|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 181920 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со овие предлози ќе се ослободите од митот дека здравата храна е скапа и дека тешко се применува. Доволно е во менито да ги внесете овие пет намирници и не морате да се преиспитувате дали доволно правите за своето здравје. Правилната исхрана и здравата храна секако треба да го одбележат вашиот ден. Постои подолг список на намирници кои нашиот организам ги „бара“, а тука ги посочуваме само основните кои се достапни за сите. Лиснат зеленчук Овој зеленчук би требало почесто да се внесува во организмот. Иако нутриционистите советуваат секојдневно да се зема, настојувајте да го јадете што повеќе кога му е сезоната. Зељето, спанаќот и блитвата често нека бидат на вашата трпеза, тоа е т.н „лиснат зеленчук“. Во него ги има витамините А и Ц кои помагаат во борбата против ракот. Само една шолја обарено зеље дневно може да биде добра превенција за диабет и висок крвен притисок. Јаткасти плодови Нутриционистите советуваат исхраната да се збогати со ореви, бадеми и лешници затоа што се богати со природни влакна. Влакната поволно делуваат на варењето и преставуваат добра замена за чипс и други нездрави грицки. Лук Студиите покажале дека кога се јаде лук, во било кој вид се намалуваат сите симптоми на асма и се намалува можноста од заболување од рак на желудникот. Ако не сакате да јадете сиров лук, додајте го во салата, супа, намаз... Колку е лукот полут, толку е поизразено неговото дејство. Житарки Наместо бел ориз секогаш користете кафен – тој изгубил помалку од својата нутритивна вредност за време на преработката. Исто така подгответе паста од интегрални житарки, така ќе го намалите внесувањето на маснотии и калории. Јогурт Ако јогуртот е секојдневно на вашето мени, никогаш нема да имате проблем со варењето. Ако не знаете кој јогурт да го одберете, затоа што навистина ги има многу – проверете го составот. Оние јогурти кои во себе имаат активна култура, пробиотик и некои други влакна, би требало да бидат ваш избор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 181920 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |