IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 65>
Автор
Порака
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 00:25
Не ми се  допаѓа Александра Брковиќ, женската убаво пее, ама кога ја гледам си мислам или нешто ја боли или од нешто многу и се згадило не знам
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 12:56
ајде вечер нашите да ги гледаме 
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 14:15

Во новата епизода на „Х-фактор“ во куќите на судиите ќе ги видиме натпреварувачите над 27 години во групата на Жељко Јоксимовиќ и натпреварувачите во бендови од групата на Кристина Ковач.

leontina-kako-gostin-sudija-na-kristina-kovac-vo-x-faktor-01

Кристина како своја гостинка судија ја избра долгогодишната пријателка Леонтина Вукомановиќ како врвен музички професионалец со која и Жељко Јоксимовиќ има соработувано.

„Леонтина е вистински избор за гостин судија, кој ми помогна многу за да донесам навистина тешки одлуки. Го ценам фактот што таа е феноменален автор, зад себе има песни со кои многу кариери се изградија и ако ја изземеме стилската разлика која постои меѓу нас, таа е една од ретките жени автори на домашната сцена чија работа ја почитувам. Плус и двете сме Скорпии, што е убиствена комбинација, ќе видите во емисијата!“ – изјавила Кристина Ковач

Какви се коментарите на Кристина и Леонтина, дали бендовите ги оправдаа очекувањата на својата менторка и кои продолжуваат во следната фаза од натпреварувањето ќе дознаете вечерва во новата епизода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2013 во 18:26
Кога настапува Тамара Миловановиќ повторно ?
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 00:32
Нашиот Даниел отпеа феноменално и оди понатаму..

 

Криво ми е за Маид..се надевам публиката ќе го врати


На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 10:02
a fifi?odi li ponatamu
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 15:12
Originally posted by mrzla mrzla напиша:

a fifi?odi li ponatamu

Фифи оди да, браќата не одат
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 15:58
тој таквиот отиде боже сачувај , се знаеше дека браќата нема да идат таа Ковач од почеток викаше дека не се добри, ама им се допаѓаа на другиве судии 
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 16:06

Во втората емисија од фазата во куќата на судиите ги видовме групата „Бендови“ на Кристина Ковач и нејзиниот помошник судија, Леонтина Вукомановиќ и групата „Натпреварувачи над 27 години“ на Жељко Јоксимовиќ и неговиот помошник судија Тони Цетински..

daniel-so-svetski-x-faktor-a-koi-se-poslednite-koi-prodolzuvaat-vo-x-faktor-adria-01

Во Белград се случуваше аудицијата на Кристина каде први кои настапија беа Јана Вуковиќ и Лука Грумиќ, како прекрасен хармоничен дует со одлично согласени и балансирани вокали, но за жал не поминаа во следната фаза.

Втори од бендовите се претставија победникот на македонскиот Идол и неговиот брат, Иван и Кико Раденови. Коректно испеаја, но не доволно воодушевувачки за да се издвојат во силната конкуренција, поради што не продолжија во следната фаза.

Третиот бенд е еден од новоформираните бендови во оваа фаза, од оние натпреварувачки кои не поминаа на првите аудиции како соло пејачки. Веројатно многу подобро звучат како бенд „4U“, бидејќи со својата изведба покажаа дека навистина може да функционираат како женски бенд и продолжија во следната фаза во натпреварувањето.

Ромската група „Рома Сијам“, како четврти кои настапија повторно се издвоија со својата оригиналност и различност. Комбинацијата на ромскиот јазик и американскиот рап беа одлична комбинација, но не доволна за да поминат во следната фаза.

Вистинско уживање и освежување беше вториот новоформиран бенд од момците кои не поминаа како соло изведувачи. Како boy band „Доктори“ функционираат дури и многу подобро, поради што ако не поминеа сега беа решени и сами да продолжат со кариерата како група.

Последниот шести бенд можеби најмногу се очекуваше за да се слушне како ќе звучи комбинацијата од нашата Фифи и Маринела Џогани. Според она што го покажаа, името „H2O“ им е сосема соодветно, бидејќи звучеа навистина моќно и согласено. Ја заслужија шансата што им ја даде Кристина и продолжија во следната фаза.

Тешки беа одлуките со оглед на квалитетот кој сите го покажаа, но само три бендови продолжуваат со натпреварувањето во живо: женскиот бенд 4U“, машкиот бенд „Доктори“ и дуото H2O“, на Фифи и Маринела.

daniel-so-svetski-x-faktor-a-koi-se-poslednite-koi-prodolzuvaat-vo-x-faktor-adria-1

Во Будва, на брегот на Јадранското Море се случуваше аудицијата на Жељко, а во изборот му помагаше Тони Цетински.

Прва од оваа група натпреварувачи над 27 години беше ќерката на починатиот српски пејач Луис, Маја Новаковиќ која испеа премногу емотивна балада и му ја посвети на својот татко. Тони и Жељко беа воодушевени од неа и емоцијата која ја покажува додека ја пее секоја нота. Тоа беше и една од причините поради кои таа продолжува во следната фаза.

Славко Калезиќ настапи втор на оваа аудиција, одлично испеа, но како што би рекол Тони, повеќе одговара на мјузикл, отколку на ова натпреварување. Бидејќи по професија е глумец, веројатно ќе има шанси таму да го покаже својот Х - фактор.

Младен Лукиќ е музичкиот професор и тромбонист кој буквално ги остави наежени и импресионирани и Тони и Жељко. Фантастична изведба на исклучително тешка песна со неверојатна контрола на гласот и со премногу внесени емоции во секој тон, беа повеќе од доволни за да продолжи во следната фаза со настапите во живо.

Маид Хеќимовиќ кој важеше за еден од фаворитите, особено на женската публика, испеа одлично, дури за момент вокалот му беше толку моќен и силен што немаше потреба од микрофон. При соопштувањето на одлуката дека не поминува понатаму, Жељко му призна дека тој лично никогаш го нема достигнато тој волумен на глас.

Петта по ред настапи Бојана Рачиќ со особено силна и тешка песна, но нејзиниот глас беше доволно моќен за да ја испее онака како што звучеше и да успее да ги пренесе своите емоции. Сепак, конкуренцијата беше преголема и таа не продолжи во следната фаза.

На крај, како шести, настапи нашиот Даниел Кајмакоски кој буквално ги воодушеви и можеби немаше потреба да чека до одлуката. Првиот коментар на Тони Цетински беше дека тој има светски Х - фактор и слободно може да го освојува светот. Уште една потврда на претпоставката на Кристина Ковач дека тој може да биде победникот на ова шоу. Точно, прецизно и перфектно пеење кое не беше возможно да не помине во следната фаза на натпреварувањето.

Во оваа група за нијанса можеби беа и потешки одлуките, но, сепак Жељко и Тони се согласија кои тројца ќе продолжат понатаму: Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ и Даниел Кајмакоски.

daniel-so-svetski-x-faktor-a-koi-se-poslednite-koi-prodolzuvaat-vo-x-faktor-adria-2

За сите оние кои можеби се малку разочарани ако не продолжил понатаму нивниот фаворит, Raiffesisen Club Serbia им овозможува преку гласање на нивната апликација, да вратат по еден од испаднатите натпреварувачи во двете групи.

После оваа фаза ќе почнат подготовките за настапите во живо каде се очекува вистинска борба, но и вистинско уживање.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 16:07
Originally posted by Crna Arapina Crna Arapina напиша:

тој таквиот отиде боже сачувај , се знаеше дека браќата нема да идат таа Ковач од почеток викаше дека не се добри, ама им се допаѓаа на другиве судии 


Сакаш да кажеш дека браќата беа подобри од "тој таквиот"..
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 16:14
Маид беше разочаран,што е сосема очекувана реакција.Типот беше исто предобар.Се надевам публиката ќе го врати!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 16:16

zosto-go-sakame-daniel-kajmakoski

Полека, но сигурно, ни ги освојува срцата.

Можеби затоа што имаме потреба навистина некого да сакаме од срце.

Можеби затоа што ни недостасува ѕвезда чии концерти со душа ќе се чекаат. ..Или можеби затоа што во очите му се гледа дека е скромно дете (како што неодамна спомна и Емина Јаховиќ).

Даниел Кајмакоски, момчето со потекло од Струга, кое живее и работи во Австрија, навистина знае како да пее. И да ужива додека пее...И искрено да се радува.

Иако можеби не зборува совршен македонски јазик, Македонија полека, но сигурно, му ја дава комплетната доверба. И има зошто...

Светско, а наше. Воспитано и културно дете. Харизма која не се среќава често.

Можеби ни се допаѓа затоа што зрачи со позитивна енергија и насмевка која освојува.

Можеби затоа што навистина гледаме неискористен потенцијал со светла иднина.

Победил или не, можеме да кажеме дека ѕвездата е родена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2013 во 21:35
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Originally posted by Crna Arapina Crna Arapina напиша:

тој таквиот отиде боже сачувај , се знаеше дека браќата нема да идат таа Ковач од почеток викаше дека не се добри, ама им се допаѓаа на другиве судии 


Сакаш да кажеш дека браќата беа подобри од "тој таквиот"..
Да сакам 


Изменето од Crna Arapina - 25.Декември.2013 во 21:38
Train hard,Fight easy !
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 00:05
A na Leontina pa sto li i stanalo...ne lici na sebe

A na nashive...aj so sreka
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.