IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - НАЈНОВО во излозите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НАЈНОВО во излозите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6970717273 77>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Јована. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Јована. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2013 во 23:11
The H&M Conscious collection Spring/Summer 2013








Изменето од Јована. - 10.Април.2013 во 23:12
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2013 во 19:01
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2013 во 19:08
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2013 во 19:14
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 14:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 14:46

Лондонската недела на модата – колекции пролет/лето 2014


Лондон е познат по еклектичката и непредвидлива мода, секогаш предлагајќи разнообразни колекции кои често немаат допирни точки. На големо изненадување, колекциите пролет/лето 2014 презентирани во модната британска престолнина ги спои романтиката, изразена преку пастелни бои, цветни апликации и принтови, женствени украси, па и проѕирни ткаенини.

Погледнете низ некои од најдобрите колекции од Лондонската модна недела.

Burberry Prorsum

Деликатност, нежност и романтика завладеаја на ревијата на Burberry. Кристофер Бејли изненади со релаксираните силуети и одушеви со пастелната палета. „Сакав колекцијата да делува романтично, да ги стопли луѓето“ – изјавил главниот дизајнер.

Женствени фустани од чипка, меки блузи од кашмир и лесни волуменозни палта во розови, ментол, млечно жолти и синовиолетови нијанси доминираа на пистата. Иако текстурите и боите делуваа деликатно и нежно, во креациите се насетуваше и доза сексапил и дрскост поради транспарентноста на материјалите. Тренч мантилите кои стојат во темелите на брендот, сега беа трансформирани во коктел фустани кои ги отскриваа рамената и потсетуваа на стилот од 50-тите години. Украсувањето на креациите со цветни колани и блескави брошеви ја збогати динамиката на колекцијата.

Burberry Burberry

Том Форд

Задоволувајќи ги желбите на своите клиентки, Том Форд претстави луксузна колекција исполнета со гламурозни и впечатливи креации кои го задржуваат погледот. Клучните мотиви беа искршени огледала и пајажинска чипка, но се наѕираше и допир со спортскиот стил.

Моќните жени кои не се плашат да блеснат долги години го инспирираат Форд, кој ја започна ревијата со кафеави и бели кожени фустани и јакни, продолжи со мини фустани со долги ракави кои привлекуваа со светкав изглед, вметна неколку женствени и елегантни панталони, го истакна сексапилот со необични чипкасти фустани, а не го заборави и крзното.

Tom Ford Tom Ford
Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford Tom Ford

Кристофер Кејн

Кејн ги стави цветовите под микроскоп и ги искористи цветните форми на нов начин, инспириран од цртежите во учебниците по биологија. „Ботаничката“ колекција беше украсена со форми кои ги имитираа заштитните (стерилни) елементи на цветовите, а кои Кејн ги поврза со анатомијата на жената.

Бегајќи од популарните рози, Кејн го постави акцентот на цвеќиња како лутиче, каранфил и орхидеја.

Christopher Kane Christopher Kane
Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane Christopher Kane

Temperley London

„Станува збор за целосна романтика, сицилиски сон, тропска атмосфера во медитеранска околина“ – изјавила Алис Темперли по завршувањето на шоуто.

Брендот обожаван од војвотката Кетрин, се насочи кон женствена палета на примамливи бои и цветни апликации и принтови, но динамиката беше засилена од повременото присуство на леопардскиот принт.

Temperley London Temperley London
Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London Temperley London

Ердем

Ердем Моралиоглу заборави на бојата, изразувајќи ја креативноста преку црно-бели креации. „Отсекогаш ме привлекувало женственото, но оваа сезона мислев на мажественоста. Имав идеја за девојка која мора да се престорува во момче за да оди на училиште, таа се облекува во негова облека, но потоа се заљубува и сè станува поромантично и сензуално“ – изјавил тој.

Славниот креатор на умен начин украде елементи од ученичката униформа и околу нив изгради пософистициран изглед, на моменти постигнуван со чипка и рачно сошиени пердуви.

Erdem Erdem
Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem Erdem

Роксанда Илинчиќ

Впечатливи бои, често користени во „колор-блокинг“ стил, ја живнаа ревијата на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ, која долги години живее и работи во Лондон.

Геометриски дезени, откачени украси, фустани со плисирани здолништа носени над ¾ панталони и судир на живи бои беа искористени за постигнување на „игривост и среќа“.

Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic
Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic Roksanda Ilincic
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2013 во 00:21
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2013 во 17:36

Модни трендови – есен/зима 2013-2014


Новата модна приказна е динамична, се навраќа во минатото, раскажува за бунтовноста на панкот и гранџот, го истакнува класичниот кариран дезен, ја задржува романтиката преку драматични цветни принтови и розови нијанси, ги величи палтата, ѕирка во машкиот плакар, ја интензивира црно-белата игра и предлага луксузно доживување преку богати текстури.

Време е да започнете да фантазирате за потопли модни комбинации. Ве копка да дознаете што ќе биде актуелно на модната сцена во студените месеци? Фрлете поглед на највпечатливите трендови за сезоната есен/зима 2013.

Модни бунтовнички (нов гранџ + модерен панк)

Модни бунтовнички

Носталгијата по духот на 90-тите ги поттикна дизајнерите да го вратат на сцената гранџ стилот, но со нова помодерна естетика. Безгрижност, комфор, слоевитост и доза бунтовност, ќе постигнете со маици со натписи, искинати и избледени фармерки, карирани кошули (врзани на колковите) или карирани здолништа, плетени капчиња, кожени јакни, модни додатоци со нитни или безопасни, чизми со „машки“ изглед или декорирани со токи или метални боцки.

Изложбата „PUNK: Chaos to Couture“ во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк го оживеа панк влијанието на модната сцена. Сепак, експертите советуваат дека новиот панк изглед треба да биде поженствен и суптилно сексапилен.

Карирана инспирација

Карирана инспирација

Најзабележителниот принт кој отскокнува над другите е карираниот. Карираниот дезен во повеќе варијации се среќава на палта, здолништа, кошули и модни додатоци, како дел од новиот бран на бунтовничка мода.

Црно-бел графички принт

Црно-бел графички принт

Динамични црно-бели принтови со хипнотизирачки ефект ги претворија и наједноставните креации во визуелен спектакл. Графичките принтови несомнено продолжуваат да владеат на модната сцена. Магнетски привлекува принтот „houndstooth“ („кучешки заби“ или „гускини стапала“), кој е идеален за позрел и деловен изглед.

Мрачна цветна романса

Мрачна цветна романса

Цвеќињата продолжуваат да виреат на облеката, само што расцветените букети стануваат помрачни и подраматични. Се чини дека цветниот принт не губи од својата моќ во светот на модата, независно од сезоната.

Кожа, кожа, кожа

Кожа, кожа, кожа

Кожата не е неочекуван актер во модниот филм кој ги диктира новите трендови. Всушност, невозможно е да се помине студена сезона без видлива доминација на кожата. Моторџиската јакна без сомневање е најбезбедниот начин да го „украдете“ овој тренд, но за посмелите тука се кожените фустани, здолништа и блузи. Креациите со кожени панели се идеален избор за силен впечаток.

Крзнен и кадифен луксуз

Крзнен и кадифен луксуз

Елеганцијата и екстравагантноста потенцирајте ги со крзнени детали. Крзнените јаки, шалови и ракавици, како и палтата со крзнени детали додаваат луксуз во дамскиот изглед. Доколку не сте обожавателки на впечатливото крзно, одлична алтернатива е кадифето. Романтичната и богата текстура на кадифето говори за нежност и софистицираност.

50 нијанси на розово

50 нијанси на розово

Студените месеци не минуваат без црната и сивата боја, како и земјените нијанси, но секогаш се истакнува една пожива боја која ги разведрува тмурните денови. Неочекувано, розовата стана моќна боја на новата сезона. Најразлични нијанси на розова шармираа на модните писти, но ако треба да се издвојат две, тоа дефинитивно се зачадена светла розова и циклама.

Акцент на палтата

Акцент на палтата

Дизајнерите се опседнати со креирањето на палта, па модните писти никогаш не виделе толку силен бран од палта со различни силуети, бои и текстури. Најприсутни во актуелните колекции се XXL палта со заоблени раменици и силуета на кожурец, но најверојатно ќе бидат прифатени само од најхрабрите модни зависнички, бидејќи не придонесуваат за истакнување на женската фигура. Од друга страна се структурираните палта кои најчесто доаѓаат со колан за потенцирање на тенката половина, но не се ретки и палтата со машки крој.

Палтата во силни бои (жолта, црвена, кралска сина) се идеални за незаборавен модерен изглед, но многу модни експерти се убедени дека розовите палта треба да имаат предност при изборот.

„Хибрид“ е зборот кој оваа сезона се споменува заедно со палтата и мантилите. Станува збор за палта и мантили со кожени ракави.

Војнички марш

Војнички марш

Војничката инспирација смело маршираше кон дизајнерската фантазија, а сега стигна и до улиците. Шарата, но и боите од војничките униформи, како и палтата во милитаристички стил, повторно бестрашно навлегуваат во уличната мода.

Позајмени од машкиот плакар

Позајмени од машкиот плакар

Дизајнерите танцуваат на границата меѓу мажественоста и женственоста, спојувајќи типично машки и типично женски модни елементи. Палтата и костумите со машки крој се типичен доказ за популарната креаторска игра. Тенките линии карактеристични за класичните машки костуми сега си пронаоѓаат место во женскиот гардеробер.

Зимска белина

Зимска белина

Дождливите и снежни денови не се баш идеални за бела облека, но токму поради тоа белиот изглед делува интригантно и привлечно. Не беше реткост на пистите да се видат манекенки облечени во бело од глава до пети, а не згасна популарноста ниту на црно-белите комбинации во „колор-блокинг“ стил.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 16:47

Познатата италијанска модна куќа „Макс Мара“, пред два дена со ревија во Токио одбележа шест децении од своето работење.

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-1

Одбраните модели воодушевија на прв поглед затоа што овој бренд е еден од највлијателните во светот на модата.

Фустанот во златна боја во комбинација со бело сако е погодно за сите прилики.

Гламур, шик, елеганција, квалитет  и престиж, сето тоа е поврзано со модното име „Макс Мара“. Повеќедецениското постоење на модната сцена уверува дека купувачите ширум светот умеат тоа да го препознаат.

Во главниот град на Јапонија, ревијата за шеесеттиот роденден ја следеа познати имиња на јапонскиот шоу-бизнис, како актерката Риоко Нонекура, но и холивудската ѕвезда Џенифер Гарнер.

Погледнете ги фотографиите и уживајте!

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-2

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-3

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-4

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-5

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-6

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-7

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-8

revija-na-qmax-maraq-vo-japonija-italijanskiot-brend-proslavi-60-godini-postoenje-9

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2013 во 08:10

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-01

Интересен спој за оваа зима се неутралните нијанси кои можете да ги комбинирате со силни и впечатливи бои или пак да постигнете едноставен изглед без нив.

Светлите нијанси на крем, сивата и маслинестата боја изгледаат прекрасно за секоја пригода. Кремот класичен фустан изгледа одлично со темно виолетови потпетици и плик чанта.

Кафените фармерки може да ги комбинирате со светло крем или маслинест џемпер и капут. Додатоците како марами, капи и накит повторно нека бидат во светли, крем тонови.

Не заборавајте ги бледите усни и нокти со боја која е речиси идентична на вашата кожа.

Погледнете како би изгледал овој спој на бои во секојдневни, класични и вечерни комбинации.

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-1

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-2

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-3

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-4

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-5

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-6

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-7

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-9

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-10

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-11

trend-za-ovaa-zima-neutralni-nijansi-12

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 14:36

najnovite-kreacii-na-marceza-01

Марчеза дефинитивно е бренд лидер во производството на фустани за црвениот тепих. Креациите речиси секогаш се едноставни и елегантни, додека по некој екстравагантен детал е неизбежен. Затоа се смета дека дизајнерите на Марчеза создаваат фустани кои секој би ги посакал.

Најновата колекција за есен\зима е разновидна и вбројува фустани кои веќе се носени на неколку настани оваа година. Златниот фустан веќе беше забележан на Стејси Киблер за време на доделувањето на Оскарите.

najnovite-kreacii-na-marceza-02

Меѓутоа, се чини дека овој бренд на кратко потфрлил за оваа сезона. Голем број на модни критичари веќе неколку од креациите, меѓу кои се најде и фустанот кој ја отвори модната ревија на Марчеза, беа исклучени од можноста да се појават на црвениот тепих.

najnovite-kreacii-na-marceza-2

najnovite-kreacii-na-marceza-4

najnovite-kreacii-na-marceza-5

najnovite-kreacii-na-marceza-6

najnovite-kreacii-na-marceza-7

najnovite-kreacii-na-marceza-9

najnovite-kreacii-na-marceza-1

najnovite-kreacii-na-marceza-3



najnovite-kreacii-na-marceza-10

najnovite-kreacii-na-marceza-8

najnovite-kreacii-na-marceza-11

najnovite-kreacii-na-marceza-12

najnovite-kreacii-na-marceza-14

najnovite-kreacii-na-marceza-13

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2014 во 08:19

ФОТО: Версаче со сензуална колекција на Париската недела на високата мода


Француската метропола е домот на најгламурозните ревии на светот. Синоќа започна Париската недела на високата мода на која ќе бидат претставени мајсторски изработените креации на некои од највлијателните модни куќи.

Модната недела започна со ревијата на Версаче. „Современа божица: Моќ, решителност, сила и гламур“ – со овие зборови Донатела Версаче ги опиша елегантните креации од колекцијата пролет/лето 2014.

На почетокот на ревијата одекнаа зборовите: „I’m blonde, I’m skinny, I’m rich and I’m a little bit of a bitch“ од песната „Donatella“ која Лејди Гага ѝ ја посвети на славната креаторка.

Грејс Џонс била инспирација за сензуалната колекција, што ги објаснува елегантните качулки кои ги збогатуваа силуетите. Повеќето креации се спој на гламур и мистерија, но и провокативност, изразена преку високи шлицови и корсети кои делуваа како геометриски тетоважи на кожата на манекенките.

Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Креации од Версаче Креации од Версаче
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2014 во 16:39

ФОТО: Мистика од Валентино vs романтичен раскoш од Сааб

Модните куќи на Валентино и Ели Сааб ги прикажаа своите најнови колекции на модната недела во Париз. И додека Валентино својот акцент го стави на мистичната елеганција проткајана со темни бои и интересни текстури, Сааб остана верен на својот бајковит приказ создавајќи облека која секоја жена ќе ја претвори во модерна принцеза.

Валентино

Креативната визија на Марија Грација и Пјерпаоло Пичоли овој пат внесе вистинска драматичност во ревијата на Валентино. Модниот спектакл беше отворен со Травијата, а на сцената се појавија вкупно 55 модели.

Доминацијата на тул, кашмир и тантела одлично се вклопи во креациите со необичен крој и животински мотиви. На моменти изгледаше како дизајнерите да го претвориле женското тело во платно за сликање на кое се обвиткал импресивен спој од моќни форми и исто толку впечатливи бои.

Несомнено е дека оваа ревија и беше наменета на жената која што не се плаши да се издвои од толпата и да му се предаде на својот уникатен стил.

Ели Сааб

Раскошот, префинетите материјали и сјајот на гламурот отсекогаш биле заштитен знак на овој дизајнер. Неговите волшебни фустани кои маѓепсуваат со својата префинетост и нагласени детали и овој пат предизвикаа воздишки кај женската популација.

Либанскиот креатор си поигра со боите, па најпрвин нè стопи со нежно сините и бели креации, за потоа целосно да нè собори со страста на црвената и комплексниот занес на црната и темно виолетовата боја.

Кога станува збор за Сааб, облеката е нешто повеќе од обични комбинации на материјали и бои. Таа е бајковита фантазија која во неговите раце станува совршена реалност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2014 во 15:16

Зухаир Мурад својата колекција Haute Coutureза 2014 ја промовираше на модната недела во Париз, а ја најави со елегантни фустани кои се извезени со тантела, светни везови и со многу сјајни детали.

zuhair-murad-so-proletna-cvetna-bajka-na-pistata-vo-pariz-foto-01

Розовата, виолетовата и нежно сината беа боите кои доминираа кај овој либански дизајнер, а посебен акцент стави на единствениот моден детал - знатниот ремен.

Тој ги закити речиси сите креации и комбинезони, па не е ни чудо ако токму Зухаир го започне овој златен пролетен тренд по кој сите дами ќе воздивнуваат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6970717273 77>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.