|
Мерилин Монро |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Септември.2013 во 13:46 |
|||
Мерлин Монро е една од најпознатите филмски икони и секс симболи кои светот некогаш ги видел. Со нејзината легендарна фигура како песочен часовник, симболот на убавина на нејзиното лице и заводливата русокоса фризура, Мерлин Монро успешно го одржуваше својот чист платинест холивудски гламур со мала доза на детска ранливост. Токму поради овие квалитети ја обожаваа милиони луѓе ширум светот. И покрај тоа што животот на Мерлин беше релативно краток и трагичен, таа и до ден денес продолжува да биде инспирација. Погледнете дел од нејзините најпознати мисли…
Изменето од Schatzii7 - 25.Септември.2013 во 13:47 |
||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мерилин Монро е совршен приме за тоа зошто денес уметностите се нарекуваат „индустрии“
|
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Факти за животот на Мерилин Монро кои не сте ги знаеле
1. За
нејзиниот, за жал, многу краток животен век, Мерлин Монро сменила многу
имиња. Крстена е како Норма Џин Бејкер, но во нејзиниот извод стоело
името Норма Џин Мортенсон. Подоцна, кога се омажила за Џејмс Доерти,
станала г-ѓа Норма Џин Доерти. Иако за јавноста станала позната како
Мерлин Монро, уште во 1946 година, таа не го сменила нејзиното име и на
хартија сѐ до 1956 година. Подоцна, кога му станала жена на Артур Милер,
сакала да ја нарекуваат Мерлин Монро Милер, па така во тој период доста
популарни станале нејзините иницијали М.М.М. 2.
Во декември, 1953 година се појавила на насловната страница на првиот
број на Плејбој. Во магазинот имало и друга фотографија од Мерлин, на
која таа била гола, за што ѝ биле исплатени 50 долари. Инаку после
нејзината смрт, Хју Хефнер, креаторот на овој магазин, платил 85.654
американски долари за да резервира гробница веднаш до нејзината. 3. Првиот чекор кон популарноста го направила кога се фотографирала за Дејвид Коновер во 1944 година, кој фотографирал убави девојки што позирале за поддршка на воените напори во тој период. Во тоа време Мерлин работела во фабрика за муниција, но добро се вклопила во работата како фотомодел. За оваа нејзина прва работа како модел, била платена 5 долари. 4. Иако се
смета дека во текот на својата актерска кариера снимила точно 30
филмови, сепак никогаш не го завршила нејзиниот последен филм
„Something’s Got to Give“. Била отпуштена поради тоа што летото пред
нејзината смрт не се појавувала на снимањата, а најголемата иронија е
што режисерите всушност повторно ја ангажирале само неколку дена пред да
ја пронајдат мртва во нејзиниот дом. 5. Мерлин никогаш не го запознала нејзиниот вистински татко. 6. Депресијата очигледно била наследна во нејзиното семејство – вујкото и дедото на Мерлин исто така извршиле самоубиство. 7. Првпат се
омажила на 16 години за веќе споменатиот Џејмс Доерти, со цел да го
избегне постојаното селење од еден дом за сирачиња во друг. Се развеле
по нецели 4 години брак. Таа никогаш не успеала да заврши средно
училиште. 8. Параноично се плашела за убавината на нејзината кожа, поради што го миела лицето и по 15 пати на ден. 9. Фустанот кој
го носела за популарниот настап на роденденот на претседателот Кенеди
бил толку тесен, што морал да се шие на неа. Мерлин не носела ништо под
фустанот. Подоцна во 1999 година бил продаден на аукција за 1,26 милиони
долари и станал најскапото продадено парче облека дотогаш. 10. Кога Принцот Рение III од Монако барал жена, Монро била дел од потенцијалните избранички. На крајот Принцот ја избрал Грејс Кели. 11. Според Норман Мејлер, човекот кој ја пишувал биографијата за Мерлин, ѕвездата имала најмалку 12 абортуси до 29-тата година. Но не постојат медицински документи кои би го потврдиле тоа. 12. Во добро познатиот филм од 1959 година, „Some Like it Hot“, Мерлин дури 47 пати ја повторила сцената за да ја каже реченицата „It’s me, sugar“ правилно. Постојано ја грешела фразата со „Sugar, It’s me“ и „It’s Sugar, me“, па на крајот режисерот морал да ѝ ја запише на табла.13. Ги кратела потпетиците од нејзините чевли за да го доведе до совршенство начинот на кој одела. Подоцна елегантното и провокативно движење на колковите станало нејзин заштитен знак. 14. Иако за
многумина била само убаво лице, таа била и умствено богата. Поседувала
преку 200 книги, ги читала Толстој и Витман, често го слушала Бетовен и
одела на часови по литература. 15. Мерлин имала мал ритуал при капење. Нејзиниот масер честопати ѝ подготвувал када со мраз, во која таа секогаш додавала неколку капки Шанел 5, нејзиниот омилен парфем. 16. Повеќето
луѓе сметале дека Мерлин имала облини, но реално таа била прилично ситна
и добро градена жена. Тежела 52 кг, а била висока 165 см. Нејзината
тежина варирала, но нејзините пропорции најчесто биле 91-60-86 или
96-58-91 за гради-струк-бутини, што се речиси идеални пропорции за кои
повеќето жени можат само да сонуваат. 17. Френк Синатра ѝ подарил бела француска пудла која ја нарекле Маф. За многумина тоа е уште еден показател кој го поврзува Синатра со мафијата. 18. Монро ја има на американска поштенска марка од 1995 година. 19. Првиот пат кога давала автограм како Мерлин Монро, не знаела да си го спелува името. 20. Пробала 9 различни нијанси на руса коса. На крајот се решила за нејзината легендарна платинеста боја. Инаку, кога не работела, преферирала на себе да носи само бањарка, а понекогаш и бикини. |
||||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Многу Ви е благодарна за темава...Сега баш и пишав на фејсбук и воодушевена е
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ФОТО: Тепачки за МерлинДеновиве во јавност излегоа слики во кои е прикажана Мерлин Монро за време на церемонијата Златен Глобус од 1952 година. Сликите се дело на фотографот од магазинот Time, Лумис Дин, кој таа вечер специјално се нашол во клубот Дел Мар, во Санта Моника, каде што се одржала церемонијата. Од следните слики можеме да ја забележиме Мерлин како ужива во
друштво на различни мажи, кои се тепаат само за да стигнат до неа и да
ја освојат, па макар и за една вечер. Таа облечена во тесен долг црвен
фустан, кој има совршен отвор на градите, целосно ужива во вечерта и
покрај тоа што на некои слики се забележува нејзината чудна насмевка. Исто така, забележана е и со актерот Ричард Басихарт, на кого му ја покажува наградата Хенриета, за најмлада личност. На таа слика се забележува тогашната 25-годишна девојка како има мошне близок однос со актерот, кој подоцна, случајно или не, стана нејзин сосед. Исто така, во нејзиниот аутфит беше вклучена и голема чанта, која не ја носеше таа, туку еден маж цела вечер и ја придржуваше. Па, тоа може само Мерлин да го направи. Освен наградата Хенриета, Мерлин има добиено повеќе награди, вклучувајќи го и Златниот глобус за филмот Some Like It Hot. По нејзината смрт, таа стана поим за совршена дама меѓу мажите, а модна икона кај жените. Изменето од Valerija - 20.Декември.2013 во 09:54 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Која е вистината за смртта на Мерлин Монро?!Како
и за многу од ѕвездите на нејзината ера, приказната за Мерилин Монро не
само што не беше проголтана од страна на нејзините фанови, туку таа
беше внимателно проследена и од страна на ФБИ.
Доказите за истрагата на Монро, верификувани под името "Foreign Counterintelligence", ги заинтригираа многумина кои се обидоа да дознаат нешто повеќе за филмска ѕвезда, вклучувајќи ги и оние кои ја истражуваа нејзината смрт. По повод 50-годишнината од смртта на Монро, Associated Press, се обиде да ја искористи слободата на информациите со цел да обелодени покомплетна слика за нејзината мистериозна смрт, по што девет месеци подоцна се здоби само со цензурирани информации од ФБИ.
Моќта на Монро и стравот што таа го предизвика со можноста да биде
регрутирана од страна на Комунистичката партија во текот на мандатот на
долгогодишениот директор на ФБИ, Едгар Хувер, доведе до следење и запис
на нејзините активности, вклучувајќи го и нејзиниот брак со драмскиот
писател Артур Милер.
За смртта на Мноро беа изведени две големи истраги од страна на
владата, од кои второта ги разгледа сите достапни извештаи, вклучувајќи
ги и датотеките од ФБИ, кои според иницијаторите на истрагата биле
“силно цензурирани”. Овие информации го заинтригираа човекот кој ја изврши обдукцијата на
Монро, д-р Томас Ногучи. Додека иницијаторите на втората истрага
заклучија дека тој спроведе темелна аутопсијата, Ногучи призна дека: -Врз основа на мојата вмешаност во случајот, почнувајќи со
обдукцијата, јас би го нарекол самоубиство на Монро “многу веројатно”,
пишува Ногучи. Изменето од Valerija - 20.Декември.2013 во 09:55 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мерлин Монро деколте кралицаИ по 50 години од нејзината смрт Мерлин Монро повторно се пласира на врвот од светските топ листи. Русокосата убавица беше избрана за жена со најимпресивно деколте во истражувањето на компанијата Debenhams. Веднаш зад неа најдоа повеќе звучни како Скарлет Јохансон, Кристина Хендрикс и Софија Лорен. Според истражувањето спроведено врз 1000 испитаници Монро е жената чии гради ќе останат запаметени.-Не е изненадување што Мерлин е изгласана за прва, очигледно носела градници кои и прилегале и никогаш не се претворила само во гради, знаела точно колку може да покаже, вели Шерон Веб од Debenhams. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Фустан на Мерлин Монро продаден за рекордни 348.000 долариМал
црн фустан со големо деколте, што во 1958 година го носела легендарната
Мерлин Монро, изминатиот викенд е продадена на аукција за рекордни
348.000 долари. Иако не се знае кој е дизајнер, ниту конфекцискиот број, дека
фустанот и припаѓал на славната холивудска дива докажува дошиената
етикета, што се става на фустани направени по мерка. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Откриени тајните на Мерлин МонроТајните дневници на Мерлин Монро конечно ќе го видат светлото на
денот. Книгата „Fragments“, која наскоро треба да се појави на пазарот е
базирана брз белешките на Мерлин кои датираат од 1943-та година, кога
како тинејџерка живеела во сиропиталишта, па се до нејзината ненадејна
смрт во 1962-ра година. „Fragments“ копа длабоко во мистичноста на Монро
и тоа преку нејзините зборови. Според публицистот, Мерлин пишува за мажите во нејзиниот живот,
почнувајќи од нејзиниот прв сопруг Артур Милер, па се до Џон и Боби
Кенеди. Во своите интимни белешки, најпознатиот холивудски секс симбол
пишува и за Семјуел Бекет и Џејмс Џојс. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Иследник тврди: Мерлин Монро е убиенаНов
филм ќе ја расветлува мистериозната смрт на холивудската икона Мерлин
Монро. Филмот ќе биде базиран врз извештаите на таен иследник. Повторно е отворена истрагата за смртта на Мерил Монро, откако една филмска компанија се избори да ги добие правата за доверливиот извештај на заменик иследникот од Лос Анџелес, Лајнел Грандсон. Грандсон тврди дека бил принуден да ја фалсификува посмртницата на Монро и во неа да стои самоубиство, наместо убиство. Иследникот исто така откри дека ги прочитал тајните дневници на Монро, во кои имало интимни детали за Џон Кенеди, Сем Џиенкана, Боби Кенеди, Френк Синатра и други. Тој вели дека дневниците ги добил за да може да најде некој од роднините на познатата актерка. Грандинсон вели дека неколку дена ги поседувал дневниците, кои потоа мистериозно исчезнале. - Откако го принудиле да напише фалсификувана посмртница, Грандисон со години добивал закани поради тоа што го знаел, откри продуцентот Ентони Рулен. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мерлин Монро последната ноќ ја поминала со мафијашМерлин Монро и понатаму е тема на бројни контроверзии, а нејзиниот живот е тема на бројни теории на заговор. Според најновите тврдења кои се појавија, актерката последната вечер од својот живот ја поминала со Френк Синатра и мафијашкиот бос Сем Џианкана. Наводно Мерлин била во врска со него, а една вечер тој се обидувал да
ја убеди актерката да не излезе во медиумите со деталите во врска со
Џон Ф. Кенеди. По таа вечер, Монро со приватен лет утрото се вратила во
својот дом во Лос Анџелес, каде вечерта била пронајдена мртва.
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Мерлин Монро пренесувала информации за браќата Кенеди на Френк СинатраФБИ
ја откри содржината на тајните списи кои биле создавани во периодот од
1961 па се до 1985 година. На над две илјади страници, се наоѓаат детали
за животот на многу јавни личности. Американската јавност особено ја заинтригирал фактот дека Мерлин Монро ги пренесувала информациите за браќата Кенеди на пејачот Френк Синатра. Имено, како што се тврди, актерката била љубовница на претседателот Кенеди и на неговиот брат Роберт. Исто така, таа била во љубивна врска и со Синатра, кој ја предводел групата славни актери „Rat pack“. Групата добивала задачи директно од мафијашите, кои од Синатра добивале информации за тоа кој се дружи со Кенедиеви и кои се слаби точки на американскиот претседател. Кенеди и се замерил на мафијата бидејќи барал нивна помош за да дојде до позицијата претседател, а подоцна ги отфрлил. По извесно време, на групата и се замерил и неговиот брат Роберт, кој како државен адвокат покренал кампања против мафијата. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Која жена го има најдоброто тело на сите времиња?Мерлин Монро е жената со најубаво тело на сите времиња. Според анкетата на Peugeot направена по повод промоцијата на нивниот нов автомобил, русокосата убавица доби 40,8 отсто од гласовите. Меѓу првите пет се и Ракел Велч (72), Софија Лорен (78) и Џејн
Менсфилд. Освен овие стари диви, на листата се најде и моделот Кели Брук
(33) која веднаш зад Монро, се пласира на второто место. -И 50 години по нејзината смрт не постои жена која може да се спореди со Мерлин. Имала стил, држење и ги воодушевувала како мажите така и жените, истакнува дизајнерот на автомобилот Борис Реинмолер. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сите тајни на контроверзната Мерлин МонроМерлин Монро е филмска икона која поради сензуалниот изглед, со децении наназад претставува синоним за секс симбол. Оваа холивудска секс божица, родена 1926-та година, која е препознатлива по нејзините заводливи облини, руси локни и драматични црвени усни, до ден денес има силно влијание во филмската и модната индустрија. Нејзиниот прилично краток, но особено бурен живот, бил проследен со неверојатна слава, лоша репутација, 3 брака и безброј контроверзни афери со многу познати личности од тоа време. Во 1962-година, убавицата наводно извршила самоубиство со предозирање, но не се исклучени можностите да се работи за убиство или, пак, за случајно предозирање. Но, што е она што само малкумина го знаат за Мерлин Монро? Два спонтани абортуси
Многу малку е познат фактот дека Мерлин
носела очила со диоптер. Во тоа време носењето очила се сметало за
неатрактивно, бидејќи истите биле дебели и грди, заради што убавицата
мислела дека со тоа ќе и’ се наруши имиџот на секс-симбол. Затоа многу
ретко ги носела кога излегувала во јавност.
Изменето од Valerija - 20.Јануари.2014 во 09:16 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |