|
Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови |
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем во кој ќе се заљубите на прв залак. Можете да го користите како фил за торти и колачи, како намаз за штрудли и лиснато тесто, а може и да го послужите како крем сервиран во чаши со слоеви на овошје, јаткасти плодови и слатка павлака. Состојки:
Подготовка: Изрендајте ја кората од лимоните и исцедете го сокот. Во длабок сад истурете ги жолчките со шеќер, сокот и кората од лимонот и сечканиот путер. Варете на пареа и постојано мешајте. Кремот е готов кога ќе започне да се задржува на лажицата и да заличува на пудинг од ванила. Прецедете го во тегла и оставете го да се олади. Можете да го користите нешто помалку од 1 месец за која намена и да посакате. Ова се неколку наши идеи и предлози: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако портокалот е овошје достапно во текот на целата година, неговата улога во слатките наскоро ќе ја замени сезонското овошје како јагодите и малините. Но, не би било праведно зимата да се испрати, а да не се проба овој вкусен десерт за кој не ви треба рерна и за чија подготовка ви се потребни само десетина минути, таман во паузата од ручекот до кафето. Состојки:
Подготовка: 1. Портокалите пресечете ги на половина. Издлабете ги и извадете ја внатрешноста (како на сликата). 2. Корите од портокалите оставете ги на страна, тие ќе послужат како калапи за сервирање на кремот. 3. Испасирајте ги пулпите од портокалот и исцедете ги за да добиете бистар сок. 4. Во 400 ml сок сварете го пудингот од ванила, измешајте го шеќерот, ванилин шеќерот и додадете малку рум. Добиената крема оставете ја малку да се излади, па со неа наполнете ги половините од портокалите. Изладете и украсете со блага павлака и чоколадни трошки. Кремот можете да го сервирате и во високи чаши. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СабајонПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Сабајонот потекнува од италијанската кујна, а денес е популарен и во Аргентин и Уругвај каде го нарекуваат sambayón. Во Кулумбија тој е наречен sabajón, а додека пак во Венецуела sambayón. ПОДГОТОВКА:
Жолчките и шеќерот изматете ги пенасто и сварете на пареа.
Полека додавајте го виното и матете одека смесата не се запени. Потоа додајте го изладениот желатин кој предходно сте го натопиле со ладна вода, повторно добро измешајте,па во напола изладениот ладен крем вмешајте матена слатка павлака. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден сутлијаш со портокалСостојки
ПодготовкаСтавете ја водата на оган да зоврие. Додадете го измиениот ориз и варете додека не испари водата. Пријатен апетит Забелешка Дополнителни фотографииИзменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СутлијашСостојки
ПодготовкаВо тенџере се сипа чашата вода и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер. Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со
цимет по желба и/или се декорира со рендано чоколадо или прелив. Чашата која ќе служи како мерка не е толку важно колкава е (од 150 до 250мл), туку важно е да се користи истата чаша за сите состојки Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mалку поинаков сутлијашСостојки
ПодготовкаПрво се става водата да зоврие,кога ќе зоврие се додава измиениот
ориз и се меша да не загори.Кога ќе биде скоро готов се додава шеќерот
ванилата и млекото. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ориентален СутлијашСостојки
ПодготовкаНа овој начин спреман сутлијаш - тогаш имате сутлијаш како што се
спрема во турската кујна, кој во основата е ист, само во некоја регија
се додава и сок од лимон или портокал - а не изостанува ниту ренданата
кора од истите. Но јас вака најповеке го сакам. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крем од портокалПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Крем од портокал ПОДГОТОВКА:Исцедете сок од портокалите и помешајте ги со сокот и ренданата кора од лимун.Додадете вода за да добиете најмногу половина литар течност. Загревајте и додадете го шеќерот. Брашото измешајте го со една супена лажичка вода, но внимавајте да не останат грутчиња. Додадете ја смесата со брачшното во загреаниот овошен сок. Нека врие една минута, а потоа тргнете го кремот на страна за малку да се олади. Изматете ги јајцата и внимателно измешајте ги во топлиот (не врел) сок. Садот вратете го на рингла, на средна температура и непрестајно мешајте додека кремот не се згусне. Внимавајте кремот да не почне да врие, бидејќи така ќе се направат грутчиња. Кога ќе се олади, кремот послужете го во стаклени садови, за подобар изглед. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден крем со јагоди и лешнициПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Чоколаден крем со јагоди и Фстаци. ПОДГОТОВКА:
Павлаката и млекото оставете ги да зовријат, па
тргнете ги од оган. Изматете ги жолчките со 50 грама шеќер и додавајте
малку по малку од топлата течност, без да престанете со матење.
Вратете ја смесата на оган, варете ја на тивок оган и повторно мешајте ја да не зоврие. Кога ќе започне да се згуснува, тргнете го кремот од оганм додајте го изренданото чоколадо и мешајте сè додека не се растопи. Оставете го да се олади кремот. Лешниците исечкајте ги, а јагодите исчистете ги. Белките изматете ги во снег со малку сол, а на крајот додајте го и останатиот шеќер. Во еден сад ставете да зоврие вода, намалете ја температурата и од снегот ставајте по една лажица во водата, па варете ги топчињата 1 минута. Вадете ги со лажица-цедалка и префрлете ги во чашки во кои сте го распоредиле кремод од чоколадо. Посипете ги со лешници и јагоди и сервирајте ги. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сутлијаш со кајсииПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Сутлијаш со кајсии ПОДГОТОВКА:
Од млекото, шеќерот, оризот, ванилниот шеќер се вари
сулијаш. По варењето половината се распоредува во подлабока чинија и
врз него се редат исцедените кајсии од сокот и се покриваат во остатокот
од сутлијашот. Потоа се става во фрижидер добро да се олади.
Пред служењето се пелива со сокот од компотот. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашен чоколаден пудингПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Чоколадото е исклучително богато со фосфор и
магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во
100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум,
300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг
железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр.
јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. протеини ПОДГОТОВКА:
Добро изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете го брашното и растопената чоколада со путерот.
Оваа смеса варете ја на пареа околу 1 час. Потоа ставете на умерено загреана рерна и печете дваесетина минути. Готовиот пудинг оставете го да се олади, па послужете. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 15:50 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сочен, вкусен, богат вкус и многу, многу чоколаден би бил краткиот опис на овој домашен пудинг кој ќе го засакате уште од првиот залак. Овој пудинг ќе ги разнежни вашите непца и ќе го расположи секој кој ќе го проба. Затоа, заборавете на купувањето обичен прав од продавница и почнете со подготовка на овој домашен, брз и лесен рецепт. Состојки:
Подготовка: Во лонче помешајте ги шеќерот, какаото, брашното и солта и додајте млеко полека налевајќи го додека мешате, дури не добиете хомогена смеса без грутчиња. Садот ставете го на средно силен оган и константно мешајте 8 минути, односно, додека не се појават првите меурчиња на вриење. Тргнете го садот од шпоретот, намалете го огнот на најниска температура и повторно ставете го садот уште една минута и продолжете да мешате. Кога ќе го тргнете садот од оган веднаш сипете го во друг сад каде ќе ги додадете маслото, екстрактот од ванила, парчиња чоколада и ќе мешате додека не добиете едноличен кремаст пудинг. Пудингот претурете го во ладни влажни садови и покријте ги со фолија. Ставете ги во фрижидер и оставете ги да се ладат барем 3 часа, препорачливо е да ги оставите навечер. Кога ќе се изладат најдобро е да ги послужите со додадена изрендана чоколада и да уживате во најчоколадното задоволство. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зимски вкусен десерт: Крем од малиниЗимата е идеално годишно време за експериментирање во кујната. Бидејќи порано се стемнува и поголем дел од денот сме дома, па од досада често посегнуваме по благото. За денеска се одлучивме да ви понудме нешто ново, нешто поинакво, вкусно и освежувачко.
Потребни состојки:
Подготовка: Малините се мијат и цедат. Имешајте ги со шеќер и ванилин шеќер, изгмечете ги. Додајте ја павлаката и матете со миксер додека се не се соедини. Добро оладете го кремот и послужете. Пријатен апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусен пудинг: Јаболки во кремЈаболките се едно од овошјата кои сè уште може да се најдат на пазарите или во подрумот на вашата баба. За да не мора да ги јадете само нив, може да си подготвите интересни и вкусни рецепти во кои ќе ги искористите. Еден таков сочен рецепт е овој пудинг со јаболка во крем. Потребни состојки За чоколадниот крем:
За кремот од јаболка
За преливот
Подготовка Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги чоколадото, какаото, циметот и топлото млеко. Мешајте на пареа 3 минути. Во жешкиот крем додадете го желатинот, претходно потопен во ладна вода. Оставете го кремот да се излади и пред да се желатира додајте ја изматената павлака засладена со ванилин шеќер. Чоколадниот крем сипете го до половина чаша и оставете го да се излади. Јаболката испечете ги во рерна, изладете ги и испасирајте ги. Цврсто изматете ги белките со шеќерот, додајте кора од лимон, сок од лимон, кесичка желатин растопена во малку млака вода и сето тоа измешајте го. Оваа смеса сипете ја преку чоколадниот пудинг и ставете го во фрижидер добро да се излади. На пареа стопете ја чоколадата, додајте го путерот и млекото, па пред да го послужите добро измешајте и обилно нанесете го преку пудингот. Може да украсите дополнително со шлаг. Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:50 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |