IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Уредување на помали станбени површини
    Испратена: 16.Декември.2013 во 16:53
Дали помалите површини може да се уредат функционално?
Еве некои идеи:

odlicno-ureden-stan-od-39m2-1

Овој шармантен стан сместен во Гетеборг е наменет за студенти и има се што е потребно за удобен живот. Сместен е во зграда од доцните 1800-ти, а предноста е природната светлина која допира од високите прозори.

Ова е вистински пример како практично да се искористат 39 квадратни метри. Има практичен и функционален распоред. Во дневната соба, смстен е и кревет за спиење. Тоалетот е малечок, но пристоен. Сите ѕидови се бели.

odlicno-ureden-stan-od-39m2-2

odlicno-ureden-stan-od-39m2-3

odlicno-ureden-stan-od-39m2-4

odlicno-ureden-stan-od-39m2-5

odlicno-ureden-stan-od-39m2-6

odlicno-ureden-stan-od-39m2-7

odlicno-ureden-stan-od-39m2-8

odlicno-ureden-stan-od-39m2-9

odlicno-ureden-stan-od-39m2-10

Убаво изгледа, зар не?


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 17:21
Еве  нешто минијатурно од 45 м2,ама сон на секоја жена среќа

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-1

Минијатурниот стан од 45 метри квадратни, внатрешниот дизајнер Маурисио Карам го претвори во станот од соништата на секоја девојка.

Овој стан е прекрасен пример за тоа како се оптимизира просторот кои го имате на располагање, се со цел да се претвори во функционална и ефикасна целина.

Станот се наоѓа во Саo Паоло, Бразил. Како просторија бил неупотреблив, сè до реновирањето.

Со отстранување на неколку ѕидови, просторот станал речиси непрепознатлив. Дрвениот под бил уште еден новитет кој допринел до модерниот и простран изглед на ова живеалиште.

Уреден е во минималистички модерен стил, претежно во виолетови и сиви нијанси. Заедно со неколку модерни декоративни детали, овој стан се смета за еден од најпосакуваните од страна на женската популација.

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-2

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-3

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-4

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-5

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-6

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-7

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-8

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-9

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-10

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-11

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-12

stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena-13


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 17:27

Овој стан во скандинавски стил кој се одликува со минимализам и едноставни предмети важи за еден од најдобро уредените за оваа година. Има површина од само 40 метри квадратни, но изгледа многу поголемо и модерно.

dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-01

Белите ѕидови и под му даваат ширина, додека деталите го прават да изгледа удобно и топло.

Мебелот е сосема едноставен и преовладуваат двете спротивности - црната и белата, во комбинација со светло дрво, метал и шарени додатоци.

Погледнете го најубавиот стан за 2013 година кој зрачи со едноставност и шарм.

dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-02

dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-03

dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-04

dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-05


dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-07

dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni-08



Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 22:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 22:14

Становите со мали квадратури и тесни соби мора да се уредуваат со поголемо внимание ако сакате просторот да изгледа функционално. Затоа, ви откриваме неколку тајни како малите станови и соби може визуелно да ги зголемите.

7-nacini-maliot-stan-da-izgleda-prostrano-01

Најважно е да направите план. Не дозволувајте да ве понесе креативноста и несоодветно да го опремите просторот. Одлучете се за она што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте мебел. За крај оставете ги деталите и сувенирите.

Едноставни бои

Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни, неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја, а четвртиот малку затемнете го.

Облиците се важни

Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици. Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали кои многу едноставно ќе го разиграат просторот.


Проѕирен мебел

Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат функционалноста.

Задолжителни огледала

Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и нема да погрешите.

Светло во секој ќош

Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно влијае на пространоста.

7-nacini-maliot-stan-da-izgleda-prostrano-07

Троседот заменете го со двосед и фотелја

Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен впечаток во малиот простор.

Завесите закачете ги повисоко

Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови.

7-nacini-maliot-stan-da-izgleda-prostrano-09



Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 22:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 22:20

Кога станува збор за создавање на комфорно место за живеење, денес е возможно речиси сè!

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-1

За пример земавме стан – гарсониера со површина од 32 м², која содржи дневна соба, кујна и бања, а со реновирање треба да се добие уште една соба - спална соба.

Изведбата е на тимот на Биро Проект кој по извршениот увид, прифатените идејни скици и направениот проект за реновирање, се насочи кон грубите градежно-занаетчиски работи.

По завршување на комплетните промени – рушење на постоечки скали, фасаден ѕид, промена на плочки и паркет и електрична инсталација во целиот стан, успешно се комплетираше замислата – да се добие функционална спална соба.

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-3

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-7

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-001

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-002

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-003

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-004

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-005

 

od-garsoniera-do-dvosoben-stan-8

Повеќе информации за уредување на вашиот ентериер може да најдете на www.biroproekt.mk или на Фејсбук страната https://www.facebook.com/biroproekt



Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 22:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:31

Ако барате инспирација како да уредите мала спална соба, подгответе се да добиете многу идеи.

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-1

Дизајнирани за мали домови, паметно дотерани за да изгледаат и пространо и свежо.

Во прилог се 40 предлози на различно уредени ентериери на спални соби, веруваме дека некоја ќе ви фати окце.

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-2

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-3

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-4

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-5

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-6

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-7

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-8

40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba-9


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 15:48

Млада студентка по дизајн од Њујорк  ја искористила својата креативност и од својот изнајмен стан од 30 метри квадратни направила навистина шармантна оаза со еклектичен стил.

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-01

Малиот стан во Менхетен е опремен навистина одлично, земајќи го во предвид фактот дека се користени исклучиво стари парчиња мебел, купени од пазар.

Дел од тајната на шармот кој овој стан го поседува е токму во тоа што сопственичката е секогаш доследна на својот стил и замисла. Ги отфрла триковите и советите за уредување на минијатурни станови и се држи до својата идеја.

Според нејзиното признание, таа купува парчиња мебел и сувенири кои и се допаѓаат, внимателно одбирајќи многу контрастни и креативни нешта.

Погледнете како изгледа овој прекрасен склоп на креативното и поволното.

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-1

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-2

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-4

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-5

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-6

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-7

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-8

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-9

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-10


mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-11

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-12

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-13

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-14

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-15

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-16

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-17

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-18

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-19

mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj-20



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 21:54

Станот кој зафаќа само 35m2 сепак изгледа прилично големо, благодарение на внатрешната структура и дизајн.

komotno-ureden-stan-od-35m2-1

Тајната на прекрасниот изглед е минималистичкиот ентериер, исклучувајќи ги  бескорисните и непотребни детали.

Внатрешноста е поделена на 2 основни области. Дневната соба е одвоена од трпезаријата исклучиво со малку повеќе простор. Единствено кујната е одделена од останатиот дел од станот.

Боите на мебелот се внимателно одбрани, сиви и кафени нијанси, во комбинација со шарени декорации и детали. Голем број на функционален мебел, вклучувајќи ги полиците и фиоките се најдобрите пријатели на малиот простор.

Стилот на целосниот ентериер се наоѓа во средината помеѓу традиционалното и модерното.

Големите прозорци и природната светлина се еден од најважните детали кога станува збор за зголемување на 35 m2.

komotno-ureden-stan-od-35m2-2

komotno-ureden-stan-od-35m2-3

komotno-ureden-stan-od-35m2-4

komotno-ureden-stan-od-35m2-5

komotno-ureden-stan-od-35m2-6

komotno-ureden-stan-od-35m2-7

komotno-ureden-stan-od-35m2-8

komotno-ureden-stan-od-35m2-9



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 21:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 18:57
Еве уште некоја од палетата идеи за уредување на помали становисреќа

Оригиналниот изглед  на овој стан не е ништо друго освен мешање на модерниот стил со традиционални додатоци.

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-01

Станот се протега на 66 m2 уредени во повеќе стилови, со употреба на различни материјали кои одлично се вклопуваат.

Белите ѕидови и вградени плакари се првиот модерен, а воедно и безвременски детал кои ја дава главната свежина и светлина на овој стан. Во комбинација со дрвениот под се создава контраст и топлина.

Комбинацијата на црно-белиот ентериер е секогаш прекраснa. Што се однесува до декорот во овој дом, тој е сегментот каде што традиционалните и класични парчиња доаѓаат до израз.

Балансот на бои, текстури и стилови е причината што овој стан изгледа елегантно и шармантно.

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-1

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-2

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-3

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-4

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-5

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-6

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-7

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-8

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-9

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-10

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-11

tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2-12




Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2013 во 18:47

Малите станови како овој се навистина специфични за уредување. Меѓутоа, со избор на правилни бои, мебел и детали може да се постигне ефект на неверојатна пространост.

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-1

Таков е и овој стан од 40 метри квадратни кој изгледа интересно и несекојдневно заради мешавината на бои и стилови.

Тапетите на едната страна од дневната соба совршено се совпаѓаат со темниот мебел и светлите декорации.

Кујната е навистина мала, меѓутоа контрастот на црниот ѕид и белите елементи имаат улога овој простор визуелно да го зголемат.

Во спалната соба се сместени исклучиво неопходните елементи, со мал интересен додаток – полица која не зафаќа никаков простор, а изгледа прилично оригинално.

Последен интересен момент во целото уредување е малечката шарена тераса која е одлично место за неколку минутното утринско будење со јако кафе.

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-2

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-3

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-4

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-5

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-6

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-7

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-8

kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2-9

Вака уредените 40 метри квадратни не изгледаат така малку, зар не?

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:20
Прекрасно уредени и шарени 40 метри квадратни

Станува збор за прилично мал стан, со оглед на што истиот брои само 40 метри квадратни, но само еден поглед кон фотографиите е доволен за да се заклучи дека иако е мал, станот изобилува со многу стил.
При уредувањето на овој дом, ако се има во предвид фактот дека станува збор за прилично мал апартман, сопствениците го ставиле фокусот на постигнувањето на максимална функционалност, но истовремено се потрудиле на својот дом да му дадат прекрасен карактер со комбинацијата на силните бои.


При преуредувањето на домот, добивањето на колку што е можно поголеми простории било постигнато со рушењето на поголемиот дел од преградните ѕидови, па токму тоа и ја создава отвореноста во станот.


Кога е во прашање декорирањето, овој стан изобилува со динамични и весели украси, но истовремено се придржува кон едноставноста. Неутралната позадина служи како празно платно за сите шарени парчиња мебел и сите украси кои што даваат посебен карактер на овој дом. По реновирањето, станот бил поделен во две целини, па во првата се сместени дневната соба, кујната и ходникот, додека вториот ги содржи спалната соба и бањата.


Мебелот искористен при уредувањето на домот е избиран така што да може целосно да се интегрира во просторот, па затоа, секој ќе се согласи дека станува збор за стан во кој секое парче е дел од совршената слика за еден дом во кој секој би посакал да живее.










Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:24
Совети за уредување на мал стан

Дизајнерите од студиото „Michelle Williams Interiors “ откриваат неколу тајни за уредување на мали станови.
Ова се професионалните совети кои ќе ви го разубават ентериерот и ќе ви го олеснат животот.

Пуштете светлина! Освен големи прозорци, пожелно е да имате и доволно високи лапми кои ќе ја насочуваат светлината кон горе. Не заборавајте на ќошевите. Ако тие се темни, животниот простор ќе ви изгледа помал.

Вашиот мебел нека биде мултифункционален. Тоа значи дека едно парче мебел треба да има повеќе намени. На пример, клуб масичката да има фиоки, гарнитурата да може да се спушта и сл.

Користете едноставни бои. Шаренилото само ќе го смали вашиот простор. Секогаш одберете ги основните неутрални бои на кои можете да додадете детали во поживи бои, за да го направите просторот поинтересен.


Поиграјте си со текстурите. Разиграјте го просторот со интересни мотиви. На пример, дијагонален дизајн на тепихот е добра идеја.

Огледалата прават чуда во мал простор. Поставете ги така што ќе рефлектираат нешто што е вредно да се гледа, а притоа вашиот животен простор ќе изгледа многу поголем.

Поставете завеси од плафонот до подот, така што ќе создадете илузија на висок плафон.

Проѕирните столчиња и ламби визуелно го зголемуваат просторот. Размислете за ламби со стаклени детали, столчиња од плексиглас и слично.


Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:27
Прекрасно уредени 60 метри квадратни

Не е голем бројот на станови кои можат да се пофалат со совршен спој на модерното и рустикалното, па токму затоа овој прекрасен мал стан од 60 квадрати е толку посебен.
Во поголемиот број на случаи во кои што е избран модерниот стил на уредување, се очекува тој да биде и доминантен кога станува збор за ентериерот и опремувањето на просторот, меѓутоа и во овој случај постојат исклучоци, а еден од тие е и шармантниот стан кој се простира на површина од само 60 метри квадратни.

Влијанието на модерното е само "површински" слој во дизајнот, под кој јасно доаѓа до израз љубовта кон рустикалното... Оваа идеја во својот едноставен стил совршено е проткаена низ симпатичниот стан, чиј што сопственик искористил најразлични детали во силни бои, кои што на просторот му даваат дополнителна топлина и разиграност.

Токму малите детали, како што се шарените завеси во кујнските елементи, разнобојните столови и вратите во боја, во станот внесуваат целосно поинаков и весел изглед. Едноставно, овој стан претставува пример за тоа како еден сосема обичен мал стан може да се претвори во нешто посебно и поразлично, место кое што се добива со само малку фантазија, добри идеи и разиграни детали.

































Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 08:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:29

Паметни идеи за мали станови (ФОТО)

Паметни идеи за мали станови (ФОТО)
Вашиот мал стан целосно ќе се трансформира во нов од овие неколку супер идеи.

Уредувањето на мал простор воопшто не е лесно. Потребно е да се најде решение за неочекувани и необични проблеми, а притоа да се внимава да не биде пренатрупан со мебел. Ви претставуваме 16 креативни идеи!

Профеционалците ќе пронајдат решение за секој проблем. Во малите простории е особено важно да се искористи секој агол, а да не биде нападливо.
Затоа, често еден ваков простор се уредува да биде повеќенаменски, а со подигнување на уште едно ниво се добива дополнителен простор кој ќе служи како спална над дневната соба или работна соба под скалите. Добредојден е повеќенаменскиот мебел на расклопување.
Во нашата фотогалерија погледнете ги генијалните решенија како да заштедите на простор кои ќе ви помогнат на уредите практичен и беспрекорен мал стан!

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15



Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.