IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Украси за домот и дворот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Украси за домот и дворот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 14>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:43

Ако веќе останувате дома ова лето, направете нешто забавно во вашиот двор или тераса. Супер би било ако имавте барем една од оние меки нишалки во дворот, создадени за целодневно излежување?

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-001

Многу лесно и брзо можете сами да ја изведете, а покрај тоа може да ја украсите по ваш вкус и желба.

Зависно од тоа дали сте големо семејство или пак живеете исклучиво во пар, разгледајте ги своите можности и потреби и започнете.

Потребно ви е само едно цврсто јаже или синџир, палети или даски кои ќе послужат како рамка, мек душек или јорган и многу пернички.

Или пак, постои уште поедноставен начин. Стариот мебел наместо да го фрлите, модифицирајте го, зацврснете го и закачете го на издржливо јаже или синџир. Отстранете или пресечете ги ногарките и вашата подлога за совршена нишалка е подготвена.

Со само малку напор и креативност претворете го вашиот двор во мала оаза каде што ќе уживате во кафето, книгата и љубовта со најблиските.

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-1

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-2

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-3

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-4

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-5

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-6

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-7

nadvoresni-nisalki-za-nezaboravno-leto-8

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:51

Многумина имаат премногу облека што ја носат, па и таква што не ја носат, но сепак сакаат да ја чуваат во случај да им притреба.

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-01

Особено девојките кои покрај основната облека имаат уште цела фиока со марами, ремени, модни додатоци, чорапи на кои никогаш не можете да им го најдете парот и уште мал милион ситници кои ви се расфрлани низ целата соба или за кои ви е претесен гардероберот.

Ви нудиме неколку интересни идеи кои можете и сами да ги направите и да воведете ред во вашиот уметнички расфрлан хаос низ собата. Некои од нив можат да изгледаат и многу креативно, покрај тоа што се практични и корисни.

Искористете го она што го имате дома, како жици, отворачи на лименки, штипки, картонската ролна од тоалетната хартија, дрвената шипка од завесата или нешто што вам ви е неупотребливо, а може да ви помогне за да ги изведете овие идеи и да му дадете нов лик на гардероберот.

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-1

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-2

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-3

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-4

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-5

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-6napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-7

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-8

napravete-sami-kreativni-zakacalki-vo-vasiot-garderober-9

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:55

kreativna-kosnica-za-velosiped-1

Иновативната кошница е дизајнирана од Ареум Јонг и Јенгкен Јонг. Таа лесно може да се прикачи на било која рамка од велосипед.

Долгото флексибилно јаже може да добива различна дорма. Силиконските држачи ја одржуваат кошницата стабилна. Едноставно, а креативно и практично решение.

kreativna-kosnica-za-velosiped-2

kreativna-kosnica-za-velosiped-3

kreativna-kosnica-za-velosiped-4

kreativna-kosnica-za-velosiped-5

kreativna-kosnica-za-velosiped-6

kreativna-kosnica-za-velosiped-7

kreativna-kosnica-za-velosiped-8

kreativna-kosnica-za-velosiped-9



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 15:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 22:32

Бидете креативни во кујната и пренаменете ги старите кујнски садови. Секој има дома многу стари работи кои не ги употребува.

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-01

Со помош на вашата имагинација можете да ги промените старите работи од вашата баба кои многу ви значат, но не можете да ги употребувате за она што се наменети.

Ви претставуваме неколку кул идеи кои може да ги пробате.


Од старите чајници можете да направите интересни ноќни ламби

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-1


Поголемите лажици можат да ви послужат како држачи или свеќници

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-2


Старите тави или калапи може да ги употребите како рамки или за слики или часовник на ѕид

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-3


Цедалката или тенџерето кои не ги употребувате за готвење, можат да бидат декоративни саксии

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-4


Доколку имате скали во дворот, импровизирајте водопад со помош на лимените кофи за наводнување на градината, наполнети со вода

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-5


Од подлабоките чинии или филџани дополнети со некои поситни садови или приборот за јадење, направете интересни и уникатни лустери

napravete-sami-novi-kul-idei-za-starite-predmeti-6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2013 во 22:35

Неверојатно е кога ќе сфатите дека можете да направите многу работи од нешто за кое не сте размислувале дека може да има и друга употреба. Дали некогаш сте размислувале што можете да направите од тапи од плута?

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-01

Плутата како материјал е лесно прилагодлив и можете да го искористите многу креативно. Подметачи за садови, држачи за накит, пенкала, слики, огласи, плочи, вазни...

Навистина многу може да се направи од плута, а предност е што повеќе од проектите се многу лесни за изведба.

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-02

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-03

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-04

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-05

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-06

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-07

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-08

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-09

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-10

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-11


20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-12

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-13

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-14

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-15

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-16

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-17

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-18

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-19

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-20

20-raboti-koi-moze-da-gi-napravite-od-pluta-21

Страна 2 од 2

Изменето од Valerija - 19.Декември.2013 во 22:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 19:05

Парфемите речиси секогаш се спакувани во прекрасни стаклени шишенца кои обично веднаш штом се испразнат ги фрламе. Но, никогаш не сте размислиле како креативно да ги искористите миризливите амбалажи?

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-01

Погледнете ги овие неколку идеи и инспирирајте се да направите нешто креативно и прекрасно за вашиот дом.

Мини вазна за цвеќе

Искористете ги поголемите шишенца за да ги претворите во мини вазни. Одлепете ја етикетата, залепете некоја своја декорација по желба, наполнете вода и поставете го шишенцето со интересен облик на некоја полица.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-02


Освежувач

Оваа идеја е фантастична! Од задната страна на шишенцето залепете шарена хартија, украсете по ваша желба и наполнете го со етерично масло. Може да додадете неколку дрвени стапчиња кои ќе го впијат мирисот и ќе го прошират низ целиот дом. Плус, изгледа како скапа, луксузна и необична декорација.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-03


Слатки ланчиња

Малите шишенца од тестери можете да ги наполните со монистри во една или повеќе бои, да ги затворите добро и да ги замотате со мала жичка околу капачето. Додадете едно синџирче и ќе создадете нов, модерен аксесоар.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-04


Држач за накит

Шишенцата со овална форма и интересни капачиња секогаш може да ги искористите како држачи за накит. Украсете ги со вашите омилени часовници, нараквици или ланчиња.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-05


Свеќник

Обоените шишенца може да бидат одлични држачи за високите свеќи кои никако не можете да ги сочувате стабилно да стојат. Наполнете ги шишенцата со песок или ситни камчиња за да добиете поголема стабилност и поставете ги каде сакате низ вашиот дом.

napravi-sam-od-prazen-parfem-do-unikatna-dekoracija-06

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 18:36
Кога е студено можете да се греете и на свеќи!

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:32
Eve I vakvo nesto e mozno голема насмевка
Slikava ja postiram kako idea, inaku ne mozam da gi najdam chekorite po koi e napraven ...
 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:00
Направи сам: постолје за цвеќе



Трупецот може да послужи како уникатно постолје кое ќе ги замени саксиите во дворот. Одберете трупец кој ви се допаѓа и направете го сами.


Постапка:

1. Исечете го трупецот на саканите димензии и облик.

2. Со дупчалка и сврдел или поголема бургија издупчете ги грубо дупките.

3. Со длето убаво обработете ги дупките и направете слив на една страна. Направете дупка на дното на саксијата кон една страна на трупецот за да може да истекува вишокот вода.


   


4. Заштитете го трупецот со водоотпорен лак.

На крај, може да го посадите цвеќето во саксиите и да се воодушевувате на неговата убавина.


   
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:00
Направи сам: кутија од магазини




Доколку сте љубител на уникатни дела, имате малку време и многу стари магазини, еве начин како да ги употребите на креативен начин и да направите сопствена декоративна кутија.


Потребни материјали и алати:


- кутија за чевли
- пиштол за топло лепило
- лепило за хартија
- стари магазини
- ножици
- четка за сликање


Постапка:


Обложете ја кутијата со страни од магазин, потоа направете цилиндри од страниците, залепете ги на кутијата и ќе добиете уникатна кутија.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:01
Закачете излог



Сеуште не можете да ја најдете вашата омилена нараквица бидејќи е заплеткана со останатиот накит на дното од вреќичката со накит... За да ја избегнете оваа и слични ситуации може да направите рамка-излог за накит кој ќе овозможи накитот секогаш да ви биде на око и при рака.




Материјал и прибор:

• дрвена кутија за чување прибор за јадење
• хартија за брусење со фина гранулација 200
• бела акрилна боја
• остатоци од тапети за ѕид (неколку мотиви)
• лепило за дрво
• четкичка за нанесување на лепилото
• декоративни кружни рачки за мебел




Постапка на изработка:

1. Добро избрусете ја кутијата со фина хартија за брусење и во горниот дел на секој нејзин оддел издупчете отвор за рачките.

2. За секој оддел искроите различен тапет и залепете го со лепило за дрво. Тапетот е мек, што ќе овозможи лесно да утврдите каде е отворот за рачките. Кога сè ќе се исуши (за околу 1 час) прицврстете ги рачките. Не заборавајте на опачината да ставите кукичка за закачување на ѕид.




Мали совети:

• Во подолгите оддели редете ги ланчињата, а во покусите нараквиците.

• На ист начин може да уредите и стара, дрвена фиока на тој начин што во внатрешноста ќе залепите искроена плоча од плута.

• Излогот закачете го на ѕидот во бањата или во спалната соба покрај огледалото; искористете ги и неговите бочни страни каде може да ги закачите најдолгите парчиња на накит.

• Под долната страна на излогот може да се закачат неколку “L” клинчиња и на тој начин да се добие дополнителен простор за закачување.

• Внатрешноста може да ја обоите во неколку бои, а за оваа намена може да послужат и обични темперни бои, но не заборавајте после сушењето да ги прелакирате со обичен проѕирен лак во спреј.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:03
Направи сам: полица со рамка


Овој интересен елемент преставува полица и слика во едно. Доколку имате некојa стара дрвена кутија или слика, нив може да ги искористите за негова изработка, а на тој начин ќе добиете убав и функционален елемент во вашиот дом.

Потребни материјали:

- дрвена кутија
- дрвена рамка или декоративна лајсна
- столарска кутија за режење
- лепило за дрво
- линијар
- молив
- декоративна самолеплива хартија
- креп-хартија
- скалпел
- дупчалка




1.Измерете ги внатрешните димензии на вашата кутија (ширината и висината).




2. За сечење на рамката, обележете ја измерената димензија и со помош на столарска кутија за режење, исечете ја под агол од 45 степени од двете страни. Едниот рез треба да има ориентација “/”, a другиот “\”. Најмалата димензија на исечената лајсна треба да биде еднаква на измерената внатрешна димензија на кутијата. Ова сторете го и за сите 4 парчиња на рамката.

3. За спојување на рамките, нанесете го лепилото на аглите на парчињата на рамката и спојте ги. За да обезбедите нивно притискање, спојте ги и со креп-хартија, која подоцна ќе ја извадите. Со влажна ткаенина отстранете го вишокот на лепило. Почекајте одредено време, според упатството на производителот на лепилото, за да процесот на лепење биде успешен.




4. Додека лепилото се суши, може да ја залепите декоративната самолеплива хартија на надворешните страни на кутијата. Ова, се разбира, ќе го направите доколку не сте задоволни со нејзиниот изглед. Исечете парче со ширина на страните на кутијата и со должина доволно за да се обиколат сите четири страни. При лепењето испланирајте крајот на хартијата да биде на горната страна, за да не се гледа. Евентуалните нерамнини и воздушни меури кај хартијата израмнете ги.

5. Со дупчалка направете отвори во аглите на задниот дел на кутијата кои ќе служат за закачување.





6. Кога рамката ќе биде залепена, може малку да ја избрусите, и да ја обоите, по желба.

7. За да ја споите рамката со кутијата, нанесете тенок слој по должината на целиот преден раб на кутијата. По спојувањето на рамката и кутијата, вишокот на лепило отстранете го со влажна крпа. Залепете креп-хартија за да се изврши притисок на залепените површини. Откога лепакот е целосно исушен, отстранете ја креп-хартијата. Така, вашата полицата е подготвена за поставување.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:04
Направи сам: собна фонтана



Во домот може да уживате и во жуборот на фонтаната. Собната фонтана овозможува овлажување и јонизирање на воздухот околу себе, правејќи го на тој начин просторот попријатен за престој.

Малите собни фонтани може да бидат со различни облици и димензии, а ќе презентираме како да направите сами една собна фонтана во комбинација со растенија.


Потребен материјал: декоративен сад, водонепропусен сад, земја за цвеќе, камен, чакал, пумпа за вода, црево.




Во соодветен декоративен сад (керамички, пластичен) сипете земја за цвеќе.




За резервоар во кој ќе стои пумпата може да употребите било каков водонепропусен сад.




Садот втиснете го во земјата, внимавајќи притоа нејзиниот раб да биде малку повисок од нивото на земјата во која ќе се садат растенијата.




Посадете ги растенијата.




Низ шупливиот или продупчен камен провлечете го цревото.




Каменот со пумпа внесете го во резервоарот. За да не паѓа, прицврстете го со помош на чакал.




Резервоарот наполнете го со вода, а пумпата вклучете ја во струја. Редовно долевајте вода во резервоарот за да пумпата не работи на суво.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 11:05
Направи сам: ѕиден часовник



Копчињата, покрај за вообичаената намена, може да се употребат и за нешто корисно и симпатично – ѕиден часовник.


Потребни материјали и алати:

• лимен капак од кутија за колачи
• шило
• нацрт за часови
• 12 копчиња во различна боја
• лепило
• механизам за часовник со сказалки


Постапка:


1. Точно одредете ја средината на лимениот капак и со шилото направете доволно голем отвор за соодветниот механизам на часовникот.


   

2. Направете нацрт на часовите за да може прецизно да ги определите местата каде што треба да се постават копчињата. Копчињата залепете ги на зададените позиции со лепило. Со лепило прицврстете го и механизмот на часовникот, а на крај ставете ги сказалките.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,594 секунди.