еден линк,но беше со пасворд зипуван. Ако и успеам да го најдам,прво ќе те потпрашам да видам дали ја имаш прочитано книгата,па ќе ти го испратам линкот.
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 23:58
Орка напиша:
Останувам на тоа дека овие филмови(европски)тешко се наоѓаат. Освен некој ако не не просветли. Симнав пред две три недели еден линк,но беше со пасворд зипуван. Ако и успеам да го најдам,прво ќе те потпрашам да видам дали ја имаш прочитано книгата,па ќе ти го испратам линкот. | мислам дека можеш да го најдеш многу полесно филмот, доколку го пишеш оригиналното име од јазикот на земјата од која потекнува
инаку јас ги ценам европските филмови многу повеќе од америчките, од проста причина што во Холивуд тоа е индустрија, а во Европа е уметност додека во холивуд фокусот е да се запазат некои канонски филмски стандарди (кои веќе ги знеме на памет и се потсмеваме со нив), во Европа, фокусот на филмовите е врз емотивната и моралната содржина на филмот кој во себе содржи некоја животна филозофија, и истата се осеќа преку посебениот стил на филмовите индивидуално... кој е како створен за да се соживееш со него (без разлика на жанрот или стилот на кој припаѓа) последен европски филм што го гледав и ми остана во сеќавање, е чешкиот „Men in hope“ (Muzi v nadeji) и го препорачувам
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 21.Јануари.2014 во 00:24
Конкретно "Angélique" така ја барав и немав успех. Инаку се сеќавам кога пред некоја година го барав "Nanga Parbat" убаво се изнамачив за да по некоја среќа и го најдам.Зборувам во периодот додека тој како филм сеуште одеше по фестивали.За да денес веќе го има и на youtube. Мој впечаток е тој,без да конкретно се заинтересирам дали има некоја вистина во тоа...Дека прилично добро се справуваат со пиратеријата
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 21.Јануари.2014 во 03:48
Орка напиша:
Конкретно "Angélique" така ја барав и немав успех. Инаку се сеќавам кога пред некоја година го барав "Nanga Parbat" убаво се изнамачив за да по некоја среќа и го најдам.Зборувам во периодот додека тој како филм сеуште одеше по фестивали.За да денес веќе го има и на youtube. Мој впечаток е тој,без да конкретно се заинтересирам дали има некоја вистина во тоа...Дека прилично добро се справуваат со пиратеријата | можеби ова е проблемот... ако сакаш да гледаш филм дома, а не во кино, треба почекаш некој месец барем само холивудските блокбастери излегуваат побрзо поради големиот интерес, и тоа често се во неквалитетна кино снимка
се сеќавам дека „Скопје ремикс“ сакав да го симнам од интернет ама не можев никаде да го најдам, за после година дена да го најдам на youtube... исто така сакав да го симнам филмот Rush кој излезе уште во август, па го најдов дури минатиов викенд (го имаше, ама јас сакав да го најдам во поквалитетна снимка)
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Јануари.2014 во 00:08
Орка напиша:
Останувам на тоа дека овие филмови(европски)тешко се наоѓаат. Освен некој ако не не просветли. Симнав пред две три недели еден линк,но беше со пасворд зипуван. Ако и успеам да го најдам,прво ќе те потпрашам да видам дали ја имаш прочитано книгата,па ќе ти го испратам линкот. |
Значи ќе ме тестираш. Само имај во обзир дека сум ја читала пред 20 и кусур години.
Слично како на Забеган е и моето мислење. Немам ништо
против америчките филмови, само не ми се допаѓа таа претерана
комерцијализација. Јасно дека сите филмови се прават за пари, а не
за семки и кикирики. Ама некои се тешка комерцијала и не наоѓам ништо
заедничко помеѓу нив и уметноста.
Ви го препорачувам италијанскиот кандидат за Оскар, http://www.imdb.com/title/tt2358891/" rel="nofollow - La grande bellezza... Италијанците
му беа малку налутени на Сорентино, за горчината во филмот, за
декаденцијата и ништожноста со која ги насликал римјаните, наспроти
убавините на самиот град. Но сепак преовладуваат позитивните критики. И
убаво им одговори кога го примаше Златниот Глобус: "Grazie
Italia, questo è davvero un Paese pazzo, ma bellisimo" (Ти благодарам
Италија, ова е навистина една луда земја, но преубава).
Филмот изобилува со ласцивни сцени, па најдобро да не се гледа во присуство на деца.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Март.2014 во 07:13
Специално за Орка и Анастеа препорачувам оваа пријатна комедија . Токму ќе си го повежбат малкучка рускиот јазик .
-------------
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 20.Мај.2014 во 11:02
http://zagonka.ru/3077-vot-eto-lyubov-online.html" rel="nofollow - Я смотрю
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 20.Мај.2014 во 11:06
Јас не сум го видела ова. Баш ќе го изгледам. Спасиба.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 29.Јуни.2014 во 23:35
Поради вакви филмови, повеќе ја сакам европската кинематографија. Многу силен филм, како не сум го гледала до сега.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 04.Јули.2014 во 10:09
Еден од подобрите европски филмови. Втор пат го гледам и пак си го изгустирав.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
|