IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Цвеќарство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Цвеќарство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Цвеќарство
    Испратена: 29.Декември.2013 во 16:41
Олеандер (lat. Nerium oleander)


Олеандерот е убава зимзелена грмушка која потекнува од областите околу Средоземното море. Има зелени, копјести, кожести листови кои растат еден спроти друг. На врв на гранката се јавуваат цветови кои цветаат по неколку заедно од јуни до септември. Потребно им е многу топлина и сонце за да цветаат. Ако е летото врнежливо тогаш многу малку цвета. Цветовите може да бидат единечни или повеќеслојни, најчесто во бела, беж, жолта, розова и црвена боја. Во приморските краеви, каде олеандерот е посаден надвор во текот на целата година, може да порасне во грмушка висока и до 5 метри.

Задолжително насадете го на место каде има многу сонце. Во континенталните краеви каде зимите се ладни, треба да се насади во големи саксии во добра, хумусна земја, а во текот на зимата да се внесе во затворен простор. Во текот на зимата треба да биде на светло место на температура од околу 5°С. Инаку ќе му израстат издолжени бели гранки, а и целото растение ќе се исцрпи, па најчесто е нападнато од разни штетници. Коренот треба да се одржува влажен. Во периодот кога расте бара многу вода, така да, ако е посаден во саксија треба да се полева секојдневно. Од кога ќе почне да цвета па до крајот на август, треба да се прихранува еднаш седмично. За да има убав грмушкаст облик потребно е да се крои.

Подобро е тоа да го направите во февруари отколку на есен, бидејќи ако е многу студена зимата ќе измрзнат младите изданоци. На постарите примероци се препорачува да се отсечат внатрешните гранки за да добие растението светлина. Ако премногу порасне во височина, слободно одрежете го до дрвениот дел од стеблото со остар, кос рез. Младите растенија одрежете ги до 2/3 од нивната висина за да добијат убав грмушкаст облик. Се размножува со резници во рано лето. Резниците треба да се стават во вода додека не пуштат коренчиња. Кога ќе ги пресадувате внимавајте бидејќи корењата се многу нежни и кршливи.

И внимавајте! Олеандерот е отровно растение, па кога го режете, пресадувате и сл. задолжително користете ракавици.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 21:16
Украсни пиперчиња (lat. Capsicum annuum)


Ова едногодишно растение потекнува од Америка, а се одгледува поради прекрасните шарени плодови. Потребно е да ја чувате на светло место на кое има и сонце, но не најјакото пладневно сонце. Најдобро е да биде на отворено, на балкон или од надворешната страна од прозорците.

Во периодот на интензивен раст и цутење потребно е редовно да се залева и да не се дозволи компостот целосно да исуши. Кога ќе се појават плодовите (во таков облик најчесто се продава) треба да се залева помалку, а кога ќе дојдат поладни денови залевањето треба да биде уште поретко.

Ако младото растение сте го посадиле во свежа земја не треба да го прихранувате. Но ако е земјата малку "послаба", во периодот на цветање залевајте го со вода во која сте додале разредено течно ѓубриво.

Се размножува од семето, но во малку посложени услови. Ако немате услови како во вистински пластеник, пробајте на овој начин. Во рана пролет насадете ги семките, ставете ги на темно место, покријте ги со најлон, одржувајте го компостот влажен и барем 5 минути дневно откријте го најлонот за да дишат. Кога ќе изрти семето тргнете го најлонот и ставете ги младите растенија на светло место. Кога ќе зајакнат пресадете ги на саканото место. Овие пиперки се со многу интензивен вкус, не се препорачува да се јадат бидејќи постои вид Solanum pseudocapsicastrum чии плодови се многу слични на овие, но се отровни. Затоа е најдобро да го чувате растението каде нема да биде на дофат на децата кои најчесто ги привлекуваат јарки бои.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 21:15
Куќна среќа (lat. Soleirolia soleirolii, Helxine soleirolii)

Тоа е мало, нежно растение, со ситни кружни ливчиња, кое се развива многу брзо.

Треба да го сместите на многу светло место, но не на директно сонце. Не му одговара ни превисока температура на воздухот, така да веројатно нема да опстане во многу загреани простории.

Земјата треба да биде постојано влажна, но не мокра. Затоа истурете ја водата од подлошката по залевањето. Секогаш полевајте го под ливчињата, за да не го оштетите.

Еднаш месечно прихранувајте го со поразредено течно ѓубриво за лисести растенија.

Не треба да се пресадува, бидејќи иако брзо расте, има мал и плиток корен кој сигурно нема да го исполни целиот сад.

Убав грмушкаст облик може да добиете со обрежување на врвовите на растението во рана пролет. Тие резници може да ги употребите за размножување. Едноставно ставете ги во мешавина од тресет и песок, и тие набрзо ќе пуштат коренчиња. Може да го размножувате и со делење на коренот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:36
Бенџамин (лат. Ficus benjamina)

Најпопуларен вид на фикус со мали листови е бенџаминот.

Ова растение може да порасне во големо разгрането стебло, ако ги преживее првите три месеци на прилагодување. Не му одговара секој простор, и мора да се внимава додека е растението младо. Никако не смее да биде на провев, а потребно му е повеќе светлина, бидејќи листовите ќе почнат да пожолтуваат и да паѓаат.

Треба да се внимава на правилно залевање. Во зима залевајте го секој десетина дена, а во лето од прилика два пати седмично. Никако не дозволувајте да стои во вода. Петнаесет минути по залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката.

Во текот на пролетта и летото прихранувајте го еднаш месечно со течно ѓубриво за собни лисести растенија. Повремено оросувајте му ги листовите.

Пресадувајте го секоја година. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно тргнете го горниот слој земја, и заменете го со нов.

Ако сакате да му го ограничите растот, обрежувајте го, и тоа најдобро да биде во пролет. Одрежаните врвови може да ги користите за размножување. Земете резница од околу 10 см која има два пара на листови. Стебленцето одрежете го косо веднаш под долниот пар листови, а потоа и нив отстранете ги, така да остане само еден пар листови. Оваа резница насадете ја во земја до листовите. Чувајте ја на топло и светло место и редовно полевајте ја и набрзо ќе има нови ливчиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:32
Глоксинија (lat. Sinningia)

Тоа е растение кое расте од ризом и кое во зима потполно мирува. Има назабени цветови со кадифена површина во форма на ѕвончиња. Растат на посебни стебла, а може да бидат во разни тонови на црвена или сина боја.Февруари е вистинското време ако имате ризом да го посадите во земја со доста хумус.

Држете ја умерено влажна, на топло место (18-20°C), а кога ќе потераат ластари, задолжително нека биде на светло место, но без директно сонце. Кога ќе потераат листовите, се препорачува да се постави на место без провев и директно попладневно сонце од кое нема да биде поместувана додека не пројде времето на цутење.

Полевајте во подлошката отприлика на секои 3-4 дена, по можност со млака вода и прихранете ја на секои две седмици со вода во која е ставено течно ѓубриво за растениja што цветаат. Таа сака влажност, па можете саксијата да ја ставите во поголема украсна вазна, а меѓупросторот да се пополни си тресет или песок или пак да се стават камчиња во полошката. Може да ги прскате листовите, но не и цветовите бидејќи ќе добијат дамки.

Кога ќе процветаат намалете со полевање, а кога листовите ќе почнат да венеат, потполно престанете со залевање, отстранете ги листовите и тргнете ја саксијата со ризомот на суво место. Ризомот мора да мирува барен осум седмици за да повторно протера следната пролет. Ризомите пред повторната сеидба исчистете ги од старата земја и вишокот на корени. Немојте да ги садите повеќе од три сезони, бидејќи силно ќе бидат истрошени и нема да дадат убави растенија.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:32
Далија (lat. Dahlia)


Далијата уште се нарекува и Георгина, а потекнува од Мексико. За првите растенија кои стигнале во Европа кон крајот на XVIII век се мислело дека се зеленчук. Но Андреас Дал ја открил убавината на цветовите, па по него ова растение го добива името Далија. Во Белгија се одгледани првите двоструки вариетети и така се зголемува интересот за одгледување и вкрстување на видовите со што е создаден цел спектар на бои и големини. Има минијатурни кои растат како грмушка висока 20 cm, па се до високи видови кои може да порастат до 150 cm. И големината на цветот варира од 10 до 25 cm па и повеќе. Најголемиот цвет до сега забележан имал дијаметар од 53 cm. Освен по големината, цветовите се разликуваат и по својот изглед.

Далијата е многу издржливо растение. Треба да се посади на место каде нема цел ден да биде изложена на сонце во хумусно – глинеста земја и да има доволно влага. Во периодот додека цвета потхранувајте ја на секои 15 дена со течно ѓубриво кое има поголема количина на калиум од азот.

Цвета доцна во летото, но ако се посади прво во саксија па подоцна кога е веќе силно растението се пресади во градината, можно е да процвета во мај и да цвета до првите мразови. Ако одгледувате високи видови, мора до растението да ставите и колец на кој подоцна ќе се придржува. Кога ќе порасне 25-30 cm лесно врзете го за колецот. Се размножува со семе или со садење на веќе закоренети садници.

Потребно е да ги откинувате врвовите по третиот пар листови, за да добие убав грмушкаст изглед со многу гранчиња и цветови. Овенатите цветови мора да ги отстраните за да се продолжи времето на цветање.

Во доцна есен кога мразот ќе ги оштети листовите, одрежете го стеблото на околу 15 cm над земјата и извадете ја луковицата. Истресете ја од земја, свртете ја наопаку и оставете ја така да се суши околу 7 дена. Потоа ставете ја на место заштитено од мраз, обвиткана во хартија од весник или закопана во тресет.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:31
Красула (лат. Crassula)

Во овој род на сукуленти кои потекнуваат од Јужна Африка, припаѓаат неколку различни билки. Сите имаат дебели меснати листови, но некои имаат стебла, а некои се ползавци. Заедничко за сите е што се отпорни и долготрајни ако не се полеваат претерано.

Повеќе им одговара светло место, бидејќи ако нема доволно светлина листовите ќе бидат бледи, а растението ќе се издолжи. Но немојте да дозволите да ја гори сонце преку стаклото од прозорецот. Од пролет до доцна есен може да ја изнесете надвор, дури и да ја закопате во градината заедно со саксијата. Во есен, кога ќе почнат ладните ноќи со температура под 10°С, потребно е да ја внесете внатре. Но не и одговараат премногу загреани простори бидејќи тогаш не може да го постигне периодот на мирување, а често доаѓа и до зашилување и опаѓање на листовите.

Лесно се закоренува со резници во пролет. Препорачливо е да ја оставите резницата неколку часа да се засуши местото каде е пресечена, па потоа да ја насадите директно во земја.

Пресадувајте ја секоја втора година. Саксиите не мора да бидат длабоки. Битно е само да има добра дренажа, за да не се задржува вишокот на вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:30
Бегонија цветлива (lat.Begonia)


Има многу видови бегонии, од тоа некои цветаат, а некои не. Заедничко за сите видови што цветаат е дека добро виреат ако се наоѓаат во полусенка. Може да се посадат во саксии, сандачиња или пак во градината. Сите растат многу брзо и цветаат во текот на целата година.
Во зависност од видот, може да имаат крупни или ситни цветови, но секако во многу бои.

Треба да внимавате да не претерувате со залевањето, бидејќи нивните нежни сукулентни стебленца не трпат многу вода. Петнаесетина минути по залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката. Во лето залевајте ги на секој 3-4 дена, а во зима многу ретко.


Во периодот на раст потребно е еднаш месечно да ги залевате со вода во која е додадено течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

Кога ќе ги садите бегониите, внимавајте длабнатата страна на коренот да ја ставите нагоре. Садете ги во март или април, во саксии кои ќе ги чувате на температура од 15-20°С за да разлистат, а надвор изнесете ги кога ќе помине опасноста од ниски температури, некаде во мај. Кога ќе се осушат листовите, околу средината на октомври, извадете го коренот и ставете го во тресет или песок за да го заштитите од мраз.

Женските, ситни цветови кои растат под големите машки цветови, треба да ги кинете додека се мали, за да не троши сила растението за создавање на семе.

Ако стебленцата се издолжат, слободно поткастрете ги малку, за да се добие убав грмолик облик.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:30
Господова круна, Пасифлора


Ова растение-ползавец цвета во текот на летото и има многу интересен цвет. Уште кога го откриле мисионерите во тропската Јужна Америка сметале дека го симболизира распетието. Има повеќе видови, а за одгледување во домот одговара само Passiflora caeruela. Останатите се одгледуваат надвор, а во краевите со поблага клима презимуваат и на отворено бидејќи се многу издржливи и долготрајни растенија.

Во текот на годината Пасифлората може да пушти изданки долги и по неколку метри. Треба да се смести на место со доволно сонце, најдобро некаде каде нема провев. Цвета во текот на целото лето, но ако е летото врнежливо или со малку сонце може и воопшто да не процвета таа година.

Во периодот додека расте залевајте ја секојдневно, а во зимата мирува и доволно е само еднаш седмично. Додека интензивно расте прихранувајте ја на секои две седмици.

Насадете ја во саксија и не ја пресадувајте секоја година бидејќи повеќе цвета ако е коренот ограничен. Во почетокот на пролетта потребно е да ги скастрите старите изданки. Оставете само 7-8 окца, така подобро ќе расте, ќе се разгранува и цвета.

Наједноставно се размножува со одделување на млади изданки кои веќе имаат свој корен, и тоа во текот на мај или јуни. Ново растение може лесно да се добие и од резница од млада изданка од околу 15 cm. Се забодува во мешавина од компост и песок, се става на топло место кое е под сенка.

За да расте убаво потребна е потпора, како стап или ограда.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:28
Вербена (lat. Verbena)


Ова декоративно растение може да се посади во градината како прекривка на земјата, во камењарот, во сандачиња или во висечки саксии. Има цвет со многу ситни цветчиња кои може да бидат бели, портокалови, розови, црвени или виолетови, а листовите му се долги и заоблени, со назабени рабови и прекриени со ситни влакненца. Постојат вариетети кои растат вертикално или како грмушки со изданоци кои прават цел слап од цветови.

Вербената не е тешка за одгледување. Треба да ја чувате на сончево место, во добро дренирана, хумусна земја и редовно да ја полевате. Но не дозволувајте да остане вишок вода во подлошката. Секогаш одлијте го вишокот бидејќи не трпи мокра земја, туку само малку влажна.

За да цвета во текот на целото лето па се до доцна есен, задолжително откинувајте ги овенатите цветови и тоа со дел од стеблото до следниот пар листови. Така ќе се разграни уште повеќе.

Се размножува со семе (едногодишниот вид) и со резници и гранчињата кои се легнати на земја ( повеќегодишните видови). На младите растенија треба редовно да им ги откинувате врвчињата кога ќе израснат 2-3 пара листови за да добиете грмушкаст и разгранет облик.

Во топлите краеви често презимува, а тогаш на пролет скратете ја на околу 10 cm за да почне повторно да расте и цвета.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:27
Гладиола (lat. Gladiolus)


Гладиолата е позната многу одамна. Цртежи со ова цвеќе се најдени на фреските во Помпеја. Името го добила по латинскиот збор gladius што значи меч, а потекнува од јужните делови на Африка и подрачјето околу Средоземјето.

Има долги, исправени, сабјести листови, а меѓу нив расте јако стебло на кое класесто се наредени цветови со шест латици кои може да бидат во сите бои. Цвета од јуни до септември, зависно од видот. Одгледани се многу различни хибриди, така да постојат многу мали, високи само 30 cm и со минијатурни цветови, а постојат и џиновски кои растат преку 1,5 m и имаат цветови широки 15 cm.

Треба да се засади на сончево место во растресита, добро прихранета и дренирана почва. Во континенталните краеви се сади од средината на март па до мај, а во приморските краеви малку порано. Луковиците се садат на 12-15 cm длабина, на растојание од 15-20 cm. Бидејќи цветовите им траат околу 2 седмици, посадете ги на временско растојание од 15 дена за да имате што подолго расцветани гладиоли.

Кога ќе почне да расте стеблото треба да водите сметка за редовно полевање за цветовите да бидат убави и богати. Високите вариетети треба да се потпрат.

На есен, кога листовите на гладиолата ќе станат речиси кафени, потребно е да се извади од земја. Листовите се режат на околу 5 cm, коренот се сече и луковицата се става негде на воздух да се исуши. Доволно е исушена кога надворешната лушпа лесно се вади и дури тогаш може да ја ставите на суво, студено и воздушно место.

Гладиолата се користи и како режено цвеќе. Пред да ја ставите во вазна треба да ги одвоите надворешните листови и стеблото косо да го исечете. Цветовите почнуваат да се отвораат од долу, па за да процветаат сите до врвот треба да се тргнат последните 2-3 сосема мали пупки. Редовно отстранувајте ги овенатите цветови и менувајте ја водата секојдневно.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:27
Газанија (lat. Gazania)


Газанијата има кожести, ременести листови, долги околу 20 cm. Во зависност од бојата на цветовите може да бидат назабени, целосно сиви или од горната страна темно зелени, а од долната сиви. Прекриени се со многу тенок слој на влакненца. Цветовите наликуваат на маргаритки и се со големина од 5-7 cm. Може да бидат еднобојни (жолти, портокалови, розови, виолетови), пругасти или со темен прстен во средината на цветот.

Може да ја посадите во градината, во сандаче или саксија која треба да биде малку поголемa бидејќи има голем корен. Цвета од април до октомври.

Најчесто се одгледува како едногодишно растение, но всушност е трајно. Бидејќи потекнува од јужна Африка зимите кај нас ѝ се прејаки, па најчесто замрзнува. Во зима прекријте ја со суви листови за да не ја оштети мразот.

Мора да е посадена на сончево место бидејќи во спротивно нема да цвета, а земјата мора да има добра дренажа. Садете ја на растојание од 25-30 cm бидејќи коренот многу брзо се шири. Не ја залевајте многу обилно.

Се размножува со семе или ако презимила може во рана пролет да го поделите коренот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:26
Драцена (lat. Dracaena)


Драцената потекнува од тропските краеви на Африка и има околу 40 видови. Ова собно растение е многу елегантно, со прекрасни свиткани зелени листови кои може да бидат еднобојни или со линии. Зависно од видот, расте од 1 до 3 m.

Растот се одвива така што на врвот на стеблото растат нови листови, а старите кои се на дното на стеблото постепено отпаѓаат. Така со време стеблото оголува и драцената наликува на палма. Расте релативно бавно, а растението е многу долговечно.

Негувањето на ова растение е многу едноставно. Најдобро е да го сместите во светла просторија, подалеку од директно сонце, но избегнувајте ходници или скалишни простори кои се студени и може да имаат провев.

Идеална температура е околу 17-27°C. Во текот на зимата може да биде и малку пониска, но не под 15°C бидејќи студот му пречи на растението и тоа може да угине. Во зима треба и да престанете со прихранување. Во лето залевајте го на секои 3-4 дена, а во зима поретко но земјата одржувајте ја влажна и не дозволувајте да се исуши. Ако е во просторија каде има централно греење и воздухот е сув оросувајте го редовно. Повремено избришете ги листовите со влажна крпа.

Се размножува со семе или со резници. И двата начини се многу едноставни и успешни. Доколку набавите семе, најдобро е да го насадите во март. Ставете го на топло место, добро покријте го со најлон и ставете го на прозорец кој го грее сонце. Во периодот на ‘ртење најдобро е температурата да биде 27-28°C, а кога ќе почне да расте 24°C. Пресадете го младото растение во саксија со дијаметар 7-9 cm и ставете го на место каде нема провев.

Пресадувајте го на секои две години во поголеми саксии, а некогаш и секоја година, во зависност од тоа колку пораснало. На дното на саксијата ставете чакал или парчиња цигла за подобра дренажа.

Доколку му паѓаат листовите кои не пораснале целосно, тоа е прв знак дека растението е премногу или премалку залевано, или е во просторија каде е сместено температурата е прениска.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:26
Ерика (lat. Erica)


Ова растение потекнува од регионот на Јужна Африка, расте како мали грмушки, а има ситни цевчести цветови и нежни ливчиња како иглички.

Во зависност од периодот во годината цветаат различни вариетети, па може постојано да имаме некое расцутено растение во градината.

Во есен цвета видот Erica gracilis со розови, или пак Erica gracilis alba со бели цветови. Во зима доаѓа Erica hyemalis која има розово-бели цветови кои личат на ѕвончиња. Во пролет цвета Erica wilmorel, а во лето Erica ventricosa.

Иако се сретнуваат како собни цвеќиња, сепак многу подобро се чувствуваат надвор на отворено, во лесна полусенка. Сакаат влага, па потребно е редовно да се полеваат, по можност со дождовница или отстојана вода бидејќи не сакаат варовник.

Ако ги чувате во куќата не дозволувајте коренот целосно да се исуши и повремено прскајте го. Не им одговараат високи температури (најмногу 15°С) и сув воздух па затоа избегнувајте простории со централно греење. Земјата треба да биде растресита, со многу тресет.

Видот Gracilis може да го посадите директно во градината бидејќи е поотпорен од останатите. Во зима ливчињата ќе станат кафени, но на пролет полека ќе почнат да раснат млади гранчиња и целото растение ќе зазелени.

Ако живеете во краеви каде зимите се поостри, тогаш околу коренот ставете ситни гранчиња или ситна кора од дрво за да го заштитите.

За правилно да расте потребно е откако ќе прецвета да се одрежат младите гранки. Дрвенестите делови на растението не ги режете.

Се размножуваат со резници долги околу 3 cm во доцно лето. Употребете мешавина од ½ песок и ½ тресет, отстранете ги долните ливчиња и со стапче направете дупка во земјата каде ќе ја посадите резницата.

Полејте ја и покријте ја со најлон или исечено пластично шише. Секој ден проветрувајте ги садниците 5-10 min за да не почнат да трулат. По 3 седмици резниците би требало да бидат добро закоренети, па отстранете ја прекривката.

Кога купувате Ерика внимавајте на ливчињата. Треба да бидат зелени и ако малку го протресете растението тие не треба да паѓаат.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,186 секунди.