Драг ИДИВИДИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Разно
Опис на форумот: Немате соодветен подфорум? Бујрум овде на муабет...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22172
Датум на принтање: 30.Декември.2024 во 18:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Драг ИДИВИДИ
Постирано од: computer
Наслов: Драг ИДИВИДИ
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 20:18
Темава ја отварам за ние корисниците да ја користиме како онлајн дневник. Нешто во стилот - драг дневнику, драг идивиди. Бидејќи толку време поминуваме на форумов, зошто да не би можеле и да му се пофалиме за нешто убаво, да му кукаме за нешто неубаво, да му го раскажеме денот, блабла ...
Па, да почнам прва јас
Драг ИДИВИДИ,
Денеска ми се чини преседав на компјутер. Ах, морам да намалам. Утре ако е убаво времето (а ќе биде сигурно) ќе ги викнам пријателките на кафе и ќе прошетаме малку. Денеска ме болеше глава малку, ама ајде бре ќе ми помине (ми помина) како на кутре што викаат старите. Хехе. Нема ништо посебно и на интернетов. Виртуелен свет, далеку од реалниот. Добро е да седнеш да се релаксираш, да напишеш нешто (паметно ), да се дружиш со пријателите, да основаш нови пријателства, ама не да заглибиш во виртуелноста. Ај па и јас, ми оди филозофирање денеска. Туку, прееска ме фати една попладневна дремка и си подлегнав, се одморив. Море убаво се одморив за празников. Ајде од утре, пак на работа
И секако, на сите Христијани им го честитам празникот Велигден, за многу години нека е, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Бидете ми поздравени
------------- Алберт Ајнштајн рекол: Постојат две бесконечни нешта. Вселената и човечката глупост. Ама за вселената не сум сигурен дека е толку голема.
|
Коментари:
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 20:28
драг идивиди, се повеќе мислам дека почнувам да станувам нормална..... како сите околу мене, заглавени во својата секојдневна рутина, во својот заморен круг кој продолжува да се врти без крај... идивиди, кај ми отиде тоа ненормалното ??
-------------
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 20:35
Драг ИДИВИДИ
Во голема дилема сум. Не е така лесно да се одбере еден од двата понудени одговори: ДА или НЕ? Како да и срцето веќе ми натежнува кон онаа страна од вагата каде што стои тегот на кој што пишува НЕ! Чудни чувства имам...измешани! Мислам дека што и да изберам едноставно ќе згрешам. Животот ме стави на тест кој треба да го решам, ме стави на крстопат и јас треба да одберам по кој пат ќе одам! Чувствувам дека некој ќе биде повреден. Или јас или другата личност. Трета опција нема.
П.С. Внимавај што посакуваш - може да ти се исполни....
Damn right!
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 22:24
Драг ИдиВиди...
Многу те сакам пеер..
Имаш најдобри модератори од сите форуми на свет...
Климата е перфектна...
Е малце темплејтов да се смени...
Синава боја на форумов ме потсеќа на болница...
Некако премногу ладна и напната...
То е то...
Ќе ти се вратам јас тебе...Ќе ти кажам уште два-три добри збора...
Лека ноќ
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 05.Април.2010 во 22:38
Драг ИДИВИДИ...
Аман со тебе... Аман и без тебе...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 02:09
Драг Идивиди
Членов што го имаш ЏО....... НЕ Е НОРМАЛЕН
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 15:33
mrzla напиша:
Драг Идивиди
Членов што го имаш ЏО....... НЕ Е НОРМАЛЕН
|
Фејкер сум!
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: computer
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 17:57
Драг ИДИВИДИ
Нешто времево денеска не ми се погоди. Ветровито, облачно ... Како и да е. Важно е пролет, тука е сонцето, ќе изгрее ако не денес, утре. Само што се вратив од работа, и да се релаксирам малку на форумов. Како што кажав, да напишам нешто паметно и да филозофирам малку. Тоа ми е омилено Фала богу главата ми помина И така, што друго да ти кажам. Сега ќе sиркам ваму таму на интернет, потоа ќе одморам малку и одам да се прошетам. Сепак, не е толку лошо времево
------------- Алберт Ајнштајн рекол: Постојат две бесконечни нешта. Вселената и човечката глупост. Ама за вселената не сум сигурен дека е толку голема.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 18:17
Drag idi vidi, se zivo zabegalo ovde... pa i jas...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 18:20
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 18:38
драг иди види...
јас мразам нимфи без мозок и свест...
сепак заљубен сум во една...
те молам предизвикај краток спој во мојата машина која ќе доведе до мое непостоење на оваа планета...не се издржуе бе човече...
тиибам допаминот...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 19:28
Драг идивиди,
Ма остај сеа нежни зборови...
Добро бе брат, шо им е на луѓево? Кој од кој со поголем комплекс.
Брат, шо им е на женскиве... бе брааааааат? У црква се доаѓа ли со минич, бе? Мајка и да ја види, да и ја залепи некоја врела... Гз преку глава ќе летне.
Шо им е на моиве бе браааат? Немат шо да праат... И мене ме умараат бе брааааат! И то...
И идивиди.. знаеш како се вели...
Брат брата не рани, ама тешко оној шо го нема... АУ.. згрешка. Ја сум женско. Ама невермајнд... Повеќето ме доживљаваат као машко.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 00:44
многу драг идивиди
зошто мора да биде едноставно кога може да биде комплицирано? ги заплеткав конците и сега не можам да го најдам крајот.
Чао
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: KINGDAVID
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 00:56
DRAG IDIVIDI,
Ti si mnogu dobar portal i imas mnogu ubav forum na koj pisuvaat mnogu dobri lugje. POZDRAV DO TEBE BRAT
SAMO NAPRED
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 02:59
Драг Идивиди
Еднаш пробав да те откачам,и замисли успеав
сега се ми е полно и рамно пак......забавно ми е
тоа е повеќе и до мене,не дека па ти толку вредиш
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 09:00
drag Idividi samo shto stapnav na rabota i odma se ukluciv i kaj tebe na ,,rabota,,aman ne mozam bez tebe vo sekoj slucaj super ste...
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 14:56
Драг ИДИВИДИ,
па јас денес имам идивиди-роденден демек 2 годинки како сум ти закачена...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 15:04
драг иди види нека и е срекен роденденот на администраторката Анастеа денес полни 2 години,
па нека и се множат
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 15:40
MyWay напиша:
па нека и се множат
|
ај нека ми се множат оти драг ми е Идивиди со се идивидовци...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 18:23
Drag IV,
si go sakam staroto forumsko drustvo mnogu mi falat...
-------------
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 18:52
драг Идивиди
понекогаш делуваш фатално...пак го загорев ручекот
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 19:01
Драг ИВ,
па како нема да го загори коа "кисне" на FB...
-------------
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 19:05
ех драг Идивиди
овој Омар џабе ми вади муабети
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 19:17
Drag IdVid,
ko mal site me vikaa kodos... Oti taka??? Golema usta li imam???
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 19:35
Драаааг идивиди...
Превртен ми е периодов скроз. Поготово денес...
Колку се лицемерни, цинични и неблагодарни луѓево...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 20:18
drag idividi ke me izbrkaat od doma zaradi tebe no sepak ja sum si so forumdziite
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 21:00
drag idiv vidi, ne biva ni so tebe, ni bez tebe
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 07.Април.2010 во 22:52
драг идивиди
знаеш што ми рекоа 3 личности:
1.- Памет во глава 2.- Внимавај што правиш 3.- Човек само да те мисли
Деновиве воопшто немаат доверба во мене, ама и јас самата си немам изгледа во себе Почнувам да се сомневам.... Ама навистина немаат причина за грижа...или можеби имаат
Не можам повеќе
Одам да гледам Ци Ес Ај ( Хорацио пак ќе си ги става наочарите во својот препознатлив детективски стил )
Чуууууус
Lit
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 10:17
Drag idi vidi, sekoe sabajle koga trgnuvam na rabota pominuvam pred gradinkata sto se naoga odma do mene i sekogas gi gledam malite decinja kako si trckaat i si podripnuvaat odejki natamu, koe pak place oti ne saka da go ostavat go gradinkata.. .I si mislam drag idividi zodto nemam barem 3 godinki sega da me nosat i mene vo gradinka, i toa da mi bide edinstvena preokupacija vo zivotot....
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 13:49
Драг Иди Види,
Бескрајно ти фала што ми дозволуваш неограничено да си филозофирам и шкрткам по твоите страни, што ми дозволуваш моите мисли да не останат неми. Ми даваш простор да си бидам своја без пардон. Ми оставаш простор да направам „нешто“ од моето „денгубење“ за на крај да се чувствувам корисно дури и кога немам што друго да правам со моето слободно време. Многу ти фала за овој комфорт
-------------
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 14:47
drag idividirekov da ne vleguvam denes ama ne mozam da izdrzam...
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 14:49
MyWay напиша:
Drag idi vidi, sekoe sabajle koga trgnuvam na rabota pominuvam pred gradinkata sto se naoga odma do mene i sekogas gi gledam malite decinja kako si trckaat i si podripnuvaat odejki natamu, koe pak place oti ne saka da go ostavat go gradinkata.. .I si mislam drag idividi zodto nemam barem 3 godinki sega da me nosat i mene vo gradinka, i toa da mi bide edinstvena preokupacija vo zivotot....
|
тука мораш да надокнадиш---освен тебе, се разбира, драг, драг, драги Идивиди моj!!!
|
Постирано од: Andjelina
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 15:23
драг Идивиди
она што се случи меѓу мене и тебе...тоа беше љубов на прв поглед која за чудо трае...иако...признавам...се обидував неколку пати да те напуштам...
ама...кој ќе молчи и мудро ќе слуша што тоа јас зборувам во моментите на мојот душевен хаос...кој би истрпел река од зборови во мали саати...бесконечни кафиња и кутии цигари надополнети со глупави или паметни мисли...мојата искривена слика во опачината на огледалото кога не сакам ни сама да се гледам...кога немам сила да го следам токот на моите мисли...или кога сум еуфорично радосна...некој секогаш е од другата страна да ме подтурне..да ме охрабри...да ме испокара...тој некој е тука секогаш за мене...
ех...судени сме си еден на друг...
нема бегање...
ти нема спас од мене...
------------- Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 16:59
Драг Идивиди...
да знае некој каква нервоза и збрка ме чека наредниве недела-дена , ќе ме однеси на друга планета за да ја одбегнам....
Многу околностиве ми се наклонети (чудно дури) , ама (ко за рамнотежа) личностиве од секојдневниот живот станале ко гуртни па кочат ли кочат
Плус тоа 4 кеца и инспекција в гимназија па сето тоа пекмезење од страна на професорите ми дојде преку...... ().... преку глава...
И као врхунац свега па и таа почна да се дига....
Драг Идивиди, нека идат сите у п*** матер, важно је само добро се зезати...
-------------
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 17:22
Драг идивиди...
Полудечу!
Идам на натпревар. По ликовно.. Меѓународен и тоа. Неам на кого да се пофалам... тоа е работата... Па еве тука... Исто... денес го видов твојот член Џо... Или мислам дека беше он...
Драг идивиди, моиве дома... Немаат што да прават... и мене ме ѓњават... Ме пукнаа.
Наставниците ми викаат дека сум била немирна у школо. Па Бог да Чува, немам 12 год.. Тоа што се зафркавам на часови и што се зафркавам на одмори... Не значи дека сум немирна.. Со искучок на скршениот прозор, дерењето на класната и скршената врата у сала... мирна сум бе!
П.С Идивиди, дај поздрави го волсквагенов од мене...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 17:24
Tiggy Vicious напиша:
Драг идивиди...
Полудечу!
Идам на натпревар. По ликовно.. Меѓународен и тоа. Неам на кого да се пофалам... тоа е работата... Па еве тука... Исто... денес го видов твојот член Џо... Или мислам дека беше он...
Драг идивиди, моиве дома... Немаат што да прават... и мене ме ѓњават... Ме пукнаа.
Наставниците ми викаат дека сум била немирна у школо. Па Бог да Чува, немам 12 год.. Тоа што се зафркавам на часови и што се зафркавам на одмори... Не значи дека сум немирна.. Со искучок на скршениот прозор, дерењето на класната и скршената врата у сала... мирна сум бе!
П.С Идивиди, дај поздрави го волсквагенов од мене...
| Драг Идивиди и уште по драга иги еден дел од постов многу ми се допадна...
абе срцушка... еве ти и ....
-------------
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 17:25
Ехххххххххх драг Идивиди
многу делуваше врз мојот живот
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 17:55
драг идивиди
повеќе ја нема ужасната слика на неуредност во мојата соба, аш...денеска средив се` сакам кога ќе направам така нешто продуктивно, и јас задоволна и собата чиста е сега ќе ти дадам еден искрен одговор: не чистев од чисто задоволство и поради што сакам, туку поради тоа што сакав да си ги оттргнам мислите од една ствар. Ја увек сум таква, ако ме мачи нешто, ако сум загрижена и не можам набргу да најдам решение - пуштам музика и крпата ми игра во раце а тоа се случува многу ретко - од една страна за среќа, а од друга страна човек да се засрами Сега откако средив се` ќе поседам тука да те дружам малку, да пратам еден мејл и после ќе излезам надвор или ќе учам.
П.С. комшијана почнува да ми оди на живци, прозорот ми е отворен, а тој цепи дрва цел ден Може и тој се обидува да ги оттргне мислите од нешто
Лит
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 18:55
Драг ИдиВиди..
Многу ми се допаѓа темата, морам да признаам ...сега ова го чуствувам како дневникот кој го пишувавме кога бевме мали, кога ги пишувавме имињата на првите симпатии и го криевме во секоја дупка до која нема да допрат нашите родители....Недај боже да го прочитаат оти ...ЕЕееее колку добри времиња беа тоа...Сега веќе нема од кој да се крие ама нема ни што ново да се каже баш, затоа ќе споделуваме овде со сите..
Денес си реков дека нема да заглавам овде но еве пред малку си дојдов дома и одма се закачувам ..Седам и се мислам дали да фатам сега некаден да шетнам,или да се чувам за вечер...Мислам дека најарно ми е да подремам уште малку овде па после што биде нека биде....а знам ако откачам вечер тешко ќе биде утре на работа ....
ај сега да прошетам низ темите...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: BisernA
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 20:25
драг идивиди,
најкорисното што го направив денес мислам дека е пишувањево на постов...
пеколно топло е, мајка му стара... што ќе правам јас во јули и август, треба да се преселам на северниот пол... а во сиот мој склет, додади го и одењето на манастир... сауна, гужви и илјадници свеќи.... ахх...
барем такво, благо јаболкце ќе си апнам
-------------
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 08.Април.2010 во 22:45
Tiggy Vicious напиша:
Драг идивиди...Полудечу!Идам на натпревар. По ликовно.. Меѓународен и тоа. Неам на кого да се пофалам... тоа е работата... Па еве тука...Исто... денес го видов твојот член Џо...Или мислам дека беше он...Драг идивиди, моиве дома...Немаат што да прават...и мене ме ѓњават...Ме пукнаа.Наставниците ми викаат дека сум била немирна у школо.Па Бог да Чува, немам 12 год.. Тоа што се зафркавам на часови и што се зафркавам на одмори...Не значи дека сум немирна..Со искучок на скршениот прозор, дерењето на класната и скршената врата у сала...мирна сум бе! П.С Идивиди, дај поздрави го волсквагенов од мене...
|
Еј па шо не ми мавна бе една от позади бе еј...хих..
Океј...
Драг ИдиВиди...
Денов беше медиокрититетно Добар...
Чколијата беше Лесна...
Билијардот го изиграв - мајсторски...(дури мавнав 2 три фалц-спина)...
Како и секој ден претходно , денеска бев кукавица и не успеав во исполнувањето на мојата моментална кауза...
И чувствувам голема емпатија кон Тиги...
Со самиот факт дека најверојатно и јас ќе идам на натпревар...
По Математика (емоции)
Приватен натпревар за стипендија во Јахја Кемал...
Нишо незнам, немам кондиција годинава...незнам ни зошто ме праќаат , можеби бидејќи сум убав (нонсенс)...
Ииии...Едвај чекам утре...ќе се запознам со Кастро...
Посредник ќе биде Човекот Без Слух и мојата прекрасна другарка Ивана...
ЗИГ ХАЈЛ ! ! !
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 11:48
драг идивиди
почнува полека да се руши она што го градев(ме) долго време
чао
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 11:57
drag idividi...nemozam bez tebe..
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 13:39
Драг идивиди...
Денес не идам во школо...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 19:57
Драг ИдиВиди..
Хух...
Одамна не сум ти се исповедал нели...?...
Па...ова се збунувачки времиња верувам...
Кога неможа да се дефинира нечија емотивна состојба , и нечии мисли се тешки да се рационализираат..
Кога нечија Кауза е исполнета , но , со незадоволителен резултат...
Што правиме тогаш?...
Шо прајме тоаш?...(малце скопски)
Епа , каузата е исполнета , емоциите се ослободени во мисловна форма , запишана во текст и испратени по интернет сервис . . .
Сега следува само да чекам да ми врати . . .
Сомневам дека ќе ми врати . . .
Незнаењето е посилно од Разочарувањето . . . далеку посилно...
Ако не одговори ќе Ја мразам цел живот . . .
Ќе ги проколнувам нејзините стапки . . .
И највеќе ќе се мразам себеси...
Бидејќи...хиперболизирав и идеализирав нечии постапки...
GOD I HATE YOU...AND HER TOO...!!!
Епа сеа...
Тишина...
А после тишината...Бум...
Нов Свет...
Џабе филозофирам нели , тоа не помага...=.=
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 20:05
Драг Идивиди
биваше ли толку многу да се заљубам
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 20:10
sanja-a напиша:
Драг Идивиди
биваше ли толку многу да се заљубам |
Ја зборам во име на ИдиВиди..
НЕ ! ! !
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 20:12
Џо напиша:
sanja-a напиша:
Драг Идивиди
биваше ли толку многу да се заљубам |
Ја зборам во име на ИдиВиди..
НЕ ! ! ! |
ај де де...се деси
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 20:36
DRAG IDIVIDI garant vise ti e smaceno od mene znam jgb
sekoj gostin za tri dena
a jas go preterav upm
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 20:43
Драг ИдиВиди, не ми се верува, и овде некој ми дише у врат и ме брише...има ли смисла да пишувам?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: ПодВодно
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 20:55
Драг Идивиди,
Можам само да те замислам какви фаци правиш кога ги читаш нашите писма (освен ако не си од оние паметните кои им ја оставаат оваа задача на секретарките, а тие одат на риболов, голф или сафари).
Сакам само да знаеш дека, едно време те сфаќав многу сериозно, но не повеќе. Ги гледам брановите емоции кои се разбиваат на твоите карпести брегови и си велам, види колку енергија. Навидум залудно потрошена. Но неее ! Се` си има причина и се` си има последица. Најчесто не баш онаа за која знаеме. И затоа ич не е важно што ќе треснеш овде и кому мислиш дека му оставаш ваков или онаков впечаток. Незнајни се патиштата божји.
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 09.Април.2010 во 22:22
Драг идивиди
специјализираниот надзорник, супервизорот за овци е едноставно овчар.
Човекот е животно, демек најсовршено, јбг ако е совршено важно е животно, го има во себе оној животински инстинкт на убивање и напаѓа тогаш кога смета дека неговиот живот е загрозен, а вели нападот е најдобрата одбрана...кој да знае....Ја брани својата територија, ја обележува, не дозволува никој да му се доближи и да му го загрози царството....Јас го чувствувам тоа, т.е. го почувствував, аурата така му шепотеше и ми пренесуваше такви вибрации... “Колку што повеќе ги запознавам луѓето толку повеќе му верувам на кучето“ барем тоа нема да ме погоди со најболните к*ршуми право в срце нема да слушнам никогаш од него ( поточно од неа - кучка е ) дека постои можност да се разделиме и секој да тргне по својот пат.
Дог рулз
Лит
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 00:19
sanja-a напиша:
Џо напиша:
sanja-a напиша:
Драг Идивиди
биваше ли толку многу да се заљубам |
Ја зборам во име на ИдиВиди..
НЕ ! ! ! |
ај де де...се деси |
Ne trebashe da e desi. Ama pukna tapanot. Za drug pat um vo glava.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 00:24
drag idividi jas zaglaviv ovde........ovaa vecer najprimerna sum, rano si dojdov doma....oti ne ni izlegov u grad inaku
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 00:35
nema dragi. Site se mili.
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 00:38
Drag idividi sakam da ti kazam za moe za tvoe a i za dobroto na site ne vleguvam veke vo temata politika kako i sto pravev
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 01:39
Drag idividi i od tuka li da begam, kaj da fatam vise kazimi....
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:00
MyWay напиша:
Drag idividi sakam da ti kazam za moe za tvoe a i za dobroto na site ne vleguvam veke vo temata politika kako i sto pravev
|
Драг ИДИВИДИ,
Зошто бе вака си го разочарал момево Па на политика не е заразно... А и шо фини дечки има таму, милина да и е да чита... Плус ко ќе се распукаат со тоа ќор-фишеците... адреналин лета на сите страни.... Не тука ми се жали секој ден дека и е досадно... Еве Орлов како џентлмен љубезно и домаќински ќе ја прошета низ темите...
А за кафето... куќата части
(Драг Идивиди, пиши ова на рабуш)
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:03
Drag idividi moram da kazam oti koleskata ke me ubede da odam vo politika ama ke ima mnogu rabota posle poarno si mislam da si pieme kafe ovde.....
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:11
Драг Идивиди,
Па толку ли не и текнува дека морам да ја убедам Да зголемам процентот на жени во Идивиди- парламентот... Пратеничките постојано ни се на неоправдано отсуство... демек со медицински белешки ... Идат само кога се со ПМС... Па освен мене и мамамд нема кој да ги нервира машките пУлитичари...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:14
Драг па и иди па и види...
Абе незгоден си жими мајка
И некаде еднаш пишав да мењам професија сакам
Кога оно еве го у тесно ме стави два дена имам да мислам
Него ај на арно нека е сега му ја мислам што следно да посакам
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:15
Драг идивиди ... си бил и ќе бидиш вода стои , ти не стоиш ти се восхитувам на твоите плеќи крепиш она што и земјата не може па зинува и голтнува да ти цути името да си ни жив и здрав најмногу што си ни донел убајјј форумџики и доста е за сега ... it's time for party
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:19
драг идивиди сакам да ти кажам дека во чест на најхрабрата политичарка од форумот ќе стапнам и во нејзината тема, и ќе се борам таму со волците..Ќе формираме нова партија...женска
пс. само под еден услов, фикс да не чита таму...оти ќе не истепа сите
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:25
Драг Идивиди
Знам дека некој сака да те омаловажува и да ти го руши интегритетот на најподмолен начин,ширејќи лаги и невистини. Но јас заедно со искрените и добронамерни членови твои кои се во огромен број ќе ја откриеме злобата
Да ни поживееш Драг Идивиди и сите твои добронамерни членови уште многу години
------------- Само шлаг пена ќе бидеме. Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии.
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:26
драг идивиди пак останав без сон.....
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:38
Драг Идивиди,
Ми текнува оти со member_profile.asp?PF=19394&FID=39 - MyWay формиравме идивиди музички бенд... Мислам ЏИЏИМИЏИ band се викаше... Ќе се жртвувам ако треба пак Што да не и политичка Идивиди партија... Разбира се само за жени: нема да бираме плавуши или бринети Пропорции јок... Мажи уште по јок... Името се знае: Џиџимиџи Ултра Женска Идивиди Лево-Десничарска Партија......
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 02:56
Драг Идивиди
Верна сум ти,само кај тебе идам
------------- И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 11:56
Драг идивиди... Разочарана сум од моиве...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 12:14
Драг ИдиВиди ...
Ти си мојата втора љубов...
..првата е до мене ... ...
.. а ти си ..пред мене .....
Поминав многу часови ... дружејќи се со тебе...
.. секогаш ми беше убаво и интересно...
... научив многу од тебе... имам свои ..омилени членови...
...кои редовно си ги читам....и си ги сакам ...
... но исто така морам да ТИ кажам..дека ги почитувам
... сите редовни и нередовни ... членови на форумов...
..Се надевам дека ...уште долго ..долго.. ќе си се
... дружиме......
-------------
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 13:30
Драг идивиди
утрово, околу 10 ме разбуди брат ми, и тоа на мобилниот, аман колку ме нервира кога некој ми го попречува сонот, и тоа во сабота, човек да спие цел ден тој уште од сабајле, а и плус - ништо важно И тоа не еднаш, двапати по ред И така јас се разбудив, не по моја волја аф корс , па потоа ми стигна една многу итересна порака.... Откако станав од кревет ( изгледа бидејќи ненадејно станав ) главата почна да ме боли Ама после сфатив зошто ме болело, тоа било поради она М од ПМС АМА, го вклучувам јас компјутеров и еден мејл ме израдува и одма заборавив на се` Can`t wait....
Лит
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 17:45
Мистер Идивиди
денес си заќитив едно убаво оценче,па денов е преубав
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 17:47
драг идивиди се прошетав, ја фатив и денската шема, кафе мафе и сега пак овде....
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 18:50
Драг идивиди... Савтив дека сум била многу искусна во медицината и остали ствари.
Литиум немала сецкано жаба а ја тоа... ихии... едно 3-4 пати го имам правено... во домашни услови... аф корс.
Драг идивиди...
Сакам кога врне...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 18:58
драг идивиди
навистина немам правено дисекција на жаба, ама имам гледано на ТВ Прва прилика штом здогледам жаба в двор, ја пикам во тегло и ќе ги применам на неа досегашните мои знаења од хирургијата, почнувајќи од дезинфекција на рацете на хирургот ( that will be me ) и дезинфекција на оперативното поле. па потоа се` со ред
Лит
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 20:12
drag idividi i na ovoj dozdliv den pak sum si kraj tebe...
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 20:44
Драг Идивиди...
Јас мислев дека само на брза му го мењаат полот. А не било така. ПодВодно машко ја напраија..
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 20:58
Абе, кај го имат ова упм.
Едната кошула ја флекосав, другата ја скинав на џепчето, третата ја заборајв под пегла пуштена и тоа.
А убо си мислев, прво да се спрема, после да се фата...оти не ќе можа да се спрема за излагање.
Ко ќе видиш сеа, ем фатенко, ем по синдикалка...бела и то.
|
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 21:00
Drag Idividi...
PodVodno da bese NaVodno, nikoj nemase da ja zgresi...
|
Постирано од: ПодВодно
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 21:27
Marko Polo 1 напиша:
Drag Idividi...
PodVodno da bese NaVodno, nikoj nemase da ja zgresi... |
Драг Идивиди,
Сериозно ќе размислам за предлогот на Марко .
Инаку, Опомената ме натера да размислам за мојот начин на изразување, прочитав неколку од последните постови што сум ги напишала за да проверам на кој пол вербално личам повеќе и заклучив дека да бев машко, ќе бев педер.
И што повеќе да кажам, кога само се потврдува тоа што ти го напишав претходниот пат.
ПодВодно напиша:
... ич не е важно што ќе треснеш овде и кому мислиш дека му оставаш ваков или онаков впечаток. Незнајни се патиштата божји. |
|
Постирано од: Sunny
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:22
Drag Idividi,
Jas sto i da imam da ti kazam ke ti pisam preku LP, vaka ne se mozhe, nema da me sfatis, pa moze ke ispadne nekoj nov trach... kako i da e te obozavam.
Iskreno tvoja,
Sunny.
------------- Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:25
Sunny напиша:
Jas sto i da imam da ti kazam ke ti pisam preku LP,
|
И после немало привилегии?
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:29
Драг Идивиди
оваа драга Сани има мнооооооооооогу драги врски
-------------
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:32
драг идивиди
дали имаш број, мобилен или фиксен на кој ќе можам да разговарам со тебе а сакам да ти го слушнам гласот
Лит
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:32
Lithium напиша:
драг идивиди
дали имаш број, мобилен или фиксен на кој ќе можам да разговарам со тебе а сакам да ти го слушнам гласот
Лит
|
имам како немам
-------------
|
Постирано од: Anarchy
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:33
Lithium напиша:
драг идивиди
дали имаш број, мобилен или фиксен на кој ќе можам да разговарам со тебе а сакам да ти го слушнам гласот
Лит
|
Да ти го пиша по ПП?
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:38
може може
п.с. за двајцата се однесува ова......
Чекам.....
|
Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 10.Април.2010 во 22:48
Lithium напиша:
може може
п.с. за двајцата се однесува ова......
Чекам.....
|
223 305 а префиксот ке ти го кажам по ЛП
-------------
|
Постирано од: computer
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 10:23
Драг ИДИВИДИ
Темава ми личи на Големиот Брат
------------- Алберт Ајнштајн рекол: Постојат две бесконечни нешта. Вселената и човечката глупост. Ама за вселената не сум сигурен дека е толку голема.
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 11:54
Друже ИдиВиди...
Денеска имам амбиции за учење , но не и мотивација .
Вчера бев на Рокфест , и освен првите 2 бенда ЗАКОН СИ ПОМИНАВ...
Ќе гласав за Рандом , али неможев да стигнам до гласачката кутија (јеботе). . . Дечки...Најбољи бевте...
Денеска покрај учењето , гледам да изиграм партија баскет у маало , што ќе биде тешко заради неисправноста на кошот...
П.С. НЕ го викам Благој више ни на баскет ни на билијард
ни на свирки бидејќи е п**ка и никад не доаѓа...
Смотан Дебелко...
П.С.С. Длабоко се извинувам заради пцовките и бурната синтакса во ‘П.С.-от‘
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 12:29
drag idividi denes sum za edna godina postarai sakam da ti kazam deka si gi sakam prijatelite site na forumot i hapy sum so vas...
------------- druzhba si e druzhba,a sluzhba si e sluzhba...
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 13:14
Драг идивиди...
Ги имам најзлобните рдители у свет!
Пред некој ден имав родителска.. И оцените-катастрофа! Само неколку петки... Друго се четворки.. Сварно попуштив со учењето...
Така моите идиотски пејрентс, ме казнија! За прв пат во мојов живот!
Не искочив петокот... Саботата ич. А толку сакав да идам на рокфест... Се договоривме со друштвото...
Како ми дојде тешко па.. Кога го прочитав статусот на Џо на фејсбук.. Понекад ги мразам... Исто беше и со свиркана на Ајрон Фенг...
А денес.. турнеја имам. Посети кај баби... Само мола Бог едно: ДА МИ ДАДАТ ПАРИ! Барем тоа ќе ми го улепша викендов...
~ Д Идиотката.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 14:05
drag idividi sakam da i kazam na tigi Tigi ova e periodod niz koj minuvaat site tinejdzeri uste si mlada i za toa taka razmisluvas tvoite roditeli nikogas nema da ti mislat loso, i ne se zlobni, kako sto minuvaat godinite ke svakas deka tie se najdobri luge na svetot i deka gi sakas najmnogu na svet....Od den na den se poveke ke ti trebaat... Za toa ne se nerviraj, toa e za tvoe dobro..a rok festovi ke ima eden kup...eheeeeeee
p.s...bi sakala i jas na toa vreme sega da se vratam,..
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 19:07
драК ИдиВиди...или Иџо по нагалено...
Денес...лазањите на мама...беа...најдобри до сега...
ест да им недостасуваше сирење , али добри беа...
П.С. шо е со суб-културиве бе браааааааааат?
-лево панкер , десно рапер , горе доле СЕ каубојци...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 19:32
Драг Идивиди...
Денов беше.. онака.. обичен.
Се подновив со некое парче облека... Тоа е добро. А не отидовме накај старите...
Драг идивиди... Сакам да ставам пирс.
Само на веѓа.. Или јазик.. Или уста... Или.. нос? Не знам, ќе вииме.
И да.. се решив.. Медицинар ќе бидам. А цртањето.. хоби.
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: orlov
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 22:34
MyWay
------------- ,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 11.Април.2010 во 22:53
драг иди-види...
еден поздрав до тебе и публиката...
онака...
зошо си ми другар , не за друго
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 14:50
Драг идивиди...
АЈ ЏСТ ЛИВ МАЈ ЛАЈФ!
Зашто никој нејќе тоа да го свати и сака радоста секад да ми ја ускрати?
Мразам рими...
------------- What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
|
Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 16:05
Drag idividi deneska vremeto e za nikaden
ama jas nekako ubavo se custvuvam, se nadevam deka ke mi bide taka cela den...
------------- Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......
|
Постирано од: Џо
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:35
I. Hello dear boy have a cigar youre gonna go far fly high youre never goin down youre gonna make it if you try theyre gonna love you...
Драг ИдиВиди...
Што се однесува до горните стихови , па , тие , некако ме потсеќаат на некои времиња , кога небото беше само сино , и кога облаците беа само бели.. Кога се беше розево, или во овој случај , сино-бело... Само сакав да го споделам тоа чувство со тебе...твојот темплејт е прилично сино-бел , но некако , меланохолично син , матно , депресивно и потиснато , наспроти онаа санквистична сина , којашто ја барам во овие времиња , којашто треба да ме мотивира , којашто најчисто и најдобро ќе ги прикажува сончевите зраци низ атмосферата...низ која најдобро се гледа хоризонтот... Сега најдобро ја сфаќам теоремата на плато , или кој и да беше бело-брадест грк... Колку повеќе имаш знаење , толку повеќе имаш допирни точки со незнаењето....
Confusion writing my epitaph... Кога збунет , и изгубен , јас следам своите инстинкти , кои се мошне неизострени ... Да ова е еден од оние денови...кога универзумот е против мене , само бидејќи не му изреков утринска молитва...
У...у...Thats the sound of the police... У...У....Пушам само канабис...или барем се осеќам така.... Извини што ти трошам простор на серверите.... Едноставно...ти си единствениот кој ми дозволува... Знаеш дека Те саакам... Драг ИдиВиди....салут...
------------- Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 22:27
Драг ИДИВИДИ,
па утре ти бил 5-ти роденден...
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
|