|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика | страница <12345 14> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Обичните саксии за цвеќиња можат да изгледаат здодевно и обично имаат високи цени. Ако сакате нешто интересно, а сепак не сакате да давате многу пари, овие идеи се совршени за вас. Погледнете како од неискористените предмети во вашата куќа можете да направите оригинални саксии за вашиот дом. 1. Цвеќе во стакло
Погледнете ја сликата и ќе забележите дека саксиите се всушност мали стаклени тегли за детска храна. Сигурно не сте размислувале да ги искористите на овој начин, но според сликите можеме сите да се согласиме дека навистина се неодоливи. Дополнителна корист е тоа што можат да се користат како вазни и свеќници. Можат лесно да се вклопат во домашната атмосфера или да бидат интересен украс на вашата градина. Што ви е потребно? Стаклени тегли, даска, метална кружна стега, електрична дупчалка, завртки, кука и тенко јаже. Прво исчистете ја даската ако е потребно. Направете план каде ќе ги сместите вашите саксии. Доближете ја стегата до даската, направете дупка со дупчалката и прицврстете ја со завртка. Повторете ја постапката со останатите стеги. Ставете ги стаклените тегли во стегите и добро прицврстете, за да не паднат. На даската прицврстете една или две куки кои ќе послужат за закачување, или пак издупчете дупки низ кои ќе го провлечете јажето и ќе ја закачите даската на ѕид.
Преостанува да ги наполните саксиите со земја и да засадите цвеќиња. 2. Конзервирани цвеќиња
Нареден пат коа ќе отворите некоја конзерва наместо да ја фрлате, зачувајте и употребете ја како саксија за цвеќиња. Што ви е потребно? Чисти конзерви (отстранете ја амбалажата) супер лепило, јаже и дупчалка. Потребни ви се и работи за украсување. Делот со украсувањето го препуштаме целосно на вас. Техничкиот дел е
доста едноставен започнува со дупчење на дупки во конзервата, протнување
на јажето низ тие дупки и закачување некаде по своја желба. 3. Цвеќе во метална кутија
Многу едноставна и креативна идеја. Земете стара метална кутија која
нема некоја посебна корист во вашиот дом, и искористете ја како саксија.
Се што треба да направите е да ја наполните со земја и да насадите
цвеќиња. 4. Цвеќе во плакар Зарем не сте воодушевени од оваа идеја? Можеби не е најпрактична, но дефинитивно е креативна и уникатна.
Прв чекор што треба да го направите, откако ќе најдете плакар или фиокар кој не го употребувате повеќе, е да го заштитите со средство за заштита од вода и влага. Откако ќе се исуши добро, поделете ги фиоките на два дела, предните делови наполнете ги со земја а, во задните делови ставите каменчиња или некоја друга цврста материја која ќе спречи да се превртат.
Цигли можете да поставете под целиот плакар за да може водата слободно да паѓа како и под последната фиока. Извадете ги дршките и залепете им парче дрво и повторно вратете ги на плакарот.
Финалниот резултат е навистина креативна мини градина.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Факт е дека свеќите ја зачинуваат атмосферата, без оглед дали сте романтично или празнично расположени. Постојат безброј начини како обичните свеќи да ги декорирате во согласност со намената. Искористете ја креативноста така што ќе користите што повеќе светкави детали и интересни садови кои ќе ги наполните со восок. Можеби некоја идеја ќе им се допадне на вашите пријатели, па ќе можете да направите и уникатен подарок кој секогаш ќе ги потсетува на вас. Ви нудиме неколку идеи како старите и едноставни свеќи да ги претворите во нешто необично и креативно. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Свеќите ја будат топлината и романтичната атмосфера, па не би било лошо оваа есен да уживате во домашно изработена миризлива креација. Можете да ја стилизирате по ваш вкус и да ја подарите на некоја драга личност или едноставно да ја украсите вашата полица во домот. Потребен ви е само еден керамички огноотпорен сад, восок, цели зрна кафе, фитиљ и ванила арома. Подготовка: Растопете го восокот на висока температура и додека е уште топол додадете ја ванила аромата и зрната кафе. Погрижете се добро да ги наместите фитиљите во садот и да го дополните со смесата од восок и зрна кафе. Украсете го садот по желба и уживајте во миризливата декорација секое утро кога ви е неопходна силна доза кофеин! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сигурни сме дека имате преку 10 пара чевли кои веќе никогаш нема да ги носите, но сепак не сакате да ги фрлите. За сите оние кои се сентиментално врзани за своите високи потпетици, патики или летни сандали, ви откриваме една поразлична намена на чевлите. Можеби не верувавте дека може да изгледаат толку интересно во дворот, но навистина може да вршат одлична работа како саксии за цвеќе кои нема потреба да ги декорирате. Сами по себе цветчињата во чевли изгледаат креативно, а се едноставни за правење. Потребен ви е еден пар чевли, неколку шајки, земја и цвеќе кое сакате да го посадите. Пред да ги наполните чевлите со земја, задолжително извадете ги сите внатрешни влошки и меки материјали кои има шанса да се распаднат во допир со влага. Потоа направете неколку дупчиња на ѓонот, за цвеќето да ја има потребната циркулација на воздух и вода. Ви останува само да го засадите цвеќето и да ги распоредите чевлите-саксии. Еве како вашиот двор би изгледал по оваа креативна задача. Изменето од Valerija - 20.Декември.2013 во 08:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Канадскиот уметник Кристи Малакоф изработува уникатни скулптури од вистински пари. Тој ги трансформира банкнотите од целиот свет во прекрасно уметничко дело. Ние сме воодушевени, сигурни сме дека и вам ќе ви се допаднат. Погледнете: Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 16:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие мали симпатични пирамиди можете без проблем да ги направите сами. Ви треба само малку хамер (или подебела хартија) во боја, некоја украсна трака и декорација по избор. Секогаш одбирајте подебела хартија која кога ќе ја залепите нема да се свитка, туку ќе ја задржи својата форма. Најпрво исечете ја хартијата во облик на цвет со четири еднакви ливчиња. Заоблените краеви прецртајте ги со молив и означете ги делчињата кои ќе треба да ги превиткате. Залепете со лепило за хартија, освен едно отворче. Декорирајте по желба. Во продолжение е фотографијата која накратко ќе ви објасни како да ги изненадите своите најблиски. Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 16:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ви се скрши некоја чаша, или пак некој предмет кој ви е навистина драг, не очајувајте затоа што тоа не значи крај на неговата употреба. Обидете се да бидете малку креативни и вредни. Пронајдете му нова намена во вашиот дом или двор и решете се од стравот дека ќе мора да се збогувате со тој предмет. Ова се неколку наши идеи како да им дадете "втора шанса" на скршените предмети. 1. Можеби не сте сентиментално врзани за корите од јајцата, но тие може да ви завршат голема работа. Наполнете ги со восок и направете мини свеќи.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој во својот дом има бар еден од овие стари модели на калап за мраз. Па, доколку веќе не ги користите не фрлајте ги. Ние ви нудиме 12 кретаивни начини како да ги искористите практично, а и да ги воодушевите вешите гости со некоја од овие идеи. 1. Направете ледени чоколадни коцки, а потоа додајте ги во мелко од ванила. Вистинко летно освежување!
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уредувањето на домот не секогаш мора да биде скапо и напорно, посебно ако во изработката ги вклучите сопствените прсти. Деталите како завесите, сликите, огледалата и ламбите за момент ќе го освежат и наједноставниот простор. Еве како од само една неискористена жица и вешти прсти може да создадете креативно осветлување за било која соба во домот. Потребен материјал:
Постапка Жицата започнете да ја мотате околу инката со клештата за обликување, па потоа со раце. Мотајте ја позбиено сè додека не добиете спирала со посакуваната должина. Колку спиралата е подолга, толку сенката ќе биде поголема. Тргнете ја инката од долниот дел и протнете ја сијалицата закачена за кабелот. Прицврстете го горниот дел од жицата за делот каде што сијалицата се спојува со кабелот за да може да стои кога ќе го закачите. Дополнителни совети: - Постојат различни бои на приклучоци за сијалица, па затоа одберете го во зависност од бојата на жицата. - Жицата исто така доаѓа во било која боја и да посакате, па затоа секогаш одбирајте некоја која потполно се совпаѓа во вашиот простор. - Ако сакате да постигнете омбре ефект купете жици во иста боја, но различни нијанси и мотајте така што ќе ги спојувате една со друга со помош на клештите. - Ако веќе правите шаренило во домот, додадете и сијалица во боја како што е жицата. Ќе добиете интересно, придушено, а весело светло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакате да пополните некој ѕид во домот со интересна слика или декорација, обидете се да ја направите сами. Едноставно е, брзо, а уникатно. Најпрво пронајдете некоја дрвена површина која се вклопува со боите на собата. Таа ќе ви служи како подлога на која ќе го создадете вашето прво уметничко парче. Потребно ви е:
Постапка: Исечете ја фигурата која ја одбравте, и залепете ја со селотејп на дрвената површина. Следно е да создадете рамка од клинчињата во истиот облик. На ред е најинтересниот дел. Размотајте ги волниците и започнете да ги мотате по врвот на клинчињата, како на сликата. По неколку минути откако ќе ја обоите внатрешноста, исечете го крајот и заврзете го за било кое клинче. Повторувајте ја постапката додека не го добиете посакуваниот изглед. Оваа уникатна декорација може да ја закачите над креветот во спалната соба, да направите мозаик од повеќе слики и да ги поставите во дневната соба или пак да направите облик на срце, мече или ѕвезди и да ја украсите собата на вашите најмлади. Изборот е ваш... Изменето од Valerija - 16.Декември.2013 во 17:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сакате да го понесете морето со себе? Школките сами по себе имаат карактер на детали и додаваат елеганција и нежност во домот. Сигурно собравте или купивте по некоја школка, па еве неколку идеи како да ги искористите за да го разубавите домот и да се сеќавате на летото во текот на целата година. Може да комбинирате со чипки, каменчиња, да додадете и песок, корали и останато по ваш избор. Ова се неколку предлог декорации: 1. Сошијте ги за старите украсни перничиња
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сте љубител за уредување на вашиот двор или мини градина, тогаш овие интересни и слатки ежиња се идеално решение како да го декорирате. Одличен начин да ги рециклирате старите пластични шишиња, да засадите новa и интереснa тревa или кактуси и да уживате во погледот. За сам старт потребно е да го засечете шишето од едната страна, како на првата фотографија. Потоа замотајте го со коноп или обложете го со некој лесен материјал, а на врвот наместо капаче ставете црно топче кое ќе претставува носе. Очињата можете да ги направите од мали, црни копчиња. За крај само треба да го наполните со земја и некое интересно растение кое се приспособува на секоја форма. Кактусите и тревата се идеален избор. Распоредете ги ежињата низ дворот и уживајте во оригиналноста. Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 10:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Само ако и дозволите на вашата имагинација да ве води, ќе забележите дека и од најобичните работи, стари, употребени, навидум бескорисни, можете да создадете нешто ново, интересно и корисно. Добро е да знаете да искористите сè што е околу вас, да му дадете нов лик, нова намена и да ги изненадите оние околу вас кој се препуштаат на досадното секојдневие. Еве неколку идеи кои можете да ги изведете од старите картонски кутии, со малку вештина и поголема имагинација. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една идеја за разубавување на вашата градина. Ако сте љубител на шаренилото во дворот, сега е идеално време да испробате нешто ново. Соберете ги старите чадори на едно место и добро разгледајте им ги шарите. Одберете цветови кои се во согласност со нивните бои и вклучете ја креативноста. Отворете го чадорот и наполнете го од внатрешната страна со земја, а потоа засадете го цвеќето. Саксијата од веќе искористен чадор можете да ја поставите некаде на тревата или да ја закачите некаде на терасата. За помалку од половина час дворот можете да го претворите во одлично осмислена креативна целина. Погледнете како може да изгледа вашиот двор со помош на само неколку чадори.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |