IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - Сам свој мајстор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сам свој мајстор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сам свој мајстор
    Испратена: 28.Декември.2013 во 11:44
Оваа тема се однесува на отстранување на разни дефекти или санирање на одредени проблеми во домотсреќа

Кога запнува фиоката


Често се случува фиоката да почнува да запнува и тешко да се отвора, а особено кај постар мебел каде што нема водилки по кои фиоката “патува”. Еве совет за решавање на овој проблем.

Доколку влагата е причина за запнување на фиоките, тогаш извадете ја фиоката и држете ја ден-два на суво место за да се исуши дрвото и да се намали неговата зафатнина. Земете обична свеќа и со неа истријте ги рабовите на фиоката како и внатрешните места по кои се движи фиоката. Тоа ќе биде решение за одредено време, а кога ќе забележите дека фиоката повторно запнува, повторете ја постапката.

Доколку запнува фиоката кај кујнски елемент, честа причина за заглавување на тркалцето во водилката е нечистотија и наталожени маснотии.
Извадете ја фиоката (на тој начин што кога ќе ја извлечете до крај, а потоа малку навалете ја за да го извлечете тркалцето) и исчистете ја сета евентуална нечистотија и мрснотии. Повторете ја постапката и во механизмот во внатрешноста на кујнскиот елемент. Потоа исшприцајте ги тркалцата и водилките со средство за подмачкување (WD40, на пример). Проверете како се вртат тркалцата и вратете ја фиоката на место.







Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 12:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:45
Како безбедно да заковате клинец


Честопати при ковање на клинец, и покрај тоа што внимаваме, се случува да настрадаат прстите со кои се придржува клинецот.

Еве начин како да се избегне ова:

Земете подебел картон и исечете помало правоаголно парче. Со ножици направете рез до центарот на парчето картон, каде што ќе го поставите клинецот. Парчето картон ќе ја одигра улогата на држач додека го ковате клинецот. Откога ќе го заковате, извадете го картонот преку резот.

Доколку станува збор за помал клинец, може да послужи и чешелот како придржувач.

Претходните начини може да помогнат и кога станува збор за ковање на клинец во тешко достапни места.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:46
Лепење на керамички плочки



Доколку лепите плочки во бањата, ви препорачуваме прво да почнете со крајниот ѕид, доколку не го поплочувате и таванот, во кој случај треба да почнете од таму.

Нанесување на адезивот

Користете адезив кој е водоотпорен, така што добро ќе се однесува во услови на влага. Ова е особено важно. Доколку ги лепите плочките на места кои не се изложени на вода, може да користите адезив кој не е водоотпорен. Епоксидните адезиви можат истотака да се користат, но времето на сушење потешко се утврдува.


Пред да го нанесете, внимателно прочитајте го упатството од производителот за времето на сушење за да не нанесете повеќе маса од потребната; вообичаено се нанесува количина која е доволна за 30-40 минути работа.

Нанесете го адезивот на ѕидот користејќи ја рамната страна на мистријата. Кога ќе го нанесете на површината, свртете ја на нерамната и движете ја под агол од 45° за да направите жлебови во адезивот.

Забелешка: дебелината на врвот на адезивниот слој треба да биде приближнa колку што е дебелината на самата плочка.

Местење на плочките

За ѕидовите: планирајте ги плочките кои од двете страни се сечени за дното од ѕидот. Целите плочки ставете ги погоре поради естетскиот ефект. Долните плочки може да се покријат со лајсна.За местото на ѕидот позади мијалникот: плочките што се сечени од двете страни ставете ги веднаш над мијалникот за да не се во фокусот на гледање.

 

 

1. Со либела одредете ја најниската точка на ѕидот. Ставете една плочка на ова место и означете го ѕидот над неа. Од ова место со помош на либелата нацртајте хоризонтална линија по целата површина.

 

 

 

 

2. Најдете го центарот на хоризонталната линија и повлечете вертикална линија под агол од 90° со хоризонталната линија.

 

 

 

 

3. Наместете еден ред од центарот на линијата кон било која страна на ѕидот. Ако останува празен простор помалку од ½ од плочката, поместете ја вертикалната линија на лево или на десно за да избегнете лепење на мали парчиња.

 

 

Сечење на плочките:

Секогаш носете заштитни очила кога ги сечете плочките! Пред да ги исечете плочките, местото каде ќе се сече плочката треба да биде обележено со молив.

 

За сите рамни линии користете машинка за сечење плочки. Прво се нажлебува, а потоа се сече плочката.

 

 

 

За сечење на мали делови од плочката се користат клешти за плочки.

 

 

 

За посложени кривини или ивици се користи бонсек, кој може да сече поглатко и попрецизно.

 

 

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:47
Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување



Во тек на употребата на фрижидерот може да се појават пречки и дефекти во работата. Наведуваме некои од нив, кои во повеќето случаи се последица на неправилна употреба, па може сами да ги отстраните.

Фрижидерот не работи после приклучувањето на електричната мрежа

Проверете дали во штекерот има напон и дали фрижидерот е вклучен (регулаторот на термостатот треба да е во позиција за работа).

 

Разладниот систем веќе подолго време непрекинато работи

Пречесто отворање на вратата, т.е. предолго отворена врата.

Неправилно затворена врата (можно е присуство на страно тело, вратата да е навалена, оштетена да е гумата на вратата,...)

Преголема количина на намирници.

Поради недоволното ладење на компресорот и кондензаторот проверете го кружењето на воздухот позади апаратот и исчистете го кондензаторот.

 

Собирање на лед на задниот ѕид во внатрешноста на фрижидерот

Се додека водата тече во жлебот низ отворот во садот на компресорот, овозможено е нормално автоматско топење на фрижидерот.

Во случај да на задниот ѕид во внатрешноста на фрижидерот се собере прекумерен слој на лед, стопете го рачно. Регулаторот на термостатот ставете го во положба СТОП (0) и оставете ја вратата отворена. Не го топете ледот со електрични направи (фенови за коса и сл.) и не го симнувајте со тврди предмети. Откако ќе завршите со топењето, свртете го прекинувачот во саканата положба и затворете ја вратата на фрижидерот.

Прекумерното собирање на ледот е последица на:

• слабо заптивање на гумата на вратата (ако гумата е оштетена или нечиста, очистете ја или заменете ја),

• пречесто отворање, односно оставање на вратата отворена,

• ставање на топла храна во фрижидерот,

храната или садовите што се полни, сместени се во задната страна на внатрешноста на фрижидерот.

 

Од фрижидерот тече вода

Водата тече од фрижидерот, ако е затнат отворот за истекување на водата, или ако стопената вода капе надвор од жлебот за собирање на водата.

Затнатиот отвор исчистете го на пример со пластична сламка.

Предебелиот слој на лед стопете го рачно.

 

Бучење на фрижидерот

Ладењето во апаратите за ладење и замрзнување го овозможува разладниот систем со компресорот кој прави и одредена бучава. Јачината на оваа бучава зависи од поставувањето, исправната употреба и староста на фрижидерот.

За време на работата на компресорот можете да го слушнете шумењето на течноста, а за време на мирувањето протокот на разладната течност. Тоа е нормално и не влијае на векот на фрижидерот.

По вклучувањето фрижидерот работата на компресорот и протокот на разладната течност можат да бидат погласни. Тоа не е знак за дефект и не влијае на трајноста на фрижидерот. По некое време на работа на фрижидерот, гласноста на тие шумови ќе се намали.

Повремено за време на работата на фрижидерот се слушаат и необични и појаки шумови, невообичаени за фрижидерот и во повеќето случаи се последица на неправилно поставување:

- Фрижидерот мора да стои рамно и стабилно на тврда подлога.

- Не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи.

- Проверете дали внатрешната опрема е на свое место, т.е. дали звецкаат лименките, шишињата или други садови, кои меѓусебно се допираат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:47
Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување


 



Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 11:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:48
Спојување на гипс плочи


За пример за монтажа на плочите ќе ги земеме гипс плочите од Knauf. Обработката на споевите и завршната обработка се решавачки фактори кои го одредуваат квалитетот на завршните работи при сувата монтажа. Меѓусебно перфектно усогласените Knauf системи за обработка на споевите едноставно се изведуваат и овозможуваат висока сигурност и цврстина на споевите на плочите. Со правилна постапка и израмнување настануваат рамни и глатки површини на гипсените конструкции кои се идеална подлога за разни завршни обработки како што се глетување, лепење тапети или керамички плочки.

 

Knauf Unilott се сипа во вода и се меша до постигнување на кремаста густина. Knauf Unilott темелно се натиснува во спојот на плочите.

 

 

 

 

 

Откако ќе се стврдне (за околу 40 минути), вишокот на материјал се симнува со лопатката.

 

 

 

 

 

 

Втората фаза на глетување се изведува со широка мистрија. За изработка на идеално глатки површини најдобар материјал е Knauf Readyfix.

 

 

 

 

 

Евентуалните нерамнини треба да се израмнат со лесно брусење со фина брусна хартија или со брусна решетка. Внимание: плочите не смее да се оштетат!

 

 

 

 

 

Надворешните агли треба да се заштитат со аголни алуминиумски или челични профили или со Alux лента за заштита.

 

 

 

 

 

Споевите од ѕидовите и таванот треба да се изведат со самолеплива лента со видливо растојание, со акрилен кит или со глетување со Knauf Renoband.

 

 

 

 


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:49
Одзатнување на одводот кај мијалникот


Решение:

1. Може да се употреби средство за одзатнување. Средството за одзатнување не треба да се употребува во случај кога цевките се целосно затнати. Следете го упатството на производот. (Некои средства може да ги оштетат поцинкувате цевки).

2. По правило, ставете ја течноста низ инка директно во отворот, со цел да нема можност евентуално да го оштети порцеланот. Доколу се истури на рацете или на облеката, ведаш измијте ги со ладна вода.

.

3. За да повторно се воспостави проток кој е блокиран од мали наслаги, употребете вакуум гума за одзатнување.Кога ја користиме гумата, во мијалникот треба да има вода.Ставете ја гумата врз одводот од мијалникот и движете ја рачката горе-долу. Гумата цело време треба да биде во средината на одводот и да биде статична.

4. Ставете влажна крпа преку одводот за заштита од претекување на мијалникот (ако постои) за да го острани воздухот.

 

5. Ако не успеете со сето ова, мора да го исчистите сифонот. Одвртете го со соодветен клуч.

6. Земете некој сад за да ја собере водата која ќе се истури.

7. Кога ќе го заменувате сифонот, проверете дали гумичките се затегнати и цврти, бидејќи ако се меки и разлабавени нема да држат.

 

 

 

 

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:50
Совети за лепење тапети


Лепење околу врати и прозори 

При лепењето на тапетите околу вратите и прозорите, немојте пред лепењето да ги мерите и кроите за да бидат точни, бидејќи всушност тоа може да го направите на самиот ѕид.

Измерете и исечете тапета со должина поголема за 15 см од растојанието меѓу таванот и подот. Поставете ја тапетата и направете вишокот да виси над рамката.

Поставете ја тапетата така да налегнува врз другата тапета, следејќи ја шарата од првата.

Направете дијагонален рез кој ќе поаѓа од ивицата на рамката, а ќе завршува во аголот од рамката каде што се допира со ѕидот

Истото направете го и на долната ивица од рамката. Потоа земете нож за да ја притиснете тапетата над вертикалниот дел од рамката до ѕидот и да оформите раб, водејќи сметка тапетата да е правилно позиционирана во однос на соседната.

Истото направете го и на горниот и долниот дел од рамката. Со помош на скалпел и нож, сечете по рабовите кои претходно ги оформивте.

 

Лепење тапети околу аглите на собата

Доколку ставите цела тапета во аголот на собата, постои можност таа да не биде добро прилепена до ѕидот, или тапетата да биде криво залепена доколку аглите во собата не се правилни. Најдобро е спојот на тапетите да е во самиот агол.

Измерете го растојанието од крајот на последната тапета до аголот на ѕидот и тоа во врвот на собата, во средината и во најдолниот дел. Земете ја најдолгата од овие 3 мерки и додадете 1,5cm (за преклопување). Со оваа мерка исечете ја тапетата, користејќи некоја рамна ивица за да го води скалпелот или ножиците додека сечете.

Остатокот сочувајте го, а исечената тапета залепете ја на ѕидот, правејки преклоп со претходната тапета и притискајќи ја другата ивица во аголот.

Потоа измерете го остатокот, нанесете ја таа мерка со молив во горниот дел од ѕидот каде што тапетата треба да се лепи, и од мерката повлечете вертикална линија. Потоа лепете го остатокот од вертикалната линија кон аголот на собата.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:51
Поправка на казанче кај WC шоља


Можен дефект кај казанчето во тоалетот е перманентно течење по малку вода во шољата.

Постојат два главни склопа во казанчето. Првиот е вентил за полнење на казанчето со вода, монтиран на левата или десната страна на казанчето. Вториот склоп е направа (вентил) за испирање на шољата.

Најнапред треба да се открие кои од овие два склопа е во дефект.Ова е обично многу лесно. Се одстранува капакот од казанчето и ако водата прелива низ отворите на преливната цевкатоа значи дека грешката е во склопот за полнење. Повлечете ја полугата на пловакот нагоре, па ако водата престане да прелива, потребно е само подесување на нивото на водата, без ништо да се замени. Испуштете ја водата во шољата, потоа со левата рака, блиску до вентилот, подигнете ја полугата од пловакот, со другата рака свиткајте ја полугата малку надолу (кај разни типови ова се постигнува со разни решенија, но сите се едноставни), ослободете ја полугата и почекајте да се наполни казанчето. Ако сте ја свиткале доволно, водата ќе застане пред да го достигне нивото на преливање, во спротивно свиткајте ја уште малку.

Во случај водата да тече и откако ќе се подигне полугата со рака, треба да се поправи или замени самиот вентил. Најнапред треба да се исклучи доводот на вода до казанчето (се затвора вентилчето пред флексибилното црево) и се демонтира вентилскиот склоп во кои припаѓа и пловакот заедно со полугата. Постојат разни типови на вентили за полнење на казанчето со вода и скоро сите работат на ист принцип. Најчест дефект овде е дотраено заптивно прстенче или некој дел е скршено во склопот на клипчето.

Доколку најдете соодветни делови во најблиските продавници за водоводни инсталации едноставно вршите замена. Во спротивно купете цел вентилски склоп кој е релативно евтин.

Следен можен дефект е казанчето да не се полни до горе, водата непрекинато да истекува во шољата, а се случува и казанчето во интервал од неколку минути само да ја испушта водата. Ова значи дека е во дефект вентилот односно направата за испирање на шољата.Поправката најчесто се состои во тоа што треба да се замени дотрајаната гумена заптивка. За да се уверите дали навистина е дотраена, пипнете ја со два прста и ако на прстите останува црнило таа е сигурно дотраена. Друг показател е ако на долната страна се гледа нерамен жлеб во облик на круг кој оневозможува правилно заптивање. За да дојдете до гумата треба да го направите следното. Се одстранува полугата за активирање која најчесто е вовлечена во прорезите на преливната цевка. Се одстранува капакот од садот во кој е сместен клипот-пловак и кој истовремено служи и како водилка на преливната цевка на чиј крај има диск со жлеб на кој се наоѓа заптивната гума. Капакот е прицврстен или со еластични испусти па треба само да се повлече појако, или треба да се заврти малку обратно од насоката на стрелката на часовникот, па да се повлече. Монтажата се одвива по обратниот редослед.

 

.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:55
Одледување на замрзнувачот


Во тек на работата на замрзнувачот на ѕидовите се создава мраз кој е топлински изолатор за ладењето на воздухот во замрзнувачот и негативно влијае на неговата работа.

Создавањето на мразот во замрзнувачот зависи од подесеноста на термостатот. Ако температурата на ладење е пониска, мразот побрзо се создава.

Наслагите на мраз создаваат губитоци во ладењето, односно зголемување на трошоците за енергија.

Мразот од страничните ѕидови на замрзнувачот се одстранува со пластична лопатка, притоа внимавајќи да не се изгребе изолацијата. Предходно треба да се извадат сите продукти од замрзнувачот и да се исклучи барем 1 час за да се топи мразот. процесот може да се забрза доколку во замрзнувачот ставите пластичен сад со вруќа вода.

Кога ќе се одстрани мразот, внатрешноста на замрзнувачот треба да се измие со сунгер натопен со неутрално средство за чистење.

При враќање на продуктите во замрзнувачот, ѕидовите избришете ги со памучна крпа.

Продуктите кои предходно биле на дното, ставете ги најгоре за да поподесенпотрошат.

Термостатот на замрзнувачот нека биде поставен на -25оC, Доколку количеството на продукти во замрзнувачот е помал, термостатот треба да се постави на повисока температура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 12:02
Поправање на гребнатини на мебел


Помали гребнатини на мат или на сјајни површини од мебелот можат прилично едноставно да се отстранат со помош на високосјајно средство за полирање, кое може да се набави во специјализираните продавници за бои и лакови.

Политурата се нанесува со мека ткаенина на дрвото и се втрлува во него со кружни движења. По ова, со мека крпа се истрлува и полира. Овој вид на политури постојат и во вид на спреј, со што е овозможено нивно подобро и порамномерно нанесување.

Поголемите гребнатини кои навлегуваат подлабоко во дрвото не можат да се израмнат со ваква површинска “козметика”, туку треба да се применат други методи:

Ако се работи за мебел од природно дрво (нелакирано), гребнатините може да се отстранат на следниот начин: накапете неколку капки врела вода само на оштетеното место, со што дрвото на тоа место ќе набабри по што гребнатината ќе исчезне.

Зa мат површина на дрво постојат готови смеси кит на база на восок во соодветни бои. Помало количество на кит со загреан нож треба да се втисне во вдлабнувањето, а кога китот ќе се олади, отстранете го вишокот на кит со триење со мека четка или крпа.

Доколку оштетувањата се направени на лакирано дрво, треба да се употреби кит на база на шелак. Бојата на китот треба да биде иста како бојата на дрвото.

Китот силно се загрева додека не стане стане течен, со што ќе може да се внесе во гребнатините. Овој вид на кит побрзо се лади и се стврднува. Има рапава површина, па затоа брусењето треба да се изведува внимателно. На крај, поправеното место треба повторно да се излакира со сјаен лак.

Овој тип на поправки можат да бидат и прилично сложени, па затоа совет е барем кога се работи за полиран, високосјаен мебел да се ангажира стручно лице.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:17
Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите


Како последица на греењето на водата во водоводните инсталации и во системот за греење на водата настанува каменец. Тогаш системот непотрбно троши дополнителни количества на струја за да загрее водата и каменецот. Со тек на време, бојлерот или апаратот за кафе ќе почне побавно да ја грее водата. Клокотењето и шуштењето на грејачот е сигурен знак дека во апаратот се собрал каменецот.

Постојаната тврдост на водата потекнува од присуството на сулфати, хлориди или нитрати на калциум и магнезиум. Овие соли се штетни бидејќи се таложат како каменец на загреаните површини на котловите и цевките. Создадениот каменец го стеснува пречникот на цевките со што се намалува протокот на вода или предизвикува потполна блокада на цевката.

Наслагите на каменец добро се растворуваат со киселини, како што е лимунов сок или оцет, но не е пожелно предолго да бидат оставени за да не ги оштетат емајлираните и порцелански делови. По чистењето потребно е добро да се испеарат со вода.

На пазарот постојат многу готови производи за оваа намена, Еве една постапка за бесплатно чистење:

Постапката на чистење е релативно едноставна. Пред се треба да се исклучат сите извори за напојување на струја и вода. Потоа испразнете ја водата од апаратот, ставете оцет и оставете да делува од 24-36 часа. Потоа испазнете го и со вода добро измијте го резевоарот на апаратот. Проверете дали парчињата на каменец не ги зачепиле одводите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:18
Одвртување на пукната сијалица



Сијалицата е прегорена и пукната во коренот?

Еве начин како да се реши проблемот:




Неквалитетните сијалици честопати се случува да прегорат и пукнат во коренот, a потоа е тешко да се извади остатокот од грлото. Еве начин како едноставно да се реши проблемот:




На пламен омекнете го грлото на пластично шише и оформете круна како на сликата.




Сега таквата круна ставете ја во навојот на сијалицата и одвртете го.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:23
Нитро или маслени бои?


Доколку сакаме некој метален или дрвен предмет да го обоиме и се појави дилема дали да се употреби боја на нитро или на маслена основа, еве неколку информации:

Боите на нитро основа се поотпорни и постабилни на температурни промени од маслените. Доколку се одлучиме површината да ја обоиме со нитро боја, на неа претходно мора да ставиме нитро основна боја. Кај нитро боите предност е фактот дека многу брзо се сушат, но затоа пак поради ова не се погодни за боење во летните горештини (освен ако не станува збор за професионалец со професионален алат). Затоа, во вакви услови подобро е да се земе маслена боја, со која се употребува и маслен разредувач.

Постои основно правило: никогаш на маслена боја да не се нанесува нитро боја, бидејќи маслената боја која е под нитро бојата се збрчкува, пука и се лупи. Затоа, ако површината е премачкана со боја за која не сме сигурни на која основа е произведена, совет е да се иструга малку од премазот и да се потопи во нитро разредувач. Доколку бојата не го смени изгледот, станува збор за нитро премаз. Доколку бојата се згрутчи и се собере станува збор за маслен премаз.

Постојат и специјални Хамерит бои на маслена основа. Кај овие бои не е потребно претходно да се нанесе основна боја, туку тие со железниот оксид (FeO2) создаваат подлога која штити од понатамошно ‘рѓосување. Овие бои се двојно поскапи од нитро и маслените бои, но нивната трајност е двојно поголема.

Исто така, постојат и двокомпонентни бои, кои се прилично скапи, но нивното траење е десетина и повеќе години без дополнителна интервенција. Овие бои се користат за боење на ТВ предаватели и останати антенски системи кои се изложени на временски непогоди, а поради цената не се погодни за широка употреба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.