IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 21:03
Млечна салата


Состојки

  • 500гр бело сирење
  • 500гр кисела павлака
  • 300гр шунка
  • 3 свежи краставици
  • 400-500гр варен компир
  • 1чаша кисело млеко
Подготовка

Компирот се вари и ситно се сецка. Се сецкаат и саламата и краставицата на поситни парченца. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се миксира со павлаката и киселото млеко. Количината на киселото млека сами ќе ја одредите во зависност дали сакате посува или поводеста салата затоа и не наведов колкава чаша. Изматената смеса се истура во сецканите компир, краставица и шунка и убаво се меша. Сол може да се додаде по вкус и тоа е во зависност од соленоста на сирењето. Салатата е доста вкусна и излегува поголема количина затоа е погодна за родендени, слави и др забави.

[IMG]

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:05

Егејска салата

Егејска салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Сирење
  • 1   Пиперка/ки
  • 5 милилитри Оцет
  • малку   Оригано
  • 2 лажица/ци Масло
  • 100 грама Маслинки
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 150 грама Домат
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Иако постојат многу верзии за потеклото на оваа вкусна салата, потекнува од Македонија, која била подготвувана многу години наназад.

Одлична е за со ракија, мастика или узо, и претставува една од најпопуларните и најпорачуваните салата во ресторантите и кафеаните ширум нашава земја и Балканскиот Полуостров.

ПОДГОТОВКА:

Краставиците ги сечеме на коцки, доматите на резанки, пиперката на пестени, истото и со кромидот (со млад кромид е поубава), па ги додаваме црните маслинки, маслиново масло, оригано и сирењето исецкано на мали коцкички.

 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:33

Салата од печен кромид

Салата од печен кромид

Состојки

  • 1/2 кгр. кромид
  • на вкус оцет, сол, бибер, магданос, црни и зелени маслинки, зејтин

Подготовка

Е и ова да се проба, брзо, лесно...
Да, се работи за обичен печен кромид, нешто поразлична салат. да не ви се верува... колку е вкусна, -многу ми се допадна на мене, но како многупати утврдивме дека за вкусови не се разговара...ќе мора да пробате и ако ви се допадн, ќе биде стално на вашата трпеза

1. Кромидот во лушпа, измијте го, избришете, завиткајте во фолија, ставете во рерна да се пече околу 20 мин, извадете од рерната, излупете и насецкајте го.
2. Измешајте ги сите зачинки по ваш сопствен вкус, залијте го кромидот. Додадете ги маслинките- измешајте и сервирајте.

Забелешка
- Јас на оваа количина кромид ставив по 3 лажици зејтин и оцет, посолив на вкус... додадов десетина маслинки (имав само црни маслинки), свеж магданос, бибер. Одлично е.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:48

Видео рецепт: Салата Панзанела

Видео рецепт: Салата Панзанела

Ова е италијанска салата која малку ja изменивме, но концептот е ист – Панзанела е одлична салата во која можете да го искористите стариот леб и да го натопите со свеж и сочен зеленчук и вкусен прелив.


Состојки

  • ½ багет леб
  • 3-4 домати
  • 1 краставица
  • 1 кромид
  • 1 жолта пиперка
  • 1 зелена пиперка

За ПРЕЛИВ ќе ви треба:

  • 2 главици лук
  • 1 супена лажица сенф
  • 3-4 супени лажици маслиново масло
  • вински оцет, сол и бибер по вкус

Подготовка

Чекор 1: Овој рецепт се подготвува без готвење, само исечкајте ги состојките – однапред размислете за тоа како сакате да изгледа салатата. Често се случува да јадеме со очите, а салатите се одлична можност да бидете креативни!

Чекор 2: Исечкајте го стариот леб на тенки парчиња и почнете со подготовка на салатата. Врз парчињата наредете ги сечканите домати, краставицата, кромидот и пиперките. Ние користиме четириаголна чинија.

Чекор 3: За подготовка на преливот прво ситно исечкајте го лукот. Целта ни е преливот малку да крцка. Потоа ДОБРО измешајте ги сенфот, оцетот, 3-4 лажици маслиново масло, солта, биберот и лукот и прелијте ја салатата.

СОВЕТ: Подгответе одличен оброк од стариот леб и зеленчукот кој што го имате во фрижидерот за неколку минути – оригиналната салата содржи и ливчиња свеж босилек, а како прелив можете да користите и песто сос. Слободно додадете и малку пармезан, бидете креативни!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:49

Кус кус салата

Кус кус салата

Состојки

  • 200 гр кус кус
  • 3 пиперки
  • 2 домати помали
  • 2 чешниња лук
  • 200 мл вода
  • 5 лажици маслинов зејтин
  • 3 лажици балзамико
  • пола лимон сок
  • 1 лажиче сол
  • малку кориандер
  • 1 китка магдонос

Подготовка

Се става водата да зоврие со маку сол. Кога ќе зоврие се полива врз кус кусот и се остава да ја впие целата вода.
Пиперките се печат, лупат и сецкаат. Доматите се лупат и сецкаат на ситни коцки. Се заедно се додава во веќе оладениот кус кус. Лукчето се сецка и се додава во смесата.
На крај се зачинува со исцедениот лимон, балсамико, сол, бибер,кориандер и маслиновиот зејтин се добро се меша. Одозгора украсете со малку магдонос.
Добар апетит
Оваа салата е одлична со свинско месо на скара


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:50

Салата од бамја

Салата од бамја

Состојки

  • 200 гр многу ситна бамја
  • 3 домати
  • 5 печени пиперки
  • 1 печена лута пиперка
  • За прелив
  • 1-2 чешнина лук
  • 1/4 шоља маслиново масло
  • 2-3 лажици Ачето балсамико
  • 1/2 лажичка оригано
  • по вкус сол, бибер

Подготовка

Бамјите се чистат, се мијат и се сушат од водата.
На нелепливо тавче се става сосема малку масло и на силен оган се потпржуваат бамјите 5 - 10 мин. мешајки, додека не добијат малку боја и престанат да бидат слузави. Може да се користат и замрзнати бамји, и тие се пржат замрзнати.
Се ставаат бамјите во садот во кој ке се послужи салатата. Се додаваат исечените домати и пиперки, се меша.
Во еден мал сад се става маслиново масло, Ачето балсамико, протиснатиот лук, ориганот, сол, бибер по вкус и со мала жица се меша да стани хомогене емулзија.
Се прелева преку салатата, се меша, се дотерува вкусот.
Се сервира.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:51

Салата од јајца

Салата од јајца

Состојки

  • 10 тврдо варени јајца
  • 1 кафена лажичка сенф
  • 4 лажици мајонез
  • 2 лажици кисело млеко
  • 2 перциња од млад кромид

Подготовка

Јајцата се сечкаат не многу ситно.
Во еден сад измешајте ги сенфот, мајонезот, киселото млеко и ситно сечканите перца од млад кромид. Посолете и побиберете по желба. Со овој сос прелијте ги јајцата и лесно промешајте.
Украсете со перца од млад кромид.

Пријатно!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:54

Салата со чаден лосос (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 500г краставици
  • 250г трупки
  • 100г пченка
  • 200г домати
  • 200г чаден лосос
  • 4 лажици сок од портокал
  • 250мл јогурт
  • 100г мајонез
  • 1 лажица исечкан свеж копар
  • 1 лажица исечкано свежо нане
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици сусам (потпечен)
  • Сол

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги краставиците, отстранете ги семките, исечете ги на полумесечини и ставете ги во длабок сад за салата.
  2. Додајте ги исечканите трупки, домати, чаден лосос и прелијте со сокот од портокал.
  3. Во посебен сад, измешајте го јогуртот со мајонез и додајте го исечканиот лук, копарот и нането. Оставете да отстои триесетина минути.
  4. При послужување, прелијте ја салатата со сосот и додајте го сусамот и сол по желба.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 16:58

Валдорф салата (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 1 филџан сечкани и малку испечени ореви
  • 1 филџан целер, тенко исечкан
  • 1 филџан исечкано црвено грозје без семки или половина филџан суво грозје
  • 2 слатки црвени јаболка, исечкани и со отстранети семки
  • 6 супени лажици мајонез
  • 2 супени лажици сок од лимон
  • 1 кафена лажица сол
  • Половина супена лажица свеж мелен бибер
  • Листови од марула

Начин на приготвување:

  1. Во длабок сад се мешаат јаболката, целерот, грозјето и оревите.
  2. Се додава мајонез, сок од лимон, сол и бибер.
  3. Се сервира на постелка од свежа марула.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 17:01

Вкусна и брза: Туна салата

Летото помина, па со тоа се намалува и апетитот за шопската салата која во изминатиот период ни беше омилена. Како доаѓаат поладните месеци потребни се нови идеи за комбинации. Овој пат решивме да ви понудиме брза и неверојатно вкусна салата со туна.

Потребно состојки:

  • 400 гр.туна

  • 1 лимон

  • 2 чешниња лук

  • 2 лути пиперчиња

  • 1 китка ротквици

  • маслиново масло

  • вински оцет

  • сол

  • бибер

  • маслинки

Приготвување:

Со миксер изматете ги лимоновиот сок, солта, биберот и четири лажици масло. Туната исцедете ја. Зеленчукот исчистете го, измијте го и исечете го, па измешајте го со иситнетата туна. Со сосот салатата зачинете ја непосредно пред послужување, па додадете по потреба оцет. Можете да искомбинирате и да додате и домати, зелена салата и маслинки.

Пријатен апетит

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2013 во 13:04
Salata so Crabi
 
Svareni testenini 200gr (spirali,skolki ili macaroni)
4 vareni jajca (seckani)
250gr Crabi
4-5 supeni lazici Majonez
Pola glavica kromid (seckani)
Pola isceden limon
Sol i Biber
 
Sve se mesa i imate vkusna salaticka среќа
 
 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 15:35

Посни салати кои ќе ја освежат вашата празнична трпеза

Во периодот кога ни претстојат големи празници, ви нудиме неколку рецепти за посни салати кои ќе ја збогатат и освежат вашата празнична трпеза.

ПОСНА РУСКА САЛАТА

Оваа свежа и лесна салата, која не содржи месо и јајца, особено ќе ги израдува вегетаријанците, како и оние кои одлучиле да постат.

Состојки:

  • 3 моркови;
  • 1 шолја грашок;
  • 1 помал целер;
  • 3 компири;
  • 7 кисели краставички

Состојки за мајонезот:

  • 3 компири;
  • 2 лажици брашно;
  • 200 мл. масло;
  • 1 лажичка сенф;
  • 1 лимон;
  • 200 мл. вода;
  • црн бибер и сол

Подготовка:

Одвоено обарете ги исечканите моркови и компирите, целерот и грашокот. Потоа додадете го обарениот зеленчук и исечканите кисели краставички.

Мајонезот се подготвува така што  во врела вода се додава брашното и претходно направеното пире од компири, па тоа добро се меша со постепено додавање на масло. Потоа, на оваа смеса се додава сенф, сок од лимон, сол и бибер.

Мајонезот и зеленчукот добро измешајте ги и добиената салата чувајте ја во фрижидер.

ПОСНА ФРАНЦУСКА САЛАТА

Потребни состојки:

  • 5 компири;
  • 4 моркови;
  • 1 помал целер;
  • 700 гр. грашок;
  • 5 кисели краставички;
  • 3 кисели јаболки;
  • 400 мл. посен мајонез;
  • 3 лажички сенф;
  • сол и црн бибер по желба

Подготовка:

Сварете ги компирите, излупете ги и исечкајте ги на ситни коцкички. Морковите и целерот измијте ги и исчистете ги, а потоа сварете ги и исечкајте ги и нив на ситни коцки. На парченца со иста големина исечкајте ги и киселите краставички и јаболките.

Додадете го варениот грашок и сето ова промешајте го внимателно во голем сад. Потоа додадете го мајонезот од соја и сенфот, зачинете со сол и малку црн бибер, добро промешајте и ставете ја добиената салата во сад во кој ќе ја сервирате. Пред да ја служите, ставете ја посната француска салата во фрижидер добро да се излади.

ПОСНА САЛАТА СО СПАНАЌ И КИКИРИКИ

Потребни состојки:

  • 200 гр. печен сусам;
  • 200 гр. пржени кикирики;
  • 300 гр. спанаќ;
  • 1 конзерва туна;
  • 300 гр. посен мајонез

Подготовка:

Извадете ја туната од конзервата и исцедете ја. Спанаќот кратко обарете го и исечкајте го. Додадете ги сусамот и кикириките. Ставете го сето тоа во мајонезот и уште еднаш добро промешајте. Оваа салата чувајте ја во фрижидер и сервирајте ја ладна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 22:35

Наш предлог за денес, брз и лесен оброк. Подготовката трае неколку минути, па уживајте во вкусното и здраво јадење.

salata-od-zelka-i-tuna

Потребно е:

1 kg зелка, 1 црвена пиперка, 1 праз, морска сол, црн пипер, јаболков оцет, 4 лажици шеќер, 2 лажичиња ѓумбир, 1 конзерва туна.

Подготовка

Помешајте ја ситно исечканата зелка и пиперка во една чинија и посолете. Почекајте некоја минута да омекне зелката. Во мало тавче загрејте го јаболковиот оцет, шеќерот , ѓумбирот, мелениот црн пипер и мешате додека нe се стопи шеќерот. Прелијте ја зелката и добро измешајте. Одозгора распоредете ја исцедената од зејтин туна и ставете малку сол и црн пипер.

Пробајте, па раскажете!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 20:27

Медитеранска салата со телешко

25

Состојки:

300 гр варено телешко месо

300 гр варени компири

150 гр чери домати

150 гр праз

60 гр маслинки

100 гр печурки

Сок од еден лимон

2 лажици маслиново масло

Магдонос

Сол

Бибер

Подготовка:

Печурките се сецкаат, се зачинуваат со сокот од лимон и се тргаат на страна. Варените компири, телешкото, доматите и празот ситно се сецкаат и се додаваат во подлабок сад. Додадете сецкани маслинки, печурки, магдонос, сол и бибер. Салатата се зачинува со маслиново масло, се меша и се сервира како ладно предјадење со парче запечен леб.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,184 секунди.