IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Имотот на политичарите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Имотот на политичарите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2010 во 16:39
Па луѓе дали навистина известувачките служби имаат такво влијание во политиката кај нас?.
Инаку ниту една власт не сака закон за испитување на потеклото на имотот, а сега веќе е и доста доцна, се измеша капиталот со оној од компании од надвор и тешко да се направи ревизија во целост - ќе ги избркаме инвеститорите.
А би требело.А и она - јас мојот капитал сум го претворил во злато...работниците во обично бовчиче.
Срамна изјава за еден политичар - но народот полека слабо ги детектира скандалозните изјави на политичарите како и онаа од власта за најголемиот криминалец? А што прави власта?ѓавол
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2013 во 21:25
Колку тежат албанските политичари -
од трактори до имоти на Косово и во Германија !

Станови и деловни објекти во странство, тенки банкарски сметки, многу земјиште... Од „скромни" до „поимотни" се анкетните листови на директорите и пратениците од албанскиот политички кампус.

Скржави се податоците околку  состојбата на нивните девизни сметки. Некои од нив, судејќи според она што го содржи анкетниот лист, и воопшто не располагаат со банкарски сметки. Дел од недвижниот имот на некои од функционерите, се води на име на родители или роднини по крвно сродство. Некои имаат и богати деца.

Ермира Мехмети, пратеничка од ДУИ

Мехмети има сопствено возило, две платежни картички и кредит на свое име. Според расположивите податоци од нејзиниот анкетен лист, оваа пратеничка од редовите на владеачката ДУИ, го пријавила станот на брачниот другар, со површина од 70 квадратни метри со вредност од 58.400 евра. Мехемти има автомобил марка „тојота аурис“, а раполага со две платежни картички на кои има 1.000 американски долари и месечната плата. Пратеничката треба да врати кредит од 15.190 евра во рок од седум години.

Хајрула Мисини, пратеник од ДУИ

Мисини од недвижен имот има куќа со двор во Куманово, со пријавена вредност од 37.500 евра. Пратеникот прикажал две возила, едното марка „ровер“, а другото марка „голф 5“, за кое не посочил во чија сопственост се. Родителите на Мисини имаат куќа од 190 квадратни метри во Куманово и поседуваат шума од 1 хектар на Косово. Мисини лани во банките се задолжил со два кредити во вкупна вредност од 35.000 евра. Во исто време, од 2008 година отплаќа лизинг за личен имот во вредност од околу 21.000 евра.

Бехиџудин Шехаби, пратеник од ДУИ

Судејќи според расположливите податоци од анкетниот лист, пратеникот Шехаби нема ниту движен, ниту недвижен имот. Пријавил само две работи - куќата на своите родители во Тетово во вредност од околу 200 илјади евра и како сопствен личен имот – денарска штедна киншка со 25 илјади денари.

Рафис Алити, директор на „Македонски пошти“

Богати деца и брат, а скромен личен имот има Алити. Директорот на „Македонски пошти“ Алити, според податоците од анкетниот лист на свое лично име пријавил куќа во село Радуша од 210 квадратни метри во вредност од 110 илјади евра. Во истото село на име „заеднички имот “ пријавил земјиште со вредност од 55.000 евра. Братот на Алити располага со куќа вредна 80.000 евра и деловен простор во Германија со исто така проценета вредност од 80.000 евра. Како имот на децата, директрот од редовите на ДУИ пријавил две парцели земјиште вредни 30.000 евра и два објекти во вкупна вредност од 22.000 евра, лоцирани во село Радуша.

Илир Мемети, заменик директор на Царинска управа на Македонија

Станови во Косово, куќа и земјиште во Тетово, но целиот имот е на име на родителите. Овој владин функционер на свое име, според податоците од анкетниот лист има автомобил марка „пежо 307“ во вредност од 10.000 евра. Останатиот имот е на родителите, кои поседуваат деловен простор, куќа и земјиште во Тетово во вкупна вредност од 950.000 евра, два стана во Косово во вкупна вредност од 95.000 евра и деловен простор од 200.000 евра. Или според расположливите податоци, родителите на Мемети располагаат со имот вреден над 1,2 милиони евра.

Џељаљ Бајрами, заменик министер за транспорт и врски

Бајрами располага само со штедна книшка на која има 5.000 евра. Се останато што пријавил во анкетниот лист е на име на родителите, братот и на сопругата. Така, неговите родители поседуваат куќа, земја и деловен простор во Кумановско.

Немаат банкарски сметки – поседуваат трактори!

Дел од актуелните функционери и пратеници, според податоците од анкетниот лист, не располагаат со банакрски сметки, сопствена куќа, стан. Имаат само автомобили. Личниот имот им е „скормен“, но имаат богати родители, деца, браќа.

Орхан Ибраими, пратеник од ДПА

Пратеникот Ибраими на свое лично име пријавил само куќа во Куманово во вредност од 32.500 евра. Според податоците од анкетниот лист, овој опозициски пратеник пријавил пет парцели на земјиште како „заеднички имот“. Ибраими пријавил автомобил марка „мерцедес“ во вредност од близу 5.000 евра. Пратеникот, според анкетниот лист, не располага за банакрски сметки.

Назиф Буши, директор на Аеродроми на Македонија

Скромен е анкетниот лист на директорот на оваа фирма. Буши пријавил куќа на име на неговите родители од 800 кавадратни метри во Скопје, без да се наведе цената. Во анкетниот лист на Буши има само уште еден податок – земен кредит во 2004 година, во вредност од 15.000 евра со рок на отплата од 10 години. Според расположливите податоци, нема пријавено ниту автмобили, ниту банкарски сметки.

Џемаили Елмази, директор на Биро за регионален развој

Уште еден скромен анкетен лист. Директорот на Бирото за регионален развој пријавил куќа во Тетово во вредност од 75.000 евра, трактор од 2.000 евра и моторно возило марка „опел астра“ во вредност од 8.000 евра. Нема податок во чија сопственост е овој имот.

Музбајдин Ќамили, директор на НУ Албански театар

И директорот на Албанскиот театар, според податоците од анкетниот лист, нема ниту банкарски сметки, ни сопствен стан, куќа. Ќамили пријавил возило во вредност од 12.000 евра и кредит од 5.000 евра.

Брахим Ајваз, градоначалник на Арачиново

Куќа од 100.000 евра и возило марка „ауди“ од 6.000 евра. Ова стои во имотниот лист на градоначалникот на Арачиново. Не е прецизирано на чие име се води овој пријавен имот. Куќата од 400 квадратни метри е во Арачиново и била изградена во 1976 година. Во анкетниот лист нема податоци за друг имот или банакрски сметки.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2014 во 19:23
Само на Грујо мајка му крши четири парчиња од лебчето за куќа....смеење
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2014 во 00:17
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

Само на Грујо мајка му крши четири парчиња од лебчето за куќа....смеење

А пак синот нејзин ..осум пати и(м) крши кичма на опозиција..и тоа едно-подруго.
пс
Изгледа дека најверојатно....тоа им е некое си фамилијарно генетско наследство!?. 
збунетост
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2014 во 14:19
ова извртувањето на темите ви е генетски или со некој чип ви е контролирано, а....
или споменувањето на Севишниот во негативен контекст одма ве активира...
Среќа што братучедот живее под кирија и што нема сопствен стан, не треба да крши од лепчето и за куќата....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2014 во 00:01
Никако почитуван колега..ни-ка-ко ..се под-разбира.
Тоа ти е ....само поглед од поинаква-та страна (или агол) ако така милуваш да гледаш на нештата..
Се разбира ....дека јас искрено се надевам дека овде и сега....демек од другата „страна„ , не зборувам со некојси (овде) виден како „чипосан„ и Wi-Fi...контролиран!!!.
намигнување

Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.