|
СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ |
Внеси реплика | страница <1 6061626364 67> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ауууу, кој е поетот? |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш бе лепотице!“
Чувај го оној што станува малце отсабајле пред тебе. Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш. Чувај го оној потем на наткасната од креветот што ќе ти остави Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе. Чувај го оној што ќе ти викне со весел глас: Станувај вештерке за клецање шопрајме? Чувај го оној кого ќе го налутиш што не ти ја пцуе мајка ти ами тебе. Чувај го оној што и ако се разделите ќе знаеш деке тој стално на мајка ти п**ката ќе и е благодарен што те родила баш тебе! Чувај го оној што пробуваш срцето со милост од петни жили која ја вадиш да му го омекнеш! За на момемнти кога ќе стане несигурен , троа љубоморен да собереш сила и да му кажеш: Те сакам бе будалче – тебе те сакам баш тебе ... само тебе! Чувај го оној што ќе ти каже : Губи ми се – јас тебе не ! Чувај го оној чиј поглед му говори: Јас тебе дупло. Оној ист поглед кој може да те соблечи и расплаче – во исто време! Чувај го оној што останува во собата кога лом ќе се испокарате! Чувај го оној што не напушта ами чека да ја лупнеш ти прва вратата. Чувај го оној што прв излегува од колата и ти ја отвора вратата и кога сте лути за да излезеш. Чувај го оној што те смее и ти знаеш да го насмееш. Чувај го оној од кого никогаш "ми дужиш" или "ти дужам" нема во животот како збор да го чуеш. Чувај го оној кој те знае. Чувај го оној кога си депре што знае како циркуски слон душата со триста тривијални глупости и смешки да ти ја испрска и од сивата прашина да ти ја измие. Чувај го оној кој знае да молчи кога треба. Чувај го оној кој знае да молчи како риба и како муле. Чувај го оној кој знае да гушка како горила во тие јебени мигови... oној кој не остава срцето да ти се предели на две кога некој твој близок од овој свет ќе си замине. Чувај го оној што те брука на свадбите од твоите роднини и пријатели оти се радува - ко негови да се. Чувај го оној чие рамо ќе знае солзите твои да ги памети и да ги впие. Чувај го оној во чие рамо солзите твои се закачени како игли во шивачко перниче. Чувај го оној за чие минато малце ќе знаеш. Чувај го оној што за ситници или трагедии понекогаш ќе знае и да те подизлаже. Чувај го оној што знае да те заштити од се што превидел или правел. Чувај го оној што годишници и родендени заборава. Чувај го оној што и простува така. Чувај го оној што од улица знае да ти викне наздравје ако ти на терасата на глас кивнеш. Чувај го оној што не го мрзи и стопати по ред тоа да ти го каже. Чувај го оној што слуша весел и плиток турбо фолк и го чита Неруда, Шопенхауер и Тагоре пред спиење. Чувај го оној што ќе ти ги кажува девојките од претходната ноќ кога бил излезен со другари дека му се пуштиле. Чувај го оној што те сака и заради цицките и заради очите. Чувај го оној што и ти го сакаш заради неговиот тврд газ и лудилото кое му шиба ко токиско метро во мислите. Чувај го оној кој станува малце пред тебе утрото, а секогаш легнува малце после тебе. Чувај го оној што станувам малце пред тебе колку да те погледа како спиеш. Чувај го оној потем на наткасната од креветот ќе ти остави Нескафе што чади во црвена шоља како неговото срце по тебе. Чувај го оној што ќе знае да ти ги подигне како ролетни со радост со глупости со живот некои утра кога ти се тешки и од очите капаците. Чувај го оној наутро на масата дури молчиш како накиснат стаорец што ќе ти каже: Види ни оставиле на кваката флаер дека прават слатки и торти за веселби - сакаш да им кажеме „создравје да ви се јадат и да им спуштиме?!“ Чувај го оној што следната секунда ќе те плесне по газ кога ќе прснеш со кафето и во лице ќе го испрскаш од смеење! Чувај го оној што ќе те бакне одма после во чело и ќе ти каже отидов на работа -имај убав ден лепото - се слушаме после! Чувај го оној што те знае уште пред да се запознаете. Чувај го оној со кого времето брзо ти поминува. Чувај го оној со кој животот знаеш дека ќе ти пројде како луд викенд. Чувај го оној што ќе ти дојде со трубачи и пола пијано маало на породилно... ако останете заедно... ако останете заедно и ако му дадеш дете. Чувај го оној кој те прави луда. www.youtube.com/watch?v=iVJPtpgh9Is Чувај го оној кој знаеш дека е луд по тебе. Чувај го оној што ќе те натера во предбрачен договор да стои дека мора во рок од една година море да ставите излација и силни звучници во веце – за заедно да се туширате. Чувај го оној чии очи прават како хаус бас да чука твоето срце. Е тој да го чуваш... Тој да го чуваш бе лепотице! Darko Lesoski....... |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
камелеон
Сениор девојката со точакот Регистриран: 12.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 587 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
http://www.youtube.com/watch?v=sEj3Ife6rqU
|
|
камелеон
Сениор девојката со точакот Регистриран: 12.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 587 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aleksić Jordan
Ogolio sam misli svoje i nemam ih namere pokriti, ne više... U njima si stvorena samo za mene, a to se ne zaboravlja... Samo se pitam da li živim san ili sanjam život? |
|
http://www.youtube.com/watch?v=sEj3Ife6rqU
|
|
камелеон
Сениор девојката со точакот Регистриран: 12.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 587 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kiša je oprala svu moju nadu ,
k'o bezimeni prolaznik šetam po gradu , pitam se odakle da krenem sutra , i kakva mi mogu svitati jutra ? Laž u narodu sakri sad svetca , koji je bio ko druga deca , u srcu nosio ljubav i nadu , a sada je eto ko ptica u padu . Ko je se pobrino da sve promeni , i da moj život okrene sebi , iz kuće izašla kao sirota , da pronađem mir novog života . Hvala ti prijatelju na svoj tvojoj muci, al' ja život svoj držim u gvozdenoj ruci , do sada niko poljuljo ga nije , nećeš ni ti s namerom koja se u tvojoj ruci krije. Eto toliko za sada od mene , idi sad živi životom druge žene , ne puštaj svoj život zbog gluposti da vene, jer se ludost ne zaustavlja jednom kad krene. |
|
http://www.youtube.com/watch?v=sEj3Ife6rqU
|
|
д4б3
Сениор Lord OFF the topic Регистриран: 31.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 2580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
IF you can keep your head when all about you
Are losing theirs and blaming it on you, If you can trust yourself when all men doubt you, But make allowance for their doubting too; If you can wait and not be tired by waiting, Or being lied about, don't deal in lies, Or being hated, don't give way to hating, And yet don't look too good, nor talk too wise: |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Ете така беше...Така ми пројде младоста ноќта во сонот кога јас и ти се скаравме.“
Вака беше: Кога ми го заврте образот да те бацам таму, а идев на усните мене ко шамар да ми врзал Херкулес ме болеше. Вака беше: Кога ти реков чао убаво да спиеш а не слушнав ништо мене како динамит некој да ми активира во градиве и ми дојде на плачење ама се сопрев Вака беше: Кога првпат различно во две таксиња наместо во едно заедно ние си одевме мене ко со жилетче некој да ми минуваше низ џигериве и меѓу прстите на нозете. Вака беше: Кога таксистот ме праша учтиво : до каде момче ? мене ми дојде да му кажам до у пизду материну шефе ако знаеш кај е ! Вака беше : Кога ме праша дали имам десет за да ми врати пеесет мене ми дојде да му кажам имам имам ама може не треба ако те замолам на таа и таа адреса да и однесеш канта сладолед ама реков само повели и преќутев Вака беше: Kога отклучив и во ходникот ги видов твоите папучи ми дојде со заби да ги изгризам ко куче! Вака беше: Кога се фатив пастата за заби како крвнички ја стегам насреде ко таа да ми е крива за се јас испуштив и туш и вода во шољата и машината ја уклучив на празно да пере. Ко да ќе ме чуе некој ко да ќе ме чуеш ти од негде кришем , оти не сакав да признаам оти не сакав ни себеси да си признаам дури липав дека воздух неможам да поземам и тоа дека се си ми и тоа дека никого не сум сакал како тебе. Вака беше кога стравот ме навјаса ноќта кога се скаравме и тоа дека може никогаш нема да те видам повеќе -кога ми шепотеше Луцифер. И дека моето јас веќе го нема. Го снема заедно со тебе. Во таксито. Во дупчињата од лавабото со измешаната пена од забиве и солзите од очиве Вака беше вака гласот ми шепотеше : дека меури од сапуница, дека меури со истата вода ќе прават твоите дечиња после некое време ама друг татко ќе им биде наместо мене Потем легнав. Се измив претходно ко да ќе ме види некој дека сум плачел, а сам бев. Потем легнав и не знам Не знам дали заспав или умрев. Вака беше: Утрината ме немаше во огледалото. Утрината јас дојдов на работа кај тебе, а ти само гледаше низ мене. Гледаше низ мене неколку секунди и се чудеше. Вака беше: Jaс ти велев: Извини лепојко извини еве ме ! - и стоев пред тебе! A ти не ме слушаше. И си заминав. Си заминав низ ходникот како никој да не ми отворил врата и пројдов без да ме застанат долу од обезбедување. Потем си ја видов сликата во весникот на последната страница. Си ја видов сликата во весникот од дедото што седеше во автобусот до мене и се убив од смеење. И никој не се заврте. Никој не се заврте. Сфатив. Тогаш сфатив дека сум умрен по тебе. И дека ме оставија на земјата зошто само тебе сакав. Зошто те сакав повеќе од се. И сфатив дека се дури е така мене ни Бог ни Ѓаволот ништо не ми може. И се смеев. И се смеев над насловната од весникот „Фејсбук поетот утрово пронајден мртов во својот кревет“ - дури над него јадев бурек. Зошто знаев дека ќе те видам, дека ќе те видам вечер и ти се ќе ми простиш. Зошто знаев дека се ќе ти простам и јас тебе. Ете така беше. Така ми пројде младоста ноќта во сонот кога јас и ти се скаравме. |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Дај ми ја љубовта како домаќинка на автомеханичар, а не како Јулија!! “
Дај ми ја пополека љубовта Како баба ми кога дуваше во кланикот тамн толку колку да не догасне жарта Тамн толку колку да ја разгори пак Дувна ли посилно – ја угасна Дувна ли потивко ја распламте пак Дај ми ја љубовта пополека со мера Како мајка ти во неделата над рибата сол кога оросуваше со два прста во тепсијата Тамн толку љубов мене ми треба Дај ми ја љубовта пополека и со мерак Како татко ти што ја тропка ритуално цигарата од маса со мерак и ја стега со двата прста долу пред да ја запали и да повлече со усната Дај ми ја љубовта пополека и тивко - не гњави Не пишувај по сто пораки дневно и не се јавувај што правиш сега кај си ако немаш попаметна работа Да те мислам ! И јас те мислам и кришем се поднасмевам под мустаќ каде и да сум тогаш кога ќе те помислам! Толку само. Тоа. Дај ми ја љубовта пополека – не како на филмовите одма и наеднаш ! Зошто сакам години јас со тебе и векови – а не час и половина колку филмовите што траат! Дај ми ја љубовта пополека – не мачи ме како Цвета на Османа! Дај ми ја љубовта пополека – не се занесувај не сме јас и ти Ромео и Јулија што се отепаа – Браво! Свака част! Море за уши ќе ги земев и ќе ги вратев назад во живот да бев јас на местото на Смртта. За да видат како е да се живее. И како се цепи дрва. И како се буди на среде ноќ кога детето ти има температура. И како знае од контакт да те извади баба по жена или свекрва на невеста. Дај ми ја љубовта пополека не како ѕвер на друга ѕверка Дај ми ја љубовта пополека пред да почнам и јас да ти ја давам набрзина та сите семафори на црвено во редица - моите зеници ѓоа ги гледаш да ти се чинат и на бел ден да направиш сообраќајка! Мислиш не можам? Сакаш да пробаш?! Дај ми ја љубовта пополека не наеднаш! Не плаши се - нема да угасне! Дај ми ја така ! Секој човек во себеси од себе иконче со ликот негов насредина во своето срце чува. Она чисто лице. Оној чист образ кој Бог го создал. Тој е тоа. А само една љубов таква во животот се среќава. Која го топли тој лик. Која ќе го осветли дури трепери како златна магла и животот до максимум ќе му го искомплицира. Ако е далеку таа светлост од оној другиот Од онаа другата... Ако е далеку - темно и ладно е тогаш! Ако пак е преблиску ... Ако е нон стоп доволно блиску - ликот ќе и го испече на иконата и ќе ја пеплоса! Дај ми ја љубовта пополека... Како што знам ! Како што знам дека и ти знаеш така! Дај ми ја љубовта спокојно и пополека Дај ми ја љубовта пополека како триесет години да сме заедно во брак. И ти за друг да не знаеш ! И јас за друга да не знам! Дај ми ја љубовта пополека како да немаме муабет недела дена! А не можам без тебе! А ни тебе уста без мене не ти се отвора! Дај ми љубовта како автомеханичар да сум, а ти домаќинка обична која ме чека ете така. Дај ми ја љубовта пополека ѓоа имаме по пееседна. Дај ми ја љубовта како шоља црно топло кафе со чаша вода која јас во зимско наутро пред тебе би ти оставал. Како јас што би ти оставал иако сме лути еден на друг . Иако сме лути и збор еден со друг не сме си прозбореле скоро недела дена. Дај ми ја љубовта пополека и остај ме да си се јадам себеси. Да си се убивам пополека -кога те немам и кога ти не ме гледаш. Дај ми ја љубовта пополека и спокојно онака едвај да чекам да си дојдам од работа покрај тебе дома. Иако немаме муабет ние двајца. Дај ми ја љубовта како домаќинка на автомеханичар, а не како Јулија. Дај ми ја онаа спокојна љубов за која и Шекспир и Гете и Бајрон - можеле само да ја сонуваат и насетат, но не се ни осмелиле името на глас да и го прозборат или запишат. Дај ми ја онаа љубов која за поетите, за музичарите, за сликарите, за уметниците е тапа оти од спокојот нејзин се плашат! Дај ми ја љубовта пополека како со години да ја откопчуваш кошулата! Дај ми ја љубовта тивко и одмерено! Како да не се даваш лесно ...ете така! Како да не се даваш сеуште лесно, иако сме ја пробале цела Камасутра. Дај ми ја љубовта пополека како не се давам лесно и јас. Како да ти се пуштам. Како да не давам лесно ни јас, а да знам дека само три работи на светот ти подобро од мене знаеш и познаваш! Нашите деца, твојата ташна и моето срце -душата моја! Овој Дарко....растури бреее |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Just for today I will remember my child’s life, not just their death, and bask in the comfort of all those treasured days and moments we shared.
Just for today I will smile a little no matter how much I hurt on the inside, for maybe if I smile a little, my heart will soften and I will begin to heal.
....................................
Just for today I will try to live through the next 24 hours and not expect to get over my child’s death, but instead learn to live with it, just one day at a time.
Just for today when my heart feels like breaking, I will stop and remember that grief is the price we pay for loving and the only reason I hurt is because I had the privilege of loving so much. |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Ja nisam tu da me uzmeš.
Da me konzumiraš, nadmeno degustiraš, da žvaćeš, pa pljuneš ako gorči. Niti se strast ova tek tako svaku noć toči. Ja nisam tu da me osvojiš, milom il' silom. Da me ubedjuješ, da me lomiš, da se cenjkaš. Moja postelja nije bazar, a ja ne umem da tvrdim pazar. Nisam tu ni da me platiš, ni da me častiš, čak ni da za mnom patiš. Nisam tu da me zaspeš zlatom, niti da me umivaš blatom, da me vežeš kravatom. Ma nisam tu, ako me neko traži! Al' ako se dam, sve ovo gore ne važi. *J.M.Ćirić* |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кобно ми недостигаш! – неуморно, катадневно!
Љубам да те гледам покрај мене и кога легнувам и кога станувам (и кога умирам и кога се раѓам). Наутро кафе! (турско се разбира)... ќе зачинам тука со еден вкус од минатото и ќе го наречам – пелин! Заедно да го гледаме конечно тој...филмот! И да млатиме од најмрсносолените пуканки на цел свет! Усните да ти се самоизедат од солено, а јазикот да си направи хара-кири! Да претераме!...........Lesoski |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дозволи ми
Дозволи ми апсолуте, единствената реалност Дозволи ми да те гушнам господи Гушкајќи ја неа...едно прекрасно суштество. Дозволи ми преку неа да ти покажам колку те сакам Оти не дека не знам поинаку Ами така ќе ти покажам највеќе Најискрено од духовното срце Од најскриената суштина на моето битисување Со бескрајни пумпи извајани од светлина Ќе ти ја принесам за жртва исконската љубов Од тебе за тебе! – како нектар да ја испиеш... Преку неа. Од мене. Дозволи ми на увце да и запеам милозвучна мелодија И преку неа до тебе да стигне најубавата симфонија некогаш создадена... Дозволи ми апсолуте Моите ноздри да се вплеткаат во нејзината коса За од нив да ја вдишам сета твоја божествена есенција. Дозволи ми преку тие усни Преку тој бакнеж најнежно да те допрам тебе Апсолутен праизвору на вечноста Дозволи ми со поглед секој ден да го гледам тоа суштество И преку него секој момент во мислите да те гледам тебе, Атманот, божественото начело, Прапричината на сите нешта, Првата и последната причина Првата и последната последица... Дозволи ми секој ден да бидам со неа За секој ден да бидам со тебе Дозволи ми преку нејзината рака, силно да ја стегнам твојата божествена рака, во знак на неизмерна благодарност што направи за мене господи, величествената реалност... дозволи ми секој ден да ја гледам како се смее за да видам како ТИ се смееш да гледам како плаче за да видам ТИ како лиеш солзи да гледам како се радува за да ја видам твојата бескрајна радост да ја гледам целата потопена во љубов за да ја видам ТВОЈАТА љубов, да ги погледам тие искрени очи директно во божествената зеница каде што љубовта, богот и човекот си ги разменија местата...Voislav Pehcevski |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
Анастеа не може да напише толку убави стихови како мајстор Неруда Ода на неколкуте жолти цветови Наспрема небесното синило морето ги движи своите синила, а наспрема небото неколку жолти цветови. Доаѓа октомври. Па макар што е толку важно дека морето го развива својот мит, својата порака, своето надоаѓање, се разгорува на песокот златото на една единствена жолта билка, а твоите очи се врзуваат за земјата, бегаат од големото море и неговите грчеви. Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови. Изменето од Анастеа - 10.Јануари.2014 во 08:40 |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ти кажав се до збор од А до Ш
и не ми е дури ниту малку гајле, си кажавме и цел куп глупости, се каравме цела вечер до сабајле, ќе можеш ли без гнев да разбереш, ќе сфатиш ли ти си лето,јас сум зима, ноќите од жар овенале, за љубовта тука нема права клима, А решен бев јас само за тебе да гинам, и илјада и една милја пеш да минам, ќе направев да имаш се што ќе посакаш. Дај разбуди се,го нема сонот на вљубените, и оди си,ти чувам место во спомените, но некогаш тргни низ времето и просторот и дојди на место на злосторот..... |
|
Внеси реплика | страница <1 6061626364 67> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |