IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 65>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 08:02

Даниел број 1 за публиката на X Factor!

По долги тестирања и елиминации, за некои тажни за други среќни, конечно дојде и полуфиналето на X Factor.

И додека има уште долги 10 недели до финалето на шоуто, сепак оваа прва вечер, нашите Даниел Кајмакоски и Филип Јаневски – Фифи успеаа да ги освојат и жирито и публиката.

Даниел, по избор на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ, ја испеа песната One од U2. Воедно, тој беше единствениот изведувач кој беше придружуван и од бенд. Даниел целосно се внесе во стиховите, но уште повеќе во прекрасното исполнување. Тој доби позитивни коментари од сите членови на жирито. И водителот целосно го пофали и му кажа дека тој е еден од оние миротворци кои чекорат по земјата! Тој уште еднаш покажа дека е навистина родена ѕвезда и гордост македонска, па токму поради тоа имаше освоено најмногу гласови !

Фифи заедно со Маринела, односно дуетот H2O ја испеаа познатата песна од Кристина Агилера - Beautiful. Фифи пееше со целосни чувства, можеби токму поради тоа што се пронаоѓа во зборовите од песната. Додека таа пееше публиката ракоплескаше, а двете беа навистина возбудени. Гласовите на Фифи и Маринела мошне добро се совпаднаа и имаа прекрасна интонација. Кристина Ковач избрала навистина добра песна за овој дует, што дури сите членови од жирито ја пофалија. Фифи и Маринела ќе треба повеќе да се потрудат за следниот настап, бидејќи беа предпоследни во овој избор.

За жал, најмалку гласови имаа Александра Брковиќ, која ја исполни You've Got the Love и Младен Лукич, кој ја испеа легендарната Bacila je sve niz rijeku. Овие кандидати по гласањето пееа уште две песни, па на крај жирито одлучи дека Младен треба да излезе од шоуто.

Гости на X Factor беа неверојатните 2Chellos, кои исполнија неколку познати хитови на нивен начин. Како и да е на нашите кандидати им посакуваме исто волку голем успех и следната недела!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 09:30
Маринела појма си нема од пеење...
не ми се допаѓа и девојкава што отиде понатаму сепак бев за Младен, подобар беше.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 15:44

Првото Live Show на „Х-фактор“ беше отворено со заеднички настап на сите кандидати кои ја испеаја „Za million godina“ од Yu rock misija.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-01

Она што беше најголема тајна и најголемо изненадување изминатите денови, се откри. Новиот водител на шоуто е Славко Калезиќ, кој беше претходно во улога на натпреварувач во групата на Жељко Јоксимовиќ. Откако не помина во следната фаза, а со оглед на неговиот талент и актерската професија, одлично се снајде и во оваа улога.

Прва натпреварувачка која го отвори првото Live Show беше Александра Брковиќ од групата на Кики Лесендриќ. Со изведбата на „You’ve got the love“ од Florence and the Machine, изразувајќи ги сите емоции, во нејзин стил го освои жирито. Тие го препознаа нејзиниот напредок и оригинален печат.

Вториот настап беше на Младен Лукиќ од групата на Жељко Јоксимовиќ. Емотивна и импресивна изведба на тешката балада „Bacila je sve niz reku“ од групата Индекси. Со својата специфична боја на гласот, премногу емоции и авторската преработка, без разлика на тремата, сите беа допрени. Пофални зборови имаше дури и од Кристина за Жељко, како негов ментор кој му помогнал да блесне на сцената.

Женскиот бенд „4U“ под менторство на Кристина Ковач во оригинален стил и одлично согласени ја изведоа „Roar“ од Кети Пери. Слатки, нежни и оригинални, вистинска женска сензација која може да биде балканска атракција. За нив и Жељко упати пофалби кон Кристина и нејзината работа.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-4

Еден од најмладите натпреварувачи Харис Ќато (14) од групата на Емина Јаховиќ настапи четврти со песната „Stay“ од Ријана. Одлична изведба со соодветен зрел глас кои веќе ги има освоено симпатиите на неговите врснички. Талентирано дете кое може уште многу да покаже. Ги заслужи сите пофалби од жирито.

Втората најмлада натпреварувачка која настапи како петта е Илма Карахмет (13) од групата на Кики. Малото девојче со феноменален глас кое прво ги освои симпатиите и ја крена публиката на нозе уште на првата аудиција. Настапи со песната „Sve će to o mila moja“ од Bijelo Dugme, која не ѝ била по желба, бидејќи не можела да се пронајде во текстот. Сепак, како што искоментира и Жељко, дури и текстот да е од мени, таа знае да го отпее на врвно ниво. Не е важно што пее, таа ја внесува сета душа и сиот талент.

Алкса Петровиќ во шпански стил со изведба на „А mi manera“ од Gipsy Kings, пренесе вистински латино емоции. Како еден од најзгодните натпреварувачи со исклучителен глас и настап, знае како да ја освои публиката.

Вистинска женска енергија и емоција покажа седмата натпреварувачка, Маја Новаковиќ од групата на Жељко. Емотивна изведба на песната „Ako je vrijedilo išta“ од Vanne која уште еднаш ја отвори нејзината душа и ги покажа најдлабоките емоции кои таа најдобро знае да ги сподели кога е на сцена. Со специфичната боја на глас и настапот, допира до сите.

Осмиот настап беше на женското најсјајно и најконтраверзно дуо „H2O“ составено од нашата Фифи и Маринела Џогани. Одлично согласени ја изведоа моќната песна на Криситина Агилера „You’re beautiful“. Без посебни забелешки и само со пофалби од сите членови на жирито. Покажаа навистина што знаат и умеат. На сцената делуваа моќно и самоуверено, како веќе докажани ѕвезди.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-3

Машкиот бенд „Доктори“ се вистинска атракција и музичка сензација. Потсетуваат на убавите времиња и популарните „boy бендови“, но се сосем оригинални и свои. Доволно симпатични и слатки и особено многу талентирани за да освојат огромна публика и да доживеат слава за која не сонувале. Песната „Osloni se na mene“ од Оливер Мандиќ ја испеаја навистина „докторски“.

Тамара Милановиќ, која на првата аудиција речиси сите ги расплака, овојпат со широка насмевка и многу самодоверба ја испеа познатата „Dodirni mi koljena“ од група Zana. Жирито само со пофални зборови за нејзиниот настап, сигурноста и преубавиот глас, но со мали забелешки за изборот на песната.

Уште еден натпреварувач од групата на Емина, како единаесетти настапи Лукијан Ивановиќ со преубавата балада на Blue „Sorry seems to be the hardest word“. Талентиран и вреден, после многу промени на песната за овој прв настап во живо, преполн со емоции ја изведе баладата баш како поп ѕвезда. Тој е уште еден од милениците на женската публика.

Последното и веројатно најдоброто за самиот крај беше настапот на нашиот Даниел Кајмакоски. Светска изведба на одличната „One Love“ од U2 . Како вистинска ѕвезда од глава до пети, македонска и балканска гордост, најголемо откритие на ова шоу се дел од коментарите на жирито. Бура од емоции и овации низ публиката, Данил знае на вистински начин да ги освои сите симпатии.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-2

По настапите на сите 12 натпреварувачи започна гласањето со испраќање СМС - пораки со впишување на редниот број на кандидатот. Во меѓувреме, додека сите ги средуваа впечатоците и емоциите во бекстејџот, на сцената свој настап имаше светското дуо „2 Cellos“.

Откако беа познати гласовите се прогласија оние кои поминуваат во следното Live Show: Даниел Кајмакоски, бендот „Доктори“, Лукијан Ивановиќ, Илма Карахмет, Алекса Петровиќ, Тамара Милановиќ, Харис Ќато, женскиот бенд „4U“, Маја Новаковиќ и дуото „H2O“.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-1

Младен Лукиќ и Александра Брковиќ беа натпреварувачите со најмалку гласови кои веднаш беа поставени во следната фаза за елиминација, односно дуел, каде пееја уште по една песна. Двајцата на свој начин, многу емотивно и точно ги испеаја избраните песни.

Александра со „Nobody’s perfect“ и Младен со „Rijeka suza i na njoj lađa“ повторно покажаа дека е тешко да се отфрли кој и да е. Бидејќи и жирито беше со поделени и изедначени гласови, изборот остана на публиката, односно соопштување на оној кој добил најмал број гласови од СМС-пораките.

Според пристигнатите гласови од публиката првиот исфрлен од првото Live Show на „Х-фактор Адриа“ е Младен Лукиќ.

Наскоро веројатно ќе постои нова можност и бараж натпреварување за сите отпаднати, при што ќе може да се вратат некои од натпреварувачите.

Оваа можност засега е отворена само за оние кои излегоа од куќите на судиите: Александра Секулиќ, Маид Хеќимовиќ ,Лука и Јана и Милош Бајат, за кои досега публиката најмногу гласаше за да влезат на настапите во живо.

koj-bese-najdobar-a-koj-e-prviot-otfrlen-vo-x-faktor-adria-5

Следете ги настапите во живо секој вторник, на Сител Телевизија од 21:00 часот и гласајте за нашите натпреварувачи Даниел и Фифи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 15:53
Типчињата како Лукијан,Алекса ,Докторчињата ќе се провлекуваат и понатаму од едноставна причина што тие се интересни за победа во очите на женската публика која е присутна во голем број и нормално гласа за нив.Девојките не се замараат дали Алекса или Лукијан имаат добар или лош тоналитет ,за нив е пресуден физикусот и имиџот на момчињата:)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 16:05
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Типчињата како Лукијан,Алекса ,Докторчињата ќе се провлекуваат и понатаму од едноставна причина што тие се интересни за победа во очите на женската публика која е присутна во голем број и нормално гласа за нив.Девојките не се замараат дали Алекса или Лукијан имаат добар или лош тоналитет ,за нив е пресуден физикусот и имиџот на момчињата:)
Исто така и за оној  ненормалниот гејо Фифи кој пее ужасно ,ЛГБТ само за него ке гласа ,моментално за нив е како МАРТИН ЛУТЕР КИНГ со ај хав а дрим 
Train hard,Fight easy !
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 22:57
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:09
РЕТРО-ПРЕДРАСУДИ СПАКУВАНИ ВО „Х-ФАКТОР“

Времето лета, но некои работи остануваат исти. Или состојбите. Дури и една забавна емисија како што е „Х-фактор“ може да биде добар показател дека многу работи не се помрднале во последниот четвртина век на овие балкански простори. 

Жирито, составено од вистински музички ѕвезди: Жељко Јоксимовиќ, Kристина Kовач, Kики Лесандриќ и Емина Јаховиќ, кои на многумина од натпреварувачите им биле идоли, по некои јавно искажани ставови, оценки и пристрасни залагања за одредени натпреварувачи, не само што се демистифицираа туку на моменти учениците се на ниво над учителите. 

На пример, никој немаше да ~ забележи на Емина Јаховиќ кога „нејзините“ ученици ги најавува како нај, најѕвезди, с` додека не се обиде да скрие дека функционира според поговорката - од кал да си, од Босна да си. Дури и забелешката на Kристина Kовач дека песната на Илма (од Босна) е лош избор на Лесендриќ, кој беше нејзин ментор, Емина ја дочека на нож, од што се доби впечаток дека за музички идол единствен репер не е музиката, туку некои други мерки непримерни за неа. 

Kај Јоксимовиќ, кој е врвен музичар, се евидентни проблеми што човекот очигледно ги има со сексуалноста на учесниците. Kристина Kовач, пак, слободно може да се нарече „жена за сва времена“, растоварена од предрасуди, без влакна на јазикот, која за разлика од другите не прави компромиси и единствена го кажува тоа што го мисли. 

Сликата позната, ретро. Исто како пред повеќе од дваесетина година кога во поранешна Југославија се избираше песна која ќе н` претставува на Евровизија, па секоја република влечеше на своја страна и затоа, наместо најдобрата песна, во Европа н` претставуваа песни избрани по пат на клуч или по други критериуми, но никако не по музичко-естетски. Па, затоа во четириесет години само еднаш победивме, но затоа пак речиси секоја година бевме на дното од табелата. 

Се разбира, и тој избор на песна за Евровизија има свои „правила“, исти како нашите, па функционира регионално - пријателски по принципот „јас на тебе глас - ти на мене глас“ и, се разбира, во такви околности бевме незначајни. 

Но, да се вратам на овој „Х-фактор“, кој стана мошне забавна содржина во последно време, а кој (барем според мене) требаше да покаже дека во меѓувреме се победени многу предрасуди од различен вид, а особено во музиката. Но, не излезе така. Вистината ни плукна в лице. 

Јас, на пример, сум среќна што Даниел Kајмаковски и Фифи се од Македонија. Даниел зашто извонредно пее, зашто е добар и вреден човек, исто како и Фифи, која убаво пее, борец е и знае што сака во животот. Неумесно и дегутантно е по секое нејзино појавување на сцена, наместо за нејзината интерпретација, тема на опсервација на членови од жирито да е нејзината сексуалност. Зошто не се зборува за сексуалните склоности на останатите кандидати за музички идоли или, пак, за сексуалноста на одредени членови на жирито, кои имаа афери врзани токму на оваа тема? Баш сакам да објасни членот на жирито како сексуалната определба на Фифи влијае врз квалитетот на нејзиниот глас. 

И наместо да се вреднува пеењето, јавноста очигледно сега повеќе ја интересира колку некои членови на жирито напреднале во прифаќањето на другоста кај кандидатите. Kако и да е, жирито не пропушта да биде центар на внимание во шоуто. Дали тоа е на сопствена штета - ќе покаже времето. 

На човек мило да му стане што во жирито немаме претставник од нашата земја, а да се радува што во „Х-фактор“ имаме учесници на другата страна - натпреварувачката. 

Даниел и Фифи, супер сте, ние сме со вас! 

Сакав да речам, нека победи најдобриот.

Лилјана ГРЏО ДАМОВСКА


http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=AD929A3B02D2DC438E79BFBB7D3DC1B3&fb_action_ids=10202962171914046&fb_action_types=og.recommends&fb_source=other_multiline&action_object_map=%5B213167062203233%5D&action_type_map=%5B%22og.recommends%22%5D&action_ref_map=%5B%5D

Train hard,Fight easy !
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:54
Даниел или Тамара ... еден од нив победник ... се друго за мене ќе е неуспешно шоу
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:58
Originally posted by mrzla mrzla напиша:




Фифи и он слабо пее песна што ја знае како оче наш


Фифи проаѓа само затоа што е дует со Џогани плазење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:59
Леле Санти Тамара?
се извлекува од првиот впечаток од Адел
инаку слабо се покажа после тоа
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 14:08
Да другар Тамара ... Навивав за неа и на Ја имам талент трепкање
Чек ... че мајџепса она пак 
Ех ... трепкање




I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 23:05
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Даниел или Тамара ... еден од нив победник ... се друго за мене ќе е неуспешно шоу

и јас сум за да
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 00:18
Според мене само Даниел ја заслужува победата!
Многу се провлекоа на стара слава!
Даниел е оригинален  и без импровизации!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kisserboy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2014
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kisserboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 03:09
Мои фаворити се Дание,Лукијан и Тамара
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.