|
Драг ИДИВИДИ |
Внеси реплика | страница <1 8081828384 100> |
Автор | |
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Дивиди... (не идивиди)...
HE KNOWS.... комшивка му била! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, вчера си мислев дека ме мавна гром, умрев од страв.... До коски го осетив кога грмна, па снема струја... И јас трк во креветот, па се покрив со ќебето. Преку глава. Тоа нешто како громобран-стратегија ми се виде. Па дојде и Мичо. И така заедно едно пола саат чекавме да помине страшотијата, па да излеземе од бункерот.... Е шо мразам грмотевици. |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди...
Еве наполнив 20 години и никако не ми иди умот... Па сега на твоиве странички ќе пробам да си објаснам зошто сеуште сум во некаква „заблуда“ И покрај тоа што никогаш не сум го поседувал, Фолксваген Голф КЕЦ - червена боја беше историјата на мојот автомобилски контакт. Кога се работеше за моделите 1.1, 1.5, 1.6 и 1.6 дизел нешто во мене задоволно се смешкаше. Заради визуелен приказ ќе поставам слика, а заради ефект на контакт ќе дрдорам во прилог под сликата... исто вакво само со 2 врати уместо 4 Ако на некоја девојка и кажиш дека имаш голф, таа во најмала мера очекува четворка. Но тоа не е се - Голфот кец беше одговор на моите потреби и барања во досегашниот живот. Тогаш девојката ќе те праша.... Епа кои бе ти барања ги имаш, филадендрон еден? Воглавно генералниот одговор е суров за спонзорушите: Малку троши, ефтин е за одржавање, а и понекогаш уживам да се влечкам по патиштата малку побавно па голфот ми одговара... а и гуми 13ки има, така да ќе ги довозам сите купишта од дотраени гуми што седат в гаража. Издржлив на повеќе терени, доволно силен за низ град, компактен, лесен, сите мајстори го возат. Тоа е прв циклус на отстранување спонзоруши. Најчесто и нема втор после овој муабет... Шо значи голф на простите народни маси - Ако му спомнам голф на еден просечен македонец, ќе му се појави слика во главата на расклатено возило со еден напукнат фар и без стакло на задниот штоп. Внатре ставено волан од којзнае што, на него 2 навлаки една врз друга, скината сајла на километражот, бандажи 2 исти , 2 распар, гумите една со една да не можиш да ги собериш, венците околу тркалото скапани, мачкани со четка во некоја драстично потемна или посветла нијанса од целокупната... и не само таму... Еве добро... При сето воа како оди одбирањето. Епа, вака... - си заборавил да купиш пиперки и ако те фатат во лага мама и тато си го кркал дебело. Трчаш до првата продавница и пребаруваш по гајбата со цел да извадиш еден „блади“ килограм отпадоци кои бар малку наликуваат на пиперки. Воглавно изборот е како во таа картонска гајба - Претураш кршови и пополека ти се одмилува поимот автомобил. Но тоа што даваш таква жртва не значи дека некаде во некое село на планина не чека на мене кола каква што јас очекувам Сакав да кажам... океј.... колку и да го дрвам на темава никогаш нема да ми биде доста за да објаснам што е тоа што ме врзува за идејата некогаш да составам голф кец 1.6 по моја совршена замисла и да го викам .... .... хех... не кажувам уште ај Ваљда сум чакнат доволно што едно 5 години ова го разработувам деноноќно. Someday, Jennifer, someday... Изменето од volkswagen - 22.Октомври.2013 во 12:43 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, кого да изгњавам ако не тебе. Како гостите денеска што ме изгњавија мене. Наместо да си го излежам денот дома, како што си беше убав, дождлив, јас морав да трпам три саата неканети гости. Па и стварно не разбирам зошто ми дојдоа кога госпожата цело време си проверуваше ФБ и си играше некоја фармичка или што-знам-што, а мажот ми кажуваше рецепти за торти. Е па друг пат не ми го троши времето залудно. Оти ќе те оставам кај мене дома да си проверуваш ФБ и да му читаш пораки на Мичо, а јас ќе си излезам некаде на кафе! |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драги ИдивидиЌу...
утре ме чека колоквиум, а јас чекам некој од колегиве да дај скрипта... скриптата чека да појдам да ја земам, колата чека шајбни за тркалата, тркалата чекаат нови внатрешни гуми за утре на факултет, факултетот ме чека мене... и се така по ред... СИ ЛА СОЛ ФА.... Многу тупав народ се насобрал... ja се теби свиџам, а дал се ти мени свиџаш... Изменето од volkswagen - 06.Ноември.2013 во 11:30 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг ИДИВИДИ,
Морав некаде да си го истурам бесот. Па добро бе Идивиди, дали вреди да украдеш чадор? Да, баш така! Ч-А-Д-О-Р!!! Вчера во Веро Центар ми го украдоа чадорот! Чадор од 25 евра. До каде стигнаа луѓево во Скопје, толку ли се расипаа? Во некој мал град дури и ќе ти купат чадор, а не да ти украдат. Толку ли се модернизиравме? И така јас подготвена да кренам паника и да барам да ми се нацрта главниот од обезбедувањето (затоа што можеа да ми украдат и многу повеќе од тоа што не дозволуваат да внесуваме работи од надвор), девојката ми вика, можам да ви понудам само заменски чадор колку да ве заштити од дождов додека стигнете дома. Видов, не видов си прифатив. А ми идеше и полиција да им викнам за кражба на чадор! Идиоти! Се надевам дека тој што го украде чадорот до крај на животот ќе оди накиснат, дека секој следен чадор ќе му се расипе и дека ќе го фати некое куче како Рекс за газ, па нема да може 10 дена да седне. Поголема казна не му посакувам. Ненормални!
|
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас мислам дека дедо Мраз ги слушна твоите страдања за чадорчето и оваа година ке ти донеси супер чадор од 50 евра со аларм и сензор на отварање.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каков и да ми донесе, нема да е како мојот Многу поврзани си бевме, го донесов дури од Франкфурт
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, ништо посебно. Само да ти кажам дека ми е убав денот. Не дека па тебе те интересира. |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dragi mili i sakan,ama kako mene ostaren i da ne recam zaostanat IDI.. Zosto be ti ne bides vo cekor so vremeto i LP(licnite poraki)ne mi gi prakas na telefonot. Sakas da kazes nemas broj..ma nemoj,ke ti go pisam uste ednas ama ne si zainteresiran da se osovremenis kako komsijata. Pisi mi. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
претерав мајторе....
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ух, што да ти зборам. Денес ме контактираа за интервјуто за работа. Мислев дека сонувам! Допрва ми следи мачењето преку Скајп, се надевам добро ќе се покажам подобро од тие неколку стотици други! Знаеш ли ти мој мил Идивиди, колку е тешко да скоцкаш добро CV? Епа да знаеш дека се измачив за се да ставам во него, а да не биде поголемо од две страни. Некако тесно ми беше! Идивиди, пушти ми среќа
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
драг ИДИВИДИ....
порано имаше еден муабет...ако ја спуштиш раката меѓу нозе и наместо две, фатиш четири јајца, тогаш знај дека непријателот е длабоко во твојата позадина.... исскрено, тебе не ти препорачувам во моментов да ја спуштиш раката...оти ќе бидеш непријатно изненаден.... |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Драг Идивиди, многу се смеев, ама до солзи сум се смеела вечерва. Четири жени, со четири чаши вино чудо прават. Толку смешни моменти немаше ни во цела комедија отпосле. Па и кино-салата празна.... а бе за мераци беше вечерта. |
|
Внеси реплика | страница <1 8081828384 100> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |