IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Приготвување на специјалитети од ориз
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приготвување на специјалитети од ориз

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Приготвување на специјалитети од ориз
    Испратена: 17.Декември.2008 во 11:53
Topcinja od oriz

Vo voda se stava zejtin i sol i zovriva.Se stava iscisten i izmien pokrupen bel oriz vo vodata.Se mesa so drvena lazica.Koga ke se svari orizot vo nego se dodava morkov varen prethodno vo sol i zolcka varena od jajce.Se dodava biber,vageta i se formiraat topcinja.Se przat vo vrel zejtin 2-3 min.


Изменето од lotus flower - 17.Декември.2008 во 11:55
~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2010 во 17:40

Кафен ориз со шафран

Потребно:

* 3 лажици масло
* 100 г црвен кромид
* 1/2 лажичка рендано морско оревче
* 1 лажичка шафран
* 500 г кафен ориз
* 1 л вода
* 2 лажички зачинал

Приготвување: пропржете го ситно сечканиот кромид заедно со зачиналот и ренданото морско оревче во загреано масло, на тивок оган. Во друг сад згмечете го шафранот и додајте го во кромидот. Кратко динстајте го сето тоа, па додајте ги измиениот ориз и водата во кромидот и зачините. Варете го сето тоа 35-40 минути во полупокриено тенџере на тивок оган. Кафениот ориз со шафранот послужете го со сезонска салата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 21:39

Динстан ориз со зеленчук

Потребно:

* 300 г интегрален ориз
* 400 мл минерална, негазирана вода
* 2 главици кромид
* 150 г моркови
* 1 китка магдонос
* 2 лажици масло од сусам
* 1/4 лажичка сол

Приготвување: оризот измијте го во сад под млаз ладна вода и добро исцедете го. Исцедениот ориз ставете го во експрес лонец со водата солта, затворете го лонецот и оставете да зоврие. Потоа, намалете ја температурата и оризот варете го околу 40 минути. Во тавче, на малку масло издинстајте ги кромидот и морковите исечени на коцкички, па посолете ги. Потоа, додадете го варениот ориз и сето тоа добро измешајте го. Динстајте го на тивок оган околу 10 минути. Така подготвениот ориз со зеленчукот посипете го со ситно сечканиот магдонос и послужете го.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:03
Верувам дека секој ги сака специјалитетите од оризсреќа
Да споделиме некој рецепт на база на ориз



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Црн бибер
  • 1   Тиквичка
  • 1 лажица/ци Сол
  • 250 грама Ориз
  • 100 грама Моркови
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • 30 грама Маргарин
  • 3 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 200 милилитри Вода
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Покрај пченицата, оризот е највредната житарка во светот и претставува производ кој речиси нема место на светов каде што не се употребува. Во споредба со останатите житарки, оризот има најголема енергетска вредност. Во 100 грама ориз во просек има 12,6% вода, 0,6 гр. масти и 79,5 гр. јаглени хидрати. Богат е со скроб, а сиромашен е со протеини. Од витамини и минерали содржи: пантотенска киселина, тиамин, витамин Б6, рибофлавин, манган, селен, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

ПОДГОТОВКА:

Оризот измијте и оставете го во вода околу 20-ина минути.

Исчистениот кромид, исецкајте го на ситни коцкички, ставете го на загреано масло, посолете и пржете го.

Кога е до пола пржен, додадете го испасираниот лук, па малку запржете додека не се осети мирис на лук.

Тогаш, ставете ги гранчињата босилок.

Промешајте, уште малку запржете и додадете ги веќе исчистените и на парчиња сечени тиквички.

Сето тоа убаво промешајте го, па кога тиквичките ќе пуштат малку вода, ставете го исчистениот и на покрупни парчиња исечен морков.

Продинстајте, па додадете го оризот.

Сето тоа промешајте го и залејте го со водата.

Намалете ја температурата на средна температура и варете додека водата не испари.

Потоа, вмешајте го и маргаринот, па тргнете од оганот, прекријте со крпа и поклопете да отстои 5-10 минути.

Сервирајте топло.



Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:06

Ориз со шунка и сирење


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1000 милилитри Супа од зеленчук
  • 250 грама Сирење
  • 450 грама Ориз
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 250 грама Шунка


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ориз со шунка и сирење

ПОДГОТОВКА:

Оризот варете го во супа од зеленчук, и треба да биде напола варен.

Одвојте 3/4 од водата во која се варел оризот, а него исцедете го.

Во длабок сад измешајте го оризот, шунката, сирењето и пропржените  млади кромидчиња.

Измешаната смеса залијте ја со супата и префрлете во огноотпорна тава намачкана со убав слој маргарин.

Оризот запечете го на 200 степени.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:18

Рижото со шумски печурки


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 800 милилитри Вода
  • 2 чешниња Лук
  • 1   Магдонос
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 400 грама Ориз
  • 150 грама Пармезан
  • 300 грама Печурки
  • 20 грама Путер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 1 мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

ВРГАЊОТ (Boletus edulis) со сигурност буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен вкус, извонреден квалитет и хранливост. Местото на растење е во мешаните листопадни шуми, почесто и во иглолисните, од почетокот на јуни до крајот на јули и од септември па се до крајот на октомври. Вргањот слободно може да се нарече КРАЛ на печурките.
ЛИСИЧАРКА (Cantharellus cibarius) личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно. Времето на растење е во јуни , меѓутоа бара доста дождови кои ако ги нема, може воопшто и да не се појави, или само во мали количини.
СМРЧАК (Morchella conica) Во неверојатниот свет на печурките, смрчакот е една од најнеобичните. Има необични фигури и мириси и се појавува на места на кои другите печурки не сакаат или привидно нема од што да живеат- на песок, на изгниени крпи и весници, на опожарени места...Сепак најчесто го наоѓаме низ јасикови шуми, во раната пролет.Смрчакот е особено вкусна, ценета и скапа габа. Сурова не треба да се јаде, бидејќи предизвикува стомачни болки.
СОНЧАРКА (СРНДАК)(Macrolepiota procera)овие печурки се препознатливи по својот чадорест изглед, лушпите на шапката и прстенчето во горниот дел од стеблото. Расте по ливади, пасишта, стрништа, шумски чистини, по меѓи, од првата половина на септември , па се до крајот на октомври. Исклучително вкусна печурка , најчесто употребувана во Малешевијата како печена, а може да се суши и да се прави ароматично брашно за чорби.
ЈАЈЧАРКА (Amanita caesarea) Карактеристична по портокаловата боја, убавината и вкусот, со право е наречена ЦАРИЦА на печурките. Позната е уште од римско време каде била гозба за царевите. Може да се најде од јуни до октомври , на отворени и топли места, светли шуми и ливади. Јајчарката има смротоносен двојник Amanita muscaria , која се разликува од неа по изразената кармин-црвена боја на шапката, по која има бели снегулки. Мухарата е една од најубавите печурки , симбол и илустрација на многу цртежи, но колку убава , толку и опасна.
РУЈНИЦА (БРИКОВКА) (Lactarius deliciosus ) По боја е бледо жолта до портокалова со бројни потемни дамки кои се во вид на концентрични кругови и често позеленуваат.Површината и е мазна и сува , а работ прво правилен и свиткан, а потоа брановиден. Оваа печурка на притисот позеленува. Расте во мешовити и иглолисни шуми, особено под борови, во период од октомври до ноември.Особено е добра за конзервирање и за салати.
ЃУРЃЕВКА (Calocube gambosa) Печурка која расте во ливади и пасишта, рабови на шуми , особено во непосредна близина на диви сливи, во високиа трева, се јавува во големи колонии во форма на кругови или полукругови. Највеќе ја има околу Ѓурѓовден , по што го добила и името.
ОВЧА НОГА (Hydnum repandum ) Многу релјефна печурка која на прв поглед многу потсеќа на лисичарката , поради сличноста во бојата и градбата, меѓутоа за разлика од лисичарката, овчата нога на долниот крај од шапката има иглички кои се доста ронливи. Расте и во иглолисните и во листопадните шуми, во големи колонии.
ЦРНА ТРУБА (Craterellus cornucopioides ) Името го добила поради тоа што личи на труба. По боја е темнокафеава до црна. Дршката и е кратка, и полека кон врвот се шири како инка. Сака влажни места и расте во групи од август до ноевмври но, може и да не се роди. Најчесто се употребува сува, како зачин за чорби и супи.
НАПОМЕНА: Нема ниту едно општо правило со кое отровните габи би се разликувале од оние што се јадат. Не се јадат сите габи кои растат на дрво , ниту сите оние кои ги јадат разни животни , ниту пак се отровни сите оние кои ја менуваат бојата на месото.

ПОДГОТОВКА:

 Ситно исечкајте го кромидот, згмечете го чешнето лук, па пропржете ги во тенџере во неколку лажици масло и грутче путер. 
извадете го лукот откако ќе порумени, а ставете ги предходно исчистените, измиените и исечканите печурки. На крајот ставете го ситно исечканиот магдонос. Додадете сол, мелен црн пипер по вкус, супа или топла вода и динстајте околу 30 минути. По некое време додадете го и оризот, почекајте да проврие, заливајќи го со неколку лажици супа. Кога ќе се свари, тргнете го од огнот и постојано мешајќи зачинете го со сирење и путер. поклопете го тенџерето со капак и оставете го да постои неколку минути. Послушете го рижотото озгора наросено со ситно исечкан магдонос.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:22

Рижото со павлака


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 70 грама Путер
  • 50 грама Презла
  • 100 грама Ориз
  • малку   Магдонос
  • 1   Лимон/и
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Коцка за супа
  • 100 грама Кисела павлака
  • 130 грама Кашкавал
  • малку   Сол
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Рижото со павлака

ПОДГОТОВКА:

Ситно сечкан кромид се пропржува во путер, се додава ориз и сок од лимон и кратко се динста.

Потоа се налива со супа приготвена од коцка, се посолува, па на крајот се додава црн пипер.

Додека оризот се вари на сосема слаб оган, се топи ренданиот кашкавал, потоа се додава павлака и ситно сечкан магдонос.

Сетоа тоа се меша, се става во огноотпорен сад предходно добро подмачкан со путер и посипан со презла.

Јадењето се потпечува во рерна десетина минути.

Пред служење се распоредува одозгора остатокот од стопениот кашкавал и веднаш се служи.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:23

Рижото од интегрален ориз и морков и зелка


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 милилитри Суво бело вино
  • 15 милилитри Сос од соја
  • малку   Сол
  • 100 грама Праз
  • 80 грама Пармезан
  • 50 грама Моркови
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • 200 грама Интегрален ориз
  • 50 грама Зелка
  • 200 милилитри Вода
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кафениот или интегрален ориз има поголема прехрамбена вредност од белиот. Содржи повеќе хранливи материи, 3,5 повеќе магнезиум, 4 пати повеќе витамин Б, 1,5 пати повеќе никотинска киселина и 1,6 пати повеќе фолна киселина од белиот ориз.

ПОДГОТОВКА:

Оризот сварете, па исцедете го.

Празот исецкајте го на ситни кругови.

Морковот и зелката изрендајте ја.

Во една тава ставете 3 лажички масно, па празот, морковот и зелката, па динстајте на тивок оган.

Додадете ги зачините, па оризот, виното и водата.

Варете на умерена температура, додека течноста не испари.

Додадете го пермезанот и убаво измешајте, па послужете.
 


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:24

Ориз на мантовански начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Колбас
  • 400 грама Ориз
  • 150 грама Пармезан
  • 800 милилитри Пилешка супа
  • 100 грама Путер
  • 1 лажица/ци Сол


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ориз на мантовански начин

ПОДГОТОВКА:

 Во супа што врие ставете ориз (течноста треба да го прекрива оризот), а потоа малку протресете го тенџерето за да не се залепи оризот на дното и оставете го на тивко да се вари околу 12 минути. Потоа исклучете ја ринглата, покријте го тензерето со капак, обвијте го со 2 кујнски крпи и оставете го да стои на топло околу 15 минути. Во меѓувреме, во мало тавче во кое има растопено грутче путер испржете ги колбасите или кренвишлите (излупени) колку да поруменат. Колбасите, варениот ориз (треба да биде сварен со цело зрно, а не разварено и лепливо) заедно со ренданиот пармезан, убаво и внимателно измешајте ги, а потоа послужете.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:25

Рижото со домати и моцарела


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Црн пипер
  • 125 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 30 грама Пармезан
  • 200 грама Ориз
  • 125 грама Моцарела
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 400 грама Домат
  • 1   Главица лук


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Оризот е стар околу 5,000 години, а за негова колевка се сметааат Индија и Кина, од каде што е пренесен во Сирија и источна Африка. Поголемото одгледување на оризот во Европа започнало во VIII век, иако како благодарение на Александар Македонски е донесен во IV век п.н.е.

Оризот во митологијата на Далечниот исток (Кина, Јапонија) завзема песебно место. Се смета за дар од боговите, односно во некои земји владетелот го сметале за бог на зреењето на оризот.

ПОДГОТОВКА:

На загреано маслиново масло додадете го ситно сецканиот кромид и пржете го додека не омекне, а потоа додадете го пасираниот лук, па уште малку пржете.

Додадете го оризот и оставете зрната да ја впијат маснотијата, а потоа додадете ги доматите (од конзерва).

Варете додека не почне да врие, а потоа намалете ја јачината на огнот и варете 20-ина минути додека оризот не ја впие целата течноста.

Додадете го виното и пармезано, па варете уште 10-ина минути, тргнете од оганот.

Поделете на 4 порции и во секоја порција додадете исецкан магдонос и моцарела.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:26

Посно рижото


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Рузмарин
  • малку   Сол
  • 30 грама Пченка
  • 30 грама Пашканат
  • малку   Магдонос
  • малку   Мајчина душица
  • 2 чешниња Лук
  • 2 ливче/чиња Ловоров лист
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Интегрален ориз
  • 100 грама Зелка
  • 30 грама Грашок
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Посно рижото

ПОДГОТОВКА:

 Се динстаат кромидот, пашканатот, морковот, и зелката околу 20 минути.

Им се додаваат зачините и оризот, варената пченка.  

Се доварува заедно со постепено додавање на вода. 

На крај, кога смесата ќе се урамни, се додава ситно исечкан лук и малку магдонос. 

Се сервира во чинија и се декорира со ситно исечкан млад кромид.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:29

Соте со печурки и ориз


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 40 грама Сенф
  • 200 грама Печурки
  • 200 грама Ориз
  • 50 милилитри Масло
  • 30 милилитри Доматно пире
  • 1 главица/и Кромид/а
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кинезите повеќе од 1000 години го употребуваат оризот како основна храна. Тој се смета како храна со многу хранливи вредности.

Во IX век во Азија се појавила болест како резултат на недоволното внесување на витамини.Таа болест траела 50 години се додека не се дошло до заклучок дека машината што го преработувале оризот ја тргала обвивката на оризот, која била богата со витамини.

Така почнал да се употребува интегралниот ориз, кој всушност е ориз со лушпа, кој е многу богат со витамини.

ПОДГОТОВКА:

Измиените и исчистени печурки исечете ги на тенки листови.

На масло пропржете го ситно сецканиот кромид, потоа додадете ги исецканите печурки.

Сипете половина од виното и динстајте на ниска температура.

Кога печурките ќе бидат омекнати додадете го остатокот вино, сенфот, сосот од домати, зачинете и оставете да се динста до саканата густина.

Послужете со варен ориз. 


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:30

Посен пилав


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 1   Пиперка/ки
  • 200 грама Ориз
  • 100 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • 100 грама Домат
  • 1 главица/и Кромид/а


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилав е јадење од варен ориз, прелиен со врело масло. Името потекнува од турскиот назив Pilav, кој пак е позајмен од староперсиското پلو, што се изговара палау,
односно од иранското polów.

Една од најраните пишувани референци за пилавот може да се најде во историјата за Александар Велики, кога се опишува бактриското гостопримство. (Бактрија била источна иранска провинција, веројатно родното место на жена му на Александар, Роксана и географски се наоѓа во денешен Узбекистан.)

Пилавот обично се смета за еден од најстарите начини на подготовка на ориз, кој има персиски корени. Познато е дека му бил послужен на Александар Велики по неговото заземање на Согдиан, главниот град на покраината Мараканда (денешен Самарканд). Подоцна војската на Александар го донела ова јадење назад во Македонија и тоа се проширило низ цела источна Европа.

Во зависност од локалната кујна, пилавот исто така, може да содржи различни видови месо или зеленчук. Пилавот и сличните јадења се карактеристични за Блискиот Исток, Централна и Јужна Азија, Источна Африка, Латинска Америка и Карибите.

Во Италија пилавот е познат под називот ризото, во Иран се вика чилав, а се подготвува и во Кина и Јапонија.

ПОДГОТОВКА:

 Исецкајте го кромидот па испржете го на маслото, додадете ја пиперката исечена на коцки, излупените и ситно исецкани домати и сецканиот магдонос.

Потоа додадете три шољи вода, а откако ќе зоврие додадете го и оризот.

Откако јадењето ќе зоври намалете ја температурата и варете додека оризот не биде сварен.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2013 во 18:34

Ориз со грашок


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 15 грама Путер
  • 75 грама Ориз
  • малку   Магдонос
  • 100 грама Грашок


  • Време за подготовка: 25 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кога се готви јадење од зеленчук за бебето, треба да се употребуваат свежи намирници, бидејќи имаат подобар вкус и мирис, наместо предходно припремениот оброк.

Исто така ако правилно се спремаат ќе бидат побогати со минерали и витамини.

Кога на бебето ќе се започне да му се дава цврста храна, како што е свежото овошје, најдобро е да се започне со коренест зеленчук, како на пример морковот, затоа што е природно сладок.

ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад ставете ½ л посолена вода и оставете да зоврие. Грашокот исчистете го од мешунките. Во зовриената вода полека додавајте го оризот. Додајте го грашокот и магданосот. Посолете и измешајте со дрвена лажица и оставете да врие на силен оган околу 18 минути без мешање. Садот не треба да бие покриен. Додадете го путерот. Оставете да стои околу 3 минути, а потоа послужете.

Совет: нелупениот ориз е подобар бидејќи не содржи минерални соли и богат е со витамин Б. Ако користите замрзнат грашок, варете го според упаството на амбалажата.


Изменето од Valerija - 12.Јуни.2015 во 15:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.