|
Коктели |
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОХИТО СО ЛУБЕНИЦА
Потребни намирници: Свежи листови од нане 1 лајм Коцки мраз 2 кафени лажички шеќер(или по вкус) 600 гр лубеница без лушпа и семки 100 мл рум 100 мл газирана вода Во блендер ги мешаме лубеницата, румот и шеќерот и мешаме се додека течноста не се изедначи добро. Цедиме низ ситна цедилка. Полниме 2/3 од две високи чаши со мраз, после што додаваме по 4-5 листови нане и неколку парчиња лајм. Мешаме добро со лажица за да може вкусовите да се измешаат. Додаваме малку газирана вода и на крај од смесата со лубеница. Сервираме со цевка. Изменето од evangeline - 19.Септември.2013 во 14:03 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОКТЕЛ СО ЈАГОДИ И БАНАНИПотребни намирници: 4 коцки лед 50 г банана 50 мл водка 100 гр јагоди Ги матиме јагодите и бананата во блендер. Ја исипуваме смесата во чаша и ја додаваме водката. Ги кршиме коцките мраз на ситни парчиња и ги додаваме во коктелот. Мешаме добро и по желба украсуваме со парче јагода или банана. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овие коктели се само неколку примери дека одлично искомбинираното овошје може да биде вкусно и здраво во едно. Одберете го оној коктел кој ви изгледа најнеодоливо и согорете неколку калории плус. Ова се неколку идеи и вкусови кои може да ги пробате уште денес. Цитрус коктел 1 портокал, 1 мандарина, ¼ лимон, малку нане Излупете ги портокалот, мандарината и лимонот и исфрлете ги семките
за да го избегнете горчливиот вкус. Сè заедно измешајте во блендер,
постепено додавајќи го нането. Коктел од јаболка и круша Внимавајте крушата да биде сосема зрела, за да се елиминира киселоста на јаболкото. Потребни се 2 јаболка и 1 круша. Извадете ја средината, исечкајте ги на коцки и измешајте ги низ блендер. Коктел од лубеница Пијалакот со интересна боја и разладувачко дејство е идеален за летните жештини. Не морате да ги вадите семките, доволно е само да ја исечкате лубеницата и да ја пуштите низ соковник. По желба, додадете малку цимет или нане. Коктел од праска 2 зрели праски, ½ шолја јагоди Исчистете ги праските и јагодите и мешајте ги во блендер додека не добиете мазна смеса. Додадете некој сладок зачин по желба. Коктелите се идеални за да ги консумирате наместо појадок или вечера, а може и да ги користите како антиоксиданси кои ќе го прочистат вашето тело од наталожените маснотии кои сте ги внеле. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:55 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вмешајте го нането и служете со мраз. Ако сте распложени за алкохолен коктел слободно дотурете 100-120 ml вотка, џин или текила.
По потреба додадете некоја лажица вода и/или уште малку цеден сок по вкус. Префрлете ја течноста во бокал со мраз. Служете во високи чаши, украсете со тркалца лимон (или лимета) и ако сте расположени за алкохолен коктел слободно дотурете вотка. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќе не важи правилото дека летото е идеално време за коктели. Затоа, при рака оставете го блендерот, мини чадорчињата и цефките во боја и уживајте во трите есенски коктели кои ќе ве освежат и опуштат на крајот од работниот ден. Есенските пијалаци се шарени и миризливи, па затоа сигурни сме дека ќе ви помогнат да ги загреете зимските студени ноќи. Коктел од ванила, крушка и вотка Состојки: Ванилин шеќер, ½ лажичка екстракт од ванила, 150ml вотка, 350ml сок од крушка, 300g мраз Подготовка: Во шејкер промешајте го сокот од крушка со вотка. Додајте ја ванилата и неколку коцки лед и мешајте. Навлажнете го работ од високата чаша и облепете го со ванилин шеќер. Процедете го пијалакот и служете со лед. Коктел од крушка и брусница Состојки: 800ml шампањ, 120ml нектар од круша, 2 лажици сушени брусници Подготовка: Потопете ги брусниците во сад со две лажици топла вода на 15 минути. Исцедете ја течноста, а брусниците оставете ги да се ладат. Поделете го сокот од крушки во 8 чаши за бело вино, а потоа додавајте го шампањот. Додајте по неколку капки од водата во која беа брусниците, а на крај додадете ги и нив во чашите. Коктел од јаболко и вотка Состојки: 150ml сок од јаболка, 1 лажичка сок од лимон, 60ml вотка со вкус на карамела, 120ml ликер од ѓумбир Подготовка: Во шејкер промешајте ги сите течности, а на крај додадете неколку коцки лед. Служете во чаши за мартини, претходно наросени со шеќер. Декорирајте со тенко парче јаболко. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ликер од чоколадоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Чоколадото е исклучително богато со фосфор и
магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во
100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум,
300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг
железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр.
јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. белковини. ПОДГОТОВКА:
Сварете го млекото и шеќерот на средна температура.
Варете додека не се намали масата за 20%. Во сварената маса додадете изрендана чоколада и мешајте додека не се стопи. Во истопената чоколада вмешајте а го алкохолот и ликерот сипајте го во шишиња. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ликер од портокалПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Кое било од неколкуте видови мали дрвја или грмушки
од родот агруми и нејзините плодови, се одгледува во тропските и
суптропските области, тркалезниот плод речиси има рапава, масна кора и
сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц. ПОДГОТОВКА:
Излупете ги портокалите и исчистете ја кората од белите делови за да не горчи.
Ситно исецкајте ја кората, па ставете ја во поголем стаклен сад (тегла) со широк отвор. Налејте ја ракијата и додадете два ванилни шеќера или стапче ванила, па затворете го садот. Ставете го на темно место да отстои 14 дена. По 14-те дена во 1,5 Л. вода сварете 1,5 кг. шеќер додека не почне да станува по малку густа. Малку оладете, па налејте во садот со кората од портокал. Повторно држете на темно место 14 дена со повремено протресување на садот. По истекот на времето процедете го ликерот. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Chi ChiПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Chi Chi ПОДГОТОВКА:
Сипете ги сите состојќи во блендер со многу мраз и
мешајте ги 20-30 секунди, сипете го коктелот во Hurricane чаша.
- Декорација: Парче ананас, црвена цреша и цевка. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
CocoloriesПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Cocolories ПОДГОТОВКА:Во шеќер заедно со лед сè посипуваат сите состојки, потоа сè протресува, па сè процедува во ладна чаша. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BikiniПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Bikini ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги сите состојки, заедно со коцки мраз.
За декореација парче лимон. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лубеница МартиниПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Лубеницата е овошје од фамилијата Cucurbitaceae кој
во својот состав има најголем процент вода. Најпознати држави во Европа
каде што се одгледува лубеницата се Македонија, Италија, Шпанија и
Грција. ПОДГОТОВКА:
Се мешаат шеќерот и солта.
Висока и широка чаша за мартини се натопува по работ со ливче од лимонот и се вала во шеќерот и солта. Може да се декорира со парче од лубеницата. Во шејкер се става сокот од лубеница, исцедениот сок од лимонот и сирупот и неколку коцки лед. Се промешува добро. Целата смеса се става во спремената чаша за мартини. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Chocolatier
.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Chocolatier ПОДГОТОВКА:Во барска чаша сипете ги сите состојќи и со електричен миксер се меша околу 10 секунди.Коктелот сипете го во коктел чаша како на сликата а одозгора посипете со рендана чоколада. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ликер со круши и вишниПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Ликер со круши и вишни ПОДГОТОВКА:Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки.Полијте ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот, додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20 мин. Исцедете ги и оставете ги настрана. Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира. Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница. Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите. Земете една винска чаша и намачкајте ја со лимон. Потоа извалајте ја во шеќер. Во чашата сипете од ликерот и додадете шлаг, вишни или парчиња од крушата. Уживајте во ликерот. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:59 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадно фрапе со бананиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни
материи, е и тоа дека тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна
липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %.
Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина, која во
црниот дроб брзо преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"),
која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото
масло. ПОДГОТОВКА:
Бананите исчистете ги и натопете со лимонов сок.
Измиксајте со другите состојки да се запени. Сипете во 4 чаши и веднаш послужете. Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:58 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |