IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:02
МОХИТО СО ЛУБЕНИЦА

Потребни намирници:

Свежи листови од нане

1 лајм

Коцки мраз

2 кафени лажички шеќер(или по вкус)

600 гр лубеница без лушпа и семки

100 мл рум

100 мл газирана вода

Во блендер ги мешаме лубеницата, румот и шеќерот и мешаме се додека течноста не се изедначи добро. Цедиме низ ситна цедилка.

Полниме 2/3 од две високи чаши со мраз, после што додаваме по 4-5 листови нане и неколку парчиња лајм.

Мешаме добро со лажица за да може вкусовите да се измешаат.

Додаваме малку газирана вода и на крај од смесата со лубеница. Сервираме со цевка.





Изменето од evangeline - 19.Септември.2013 во 14:03
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:06

КОКТЕЛ СО ЈАГОДИ И БАНАНИ



Потребни намирници:

4 коцки лед

50 г банана

50 мл водка

100 гр јагоди

Ги матиме јагодите и бананата во блендер. Ја исипуваме смесата во чаша и ја додаваме водката. Ги кршиме коцките мраз на ситни парчиња и ги додаваме во коктелот. Мешаме добро и по желба украсуваме со парче јагода или банана.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:12

Овие коктели се само неколку примери дека одлично искомбинираното овошје може да биде вкусно и здраво во едно. Одберете го оној коктел кој ви изгледа најнеодоливо и согорете неколку калории плус.

ovosni-kokteli-koi-sogoruvaat-kalorii-02

Ова се неколку идеи и вкусови кои може да ги пробате уште денес.

Цитрус коктел

1 портокал, 1 мандарина, ¼ лимон, малку нане

Излупете ги портокалот, мандарината и лимонот и исфрлете ги семките за да го избегнете горчливиот вкус. Сè заедно измешајте во блендер, постепено додавајќи го нането.

Коктел од јаболка и круша

Внимавајте крушата да биде сосема зрела, за да се елиминира киселоста на јаболкото.

Потребни се 2 јаболка и 1 круша. Извадете ја средината, исечкајте ги на коцки и измешајте ги низ блендер.

ovosni-kokteli-koi-sogoruvaat-kalorii-01

Коктел од лубеница

Пијалакот со интересна боја и разладувачко дејство е идеален за летните жештини. Не морате да ги вадите семките, доволно е само да ја исечкате лубеницата и да ја пуштите низ соковник.

По желба, додадете малку цимет или нане.

Коктел од праска

2 зрели праски, ½ шолја јагоди

Исчистете ги праските и јагодите и мешајте ги во блендер додека не добиете мазна смеса. Додадете некој сладок зачин по желба.

Коктелите се идеални за да ги консумирате наместо појадок или вечера, а може и да ги користите како антиоксиданси кои ќе го прочистат вашето тело од наталожените маснотии кои сте ги внеле.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 23:03


Лимонада коктел

lubenica-vo-casa-2

  • 500-600 g лубеница
  • 350 ml лимонада
  • 10 g свежо нане


Исецкајте ја лубеницата на поситни парчиња за да може да ги исчистите семките, па иситнете ја во блендер заедно со лимонадата.

Вмешајте го нането и служете со мраз.

Ако сте распложени за алкохолен коктел слободно дотурете 100-120 ml вотка, џин или текила.


Лимонада коктел 2

lubenica-vo-casa-3

  • околу 1 kg лубеница
  • 150 ml цеден лимон (или зелен лимон)
  • мраз
  • вотка (по желба)


Исецкајте ја лубеницата на поситни парчиња за да може да ги исчистите семките. Ставете ја во блендер со свежо цедениот лимон и сосема иситнете.

По потреба додадете некоја лажица вода и/или уште малку цеден сок по вкус.

Префрлете ја течноста во бокал со мраз. Служете во високи чаши, украсете со тркалца лимон (или лимета) и ако сте расположени за алкохолен коктел слободно дотурете вотка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 23:08

Повеќе не важи правилото дека летото е идеално време за коктели. Затоа, при рака оставете го блендерот, мини чадорчињата и цефките во боја и уживајте во трите есенски коктели кои ќе ве освежат и опуштат на крајот од работниот ден.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-01

Есенските пијалаци се шарени и миризливи, па затоа сигурни сме дека ќе ви помогнат да ги загреете зимските студени ноќи.

Коктел од ванила, крушка и вотка

Состојки: Ванилин шеќер, ½ лажичка екстракт од ванила, 150ml вотка, 350ml сок од крушка, 300g мраз

Подготовка: Во шејкер промешајте го сокот од крушка со вотка. Додајте ја ванилата и неколку коцки лед и мешајте. Навлажнете го работ од високата чаша и облепете го со ванилин шеќер. Процедете го пијалакот и служете со лед.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-02

Коктел од крушка и брусница

Состојки: 800ml шампањ, 120ml нектар од круша, 2 лажици сушени брусници

Подготовка: Потопете ги брусниците во сад со две лажици топла вода на 15 минути. Исцедете ја течноста, а брусниците оставете ги да се ладат. Поделете го сокот од крушки во 8 чаши за бело вино, а потоа додавајте го шампањот. Додајте по неколку капки од водата во која беа брусниците, а на крај додадете ги и нив во чашите.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-03

Коктел од јаболко и вотка

Состојки: 150ml сок од јаболка, 1 лажичка сок од лимон, 60ml вотка со вкус на карамела, 120ml ликер од ѓумбир

Подготовка: Во шејкер промешајте ги сите течности, а на крај додадете неколку коцки лед. Служете во чаши за мартини, претходно наросени со шеќер. Декорирајте со тенко парче јаболко.

top-3-esenski-osvezuvacki-kokteli-04



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 17:59

Ликер од чоколадо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 450 грама Шеќер
  • 80 милилитри Чоколадно млеко
  • 1000 милилитри Млеко
  • 250 милилитри Алкохол (90%)


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколадото е исклучително богато со фосфор и магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во 100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум, 300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр. јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. белковини.

Освен тоа чоколадото содржи и фолна киселина, бета каротин, лецитин како и витамините Б1, Б2, Б5, Б6 и Е.

ПОДГОТОВКА:

Сварете го млекото и шеќерот на средна температура.

Варете додека не се намали масата за 20%.

Во сварената маса додадете изрендана чоколада и мешајте додека не се стопи.

Во истопената чоколада вмешајте а го алкохолот и ликерот сипајте го во шишиња.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:01

Ликер од портокал


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1500 грама Шеќер
  • 1500 милилитри Ракија
  • 2500 грама Портокал
  • 1500 милилитри Вода
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер


  • Време за подготовка: 60 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кое било од неколкуте видови мали дрвја или грмушки од родот агруми и нејзините плодови, се одгледува во тропските и суптропските области, тркалезниот плод речиси има рапава, масна кора и сочно внатрешно месо богато со витаминот Ц.

Главните комерцијлни видови се кинескиот портокал, мандарините, морскиот портокал без семки.

Дрвото има широко, сјајни зелени листови со средна големина, рачки на листовите со тесни крилца и многу мирисни цветови.

На неговото дрво зреат плодови обично од 50 до 80 години. Портокалите го губат својот квалитетот кога ќе паднат од дрвото, па затоа се берат кога се целосно зрели.

ПОДГОТОВКА:

Излупете ги портокалите и исчистете ја кората од белите делови за да не горчи.

Ситно исецкајте ја кората, па ставете ја во поголем стаклен сад (тегла) со широк отвор.

Налејте ја ракијата и додадете два ванилни шеќера или стапче ванила, па затворете го садот.

Ставете го на темно место да отстои 14 дена.

По 14-те дена во 1,5 Л. вода сварете 1,5 кг. шеќер додека не почне да станува по малку густа.

Малку оладете, па налејте во садот со кората од портокал.

Повторно држете на темно место 14 дена со повремено протресување на садот.

По истекот на времето процедете го ликерот.
   
 


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:04

Chi Chi


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 80 милилитри Сок од Ананас
  • 20 милилитри Сируп од кокос
  • 40 милилитри Водка


  • Време за подготовка: 0 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Chi Chi

ПОДГОТОВКА:

 Сипете ги сите состојќи во блендер со многу мраз и мешајте ги 20-30 секунди, сипете го коктелот во Hurricane чаша.

- Декорација: Парче ананас, црвена цреша и цевка.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:05

Cocolories



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 20 милилитри Ликер од кокос
  • 10 милилитри Водка
  • 30 милилитри Бел рум
  • 10 милилитри Џин


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Cocolories

ПОДГОТОВКА:


Во шеќер заедно со лед сè посипуваат сите состојки, потоа сè  протресува, па сè процедува во ладна чаша. 


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:06

Bikini


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 20 милилитри Сируп од шеќер
  • 20 милилитри Млеко
  • 40 милилитри Водка
  • 40 милилитри Бел рум
  • 20 милилитри Џус од лимон


  • Време за подготовка: 0 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Bikini

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги сите состојки, заедно со коцки мраз.
За декореација парче лимон.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:07

Лубеница Мартини


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 60 грама Шеќер
  • 3 лажица/ци Сол
  • 250 милилитри Сок од лубеница
  • 30 милилитри Сируп од шеќер
  • 1   Лимон/и
  • 150 милилитри Водка


  • Време за подготовка: 0 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лубеницата е овошје од фамилијата Cucurbitaceae кој во својот состав има најголем процент вода. Најпознати држави во Европа каде што се одгледува лубеницата се Македонија, Италија, Шпанија и Грција.

ПОДГОТОВКА:

Се мешаат шеќерот и солта.
Висока и широка чаша за мартини се натопува по работ со ливче од лимонот и се вала во шеќерот и солта.

Може да се декорира со парче од лубеницата.

Во шејкер се става сокот од лубеница, исцедениот сок од лимонот и сирупот и

неколку коцки лед. Се промешува добро.

Целата смеса се става во спремената чаша за мартини.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:08

Chocolatier

.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Чоколадо
  • 50 грама Сладолед од чоколада
  • 20 милилитри Какао ликер
  • 20 милилитри Бел рум


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Chocolatier

ПОДГОТОВКА:

Во барска чаша сипете ги сите состојќи и со електричен миксер се меша околу 10 секунди.

Коктелот сипете го во коктел чаша како на сликата а одозгора посипете со рендана чоколада.

Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:09

Ликер со круши и вишни


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Шеќер
  • малку   Цимет
  • 300 милилитри Суво бело вино
  • 100 милилитри Сок од вишни
  • 1   Лимон/и
  • 500 грама Круши


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ликер со круши и вишни

ПОДГОТОВКА:

Измијте ги крушите и излупете ги. Исецкајте ги и исчистете ги од внатрешните семки.
Полијте ги со сокот од лимон и ставете ги во еден сад. Посипете ги со шеќерот, додајте ги виното, 1 дл. вода и циметот, па варете ги на тивко околу 20 мин.

Исцедете ги и оставете ги настрана.
Потоа повторно вратете го сирупот на оган 20 минути, за да се редуцира.
Откако ќе се олади додадете го сокот од боровница.

Убаво оладете го ликерот и потоа можете да го послужите.


Земете една винска чаша и намачкајте ја со лимон. Потоа извалајте ја во шеќер.

Во чашата сипете од ликерот и додадете шлаг, вишни или парчиња од крушата.

Уживајте во ликерот.

Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 18:10

Чоколадно фрапе со банани


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 500 грама Шеќер
  • 40 грама Чоколадо
  • 2   Топки сладолед од чоколадо
  • 400 милилитри Млеко
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 3   Жолчка/ки
  • 300 грама Банана


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Покрај фактот дека чоколадата е богата со масни материи, е и тоа дека тие бргу се варат. Какао путерот, кој е главна липидна состојка во чоколадото во телото се асимилира од 95 до 98 %. Покрај тоа содржи стеаринска киселина - заситена масна киселина, која во црниот дроб брзо преминува во олеиснка киселина (т.н. "добра маст"), која во најголемо количество во природата ја наоѓаме во маслиновото масло.

Со консумирање на помали количества на чоколадо ја поттикнуваме концентрацијата и ги јакнеме интелектуалните и психичките способности.

Потребно е да се истакне и дека ако се претера со консумирање на чоколадо може да се постигнат спротивни ефекти а како прво се манифестираат радразливост или потиштеност. Како последица на претераното внесување се јавуваат симптоми на лесна интоксикација. Сепак е разбирливо дека таквиот продукт треба да се консумира во умерени количества и само повремено но никако не треба да се исфрли од исхраната.

ПОДГОТОВКА:

Бананите исчистете ги и натопете со лимонов сок.

Измиксајте со другите состојки да се запени.

Сипете во 4 чаши и веднаш послужете. 


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.