|
Компир на 101 начин |
Внеси реплика | страница <12345 10> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Компири во плекче на селски начинСостојки
ПодготовкаНајпрвин ги лупиме компирите ги сецкаме како за пржење само малку подебели. Го лупиме и кромидот. Во плекче број 34 го ставаме маслото на оган да се загрее во него го сецкаме кромидот и го пропржуваме додека да зарумене. Го додаваме потоа оризот и него го попржуваме. Ги додаваме и компирите ги посолуваме и им го додаваме зачинот, ориганото, биберот промешуваме го додаваме домашниот сос и ги прелеваме компирите со вода. Ги ставаме одозгора и макароните и ги потопуваме со лажица и нив да ги прелиее водата ако е малку досипуваме уште вода. По желба во нив ако не постите може да си стаавите варено свинско
месо или обарени пилешки копани и тие во релната ке се запечат.Ги
ставаме во релна претходно загреана на 200степени и ги оставаме да се
варат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Видео рецепт: Бомбај компириБомбај компирите се многу популарен гарнир во индиските ресторани насекаде низ светот. Полу-сварени компири, потоа пропржени во врело масло и зачини кои ви нудат варијации од богати вкусови и мириси. Состојки
Ќе ви треба и:
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола и Вок Тава. ПодготовкаЧекор 1: Излупете ги компирите. За подготовка на овој рецепт можете да ги употребите речиси сите видови на компир. Потоа исечкајте ги на средни парчиња и ставете ги да се варат во зовриена солена вода. Чекор 2: Варете ги најмногу 10 минути додека да омекнат, но внимавајте да не ги преварите бидејќи е важно да ја задржат формата кога ќе ги пржиме подоцна. Чекор 3: Во загреаната Вок тава додаваме една лажица масло и неколку зрнца коријандер. Кога ќе почнат да пукаат зрнцата, маслото е доволно загреано за да го пржите компирот. Исто така, додадете го и остатокот од семките (доколку сакате коријандерот, можете да го замените со семки од синап). Додадете ги чилито и куркумата за маслото да добие боја, како и солта и биберот. Ставете ги компирите и пржете ги 1 до 2 минути додека да станат малку крцкави. Додека ги пржите компирите убаво мешајте ги за подеднакво да се распределат вкусовите. Чекор 4: Подготвените компири послужете ги во длабока чинија како гарнир. Ние ќе додадеме и исечкан власец и малку јогурт. СОВЕТ: Компирите можете да ги варите и подолг период, но тие ќе се распаднат и ќе ја изгубат формата. Можеби вкусот ќе биде побогат, но изгледот на јадењето нема да биде привлечен. Обидете се да ја затворите Вок тавата со капак и да ја тргнете од рингла оставајќи го компирот да се довари со помош на пареата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Запечен компир со павлакаСостојки
Подготовка1. Состојките се за плех од шпорет. Ако правите во помало тавче намалете ги. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Запечен варен компир со презлаСостојки
ПодготовкаГи вариме компирите со лушпа, па кога ке се оладат ги лупиме и ги прпелкаме во маслото па во презлата. Ги потпекуваме во загреана рерна неколку минути. Кога ќе бидат готови ги сечеме накрсно и ги декорираме и јадеме по желба . |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пататас Бравас
КРАТОК ТЕКСТ:Пататас бравас е Шпански рецепт за зачинети и лутникави пржени компири. Одличен вкус. ПОДГОТОВКА:
Во сад со вода на јака температура ставете
да зовријат водата со сол, црвен пипер, мелен ким и лорворов лист.
Оставете ги да провријат убаво 10тина минути за сите состојки да пуштат
ароми и вкусови.
Во меѓувреме излупете ги компирите и исецкајте ги на коцки. Потоа ставете ги компирите во водата која што врие и почекајте некој 3, 4 минути да се врати водата во фаза на вриење и варате ги компирите се додека не се 90 % сварени, тоа значи да не бидат комплетно сварени како кога би правеле пире. Извадете ги компирите и оставете ги да се исушат целосно и комплетно да се оладат. Многу важен дел е да бидат компирите целосно оладени и суви. Значи, без разлика колку и да сте гладни оставете ги, бидејќи доколку не ги оставите рецептот нема да биде успешен. Додека се сушат компирите може да го направите сосот кој се служи во прилог со компирите. Во аван ставете 3 чешниња лук, малку сол, црвен пипер и чили. Сето тоа истолчете го убаво. Потоа додадете 3-4 лажици мајонез и промешајте ја целата смеса убаво. Додадете малку оцет или сок од лимон и малку доматно пире или кечап. Убаво промешајте го и по желба додадете од зачините. Уште еден мал додаток додека се сушат компирите. Во мал сад ставете две лажици сол, малку мелен црн бибер, црвен пипер и малку чили во прав. Сето тоа убаво промешајте го. Ова ќе служи за да се зачинуваат испржените компири. Загрејте масло за пржење компир на јака температура. Откако маслото ќе е доволно загреано ставете ги компирите и пржете 6-7 минути или додека не се златно кафени и екстремно крцкави. Испжете ги и зачинете ги со миксот и озгора прелијте ги со намазот од лук. Уживајте! Изменето од Valerija - 01.Јуни.2015 во 18:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве од мене придонес.
Да не должам многу, на кратко. Пире Варени компири Зачини по желба Млеко Неутрална хопла (ако немате хопла може павлака ама да не е од оние многу кисели) Лажица до две путер Јас мерки немам, правам се од око. Пред многу години ме учеа дека добра домаќинка е онаа што знае да погоди се од око и пак да е вкусно (сите стари женички тоа го викаа порано, сега и тие со вагите почнаа). Го пасираш компирот, додаваш лажица-две путер, додаваш зачини по желба и малку млеко. По потреба се додава и хоплата. И по желба се регулира густината, некои колешки мои ги слушам сакаат многу ретко пире, некои контра. Јас сакам нормално пире! Хопла додавам затоа што ми дава некој добар вкус и кремасто и вкусно ми излегува пирето. Рецептава е од Лаура Витали само малку ја адаптирав на балканскава кујна.
Изменето од evangeline - 29.Ноември.2013 во 19:56 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 тајни за совшено кремасто пире од компириРетко кој не сака компир пире, но кој знае да го подготви така што тоа да биде меко, без грутки, со совршена конзистентност и сооднос? Доколку пирето ви се претвора во леплива маса без вкус, тогаш време е
да ги дознаете десетте најголеми грешки и притоа да знаете да ги
избегнете при подготовката. Грешка: Грешка: Премногу ги гмечите компирите Грешка: Не сте додале доволно путер Грешка: Послужувате ладно пире или исушено |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт за вкусни поинакви пржени компириКомпирите важат за една од највкусната храна во светот. Тие исто така според многу познати готвачи се прогласени за идеален гарнир на скоро секое јадење. Има различни начини за подготвување на компирите, а најпознатиот е нивно пржење. Скоро и да не постои човек кој не сака да грицне по некое пржено
компирче, па поради тоа ние овој пат се одлучивме да ви претставиме
рецепт за малку поинакви пржени компири. Сепак, мораме да ве
предупредиме да не претерувате многу со пржениот компир, бидејќи оваа
храна и не е многу здрава за нас. Поради тоа дозволете си барем неколку
пати во месецот да се почестите со вакво нешто, но тоа да не биде секој
втор ден бидејќи и тоа како се вкусни. Подготовка: Изменето од Valerija - 13.Декември.2013 во 08:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако и вие сте љубител на компирите на 101 начин, овој дефинитивно ќе ви биде еден од омилените. Кога немате голема желба за гответе, а сакате да уживате во неколку вкусни залчиња, ви предлагаме да го испробате овој сочен рецепт. Покрај тоа, можете да го послужите на сите кои ги сметате за вистински гурмани. За момент ќе го освоите нивното срце. Време за подготовка: 15 минути Време за печење: Околу 1 час
Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите, измијте ги и со остар нож исечкајте ги на ситни парчиња, но не до крај. Посолете и резовите пополнете ги со кашкавал, сирење и сланина. Така подготвен компирот распоредете го на мрсна тава за печење. Печете половина час, а потоа извадете го компирот и посипете го со зачините, пармезанот или презлата. Вратете ги да се допечат уште половина час. По желба прелијте ги со сос од слатка павлака и печурки, 5 минути пред да ги послужите. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: 6 компири 125 гр крем сирење 4 супени лажици павлака 1 јајце 2 супени лажици исецкан магдонос 4 супени лажици ситно исецкан кромид 3 супени лажици исецкани црни маслинки 2 кафени лажички песто Џеновезе 1 толчено чешне лук Сол и бибер по вкус 20 гр путер Рендан кашкавал за на крај Компирите се сечат на две половини и се печат во претходно загреана рерна. Откако ќе се испечат со лажица се прави вдлабнатина. Извадениот дел се меша со крем сирењето, павлаката, јајцето, зачините, маслинките, пестото и лукот. Со оваа смеса се полнат компирите. Од горе се става по едно мало парченце путер и рендан кашкавал. Компирите се печат се додека не добијат златно-кафена боја. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки: 3 супени лажици вода 3 супени лажици соја сос 3 кафени лажички чубрица 4 супени лажици масло 2-3 кафени лажички сол 3 кафени лажички црвен пипер 200 гр топено сирење 180 гр кашкавал 1 кг компири Подготовка: Компирите се мијат, се лупат и се сечат на кругови. Се додаваат во голем сад и се мешаат со црвениот пипер, солта и маслото. Потоа топеното сирење се мати со водата и соја сосот. Смесата се додава во садот со компирите и се меша. Ги додаваме сето тоа во претходно подмачкана тава, без да се додава вода. Се пече во претходно загреана рерна додека не омекнат компирите. Потоа се вадат и се додава рендан кашкавал и чубрица. Се пече повторно се додека не добијат златно-кафена боја. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12345 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |