Испечати | Затвори го прозорот

Цвеќарство

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Дом и градина
Опис на форумот: Уредување, фенг шуи, ентериер
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=5295
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 05:10
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Цвеќарство
Постирано од: silvija
Наслов: Цвеќарство
Датум на внесување: 11.Октомври.2006 во 20:47
дали сакате и дали имате цвеќиња?
 
некои балкони, тераси, дворови се прекрасни со многу убави цветови, зеленило...
 
кое ви е омилено цвеќе?


-------------
http://imageshack.us">



Коментари:
Постирано од: bone
Датум на внесување: 11.Октомври.2006 во 20:54

                                                  Evil%20Smile



-------------
http://imageshack.us">


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 11.Октомври.2006 во 22:24
Sakam cveke ama nemam vreme da go odgleduvam.Zatoa si kupiv veshtacko i odlicno mi uspeva    

-------------


Постирано од: kokolo
Датум на внесување: 14.Октомври.2006 во 21:00
hej pa jas si imam malecki terndafili vo dvorot, sam si gi nasadiv i si gi odgleduvam ali ushte se malecki. a doma si imam edno cveke, sea nema cvet ali ima mnogu ubavi lisja, inace si go krstiv Kika, i ne go davam nikomuAngry.Big%20smile

-------------
ONLY GOD CAN JUDGE ME NOW


Постирано од: panter
Датум на внесување: 15.Октомври.2006 во 16:25
jas sum ljubitel na cekinja
imam moja staklena gradina i ako nekoj saka da razmenime iskustva okolu odgleduvanje neka mi se javi i toa e del od uspehot
sepak mi uspeaat  zboruvam za domasni sobni


-------------
delfin


Постирано од: Dragonfly
Датум на внесување: 08.Ноември.2006 во 18:52
I jas sum golem ljubitel na cvekina...
I vo plan mi e eden den da si imam svoja malecka staklena gradina, taka da Panter rado bi ja prifatila tvojata ponuda za soveti...Tongue
 


-------------
Live long and prosper!!!


Постирано од: plamenko
Датум на внесување: 06.Март.2007 во 20:20
pa i jaqs bi primil nekoj sovek kako ljubitel na cvecinja


-------------


Постирано од: бреза
Датум на внесување: 07.Април.2007 во 17:10
Дали некој од вас одгледува цвеќиња,доколку ги одгледува нека каже кои видови ги има па да размануваме мислења и совети.

-------------
Бреза/Брезово


Постирано од: butel2
Датум на внесување: 25.Април.2007 во 17:17
Imam dvor , trevnik zaobikolen so ruzi, bozuri, lalinja, narcisi.... na terasata imam pelargonii i drugo saksisko cveke, ne mu posvetuvam nekoja posebna nega, na primer mojata kuma postojano im stava nekoi sredstva na nejinite cvekinja da bidat poubavi, jas samo gi polevam redovno i nesto sto redovno go pravam, precvetanite cvetovi redovno gi odstranuvam, bidejki ako ne se odstranuvaat, pogotovo ruzite ne cvetaat veke.


Постирано од: NiNa1
Датум на внесување: 04.Октомври.2007 во 12:03
Mene mi e omileno cvekhe rozata


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 19.Октомври.2007 во 16:58
Премногу ги сакам, доволно ги имам и одгледувам- негувам.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: Friends
Датум на внесување: 20.Ноември.2007 во 15:18
Sakam cvekinja mnogu, sakam i da odgleduvam ama ne mozam da bidam vo nivna blizina oti imam alergija od niv тага i mi idi za kivanjeсреќа.
inace megu omilenite mi se Kalite, Rozite i drugi. Momentalno ne mi teknuva na iminjata.среќа
pozdrav na site


-------------
Се заебал оној кој мисли дека може да се откаже од целиот свет.Оној кој мисли дека светот не може без него, уште повеќе се заебаl


Постирано од: plamenko
Датум на внесување: 21.Ноември.2007 во 18:06

ruzi:) i lalinnja imam zumbul i narcis

e sega jorgovan ama drvo e :)

 



-------------


Постирано од: Diki
Датум на внесување: 22.Ноември.2007 во 13:56
Da, posebno Crveni Ruzi-simbol na vecnata lubov!среќа


Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 23.Ноември.2007 во 09:32
Јас имам околу 50 саксии на работа и тоа некаде околу 30 врсти на цвеќе. Дури и пренатрупано ми е од цвеќиња. Ако сака некој, ќе му пратам по такси некоја саксија.
 
 


-------------
Veni Vidi Vici


Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 23.Ноември.2007 во 09:39
Еве неколку што ми се омилени
 
Сама размножувам спатуфилиус (зелени листови и бели цветови во форма на лажица)
 
*Парички* кои се множат дури и неконтролирано (ова е едно од најомилените цвеќиња по Фенг шуи и се става на ЈИ за да *донесе* пари)
 
*Игли* имаат долги тенки листови, од едната страна темно розеви а од другата здраво зелени. Пуштаат мали цветови со мали бели ливчиња
 
*Бонбонче* е мало цвеќе со зелено-црвени листови и нежно розеви цветчиња со жолт прашник
 
Најнов хит ми е едно цвеќе кое не му го знам името. Има зелени листови но се како кадифе. Повремено цвета во црвена боја, исто така сокадифена површина.
 
*шарен ползавец* - самото име кажува
 
имам повеќе цвеќиња кои се преубави, но не им ги знам имињата. Некои личат на палми, некои на *адам*, некои дури на *бенџамин*


-------------
Veni Vidi Vici


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 24.Ноември.2007 во 18:53
цвеќето е одмор за душата.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 24.Ноември.2007 во 18:55
Имам цветна градина која по воља на моите деца ја направив пред дваднајсет години.

-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 24.Ноември.2007 во 20:42
PODARUVAM ADAM...DjABE!!!INF:NA LP!!!

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 14:21
http://forum.idividi.com.mk/member_profile.asp?PF=13207&FID=54 - zagor   сакаш да се мењаме со цвеќиња? трепкање

-------------
Veni Vidi Vici


Постирано од: Цаци Галапчарот
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 11:43
ja cvekje obozujem

-------------
Еј, гулаби, гулаби бели.


Постирано од: macedonian1
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 23:24
dali znaete deka na cveketo treba da mu se zboruva kako na covek za da bide svezo i pobrzo da raste

-------------


Постирано од: macedonian1
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 23:24
ova e od strucna kniga ne e licno od mene

-------------


Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 09:05
Originally posted by macedonian1 macedonian1 напиша:

dali znaete deka na cveketo treba da mu se zboruva kako na covek za da bide svezo i pobrzo da raste
 
Точно така. Затоа, познавачите и љубителите на цвеќарството на своите цвеќиња им пуштаат музика


-------------
Veni Vidi Vici


Постирано од: the eye
Датум на внесување: 29.Декември.2007 во 09:43
Originally posted by silvija silvija напиша:

дали сакате и дали имате цвеќиња? (da mn sakam cveke i imam mn. kaj mene )
 
некои балкони, тераси, дворови се прекрасни со многу убави цветови, зеленило...            (pr kako mojot balkonтрепкање prekrasno izgleda so cvekinja)
 
кое ви е омилено цвеќе?( mn se ama jade samo nekoi da kazam "indiska ruza" orhideja, ruzi, krin, hrizantemi, lele abe mn se mn site cvekinja si gi sakam SITE!)
 
 
 


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 06.Јануари.2008 во 12:16
Купив интересни чаши со тацни, изгледаат ко за чај- ама уствари се саксиички, имаат дупче на дното за водата. На пролет ќе засадам љубичици.
Во двор имам јасмин кој го обожавам и ружи.

Сега се занимавам со шишарки, собрав еден куп, ги сушам и ќе ги лакирам со безбоен лак.


-------------


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 07.Јануари.2008 во 21:18
[QUOTE=Julija] Sakam cveke ama nemam vreme da go odgleduvam.Zatoa si kupiv veshtacko i odlicno mi uspeva    
Времето не е оправдување за нешто што велиш дека го сакаш. Ако нешто од срце сакаш, ќе најдеш време во секое време и невреме. ">

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 07.Јануари.2008 во 21:22
Originally posted by Antiqua Antiqua напиша:

Originally posted by macedonian1 macedonian1 напиша:

dali znaete deka na cveketo treba da mu se zboruva kako na covek za da bide svezo i pobrzo da raste
 
Точно така. Затоа, познавачите и љубителите на цвеќарството на своите цвеќиња им пуштаат музика
всушност не е самата музика туку времето и вниманието посветено на цвеќето


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 07.Јануари.2008 во 21:38
Имам:
Бенџамин и еден куп малчки околу него,
филандендрон, пет вида ползавци
палми собни и дворни
алоје
хибискус
шефлер
аспарагус

од дворни и балконски
малофи (лоза) и обични
вербена сите бои, шари и нијанси
темјанушки
далии
гладиоли
нарцис
лале
шафран
трендафили (ползавци, мини и обични)
ѕвезда (петокраки) бели и сини
топ каранфил
обичен каранфил
бели ради
лимониум (суво цвеќе)
останатите нека ми простат, не можам да им се сетам на имињата а ме мрзи да барам по книгите.




-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 08.Јануари.2008 во 10:47
Полското цвеќе е најубаво, сепак.среќа

-------------


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 09.Јануари.2008 во 23:41
Originally posted by Kali Kali напиша:

Полското цвеќе е најубаво, сепак.среќа


Брзо овенува.

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: SummerLove
Датум на внесување: 12.Јануари.2008 во 21:46
Originally posted by silvija silvija напиша:

дали сакате и дали имате цвеќиња?
 

некои балкони, тераси, дворови се прекрасни со многу убави цветови, зеленило...

 

кое ви е омилено цвеќе?
da gi sakam cvekinata imam doma isto cveke no omileno cveke nemam


Постирано од: Dorian_22
Датум на внесување: 19.Јануари.2008 во 03:57
gi sakam cvekinjata, ponekogas i im zboruvam


Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 02:42
Браво за оние што се љубители на цвекиња и за оние што ги познаваат нивните особини и карактеристики. Многу интересна и одговорна задача имаат оние што ги одгледуваат
Обожавам КРИН.

-------------
http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 23:35

задоволство



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 23:44
намигнување

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 23:44
Најубаво се фаќало украдено цвеќе, па гледам погоре кај мајсторче има доста изборголема%20насмевка

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 23:51
.

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:11
Тоа значи да се помине покрај дворот на мајсторче во самрак и да се дрпне некој листголема%20насмевка

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 30.Април.2009 во 12:24
...od adamot?изненадување

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 08:02
Рециклирање на ’’отпадокот’’
Филџанот како саксија

Доколку сте обожавател на vintage стилот,распарените филџани или чаши за млеко или чај,можат да ви послушат како мали саксии или свеќници.

 





Можете да си засадите кромидче од нарцис.Оваа идеја делува романтично и може да се засади било кое цвеќе.Од ширината на филџанот или чашата ќе зависи за кој вид на цвеќе ќе се одлучите.Ако немате трпение цветот да порасни тогаш на пазарот овој период можете да купите зумбули,јаглики,љубичици..Нив доволно е заедно со земјата да ги пресадите во филџаните.




-------------


Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 12:49
Изнасадив неколку големи саксии со љубичици т.н ден и ноќ, едните се ситни и се разгрануваат а другите се крупни и во полни бои. Моментално ги красат покривите на куќите од моите зајчиња зашто таму се најбезбедни.
Имам и големи дворни саксии полни со лаванда која многу убаво мириса(сама ја израснав од семе) и висечки саксии кои допрва ќе ги засадам со цвеќиња. За таа намена од семе израснав многу убави цвеќиња специјално за нив кои се разгрануваат и шират низ 4 месеци Lobelia i Tagets.

-------------
Beauty fades, dumb is forever


Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 01.Мај.2009 во 22:30
Ma ljubica e najbolji i najnezno cvetce

-------------
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 15.Мај.2009 во 18:12
Боцките  не се глдаатголема%20насмевка



-------------


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 01:15
Ма сите цвеќиња нека и се исушат ако помисли на друг ! А ? ...не тука ?...па спомнувам цвеќиња, а знам дека ги сака  голема%20насмевка

-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 07:49
Цвеќето на цвеќето не треба да се преколнуваизненадување



-------------


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 16.Мај.2009 во 11:08
Ma ne, toa se samo smeski koi samo na mene mi samo smesni, inace ima dobro obrabotena i raskosna gradina, sekoj da posaka da i mirisne od cvetovite

-------------
http://jazbunet.blogspot.com/" rel="nofollow - http://jazbunet.blogspot.com/


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 19.Мај.2009 во 12:59
Ако сакате зумбулите кoи веке прецветаа ,пак да ги расцветаат иако не се сезона еве еден мал совет....извадете го од земјамзамотајте ги во алуминска хатрија и ставете ги во фрижодер( најдоле и внимавајте да не замранат)......две недели се доволнисреќа........така ке помислат дека презимиле и ке расцветаат усте еднашнамигнување


-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 22.Мај.2009 во 08:35
И мешањето на повеке видови цвеке може да даде пректасно нештомечтаење
fleurs


-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 13.Јуни.2009 во 08:51
За блунамигнување




-------------


Постирано од: Delicia
Датум на внесување: 19.Јуни.2009 во 18:48
Денес си го направив меракот и си купив 4 саксии PETUNIA - PENDULA ,но во различни боиљубов


-------------
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...


Постирано од: Ѕвончица
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 15:17
Мајка ми има цветна градина дома, по терасите. Имаше едно време во големиот ходник, едни огромни цвеќиња, и се чувствував ко во џунгла да сум, а што е најбитно, имаше еден огромен кактус, кој што ми беше омилена дестинација при слегување по скали. Јас, пак напротив, ич не сакам цвеќиња, па добро малку..Ама не пак, да ги чувам и одгледувам.


-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 23:14
Ej i mojava doma kaj nas isto ko u dzungla bese, se dodeka tatko mi ne gi isfrli nadvor, ama starata pak si gi vrati i sega u hodnik stojat.

Inaku samak cvekinja vnatre, samo so isav...


-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: zanes35
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 13:25
Gi sakam cvekinata ama drug da gi odrzava

-------------
http://www.gameszone-z.com - Fun games


Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 09.Октомври.2010 во 01:06
tejanuska


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 20.Декември.2010 во 18:39


-------------


Постирано од: Vesel gradinar
Датум на внесување: 09.Ноември.2011 во 18:50
http://mojataubavagradina.mk/index.php/floras/dekorativni-rastenija-za-gradini-rastenia/292-bonsai-odlgeduvanje-malo-drvo-rastenie-drvce-hortikultura

Нема поубаво нешто од цвеќето:)))


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 09.Ноември.2011 во 19:28
Originally posted by Vesel gradinar Vesel gradinar напиша:

http://mojataubavagradina.mk/index.php/floras/dekorativni-rastenija-za-gradini-rastenia/292-bonsai-odlgeduvanje-malo-drvo-rastenie-drvce-hortikultura

Нема поубаво нешто од цвеќето:)))


И од весел градинар.смеење


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 13:11
Бегонија цветлива (lat.Begonia)


Има многу видови бегонии, од тоа некои цветаат, а некои не. Заедничко за сите видови што цветаат е дека добро виреат ако се наоѓаат во полусенка. Може да се посадат во саксии, сандачиња или пак во градината. Сите растат многу брзо и цветаат во текот на целата година.
Во зависност од видот, може да имаат крупни или ситни цветови, но секако во многу бои.

Треба да внимавате да не претерувате со залевањето, бидејќи нивните нежни сукулентни стебленца не трпат многу вода. Петнаесетина минути по залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката. Во лето залевајте ги на секој 3-4 дена, а во зима многу ретко.


Во периодот на раст потребно е еднаш месечно да ги залевате со вода во која е додадено течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

Кога ќе ги садите бегониите, внимавајте длабнатата страна на коренот да ја ставите нагоре. Садете ги во март или април, во саксии кои ќе ги чувате на температура од15-20°С за да разлистат, а надвор изнесете ги кога ќе помине опасноста од ниски температури, некаде во мај. Кога ќе се осушат листовите, околу средината на октомври,извадете го коренот и ставете го во тресет или песок за да го заштитите од мраз.

Женските, ситни цветови кои растат под големите машки цветови, треба да ги кинете додека се мали, за да не троши сила растението за создавање на семе.

Ако стебленцата се издолжат, слободно поткастрете ги малку, за да се добие убав грмолик облик.


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 07.Април.2012 во 13:15
Imav ednash vakvo, ama poradi mojata negriza morav da se zboguvam od nego :(
A navistina dobro izgleda.
 
Цинерарија (lat. Senecio cruentis)


Ова нежно едногодишно растение кое цвета на крајот на зимата или почетокот на пролетта потекнува од Канарските острови. Има меки, назабени, срцевидни, зелени листови. Од средината излегуваат цветовите чии латици може да бидат бели, розови,портокалови, сите тонови на црвено, сино и виолетово. Може да бидат и нијансирани,а во средиштето на цветот да се претопат во бело. Целото растение во зависност од вариететот може да биде високо од 30 до 60cm.

Чувајте го на студено место со многу светлина, но не на директно сонце. Најдобро е да биде на северната или источната страна.

Земјата треба да ја одржувате влажна, бидејќи ако се исуши коренот ќе се скрати времето на цветање. Тоа не значи дека растението треба да плива во вода, па по дваесетина минути од залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката.

 



Може да ја прихранувате на секои две седмици со течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

За жал, цинераријата не може да ја поттикнете да процвета и следната пролет.

Се размножува со резници во доцна пролет. Едноставно забодете здрав лист во земја. Постои и друг начин, каде на одрежаниот лист треба да му ги исечете врвот и нерамнините од страна. Потоа разрежете го на повеќе делови по ширина (4-5) така да секој дел од листот има и дел од главната лисна жила. Забодете го секој дел во земја со страната која била поблиску до стебленцето. Чувајте го на топло и одржувајте ја влажноста, па ќе пораснат нови ливчиња.

 


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 19.Април.2012 во 15:40
Originally posted by Delicia Delicia напиша:

Ако сакате зумбулите кoи веке прецветаа ,пак да ги расцветаат иако не се сезона еве еден мал совет....извадете го од земјамзамотајте ги во алуминска хатрија и ставете ги во фрижодер( најдоле и внимавајте да не замранат)......две недели се доволнисреќа........така ке помислат дека презимиле и ке расцветаат усте еднашнамигнување


..значи она "има мозок ко  кокошка" може да се батали веќе!

..по ново се вели.."има мозок ко зумбул"!смеење



-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:20
Декоративен кромид (lat. Allium)


Ова декоративно растение е многу едноставно за одгледување, но многу често не е омилено поради интензивниот мирис. Може да се сади самостојно, во мешани насади, во камењар или во саксии. Сака сончево место и лесна, малку песоклива земја и не бара многу влага.

Луковиците се садат во текот на октомври за да може да закоренат до првите мразеви. Се садат како и сите останати луковици, на длабочина од 2,5 до 3 пати од височината на луковицата и на растојание од околу 15 cm. Добро поднесуваат ниски температури, па не е потребно да се вадат од земја.

Се размножува со делење на грутките од луковици на есен, но секоја трета година. Исто така ако не ги наберете цветовите, семето многу лесно се разнесува со ветер.

Постојат многу вариетети со различни височини, а цветаат од пролет па до доцно лето. Еве неколку најпопуларни вариетети:

- Џиновски декоративен кромид (lat. Allium gigante), достига височина од 130-150 cm, а цветните главички се топки со дијаметар од околу 10 cm. Најчесто е во виолетова или боја на јоргован, а цвета од половината на јуни до август.

- Ирански (lat. Allium aflatunense), висок е 60-70 cm со сребрено-виолетови цветни главички, цвета во мај и јуни, а неговите цветови се многу погодни за режење и може да се употребуваат во свежи или суви цветни аранжмани.

- Ѕвездест (lat. Allium christophii), со понизок раст, 20-25 cm па може да се сади на почеток на градината, во камењар или во саксии. Исто така има цветови погодни за режење, а цвета во јуни и јули.

- Златен (lat. Allium moly), исто со понизок раст од околу 20 cm, цветовите му се во жолта боја. За разлика од останатите, малку е поосетлив па бара повеќе влага и полусенка.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:21
Аглаонема (lat.Aglaonema treubii)


Ова растение кое потекнува од Филипините, Борнео и Индонезија, има сабјести темнозелени листови кои се прошарани со разнолики сребрени шари и долги се околу 15-20 cm. Аглаонемата е единствено растение со шарени листови кое успева во сенка, но може да ја поднесе и сончевата светлина.

Сака влага, па во лето полевајте ја два пати, а во зима еднаш седмично, но не дозволувајте да остане вода во подлошката. Ако листовите почнат да жолтеат, тоа значи дека премногу ја залевате, или пак е во престудена просторија.

Во текот на пролетта и летото прихранувајте ја еднаш месечно со разредено течно ѓубриво за лисести растенија, и оросувајте ги листовите 1-2 пати седмично. Не користете средства за сјај на листовите, бидејќи само ќе и наштетат. Листовите бришете ги со мокра крпа за да ги исчистите од прашина.

Се размножува со одвојување на младите од матичното растение. Во почетокот на пролетта кога ќе ја пресадувате, извадете ја од саксијата, и нежно одвојте го младото растение заедно со коренчето. Посадете го во друга саксија со ровка земја (аглаонемата не сака збиена земја) и наскоро ќе потера млади ливчиња. Може и главниот корен да го раздвоите на помали делови, и да ги насадите во повеќе саксии.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:21
Амарилис (лат. Hippeastrum)


Ова прекрасно луковичесто растение потекнува од тропските предели на Америка. Од луковицата расте шупливо стебло, на кое се ѕвонестите цветови во бела, портокалова, разни нијанси на црвена боја и прошарани. Имаат и долги сабјести листови.

Додека расте, треба да го чувате на светло и топло место. Сака влага, па залевајте го секои 2-3 дена, но најдобро е да го пипнете земјата, па ако има потреба да го залеете. Во овој период прихранувајте го на секои 14 дена, се додека не процвета.

Кога цветот ќе овене, одрежете го. Листовите оставете ги до есен бидејќи преку нив растението ќе собере храна за следната пролет. Потребно е и поретко да го залевате. Кога листовите целосно ќе овенат, престанете со залевање и чувајте ја луковицата сува околу 10 седмици. Потоа почнете да го залевате, со што ќе ја разбудите луковицата и ќе ја поттикнете да цвета.

Во топлите краеви може да се чува и надвор, само не го залевајте во зима, бидејќи на ниски температури луковицата може да замрзне. Ако го чувате во домот во текот на зимата, во периодот на мирување треба да биде во ладна, незагреана просторија. Пресадувајте го секоја втора или трета година во поголема саксија.

Ако одлучите да ги одрежете цветовите и да ги ставите во вазна, пред да ги ставите во вода одрежете го стеблото попречно со остар нож. Водата мора да ја менувате секојдневно бидејќи стеблото лачи слуз.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:22
Антуриум (лат. Anthurium)


Ова декоративно и типично тропско растение потекнува од топлите краеви на Централна Америка. Има темнозелени, тврди, кожести, длабоко зарежани листови и прекрасни, восочни, срцелики цветови. Цветовите може да бидат бели, црвени или розови. Цвета секоја година, најчесто од февруари до јули.

На антуриумот најмногу му годи место на делумно засенчен прозорец бидејќи директните сончеви зраци му штетат. Температурата во просторијата не смее да биде пониска од 15°C.

Ова не е растение кое е едноставно за одгледување. Залевајте го само со мека, млака вода (најдобро дождовница, но ако ја немате тогаш со превриена вода), но не премногу. Бидејќи му е потребна многу влага, најдобро е да ставите каменчиња во подлошката на саксијата, а во неа секогаш да има вода која ќе испарува. Во зима кога е во просторија која се загрева, и во лето, потребно е да го оросувате секојдневно.

Антуриумот се размножува со делење на коренот, или пак со садење на младите растенија кои израснуваат од коренот. Повеќе му одговараат плитки, но широки саксии, и задолжително овозможете му добра дренажа. Најмногу му одговара земја која е растресита, тресет со малку песок. Пресадувајте го секоја втора или трета година во мешавина од подеднакви делови на добра шумска земја и многу иситнета шумска мов во која има додадено ситни делови од дрвен јаглен.

Во лето, додека цвета, прихранувајте го на секои 14 дена.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:22
Божиќна ѕвезда (лат. Euphorbia pulcherrima)

Ова растение е карактеристично за периодот околу новогодишните и божиќните празници. Се сретнува во црвена, розова, беж и бела боја.

Најдобро е да ја чувате во просторија каде е влажен воздухот. Таа исто така сака влага и во коренот, но не дозволувајте земјата да е постојано мокра, туку само влажна. Ова најдобро се проверува ако со прстите ја допрете земјата. По петнаесетина минути од залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Може и да ставите камчиња во подлошката, како би ја заштитиле од вишокот вода. Ако ја чувате во просторија каде што има централно греење и воздухот е сув, оросувајте ја еднаш дневно за да не ги загуби листовите.

Ако успеете да ја сочувате до пролет, одрежете и ги врвовите со цветовите, и ставете ја на балкон или закопајте ја заедно со саксијата во градината, каде ќе расте до доцна есен.

За да врвовите повторно се обојат за следната сезона, потребно е да и овозможите краток ден. Тоа значи дека 10 седмици не смее да има повеќе од 10 часа светлина дневно, што е навистина прекомплицирано. Поедноставно е да купите нова, одгледана во стакленик.

Кога ќе купувате нова божиќна ѕвезда внимавајте да има цврсти листови и да е со јасни бои, бидејќи можно е при транспорт температурата да била прениска, па растенијата доживеале шок од кој многу тешко ќе закрепнат.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:24
Африканска темјанушка (лат. Saintpaulia)

Изворна боја на темјанушката е виолетовата. Денес, таа е застапена во многу бои: виолетова, бела, со црвеникави тонови, во бојата на јоргованот, па дури и шарени, а постојат и двојни вариетети. Белата темјанушка, по некое време, на рабовите на латиците ќе почне да ја менува бојата во изворната виолетова.

Ова растение е многу популарно и не е тешко за одгледување. Со малку внимание ќе цвета во текот на целата година. Задолжително отстранете ги прецветаните цветови за да ја стимулирате да цвета што подолго.

Треба да ја чувате на светло место, но не на директно сонце бидејќи ќе добие флеки на листовите. Внимавајте да не биде на провев.

Залевајте ја два пати седмично, бидејќи сака влага. Но не дозволувајте водата да остане во подлошката. За да и помогнете, во подлошката ставете камчиња, како не би била постојано во вода. Повеќе и одговара залевање во подлошката, и внимавајте да не и ги водените листовите.

Лесно се размножува од лист со стебленце. Во пролет стебленцето од листот ставете го во вода или земја. Од прилика за осум месеци темјанушката ќе процвета. Подобро е да ја посадите во плитка саксија бидејќи нема длабок корен, а и сака да биде во тесно. Пресадете ја секоја втора година или кога ќе забележите дека листовите и се сè помали.

Ако имате темјанушка која не цутела подолго време, пробајте да ја стимулирате со тоа што ќе ја залевате само еднаш неделно. Ова би требало да предизвика развој на многу цветни пупки.







-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:26
Ерика (lat. Erica)


Ова растение потекнува од регионот на Јужна Африка, расте како мали грмушки, а има ситни цевчести цветови и нежни ливчиња како иглички.

Во зависност од периодот во годината цветаат различни вариетети, па може постојано да имаме некое расцутено растение во градината.

Во есен цвета видот Erica gracilis со розови, или пак Erica gracilis alba со бели цветови. Во зима доаѓа Erica hyemalis која има розово-бели цветови кои личат на ѕвончиња. Во пролет цвета Erica wilmorel, а во лето Erica ventricosa.

Иако се сретнуваат како собни цвеќиња, сепак многу подобро се чувствуваат надвор на отворено, во лесна полусенка. Сакаат влага, па потребно е редовно да се полеваат, по можност со дождовница или отстојана вода бидејќи не сакаат варовник.

Ако ги чувате во куќата не дозволувајте коренот целосно да се исуши и повремено прскајте го. Не им одговараат високи температури (најмногу 15°С) и сув воздух па затоа избегнувајте простории со централно греење. Земјата треба да биде растресита, со многу тресет.

Видот Gracilis може да го посадите директно во градината бидејќи е поотпорен од останатите. Во зима ливчињата ќе станат кафени, но на пролет полека ќе почнат да раснат млади гранчиња и целото растение ќе зазелени.

Ако живеете во краеви каде зимите се поостри, тогаш околу коренот ставете ситни гранчиња или ситна кора од дрво за да го заштитите.

За правилно да расте потребно е откако ќе прецвета да се одрежат младите гранки. Дрвенестите делови на растението не ги режете.

Се размножуваат со резници долги околу 3 cm во доцно лето. Употребете мешавина од ½ песок и ½ тресет, отстранете ги долните ливчиња и со стапче направете дупка во земјата каде ќе ја посадите резницата.

Полејте ја и покријте ја со најлон или исечено пластично шише. Секој ден проветрувајте ги садниците 5-10 min за да не почнат да трулат. По 3 седмици резниците би требало да бидат добро закоренети, па отстранете ја прекривката.

Кога купувате Ерика внимавајте на ливчињата. Треба да бидат зелени и ако малку го протресете растението тие не треба да паѓаат.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:26
Драцена (lat. Dracaena)


Драцената потекнува од тропските краеви на Африка и има околу 40 видови. Ова собно растение е многу елегантно, со прекрасни свиткани зелени листови кои може да бидат еднобојни или со линии. Зависно од видот, расте од 1 до 3 m.

Растот се одвива така што на врвот на стеблото растат нови листови, а старите кои се на дното на стеблото постепено отпаѓаат. Така со време стеблото оголува и драцената наликува на палма. Расте релативно бавно, а растението е многу долговечно.

Негувањето на ова растение е многу едноставно. Најдобро е да го сместите во светла просторија, подалеку од директно сонце, но избегнувајте ходници или скалишни простори кои се студени и може да имаат провев.

Идеална температура е околу 17-27°C. Во текот на зимата може да биде и малку пониска, но не под 15°C бидејќи студот му пречи на растението и тоа може да угине. Во зима треба и да престанете со прихранување. Во лето залевајте го на секои 3-4 дена, а во зима поретко но земјата одржувајте ја влажна и не дозволувајте да се исуши. Ако е во просторија каде има централно греење и воздухот е сув оросувајте го редовно. Повремено избришете ги листовите со влажна крпа.

Се размножува со семе или со резници. И двата начини се многу едноставни и успешни. Доколку набавите семе, најдобро е да го насадите во март. Ставете го на топло место, добро покријте го со најлон и ставете го на прозорец кој го грее сонце. Во периодот на ‘ртење најдобро е температурата да биде 27-28°C, а кога ќе почне да расте 24°C. Пресадете го младото растение во саксија со дијаметар 7-9 cm и ставете го на место каде нема провев.

Пресадувајте го на секои две години во поголеми саксии, а некогаш и секоја година, во зависност од тоа колку пораснало. На дното на саксијата ставете чакал или парчиња цигла за подобра дренажа.

Доколку му паѓаат листовите кои не пораснале целосно, тоа е прв знак дека растението е премногу или премалку залевано, или е во просторија каде е сместено температурата е прениска.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:27
Газанија (lat. Gazania)


Газанијата има кожести, ременести листови, долги околу 20 cm. Во зависност од бојата на цветовите може да бидат назабени, целосно сиви или од горната страна темно зелени, а од долната сиви. Прекриени се со многу тенок слој на влакненца. Цветовите наликуваат на маргаритки и се со големина од 5-7 cm. Може да бидат еднобојни (жолти, портокалови, розови, виолетови), пругасти или со темен прстен во средината на цветот.

Може да ја посадите во градината, во сандаче или саксија која треба да биде малку поголемa бидејќи има голем корен. Цвета од април до октомври.

Најчесто се одгледува како едногодишно растение, но всушност е трајно. Бидејќи потекнува од јужна Африка зимите кај нас ѝ се прејаки, па најчесто замрзнува. Во зима прекријте ја со суви листови за да не ја оштети мразот.

Мора да е посадена на сончево место бидејќи во спротивно нема да цвета, а земјата мора да има добра дренажа. Садете ја на растојание од 25-30 cm бидејќи коренот многу брзо се шири. Не ја залевајте многу обилно.

Се размножува со семе или ако презимила може во рана пролет да го поделите коренот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:27
Гладиола (lat. Gladiolus)


Гладиолата е позната многу одамна. Цртежи со ова цвеќе се најдени на фреските во Помпеја. Името го добила по латинскиот збор gladius што значи меч, а потекнува од јужните делови на Африка и подрачјето околу Средоземјето.

Има долги, исправени, сабјести листови, а меѓу нив расте јако стебло на кое класесто се наредени цветови со шест латици кои може да бидат во сите бои. Цвета од јуни до септември, зависно од видот. Одгледани се многу различни хибриди, така да постојат многу мали, високи само 30 cm и со минијатурни цветови, а постојат и џиновски кои растат преку 1,5 m и имаат цветови широки 15 cm.

Треба да се засади на сончево место во растресита, добро прихранета и дренирана почва. Во континенталните краеви се сади од средината на март па до мај, а во приморските краеви малку порано. Луковиците се садат на 12-15 cm длабина, на растојание од 15-20 cm. Бидејќи цветовите им траат околу 2 седмици, посадете ги на временско растојание од 15 дена за да имате што подолго расцветани гладиоли.

Кога ќе почне да расте стеблото треба да водите сметка за редовно полевање за цветовите да бидат убави и богати. Високите вариетети треба да се потпрат.

На есен, кога листовите на гладиолата ќе станат речиси кафени, потребно е да се извади од земја. Листовите се режат на околу 5 cm, коренот се сече и луковицата се става негде на воздух да се исуши. Доволно е исушена кога надворешната лушпа лесно се вади и дури тогаш може да ја ставите на суво, студено и воздушно место.

Гладиолата се користи и како режено цвеќе. Пред да ја ставите во вазна треба да ги одвоите надворешните листови и стеблото косо да го исечете. Цветовите почнуваат да се отвораат од долу, па за да процветаат сите до врвот треба да се тргнат последните 2-3 сосема мали пупки. Редовно отстранувајте ги овенатите цветови и менувајте ја водата секојдневно.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:28
Вербена (lat. Verbena)


Ова декоративно растение може да се посади во градината како прекривка на земјата, во камењарот, во сандачиња или во висечки саксии. Има цвет со многу ситни цветчиња кои може да бидат бели, портокалови, розови, црвени или виолетови, а листовите му се долги и заоблени, со назабени рабови и прекриени со ситни влакненца. Постојат вариетети кои растат вертикално или како грмушки со изданоци кои прават цел слап од цветови.

Вербената не е тешка за одгледување. Треба да ја чувате на сончево место, во добро дренирана, хумусна земја и редовно да ја полевате. Но не дозволувајте да остане вишок вода во подлошката. Секогаш одлијте го вишокот бидејќи не трпи мокра земја, туку само малку влажна.

За да цвета во текот на целото лето па се до доцна есен, задолжително откинувајте ги овенатите цветови и тоа со дел од стеблото до следниот пар листови. Така ќе се разграни уште повеќе.

Се размножува со семе (едногодишниот вид) и со резници и гранчињата кои се легнати на земја ( повеќегодишните видови). На младите растенија треба редовно да им ги откинувате врвчињата кога ќе израснат 2-3 пара листови за да добиете грмушкаст и разгранет облик.

Во топлите краеви често презимува, а тогаш на пролет скратете ја на околу 10 cm за да почне повторно да расте и цвета.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:30
Господова круна, Пасифлора


Ова растение-ползавец цвета во текот на летото и има многу интересен цвет. Уште кога го откриле мисионерите во тропската Јужна Америка сметале дека го симболизира распетието. Има повеќе видови, а за одгледување во домот одговара само Passiflora caeruela. Останатите се одгледуваат надвор, а во краевите со поблага клима презимуваат и на отворено бидејќи се многу издржливи и долготрајни растенија.

Во текот на годината Пасифлората може да пушти изданки долги и по неколку метри. Треба да се смести на место со доволно сонце, најдобро некаде каде нема провев. Цвета во текот на целото лето, но ако е летото врнежливо или со малку сонце може и воопшто да не процвета таа година.

Во периодот додека расте залевајте ја секојдневно, а во зимата мирува и доволно е само еднаш седмично. Додека интензивно расте прихранувајте ја на секои две седмици.

Насадете ја во саксија и не ја пресадувајте секоја година бидејќи повеќе цвета ако е коренот ограничен. Во почетокот на пролетта потребно е да ги скастрите старите изданки. Оставете само 7-8 окца, така подобро ќе расте, ќе се разгранува и цвета.

Наједноставно се размножува со одделување на млади изданки кои веќе имаат свој корен, и тоа во текот на мај или јуни. Ново растение може лесно да се добие и од резница од млада изданка од околу 15 cm. Се забодува во мешавина од компост и песок, се става на топло место кое е под сенка.

За да расте убаво потребна е потпора, како стап или ограда.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:30
Бегонија цветлива (lat.Begonia)


Има многу видови бегонии, од тоа некои цветаат, а некои не. Заедничко за сите видови што цветаат е дека добро виреат ако се наоѓаат во полусенка. Може да се посадат во саксии, сандачиња или пак во градината. Сите растат многу брзо и цветаат во текот на целата година.
Во зависност од видот, може да имаат крупни или ситни цветови, но секако во многу бои.

Треба да внимавате да не претерувате со залевањето, бидејќи нивните нежни сукулентни стебленца не трпат многу вода. Петнаесетина минути по залевањето одлијте го вишокот вода од подлошката. Во лето залевајте ги на секој 3-4 дена, а во зима многу ретко.


Во периодот на раст потребно е еднаш месечно да ги залевате со вода во која е додадено течно ѓубриво за растенија кои цветаат.

Кога ќе ги садите бегониите, внимавајте длабнатата страна на коренот да ја ставите нагоре. Садете ги во март или април, во саксии кои ќе ги чувате на температура од 15-20°С за да разлистат, а надвор изнесете ги кога ќе помине опасноста од ниски температури, некаде во мај. Кога ќе се осушат листовите, околу средината на октомври, извадете го коренот и ставете го во тресет или песок за да го заштитите од мраз.

Женските, ситни цветови кои растат под големите машки цветови, треба да ги кинете додека се мали, за да не троши сила растението за создавање на семе.

Ако стебленцата се издолжат, слободно поткастрете ги малку, за да се добие убав грмолик облик.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:31
Красула (лат. Crassula)

Во овој род на сукуленти кои потекнуваат од Јужна Африка, припаѓаат неколку различни билки. Сите имаат дебели меснати листови, но некои имаат стебла, а некои се ползавци. Заедничко за сите е што се отпорни и долготрајни ако не се полеваат претерано.

Повеќе им одговара светло место, бидејќи ако нема доволно светлина листовите ќе бидат бледи, а растението ќе се издолжи. Но немојте да дозволите да ја гори сонце преку стаклото од прозорецот. Од пролет до доцна есен може да ја изнесете надвор, дури и да ја закопате во градината заедно со саксијата. Во есен, кога ќе почнат ладните ноќи со температура под 10°С, потребно е да ја внесете внатре. Но не и одговараат премногу загреани простори бидејќи тогаш не може да го постигне периодот на мирување, а често доаѓа и до зашилување и опаѓање на листовите.

Лесно се закоренува со резници во пролет. Препорачливо е да ја оставите резницата неколку часа да се засуши местото каде е пресечена, па потоа да ја насадите директно во земја.

Пресадувајте ја секоја втора година. Саксиите не мора да бидат длабоки. Битно е само да има добра дренажа, за да не се задржува вишокот на вода.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:32
Далија (lat. Dahlia)


Далијата уште се нарекува и Георгина, а потекнува од Мексико. За првите растенија кои стигнале во Европа кон крајот на XVIII век се мислело дека се зеленчук. Но Андреас Дал ја открил убавината на цветовите, па по него ова растение го добива името Далија. Во Белгија се одгледани првите двоструки вариетети и така се зголемува интересот за одгледување и вкрстување на видовите со што е создаден цел спектар на бои и големини. Има минијатурни кои растат како грмушка висока 20 cm, па се до високи видови кои може да порастат до 150 cm. И големината на цветот варира од 10 до 25 cm па и повеќе. Најголемиот цвет до сега забележан имал дијаметар од 53 cm. Освен по големината, цветовите се разликуваат и по својот изглед.

Далијата е многу издржливо растение. Треба да се посади на место каде нема цел ден да биде изложена на сонце во хумусно – глинеста земја и да има доволно влага. Во периодот додека цвета потхранувајте ја на секои 15 дена со течно ѓубриво кое има поголема количина на калиум од азот.

Цвета доцна во летото, но ако се посади прво во саксија па подоцна кога е веќе силно растението се пресади во градината, можно е да процвета во мај и да цвета до првите мразови. Ако одгледувате високи видови, мора до растението да ставите и колец на кој подоцна ќе се придржува. Кога ќе порасне 25-30 cm лесно врзете го за колецот. Се размножува со семе или со садење на веќе закоренети садници.

Потребно е да ги откинувате врвовите по третиот пар листови, за да добие убав грмушкаст изглед со многу гранчиња и цветови. Овенатите цветови мора да ги отстраните за да се продолжи времето на цветање.

Во доцна есен кога мразот ќе ги оштети листовите, одрежете го стеблото на околу 15 cm над земјата и извадете ја луковицата. Истресете ја од земја, свртете ја наопаку и оставете ја така да се суши околу 7 дена. Потоа ставете ја на место заштитено од мраз, обвиткана во хартија од весник или закопана во тресет.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:32
Глоксинија (lat. Sinningia)

Тоа е растение кое расте од ризом и кое во зима потполно мирува. Има назабени цветови со кадифена површина во форма на ѕвончиња. Растат на посебни стебла, а може да бидат во разни тонови на црвена или сина боја.Февруари е вистинското време ако имате ризом да го посадите во земја со доста хумус.

Држете ја умерено влажна, на топло место (18-20°C), а кога ќе потераат ластари, задолжително нека биде на светло место, но без директно сонце. Кога ќе потераат листовите, се препорачува да се постави на место без провев и директно попладневно сонце од кое нема да биде поместувана додека не пројде времето на цутење.

Полевајте во подлошката отприлика на секои 3-4 дена, по можност со млака вода и прихранете ја на секои две седмици со вода во која е ставено течно ѓубриво за растениja што цветаат. Таа сака влажност, па можете саксијата да ја ставите во поголема украсна вазна, а меѓупросторот да се пополни си тресет или песок или пак да се стават камчиња во полошката. Може да ги прскате листовите, но не и цветовите бидејќи ќе добијат дамки.

Кога ќе процветаат намалете со полевање, а кога листовите ќе почнат да венеат, потполно престанете со залевање, отстранете ги листовите и тргнете ја саксијата со ризомот на суво место. Ризомот мора да мирува барен осум седмици за да повторно протера следната пролет. Ризомите пред повторната сеидба исчистете ги од старата земја и вишокот на корени. Немојте да ги садите повеќе од три сезони, бидејќи силно ќе бидат истрошени и нема да дадат убави растенија.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 11:36
Бенџамин (лат. Ficus benjamina)

Најпопуларен вид на фикус со мали листови е бенџаминот.

Ова растение може да порасне во големо разгрането стебло, ако ги преживее првите три месеци на прилагодување. Не му одговара секој простор, и мора да се внимава додека е растението младо. Никако не смее да биде на провев, а потребно му е повеќе светлина, бидејќи листовите ќе почнат да пожолтуваат и да паѓаат.

Треба да се внимава на правилно залевање. Во зима залевајте го секој десетина дена, а во лето од прилика два пати седмично. Никако не дозволувајте да стои во вода. Петнаесет минути по залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката.

Во текот на пролетта и летото прихранувајте го еднаш месечно со течно ѓубриво за собни лисести растенија. Повремено оросувајте му ги листовите.

Пресадувајте го секоја година. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно тргнете го горниот слој земја, и заменете го со нов.

Ако сакате да му го ограничите растот, обрежувајте го, и тоа најдобро да биде во пролет. Одрежаните врвови може да ги користите за размножување. Земете резница од околу 10 см која има два пара на листови. Стебленцето одрежете го косо веднаш под долниот пар листови, а потоа и нив отстранете ги, така да остане само еден пар листови. Оваа резница насадете ја во земја до листовите. Чувајте ја на топло и светло место и редовно полевајте ја и набрзо ќе има нови ливчиња.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 21:15
Куќна среќа (lat. Soleirolia soleirolii, Helxine soleirolii)

Тоа е мало, нежно растение, со ситни кружни ливчиња, кое се развива многу брзо.

Треба да го сместите на многу светло место, но не на директно сонце. Не му одговара ни превисока температура на воздухот, така да веројатно нема да опстане во многу загреани простории.

Земјата треба да биде постојано влажна, но не мокра. Затоа истурете ја водата од подлошката по залевањето. Секогаш полевајте го под ливчињата, за да не го оштетите.

Еднаш месечно прихранувајте го со поразредено течно ѓубриво за лисести растенија.

Не треба да се пресадува, бидејќи иако брзо расте, има мал и плиток корен кој сигурно нема да го исполни целиот сад.

Убав грмушкаст облик може да добиете со обрежување на врвовите на растението во рана пролет. Тие резници може да ги употребите за размножување. Едноставно ставете ги во мешавина од тресет и песок, и тие набрзо ќе пуштат коренчиња. Може да го размножувате и со делење на коренот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 21:16
Украсни пиперчиња (lat. Capsicum annuum)


Ова едногодишно растение потекнува од Америка, а се одгледува поради прекрасните шарени плодови. Потребно е да ја чувате на светло место на кое има и сонце, но не најјакото пладневно сонце. Најдобро е да биде на отворено, на балкон или од надворешната страна од прозорците.

Во периодот на интензивен раст и цутење потребно е редовно да се залева и да не се дозволи компостот целосно да исуши. Кога ќе се појават плодовите (во таков облик најчесто се продава) треба да се залева помалку, а кога ќе дојдат поладни денови залевањето треба да биде уште поретко.

Ако младото растение сте го посадиле во свежа земја не треба да го прихранувате. Но ако е земјата малку "послаба", во периодот на цветање залевајте го со вода во која сте додале разредено течно ѓубриво.

Се размножува од семето, но во малку посложени услови. Ако немате услови како во вистински пластеник, пробајте на овој начин. Во рана пролет насадете ги семките, ставете ги на темно место, покријте ги со најлон, одржувајте го компостот влажен и барем 5 минути дневно откријте го најлонот за да дишат. Кога ќе изрти семето тргнете го најлонот и ставете ги младите растенија на светло место. Кога ќе зајакнат пресадете ги на саканото место. Овие пиперки се со многу интензивен вкус, не се препорачува да се јадат бидејќи постои вид Solanum pseudocapsicastrum чии плодови се многу слични на овие, но се отровни. Затоа е најдобро да го чувате растението каде нема да биде на дофат на децата кои најчесто ги привлекуваат јарки бои.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Декември.2013 во 16:41
Олеандер (lat. Nerium oleander)


Олеандерот е убава зимзелена грмушка која потекнува од областите околу Средоземното море. Има зелени, копјести, кожести листови кои растат еден спроти друг. На врв на гранката се јавуваат цветови кои цветаат по неколку заедно од јуни до септември. Потребно им е многу топлина и сонце за да цветаат. Ако е летото врнежливо тогаш многу малку цвета. Цветовите може да бидат единечни или повеќеслојни, најчесто во бела, беж, жолта, розова и црвена боја. Во приморските краеви, каде олеандерот е посаден надвор во текот на целата година, може да порасне во грмушка висока и до 5 метри.

Задолжително насадете го на место каде има многу сонце. Во континенталните краеви каде зимите се ладни, треба да се насади во големи саксии во добра, хумусна земја, а во текот на зимата да се внесе во затворен простор. Во текот на зимата треба да биде на светло место на температура од околу 5°С. Инаку ќе му израстат издолжени бели гранки, а и целото растение ќе се исцрпи, па најчесто е нападнато од разни штетници. Коренот треба да се одржува влажен. Во периодот кога расте бара многу вода, така да, ако е посаден во саксија треба да се полева секојдневно. Од кога ќе почне да цвета па до крајот на август, треба да се прихранува еднаш седмично. За да има убав грмушкаст облик потребно е да се крои.

Подобро е тоа да го направите во февруари отколку на есен, бидејќи ако е многу студена зимата ќе измрзнат младите изданоци. На постарите примероци се препорачува да се отсечат внатрешните гранки за да добие растението светлина. Ако премногу порасне во височина, слободно одрежете го до дрвениот дел од стеблото со остар, кос рез. Младите растенија одрежете ги до 2/3 од нивната висина за да добијат убав грмушкаст облик. Се размножува со резници во рано лето. Резниците треба да се стават во вода додека не пуштат коренчиња. Кога ќе ги пресадувате внимавајте бидејќи корењата се многу нежни и кршливи.

И внимавајте! Олеандерот е отровно растение, па кога го режете, пресадувате и сл. задолжително користете ракавици.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk